Zdravo ,koe e znacenjeto na zivata ,dali stiti od magii I losi raboti .I kade moze da se kupi.Blagodaram
Жива има во термометри и апарати за мерење притисок. Ама не заборавајте, дека е отровна ако не е во херметички затворен сад!
Убаво рече една американка, според нејзини зборови вештерка по религија, дека светот е пагански во реалност зашто без разлика на тоа што се изјасниле дека се и се кажале дека се припадници на одредена религија истите тие веруваат во магии, прават пагански обреди и ритуали. Вели се нарекуваат христијани, земјата велат е претежно христијанска ама одат во црква а зад затворени врати прават магии и вуду. Колку повеќе читам и слушам се повеќе мислам дека во право беше жената..
Во право е жената, па и кај нас е така. Одат по некој си камења за остварување желби, врзуваат коланчиња околу половина за добивање дете, одат по гатачи, бајачи за се и сешто, ама први се да се истакнат дека се христијани и дека одат по цркви. Да им се чудиш на умот само. Или терај си по вакви работи и не боди очи дека си верник или ако си верник отвори ги светите книги, научи си ги правилата на религијата на која припаѓаш. Ниедна религија не одобрува одење по гатачи и лица кои демек прават магии. Какви магии, какви глупости, не верувам во ништо од ова.
Верувам дека постои вештерство т.е во повикување на духови, баења, гатања и општо негативна енергија. Со самото тоа ако некој најде јајце со конци врзани по него влијае на психата, пример. Си велиш ете магија ми направил некој и од тука почнуваат проблемите. Верувам дека има луѓе што практикуваат вештерство за постигнување на одредени цели, сум слушал за црни магии и сл. Инаку не одам по такви луѓе и не им верувам, оти замене верувањето во нив е верување во Ѓаволот. Се што ми треба си барам од Господ.
Не можам да кажам затоа што не сум доживеала, не знам. Сега за сега не верувам. Но верувам дека има луѓе кои се одговорни сами за нивните постапки и грешки, си тераат по старо и упорно ги бараат проблемите кај гатачи/бајачи и други луѓе им се криви секогаш а они се секогаш во право.
Па темава е дали верувате во магии? Јас прашувам како се прават, дали воопшто некој дошол до нив или сето тоа е илузија Што има лошо во прашањево?
Како го имаш поставено прашањето, испаѓа дека прашуваш за да ти кажат да научиш како се прави магија.