Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не верувам, не сакам да верувам...иако понекогаш кога сум била во лоши ситуации а се случувале последователно нели бељите доаѓаат една по друга, од очај веројатно сум помислила како е можно толкав малер, па да не ми направил некој магија, којзнае можеби има нешто во тоа...Кога е очаен човек на што се нема да помисли и секаде утеха и одговори ќе бара...
    Познавам луѓе кои често висат по бајачи, гатачи, се оптоваруваат непотребно, бараат чаре и за банални проблеми или пак одат со лоша мисла да наштетат некому...за жалење.
    Нема ништо во тоа, само лажна надеж за луѓе со проблеми...
     
  2. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    постојат луге кои праваат магии но ако се молиш на бога тој ке ти помогне за се пр.Имаше еден човек керкаму му беше многу болна од рак последен стадиум побара помош од бога потоцно разговарал со еден монах тој му рекол моли се и одречи се од некоја своја страст пр пушење цигари.Човекот ги оставил цигарите се молел и керка му оздравела.После некое време се заборавил пак почнал да пуши и ракот пак се вратил.Тогаш монахот му рекол... ти даде ветување на бога но не се придржуваше до него ја избра својата страст пред здравјето на својата керка затоа со ова бог те потсети на својот даден збор. ПОНЕКОГАШ БОГ НИ ДАВА ИСКУШЕНИЈА НО ЈАС СУМ СИГУРНА ДЕКА СО МОЛИТВА МОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ :!:
     
    На flowersss, Bitter-Sweet и Angel4eeee им се допаѓа ова.
  3. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Во уроци и баење верувам. Лично се имам уверено. А во магии никако. Дури сето тоа ми е и некако одвратно. Сум слушала како некои се обидуваат да расипат туѓа среќа и при тоа прават некои мрднати ритуали и сл. Според мене тоа само болен ум може да го направи. Да постоеле магиите секој би си направил да му е убаво.
     
  4. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Кога би постоеле магиите, тогаш оние што ги прават прво за себе би си направиле да им падне седмица на лото, а не да заработуваат од на туга мака , правејки добро или зло, за пари.Тоа им е добро разработен бизнис. А за божјите пророци пишува во библијата, како се распознаваат и разликуваат од лажните.Исус НЕ ПРАВЕЛ , ниту пророците,чуда за пари.
     
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Нема потреба од замарање со глупости како магии уроци и сл. Вербата во себе, позитивните мисли, поддршката од семејството, комуникацијата со позитивни луѓе, како и вербата во Бога е вистинскиот начин за да се преживеат сите тешки периоди во животот.
     
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ни јас не верувам но оваа година како ми тргна особено кога ми подарија подарок а пријателкава лелекаше од бубрези,само што го земав подарокот вечерта бев во болница првпат имав напади на бубрег ама мислев ќе умрам од болки,понеку дена пак добив напад на бубрези и на крај го фрлив подарокот,пријателкава што ми беше сега е супер,а јас бегам од неа,а што е најинтересно немам ни камче ни песок,меѓутоа отогаш знам едно подароци не се преплашив.Може нема веза со подарокот но јас убаво си истргав маки,а што беше тоа поима немам
     
  7. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Абе сега магиите би требало да постојат бидејќи силите се насекаде, знаете оние нешта како духови, игри на судбината, енергијата што ја даваат аспектите, хороскопот и сл, па црните магии се нешто кое може да ги контролира односно спречува тие сили или пак го зајакнува влијанието на лошата енергија, што знам како.
     
  8. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Девојки а каде може да се оди некој да ти види дали имаш магија направено и да ти каже како да ја растуриш, на бајачка, на гатачка или каде? :|
     
  9. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Не верувам во вакви работи некако ми се безвезални што знам, не ми е јасно како некои луѓе можат да се занимаваат со правење на вакви работи
     
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Да ви кажам право - НЕ ...
     
  11. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Тие што не веруваат, немаат осетено мака, и тешкотија на своја кожа..
    и јас така се будалев не верував..
    се додека не отидов кај една жена у Куманово и ми кажа се..
    моите се противат, неме пуштаат да се навлекувам на такви работи аама ете..ми ја опиша состојбата како се чувстувувам секој кога сум сама..значи никој не ме разбира..ми рече дека ми имаат направено да немам среќа во љубов 9 години...значи се ми иде у животот само љубовта не, некој ке каже млада си ајде не се секирај је ме тешат..ама неможе за кој и да се фатам да се прекине страста и хемијата одма и да згасне тоа..
    Значи има луѓе на кои тоа им е само у психата и со тоа се занимаваат..а веруваујте дека пола од тие што ги знаете идат кришум кај ваквите луѓе да им помогнат, само им е срам и не кажуваат..
    Борче од Куманово вреди за човек кој стварно помага, лекува, и те упатува по правиот пат...
    Сакам да идам кај него па макар и последниот денар да ми е..само имам проблем, родителите нема да ме пуштат ако дознаат...а како да се извлечам да отидам у 3 сабајле да фатам ред :( :^) малце ми е тоа проблемот..Иначе никој не ме сфаќа како ми е, џабе со другарки праење муабети...тоа што го осеќаш на своја кожа никој не може да го дознае...Човекот гледа Понедленик, Среда и Четрврток колку што добив информација, 500 денари, село Младо Нагоричане - Куманово , и ред се фаќа околу 3 саат значи треба да се отиде, а у 10-11 стигаш на ред, зависно од гужвата ;)
    А вие и понатаму не верувајте....сакам да ви кажам дека и јас не верувам се додека не си осетив како е..на своја кожа ;) ;)
     
    На Frosina94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. delfinaa

    delfinaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    леле значи стварно многу се нервирам со девојкиве. Кажуваат дека имале проблем, го решиле а не кажуваат каде и не даваат број како да некој ке им ја земе среката. Што е проблемот незнам ама еден пост е кај што некоја кажува за ваков проблем а наредните десет се од девојки што очајно бараат број и адреда од некој/а бајач/ка Па дај кажете им како што вас некој ви помогнал да дојдете до нив ( на останатите што прашуваат)и на нив им треба помош Еве јас ке ви пишам некојлку броеви што ги имам а мислам нема потреба да раскажувам мене што ми се случувало иако и јас сеуште барам помош. ДУЛЕ-ВЕЛЕС 043227263 И 043 227 363 и на двата можете да закажете, едниот е од пријателот негов што го прави списокот а другиот од Дуле. СЛАВЕ-КРАВАРИ 047268034 И МОБ 070723107. МАРЕ -ПЕТРОВЕЦ 022561034 . А ако најдам и од некои други ке ви пишам ама само од овие ги знам сум била кај нив, верувам во вакви работи, сум ги поминала и тешкото и мачното и ке продолжам да се заштитувам од лоши суштества на овој свет. Поз до сите што иаат мака и ви посакувам од срце што побрзо да си ги решите ваквите грозни работи и да се го најдете мирот и спокојот :* :* :*
     
    На Малечкоxxx, Frosina94, Angel4eeee и 3 други им се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    што си осетило бре ти девојче на своја кожа на 17 години ? немаш среќа во љубовта?? па на 17 години не ни треба да имаш треба да имаш мувачи и љубовни проблеми, т.е слатки маки, да неможеш да спиеш навечер, едвај да чекаш да излезеш да го видиш него со друга па да плачиш и коси да кубиш. тоа се прави на 17 годи а не да одиш на бајачки. тие луѓе само ја користат вашата ранлива сосотојба. и што ако ти каже како се чуствуваш зар ти веќе не знаеш? не ми се верува дека на 17 години си тргнала по бајачки ај да имаш над 30 па да немаш ни дечко да те сватам ама сега ? во право ти се родителите што не те пуштаат, послушај ги. и доста веќе правете драми од своите живот.
     
    На imelda и kravce им се допаѓа ова.
  14. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    значи не е баш така... Знам, не е убаво млдите да веруваат во магии и слични работи, и да се опседнати со нив, бидејки најчесто има лажни бајачи кои им ги земаат само парите... но не треба некоја девојка да отиде над 30, да нема дечко, па да почне да размислува на таа тема, затоа што нема ни да отиде да побара помош, и ке си остане сама... Еве јас лично, немав срека во љубовта, стварно така се чувствував, едноставно сите машки ме прифакаа како другар, а никако неможев да најдам дечко, и една моја другарка ме однесе кај нејзина пријателка во Струмица, така да ни гледа на кафе...и жената ми кажа имаш направено нешто, и ти и сите во твојата фамилија да останете сами, да не се сакате и да немате разбирање... неверував, но знаев дека е точно... и ми рече купи прстен (бижутерија, од 20 ден) некаде каде има народ, на зајдисонце, носи го 3 дена и фрли го во вода што тече... ке ти се подобри ситуацијата. Пак не верував, но викам нема пто да изгубам, а и на никој лошо не правам... Го купив прстенот, го носев 3 дена и го фрлив во шолјата, пуштив вода... И да ви кажам стварно животот ми се смени. Одеднаш почнав да имам додворувачи, си фатив дечко, дури и после тоа ми се додворуваа Сега сум омажена, а дома ситуацијата не ми се подобри, брат ми се уште е сам, а има 40 години,отиде во странство да побегне од дома, мајка ми и татко ми се уште се расправаат за глупости...
     
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Што повеќе верувате во магии, дека не ви оди во животот и очајно барате помош кај тие луѓе, се повеќе и повеќе ќе бидете несреќни и очајни.
    Ајде малку поголема доверба во себе...во вербата во господ...Никој не е посилен од самите нас..Никој ништо не ни може..Само позитивна енергија околу вас, насмевка, избегнувајте ги оние кои ве полнат со негативности.. дружба со среќни и насмеани луѓе...Сите работи ќе си дојдат на свое место, а лошото само ќе си примети дека нема место за него во вашиот убав и среќен живот..
     
  16. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11



    A MAЛЦЕ ДА СЕ ЗАТНЕШ ТИ И ДА НЕ ЗБОРИШ У МОЕ ИМЕ АКО МОЖЕ?
    ИЧ ТЕБЕ ГАЈЛЕ ДА НЕ ТИ Е ЈАС ШТО ИМАМ ПРЕТРПЕНО , ДА СИ ДОЧЕКАШ ИСТОТО НИЗ ШТО И ЈАС ПОМИНУВАМ ПА ДА ЗНАЕШ КАКО МИ Е....
    ОД КАЈ ТИ Е ПРАВО ДА ЗБОРУВАШ ЗА МОЈОТ ЖИВОТ, ЈАС КАЖУВАМ ДЕКА ИМАМ ПРОБЛЕМ И АКО НЕКОЈ САКА ДА ОСТАВАМ БРОЈ ЗА ДА ОТИДЕ ТАМУ, ЧОВЕКОТ ЛЕКУВА, А ТАКВИ КАКО ТЕБЕ ШТО САМО КОМЕНТИРААТ И МИ СЕ СМЕАТ , САМО МИ ОДЗЕМААТ ВРЕМЕ ДА ИМ ГО ЧИТАМ ПОСТОТ..
    АКО ТЕБЕ ТОА НЕ ТЕ ЗАНИМА НЕМА ШТО ДА КОМЕНТИРАШ И ВООПШТО ДА ЈА ОТВОРАШ ТАА ТЕМА..АЈДЕ СЕГА УЖИВАЈ СИ...И АКО ТОЛКУ СИ НАЈСРЕЌНА И ИМАШ УСПЕХ ВО СЕ, ИСКОЧИ ШЕТАЈ, НАСПИЈ СЕ ПОДОБРО НЕГО ДА СЕ ЗАМАРАШ ШТО ПИШУВАМ ЈАС..АКО МИСЛИШ ДА СЕ ПОДБИВАШ ВООПШТО НЕ ГО КОРИСТИ ИНТЕРНЕТОТ, НЕ Е ЗА ТЕБЕ ;) ;) ;)
     
    На Frosina94 и delfinaa им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ еј ај оди да ти забаат и за лесно притресување на се. Си немала среќа во љубовта бре. И за тебе и волшебната, знаете што се сменило? Ви кажале дека ќе биде подобро, ви мавнало на психа, се зголемила самодовербата, сте се опуштиле, сте станале попозитивни и попривлечни за другите. Ниедна магија нема да ви помогне, ако самите себеси не си помогнете.
    Сите вие Господ знаете да го спомнете, а лесно подлегнувате и верувате на вакви глупости.
    Глупост огромна, бизнис одличен. Сите бајачки што ги знам се наполнија со пари од вакви “верници“. Ставете си прст на глава и не дозволувајте никој да манипулира со вас. Нема магии, туку само психа, ако мислите дека некој ви прави нешто лошо, ќе си верувате во тоа без разлика дали е реално или не и од негативни мисли само негативно може да ве снајде. Ако мислите дека од неколку загорени чкорчиња ќе ви помине стравот, може и ќе ви помине, зашто ќе си дозволите да се опуштите сметајќи дека со тоа све е решено.
    Не се замарајте со вакви глупости, мислете си позитивно и бидете бре малце попаметни
     
    На tessie, Aleks96 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  18. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    не бе аман во кој век живееме?
     
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Јас имам поминато и низ маки и низ тешкотии (и тоа не љубовни, туку многу поголеми), па пак не верувам во вакви работи. :wasntme:

    Мислам дека психолог многу повеќе може да помогне отколку бајачка, кога во прашање е лоша состојба и негативни мисли. Ова за мене, не е упатено кон никого, општо зборувам.
    Сум била и по бајачки, ама баш никакви промени не осетив, само што ми ја полнеа косата со сол и брашно, и ми пуштаа нешто да ми чади во лицето. И ќе ми кажат дека сум ептен уплашена, па уште се чудат како научник пред откритие. :D

    За оној кој верува чуда се случуваат. За мене не, сепак... :(
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.883
    Пол:
    Женски
    Не верувам, и нема да верувам.
    Ми се случувале и лоши работи во животот, и ништо не ме натерало да помислам дека некој магии ми прави.
    И смешно ми е кога некој фрла пари на бајачки и слични глупости, наместо попаметно да си ги искористи парите, што можеби повеќе ќе му го реши проблемот.