Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски

    Зошто?
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.039
    Христијанството не верува во магии, така што, во Бигорски сигурно не "растураат" магии.

    Ама секако појди си во Бигорски, преубаво место е.
     
    На celineparis, Aschenputtel, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла баш ,дека е така како што пишуваш.Има многу молитви, житија на светители ,што го докажуваат спротивното.Целта е повеќе да се има страв од Бог,а не од ѓаволски работи.А не дека тоа е суеверие, и не постои.Но голем дел имаат животни кризи.Секаде каде што има нечисти работи,има и паранормални појави.

    Читајте Библија ,Ку'ран...тие јасно говорат за такви појави.Оружјето на христијаните е пост,исповед,причест ,покајание...Инаку познав луѓе што пред 20 години,спасот го најдоа таму.
     
    Последна измена: 11 јули 2023
    На blackbeauty123, Zhukov, Askopje и 5 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.211
    Пол:
    Женски
    Да не даде Господ никому живот во којшто ќе мора да се увери во нивното постоење..

    Има една песна, Hijo de la luna, кој ја знае приказната, ете таму има главна претстава што претставува магија и дали воопшто може да има 'бела' и како се завршува ако одиш по тие патишта.



    Еден од главните закони на рамнотежа во природата е : за сите убави нешта потребно е време. Затоа постои разлика меѓу органски и ГМО производ. Е истиот тој закон за баланс важи и за нематеријалниот свет.

    Сѐ што дава брзи и интензивни резултати доаѓа со висока цена.

    А, правењето магии е едноставно играње со таа рамнотежа. Да не почнам со тоа дека духовните ентитети кои се користат при такви работи тешко го напуштаат нарачателот. Како самовилите во бајките, ,, да, ќе ти биде маж, но првото дете јас ќе ти го земам. "

    Молитва, билдање на силен духовен имунитет, одржување на чиста совест, избегнување цицачи на енергија, очистување од чувства како одмаздољубивост, одбивање да се држи лутина предолго. Кон која практика и да се насочите, резултатите се неизбежни, трајни и не доаѓаат со скапа цена по вас или вашите поколенија.
     
    На senza.parole, dea.18, TMNT и 7 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    На сите што барате тука лек...имав и јас,но верувајте со самото одење кај гледачи,бајачи,(доколку имате нешто)
    ќе стане дури полошо.Тоа е се магија.Правење ритуали.Немојте.Подобро отидете во храм,разговарајте со духовник.Мислев и јас дека црквата не верува во овие работи.Многу се каам ,зашто отидов.Да отидевме веднаш на молитва и литургија се ќе беше добро.Ве молам не правете грешки.Прво добро размислете дали е тоа така.Или едноставно проблемите ги препишувате на тоа.Ако се сомневате на некого,ставете крстена во јадење,пиење.Кадете си дома,искрена молитва,и се ќе биде ок.Не можете да служите на Бога и на сатаната истовремено.

    Не им верувајте на тие што гледаат на икони.Гледањето е строго забрането.Има и многу шарлатани што само лажат.Едно интересно...сите бајачи, гатачи и тн. нон стоп се прозеваат додека ви гледат или баат.Се надевам има некој ,од исламска вероисповест да објасни зошто.

    А за сите верници ,зашто поголемиот дел ,вели дека не постои...прочитајте за Свети Гаврил Грузијски, Свети Пајсије светогорец.За луѓе што имале мака од ова.Постои и те како....само одете во црква ,не кај гледачи.
     
    Последна измена: 11 јули 2023
    На TMNT, MeowMeow, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Ве гледам дека многу жени пишувате за магии, па еве да споделам една случка од скоро. Ни доаѓа дома на кафе една подалечна роднина, и вели „еее, знаете ли дека свекрва ми знаеше да прави магии, блиски бевте, сигурно знаете, ја фатив еднаш дома, кога се враќав од робота, свекорот ја караше зошто прави магии на деца“. На чии деца, на нас, на некои други, на братучедите мои, на чии? Морничаво. Самото тоа признание два - три дена ни создаде немир во куќата. Што ако свекрвата ја научила и нејзе? Инаку, се работи за богато семејство, имаат државна работа, живеат во елитна скопска населба. Ете со што се занимава народов. Само на прв поглед нашиот македонски народ делува дека е добар, но кога ќе ги запознаеш луѓето подобро сфаќаш дека повеќе ги радува туѓа несреќа, од сопствена среќа, дека живеат за да напакостат, ништо корисно од нив.

    Дистанцирајте се од негативни луѓе, раатот нема цена и тој мир ќе ве носи напред во животот. Не бидете блиски со никого или ако сте, нека бидат тоа две - три личности, за ваше добро. Јас одам во црква, кадам по дома, порано повеќе постев, сега во петоците се поретко постам.

    Случката ја споделив, чисто како поука, да знаете дека и позади тие фини господа може да се крие некој што се занимава со правење магии, мислиш среден век е. И како не им е страв, не знам. Како и да делувам на форумот, колку и да личам дека сум лош човек, абе денарче туѓо да ми дадат, вечер ќе ме копка совест, нема да спијам, а овие такви глупости прават и гајле немаат.
     
    На izabela.nik, ZMIA, GirlLove и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Pa taka I se dojdeni do dobri pozicii I do bogatstvoto preku zavrzlamiite sto gi pravele da bile dobri lugje ne ke uspeele
     
    На ZMIA, GirlLove, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Се си имаат, куќа палата, пари, одмори, дури и старицата која е денес покојна, а правела магии, на времето одела во Грција на одмор, кога жениве овде рачно жнееја, копаа по цел ден, арно ама синот нема деца и таа веројатно фрустрирана од тоа, наштетувала на туѓи деца од љубомора. Друга случка, доаѓа кај нас исто една роднина, млада жена, малку постара од мене и почнува да ја зеза мајка ми дека чула муабети дека во селото од каде потекува мајка ми, имало многу маѓешници. Мајка ми вели „не знам, и да знае некој нема да ти каже“ и тука младава жена кажува дека кога ќе почине човек треба да се пази, на оние марами со кои се врзуваат раце, нозе и вилицата на мртовецот се до гробот и тоа треба да се одврзе пред погребот и марамите со него да одат, затоа што ако некој ги земел, можел да направи магии и да вели „како што мртовец ќе роди, така и твоето дете да роди, како што мртовец оди, така и твоето дете да оди итн“. Морничаво. Од каде сето ова го знае млада жена? А што ќе прави Македонец, да не бизнис планови ќе развива, не бе и ден денес сигурно има ненормални што збираат нокти од мртовци, коса од мртовец, врзуваат конци, обесуваат на дрвца по двор, земаат туѓи алишта од жица, фрлаат катанци итн.

    Ич да не прават ништо, негативните луѓе се чувствуваат по енергијата. Те „заробуваат“ едноставно, како да те блокираат. Ако некој ти влезе дома и ти седи со скртени раце, тој не ти е пријател. Сосема случајно запознавме една жена, станавме куќни пријатели, жената беше видовита, имаше визии, и самата ми рече „имаш една дебела на буквата И, ти влегува во куќата и веднаш седнува со скрстени раце, таа не ти мисли добро“. Имав пријателка што живееше од карши, прво влегување во соба, седнува на кревет, крсти раце, секогаш исто. Тоа значело „ти ја врзувам куќата, ти ја врзувам среќата“. На мои 19 години, еден ден решив, без кавги, без ништо, прекинав контакт со неа, и таа страшно се вознемири, па и ден денес преку лажни профили ме следи по социјални мрежи, но не е важно, оттогаш сум друг човек и ми се случија работи кои тогаш не ни мислев дека ќе ми се случат. Исфрлете се што е негативно, исфрлете го секој што превртува очи или дава двосмислени коментари кога му соопштувате убава вест. Откако дојде ова време со помалку социјализација, и кога домот не личи на автобуска станица, раат сме, многу повеќе се смееме, а претходно се нешто бевме напнати, со причина или без.
     
    На izabela.nik, ZMIA, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  9. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски

    Јас се испонаежив читајки ги овие страшни грозни изреки,желби…не знам како да ги наречам! Мислам дека се парализирав!
    Од каде ги знаеш?? Криво ми е што го прочитав коментаров….се замрзнав од страв. Сувишен беше коментаров
     
    На TMNT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    И овде во местово кај што живеам имам слушано за такви жени што правеле магии, обично постари. Ова ми го има кажувано мајка ми и други луѓе. Имало некоја жена немала деца и била љубоморна на сите кој имале, баба ми имаше 5 деца и правела такви работи и на неа, ама карма или Господ како кој верува и вратило...кога била на умирање ги викала сите влкучувајќи ја и баба ми
    да се искакаат и женава да го изеде тоа за да и простат да може да умре на раат,мајка ми била дете тогаш и со свои очи го видела тоа
    Тие што прават такви работи се несреќни и злобни луѓе кој мислат дека со тоа ќе наштетат на други. Тоа со мртовци, нокти и други работи се глупости повеќе ги наштетува со лошата енергија и мисли кој ги има за тебе. Сигурно сите имате некоја личност што кога се наоѓате во нејзина близина се чуствувате празно, исцрпено и нервозно. Тоа се енергетски вампири. А ова со магии се е во мислите ако веруваш во тоа и притоа најдеш нешто сомнително, буквално почнуваш само на тоа да мислиш страв негативно и тоа и ќе почне да ти се случува. Само подалеку од такви луѓе негативни и ако морате да бидете во нивна близина што пократко, мислете позитивно и ништо од тоа кој тие ви го мислат и проектираат со нивната лоша енергија нема да ви наштети.
     
    На GirlLove и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Епа ете јас не сум знаела, ти кажав, далечна роднина малку постара од мене, кажа дека на тоа требало да се пази, ако некој земе нешто од мртовец. Од каде таа знае? Не знам. Сигурно некој и кажал. Морничаво е навистина. Значи ако некој тоа го коментира, од некаде го има чуено. Овие работи ги имам чуено одамна, освен признанието на снаата дека свекрвата правела магии, тоа е од скоро.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Од живите треба да се плашиме од мртвите не што ти може мртов човек нема енергија како предмет. Не се замарајте со такви работи раат ќе ви биде главата.
     
    На Mumoftwo30, Selena01 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Кој прави магии, гомна да јади хахах
     
    На tessie, Lilik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    125.991
    Пол:
    Женски
    Земете повторувајте дека не постојат магии едно 20 пати на ден.
    Затварајте уши на муабети за магии и не читајте таква содржина.
    Можеби тогаш ќе ви влезе во паметот дека тоа се глупости што не постојат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Не верувам во магии но порано имав една пријателка ромка шо мноогу веруваше во тие работи. Дури и ми кажуваше како она направила една магија, незнам за што точно се работеше но отишла кај некој доктор и му фрлила под нозете некоја салфета или марамче, дали за да ја прими или за да не може да ја одбие во нешто не се сеќавам шо беше. Мене не ми беше тоа верно али ај, веќе прифатив дека секакви луѓе постојат на оваа земја и не замарам многу.
     
    На tessie, Lilik, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ZMIA

    ZMIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
  17. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
    Темава нема крај магијата постои од почетокот на човештвото , со неа се бават најчесто завидливи луѓе , бегајте од нив а доколку имате мака мора самите да правите техника за ослободување од негативни влијанија тоа е најдобар начин !!! Постојат многу добри техники кој делуваат веднаш ,
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.211
    Пол:
    Женски
    Абе за на просториве еднаш не слушнав, правел магија за личен успех во кариера, за да го сакаат, талисманче за пари да му се лепат да носи. Сѐ ориентирано кон тоа да се наштети на другиот, децата вака да му одат, снаата со синот да немаат муабет (ееј своја куќа да си растураш за твои пари) , студент да не му оди на школо, на девојче да му се затвори ксметот...

    Не викам дека првово е помалку изопачено, поентата ми е со народ што волку крвнички се мрази меѓу себе, а умеел нокти да пее или конопци да јажосува, а не умеел, не е многу важно, оваа омраза е многу пострашна и може да нѐ доведе до пропаст, во историјата такви народи и без држава останувале на крај и станувале дијаспорски племиња. И тогаш им текнува и за родољубие и за градење силни лобија во државите кадешто дошле по азил.

    Инаку некои викаат дека последно време дури и преполните со симболи концерти на големиве ѕвезди се всушност ритуали со кои се канализира енергијата на масата.

    А, шо си играат со предмети од мртовци кога ќе закачат некој паразит ќе ги видам, Бог да чува, 21-ви век.
     
    Последна измена: 8 август 2023
    На Anyshka, st-el и Lilik им се допаѓа ова.
  19. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Kazi nekoj metod za osloboduvanje od magija I zli sili.ustvari napisi nesto ovde na forumov
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ZMIA

    ZMIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Темјан босилек крстена вода свети води и манастири за ослободување
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.