Прво нема едноставен начин како оди ваму таму земи ова она направи вака така тоа не постои, второ сите што одат по лугје да им ја растурат и да им направат заштита уств праат друга магија.Секој може сам да си помогне со примена на техника која бара вежбање , длабока молитва под длабока мислам сконцентрирана молитва 45 мин најмалку, техниката не е едноставна неможам да ја опишам навистина незнам како мене во техниката ме воведе жена од Србија пред 5 год.
Се е така. Секој што прави на крај сам на себе си прави. You can't mess with karma. И ова другото исто , уште религиите и нивните верници денес навистина да го разбираа и сфаќаа, како и последиците од тоа(играње со иста таа рамнотежа нели) и најбитно да не му го прикачуваа на Бог како Божјо и Божја воља и добри сме. Е сега и ова слушнав. Не, не е арен светов викам ја.
Lilik еве ти неколку молитви кога се молис концентрирајте како госпо бог Исус Христос да е пред тебе можеш да да гледаш во небото воопшто да мете интересира кој е околу тебе по убаво е во природа каде што нема никој молисе на глас и верувај од душа кон Господ Бог отецот синот и светиот дух
НАСЛОВНА » МОЛИТВЕ, НАМЕНСКЕ МОЛИТВЕ 07 мар 2016 Молитва за заштиту од нечисте силе Господе Исусе Христе, Сине Божји, огради ме светим Твојим Ангелима и молитвама Свепречисте Владичице наше Богородице и Приснодјеве Марије, силом Часног и Животворног Крста, Светог Архистратига Божјег Михаила и осталих Небеских сила бесплотних, Светог Пророка и Претече, Крститеља Господњег Јована, Светог Апостола и Јеванђелисте Јована Богослова, Свештеномученика Кипријана и мученице Јустине, Светитеља Николаја, архиепископа Мирликијског чудотворца, Светитеља Лава, епископа Катанског, Светитеља Јосифа Белгородског, Светитеља Митрофана Вороњешког, преподобног Сергија, игумана Радоњешког, преподобног Серафима, Саровског Чудотворца, Светих мученица Вере, Наде и Љубави и мајке њихове Софије, светих и праведних богоотаца Јоакима и Ане и свих светих Твојих, и помози мени, недостојном рабу Твојему (име оног који се моли), да ме избави од свих насртаја непријатељских, од сваке мађије, чаролије, врачања и од лукавих људи, да не узмогну учинити мени зла никаквога. Господе, светлошћу Твојег блистања сачувај ме ујутру, преко дана, навече и када сан долази, и силом благодати Твоје одврати и удаљи зла свака нечиста која дејствују по наговору ђавола. Ко је тако мислио и чинио – врати њихово зло назад у пакао, јер Твоје је Царство и Сила, и Слава, Оца и Сина и Светога Духа. Амин.
Јас не верувам дека постојат магии, но верувам во негативна енергија, места со негативна енергија и дека она што го мислиш тоа и го привлекуваш
Што е тоа магија и колку видови магии постојат? (I дел) 04 ноември/17 ноември 2018 лето Господово Преп. Пајсиј Светогорец Под зборот маѓепсништво поимаме повикување на демонските сили, наместо Бога, на помош на човекот, со цел за исполнување на поединечни човечки желби. Магии биле практикувани и кај еврејскиот народ во време на Старозаветниот закон, и кај христијаните во законот на благодатта, за жал до нашиве времиња. Во Стариот завет цар Саул ја бара помошта од ѓаволот обраќајќи се на една маѓепсничка, поради што бил строго казнет од Бога. Маѓепсник бил и Валаам. Според учењето на свети Никодим Светогорец маѓепсништвото се дели на повеќе видови, и тоа: Магија, под која се подразбира повикување на ѓаволи, за да им откријат на луѓето скриени богатства, изгубени предмети и слично. Гатањето е вториот вид на маѓепсништво со кое некои луѓе ја претскажуваат иднината преку цртите на дланката, што се нарекува хиромантија, и со помош на други предмети (зрна, карти, кафе итн.). Баење, спиритизам, односно повикувањето на помош на ѓаволи во темни соби или на гробови, за да ги казнат оние што се во живот. Бајачите тврдат дека ги повикуваат душите на умрените од пеколот, исто како и гатачите од времето на пророк Самуил, за да го дознаат идното или за да се одмаздат на некого. Во нашево време се практикува меѓу некои верници следново: баење, гаснење на јагленчиња, изговарање на посебни зборови заедно со молитви за болни кои тврдат дека се „маѓепсани“ итн. Гатање или маѓепсување со посредство на свети предмети, како на пример гатање преку Псалтир, кое денес се нарекува отворање на правилата. Гатање со црковни предмети, како што се остатоци од свештенички одежди, црковен клуч, пепел од кадилницата, пишување на имињата на клепалото на камбаната, на ѕидовите во црквата или нивно внесување во кандилата итн. Магии, односно гатање на младите за да стапат во брак едни со други, или за да се разделат, преку повикување на помош на ѓаволот. Гатање според внатрешноста на животните, кое се нарекува „иконоскопија“. Во овој вид на гатање припаѓаат и соништата, зодијакот, лошите и добри часови, гатање според екстремитетите на телото, кое се нарекува и претскажување (зуење на ушите, треперење на окото, чешање на дланките). Амајлии и талисмани, под кои се разбира носење на рацете или на градите некакви сатански знаци, врвци, клучеви, предмети или обоени парчиња платно, поради чување од болест, од опасност и од штета, бидејќи најнапред над нив се повикува силата на ѓаволот. Демоноповикувачи се оние кои го повикуваат името на ѓаволот. Тука се вбројуваат оние што палат оган пред куќите и го прескокнуваат пламенот, оние што се гатачи уште од детство, како и оние што гатаат според внатрешноста на животните, или ја земаат плодноста на говедата, кое е маѓепсништво што се практикува во нашиве дни. Астрологијата е маѓепсништво кое се практикува уште од најстари времиња, па сè до денес. Под астрологија се поима претскажување на претстојните настани преку движењето на ѕвездите, планетите, ветровите, облаците и другите природни појави. Астролозите тврдат дека секој човек има сопствена „ѕвездена карта“. Ете неколку од најобичните видови на маѓепсништва, некои се потполно заборавени, други се практикуваат и во нашиве дни, кои ги спречуваме и од кои треба да бегаме, бидејќи тоа се ѓаволски прелажувања, кои прелестуваат мнозина христијани за нивна погибел. Дали може маѓепсништво да му помогне повеќе на човекот, отколку што ни помага силата и благодатта Божја? Нека се знае дека ѓаволите немаат никаква сила некого да излекуваат, да откријат некоја штета или некои злосторници. Тие никогаш не можат да прават вистински чудеса, туку само со лажни призраци ги прелажуваат неверниците и слабите во верата. Оваа вистина ни ја покажува божествениот отец Јован Златоуст, велејќи: „Зар не гледаш дека ѓаволите не можеа да ги излекуваат од лепрата и крастите, кои Мојсеј ги фрли на Египет, дури ниту гатачите и бајачите кои ним им служеа, па зар тебе ќе те излекуваат (2 Мој. 9,11)? И ако ѓаволите не се смилуваат на твојата душа, како ќе се нажалат поради болката на твоето тело? Ако ѓаволите се трудат да те избркаат од Царството Божјо, како ли ќе те спасат од болеста? Тоа се потсмевања и приказни. Да не се прелажуваш, христијанину, бидејќи волкот никогаш не може да стане овца, ниту ѓаволот некогаш ќе стане лекар. Бидејќи полесно ќе може огнот да направи да падне мраз и снег за времето да се стопли, отколку ѓаволот вистински да лекува“ . Значи, кога ќе се разболиме или имаме неприлики, или нам ни се прави неправда, или имаме штета, или синови за женидба, и други тешкотии во семејството, повеќе да не прибегнуваме на помош од ѓаволот и неговите слуги, кои се гатачи и маѓепсници, туку да брзаме во црквата и да одиме при свештениците, на молитва и на пост, и веднаш нашиот Благ Отец ќе ни помогне, Кој нè создаде, бидејќи има милост кон нас.
Здраво феминки , доколу имате искуство со некој што ви помогнал во околина на Скопје пишете ми бројче и Локација. Благодарам однапред
Не знам зошто темава, а и другите се трупаат со непотребни мислења, ако се нема одговор на поставеното прашање. Поентата на сите теми е да се даде совет, мислење, без притоа личноста кој/а го поставил/а прашањето да се направи малоумен/на. Исклучок од овие теми се оние за вицеви, каде се дозволени зезанции. За некои членови може оваа тема е глупава или безсмислена - нека не ја отвараат. Исто, за некои други пример е безсмислена темата за лгбт, секс во тројка бла бла... итн.па не гледам поента само да се напише нешто колку да се биде интересен. Ако некој не верува нека не ја отвара темата и крај, сепак има луѓе кои ете во некои од тие бајачи, гатачи како год нашле спас. Фала многу, пријатно!
Не знам бе златна. (Хи)стори ов аур лајвс. Сѐ таа победа на колонизаторите над староседелците низ вековите била баш поради тоа што вториве биле бајаги поназадни и не гледале иновации и себеградење како опција и мнозинството со такви работи се занимавале.
Се погоре напишано е убаво за душата ,Животните искуства велат поинаку (немој да мислиш дека те оспорува или се инаетам ) многу верува на Бог На Исус на Светии моќта на Молитвата ,после 25 години какви не животни поразии и разочарувања полека отфрла разумот секое верување во Погоре напишаното секој погани оди исправен горд полн со себе и своите успеси често необјасниви од материјална страна и здравјето ги држи перфектно ,иднина деца внуци правнуци сите заедно поднапиени весели распеана плодни во секој поглед ! Во исто време секој прибран искрен добар човек се гледа во слабост непросперитет неплодност јаловост болештина ,иако толку се моли што изгледа налудниво зборење сам со себе
Се согласувам со тебе! Но едно ме интересира Дали доколку магијата што се ја направиле со тек на време се растури и дали злото ке им се врати на оние кои го имат направено? Нешто како карма?
Да! Бог ќе суди, кога ќе дојди ден. Правдата се препушта во раците на Бог, а казната ќе стигне кога тогаш, можеби покасно ама ќе стигне!