1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. amejzinka

    amejzinka Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Ve molam da mi pisete broj od nekoj gledac sto rastura magii.itno mi treba.VE MOlAM! vi blagodaram!!!!!
     
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Искрено не верувам во такви глупости !
     
  3. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Верувам..хихи (се шалам) па тогаш пред едно месец дена со другарка ми направивме магија за едни двајца да ракинат...ии нз шо како беше и вие по 1-2 недели стварно раскина..хаха :rofl: :rofl:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Магии постојат,но јас не верувам во нив.Јас верувам во Господ и знам дека такво нешто до мене нема да допре.Се зависи во вербата..
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148

    НИКАКО НЕ ВЕРУВАМ....! :x
     
  6. pupymor

    pupymor Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Јас не верувам никогашне сум верувала
     
  7. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам нешто,пред неколку недели бев на пат кај едни мои роднини на свадба,го фатив бидермаерот тоест ме акна по глава и по некој ден си го средував куферот и најдов еден прстен убав бижутерија е и лесен е,ама малку ми беше чудно,црно сребрен е со црна лента заврзана на него,прашав по дома да не на некој па да паднал внатре некако или нешто,ама не е никој не знае чив е сите викаат прв пат во живот го гледаат,ама како да се сеќавам на него многу многу матно како да се сеќавам на некој сон од него или така пошто лентата е заврзана кај што може да се стегне али овој е престегнат,ше ве замолам за помош ако знаете дали некој пробува да фрли некоја магија врз мене или моето семејство,незнаев што друго може да е,фала ви однапред :*
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Може бидермаерот почнал да делува веднаш :tmi: сега се модерни јавни запросувања ,но ова е малце таинствено не сака веднаш корпа некој хехе , немој да си одма песимист :D има секакви изненадувања .
     
  9. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Имам 15 години немаше никој и седев со фамилијаа а уште помалце ми се верува дека некој во друга држава кај шо никој не знам,фала иначе :*
     
  10. detektivdaniela

    detektivdaniela Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    Една другарка многу сака да се омажи за дечко и ако постојат такви работи што треба да направи??? Го сака повеќе од животот
     
  11. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Дали постојат не знам. Главно не верувам, а некогаш поради сплет на околности скептицизмот ми виси на конец.
    Се имам изнаслушано многу работи, имам разговарано со луѓе кои биле по гатачки, оџи итн и секогаш сум се прашувала зошто луѓето кои се занимаваат со тие работи, прво не си го подобрат сопствениот живот?

    Инаку еве дел од случаеви за кои сум слушала или дискутирала.

    Пред да почине татко ми, мајка ми ја викнала старосватицата да пијат кафе која дошла со уште една жена (непоканета) која во Скопјево и не ја биело најдобар глас. Пред да ги пречека чистела, миела садови и точно знаела каде ја оставила бурмата, како и секој претходен ден за да не ја изгуби. Бурмата била на местото на сапунот. Пиела кафе, направиле муабет и ги испратила. После средбата, мајка ми ја побарала својата бурма, меѓутоа нигде ја немало. Барале заедно со татко ми, ама бурмата буквално исчезнала од дома. Наредна недела татко ми и купил нова бурма, но сите знаеме дека венчаната ништо не ја заменува.

    После еден месец, подолу на улицата каде мајка ми живеела невенчана, живееше фина жена со посвоено девојче кое ми беше другарка како мала. Жената мајка ми ја ислушала внимателно за исчезната бурма и и рекла дека не е добро. Кога прашала зашто и го чула одговорот на тоа, се наежила од нозе до глава. Жената и рекла дека иако не верува во магии, меѓу жени кружат приказни дека исзчезнати бурми туку така од дома после нечија посета, односно украдени се закопуваат во гроб...
    После два месеци од губењето на бурмата, татко ми починува во тешка сообраќајка.
    Човек колку и да е имун, не може да не се запраша нели?

    Ако додадеме дека после смртта на татко ми починува за 2 месеци мајка и, односно баба ми, па повторно за два месеци дедо ми односно свекор и веќе е сомнително.


    Друг случај е за кои е потврдено од пријателки на мајка ми е присуството на погреб. Кога била пријателката на погреб кај нејзина роднина се случило нешто интересно, несекојдневно и крајно бизарно. Кога сакале да го закопаат човекот, жена на постари години се обидела да ја земе лентата, односно крпечето со кое на мртвиот му се држи затворена вилицата. Попот ја видел и и рекол пред сите да го остави зошто знае што планира со тоа.

    Подоцна со распрашување, бидејќи секако настанот побудил интерес кај присутните се дознало дека од мртви се прават најголеми и најтешки направени магии за кои е речиси невозможно да се растурат. Што се прави?

    - Крпчето од мртовецот се става преку усна на младоженец ако невестата реши цел живот да ќути и да биде понизен пред неа.

    - Водата со која се измива мртовецот ја собирале во шишенца и ја попрскувале на праг на куќи за кои не сакале аир да видат. Чудно но вистиното е дека навистина водата од мртовец има поинаков одсјај од обичната вода. Некои велат дека личи како да поседува кристали..

    Ајде доста беше, ако се распишам ќе извадам некого од памет. :D
     
    На Bitter-Sweet и xoxolea им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.495
    Допаѓања:
    173.336
    Навистина,интересно.Напиши уште нешто ако знаеш,чисто онака да видиме до кај се се спремни луѓето да отидат со злобата.
     
  13. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Можно е верувај ми.Баба ми(на татко ми мајката)на мајка ми му правела магии.Мајка ми и баба ми(на мајка ми мајка)ми имаат кажувано.Има такви свекрви да не ти паѓа чудно,мојата баба со помош на магиите за малку ќе ги разведеше моите.Мајка ми му кажува на татко ми но тој не верува цело време е со неа.Никој не смее да му каже нешто лошо на неговата мама,за се ја штити мајка му,а мајка ми неможе веќе да ја гледа,понекогаш му доаѓа и да ја убие.Мајка ми кога била бремена со мене,кога се зеле со татко ми,тој многу се променил,бил нервозен дури и ја удирал мајка ми.Мајка ми за ова му кажала на нејзината мајка,а таа на мајка и т.е мојата прабаба.Таа им кажала дека можеби се работи за некоја магија.Баба ми не размислила ја зела мајка ми и заминале кај некој оџа а тој им рекол да дојдат уште еднаш и да донесат слика од свадбата(каква била слика).Вториот пат кога отишле,донесле слика од свадбата каде што се мајка ми и татко ми зет и невеста и баба ми до нив.Оџата само што ја видел рекол,оваа доаѓаше кај мене да бара помош да и наштети на снаата ама јас ја одбив,не сакам да имам врска со лоши работи,зашто бог ќе ме казни.Мајка ми изнервирана отишла дома и и зе изнаразвикала како не ти е срам,вака така..И оваа ни срам ни перде и рекла СИН МИ Е МОЈ,ШО МИСЛЕШЕ ТИ?Мајка ми избегнувала да се кара и само заради мене издржала,со баба ми ниту зборувале.Со татко ми биле малку подсмирени но таа неможела ни тоа да го издржи,па со тетка ми(Нејзината керка)од србија,договарале магии.Не поминало извесно време,мајка ми отворила кај златото од свадбата и немало две златни паричиња.Му кажала на татко ми а тој рекол тука се негде ќе ги најдеме..За некој месец пак се скараа(иако бев малечка многу добро се секавам).Седев во дневната соба мајка ми се расправаше со татко ми а јас плачев додека баба ми пагаше од смеење.Татко ми почна да удира по мајка ми а таа избега некако ме зеде и отидовме кај баба ми и дедо ми(родителите на мајка ми).Два дена по случката мајка ми и баба ми отишле кај истиот оџа.Е тогаш веќе работата била ептен озбилна.Тој им кажал дека им е направена магија на мама и на тато,да се мразат.Била направена магија со тие две паричиња.Едното било закопано дома кај цвекињата на баба ми,а другото кај ќерка и во Србија.Магијата била направена со цел,да се разделат вљувените,да бидат ладни еден спрема друг,да се мразат!Поминаа еве цели 13 години и пред 3 месеци со мајка ми чистевме генерално и зад креветот наогаме едно чудно нешто како орев(ама во форма на круша),јас мислев дека е некој украс мајка ми ги бришеше прозорците а јас седнав на кревет и го прекршив на пола,и што ќе видам внатре.Видов МРТВИ МРАВИ СО КРИЛЈА.И кажав на мајка ми а таа отиде и право во контенјер.Прочитав нешто на интернет за тоа.Било црна магија,нешто како амајлија за да има кавги и недоразбирања,и на тој што му е направено да биде нервозен(тоа беше татко ми).За два дена татко ми како да се промени целосно.Се понашаше нормално.Но тоа не траеше долго.Женава никако не застанува,упорно сака да ги скара моите.Но јас и мајка ми веруваме во Господ,тој гледа и плаќа на сите.Секоја недела одиме во црква и палиме свеќа.Женава не сака да престане,пред некој ден ја видов како излегува од џамија и се скрив,не сакав да ме види.Ве молам помогнете ми,моите скоро секој ден се караат додека кучката се смее во позадина. ;( ;( ;( Но јас верувам во Господ дека ќе и наплати и неа и на ќерка и..На керка и веке и наплаќа.Таа има три деца,едното е болно бронхитис нешто има,а другите две имаат по 25-26 години и неможат да се мажат,никој не ги зема..А онаа кучката што им прави така на моите кога ке умира ќе се влече од маки. :devil: :devil: :devil:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Едно ГООЛЕМО НЕЕЕ! :)
     
  15. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75

    Да ти се крене коса на глава до каде тенденциозно злобата ја фураат. :o
    Еве на што ми текнува:
    -Обезглавени лилјаци и со нивна крв се попрскуваат алишта, праг на куќи дури и луѓе.
    -Облека, слика на која исто баат или попрскуваат вода од мртовци. Сигурно сте чуле дека редовно стариве велат не позајмувај облека? Не се работи толку за упропастување на истата, колку што одреден дел веруваат дека навистина има поган народ, а јас верувам дека секој човек си носи сопствена енергија која не е добро да се "меша". Единствен исклучок сум напраила за две другарки и ќе правам. :lol:

    Одат до степен да ставаат конци на невестински фустан, да прават топчиња исто од конци со пердуви и којзнае уште што. Но интересен и чест обичај е оној кога останува еден од домашните да ја чува спалната соба за време на прославата на младенците. Сум се изненадила колку е тоа често особено во источна Македонија. Еден член на потесното семејство се "жртвува" да ја чува спалната и да не оди на прославата баш од погоре споменативе причини.
     
    На xoxolea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски

    Здраво Calypso..Вака сакам да те праашам нешто.Незнам дали погоре ја имаш прочитано мојата ситуација,но нема врска.Значи вчера на мајка ми и требаше игла и конец а конците седат најгоре во вазните кај мојата бабакоја што во моментот не беше дома.Таа никогаш не дозволува таму да чепкаме но јас реков ајде можеби ќе најдам нешто.Во првата вазна имаше црно ланче како ружа со некој знак попрскано со нешто а во другата стиропол со две бубачки врзани со игла и конец.И го однесов на мајка ми таа го зеде го искршивме ги извадивме бубачките (едвај),ги завиткавме во еден весник заедно со стирополот и мајка ми денес рече ќе ги фрли кога ќе оди на работа.Значи женава не престанува и не престанува,во вазната имаше уште многу работи но меен таа прва ми падна на око.Ова со бубачките се гледаше дека некој и помогнал да го направи,беше многу внимателно направено..Иако ми е баба верувај ја мразам,животот заради неа ми е пекол.Ме интересираше можеби дали знаеш што значи таа магија???Многу се плашам,ми е страв дури и навечер да спијам,молам за помош.Јас дури и мислам дека баба ми е луда,ненормална. :devil: :devil: Не можев да поверувам кога и ја видов целата опрема,па исто така ги криела на место за коешто да не барав игла и конец не би помислила да чепкам и да ги најдам.Но Господ е на наша страна,верувам дека тој не чува мене мајка ми и сестра ми.Исто така многу пати вратата ни била испрскана во децката каде што спиеме(и мајка ми со нас спие) како со крв(црвена течност) и мајка ми еднаш ја праша неа што е тоа и оваа и вели НИШТО ТИ ТРЕБА ТОА ДА ГО ИЗБРИШЕШ,и мајка ми за инает не го избриша и виде не виде самата стана и си ја избриша магијата со наракавици дури.Мајка ми кути не кажува ништо на татко ми,очигледно е дека тој нема да и верува колку пати сме му кажувале не ни верува.ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ ДОКОЛКУ НЕКОЈ ГИ ЗНАЕ ЗНАЧЕЊАТА НА МАГИИТЕ.. ;( ;(
     
  17. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Секој со свое мислење, ама кој осетил на своја коже- знае и верува.
    После се што поминав, и начинот на кој си го најдов спасот - Верувам!
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле колку ми е страв од вакви работи, ииии далеку од мене пу пу пу, јас да дознаам дека некој ми праве вакви работи мене или недај боже на некој од моите блиски, па жими се со голи раце ке го убијам, и ке го закопам ]:) :devil:
     
  19. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Леле луѓе не фаќајте ги тие работи со голи раце. НИКАКО!!!
    Не знам со која цел и каква е магијата која ви ја прави, ама ако најдете такви чудни конци или предмети кои се попркани земете ги и фрлете ги во вода. Ако си од Скопје - тогаш во Вардар. Други ги оставаат на раскрсница, ама првото е подобро.

    Ако најдеш нешто кое не се вади, односно е испрскан под, врата итн тогаш со ракавици, тие за чистење тоалети избриши и попрскај со вода од црква.
    Така имам чуено дека прават.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски

    Од Битола сум.Мајка ми тоа што го најдовме рече дека денес ќе го фрли во Драгор.Ама жената никако не застанува,како вештерка е.Како може да биде толку злобна??Нема да ти се верува дека како оние вештерките во вазните ја скрила целата опрема,сега ќе го бара тоа со бубачките ама нема да може да го најде.Мајка ми вчера се дупна кога ги разделуваше,цел стиропол беше со игли,не си свесна како внимателно беа направени.1000000000% сум сигурна дека тоа не го направила сама некој и помогнал.Мајка ми се плаши сега да не и се случи нешто ама се изми со ракија мислам дека ништо нема да и биде.Ако ме веруваш страв ми е и да спијам навечер. :sweat: ;( Мислам дека ни донесла дома и земја од гробишта,има многу цвекиња,многууу целата соба и е со цвекиња,незнам зошто ги чува сите овенати и се,ниту ги вади ништо,ама не пушта и да се фрлаат..Се чувствувам како во пекол :sweat: :sweat: