Епа членката во склад со нејзините верувања тврди дека постои . Банално е да се препираме , можеби членката има лошо искуство токму со тестена магија.
Не тврди дека постои, бара мислење дали мислиме дека би можела да постои. Тестена магија Од тестени магии само баклава признавам, друго ништо.
Јас сакам да ми фрлат тестена магија па коа ќе се расукам по дома, по по по, те пита, те баница, те зелник, те бурек, те леб.... ама мани магијата, па и по 100 кила ќе се напраиме, не бива така.
Абе остај, не џабе бели отрови ги викаат-брашно, шеќер и забораив шо беше третото Умно збориш, треба тоа да се исфрли од дома и раат. Ако те послушам и ослабам, рачунај се за успешна магионичарка
По коментарите стекнав впечаток дека се сомнева (во случајот со пита, кифлички што и да се) а потоа дека имала некое горко искуство со магија од тој тип.
Човечката злоба е непрекината. Не верувам дека предмет ќе ви наштети. Но целиот труд и злоба со кој е исплукан тој предмет е ѓубрето кое не треба да е до вас. И тргнете се од тие луѓе, без разлика роднини, комшии. Ниту едно фајде не се видело од зло око.
Може нешто во водата да ставила, иако се исмејуваат овие за црни магии и те како се точни, добро постои но исто така и лошо, мртвачка вода, мртовачки предмет одземен од свежо мртов човек, мртовачка земја, ако претходно не го правела тоа кај вас а сега и текнало има нешто, не се сите добро намерки како што изгледаат.
И јас не верував но откако една жена познаничка еднаш спиеше кај нас и остави еден предмет, што после беше фрлен, кај мене дома умреа двојца и тоа од изненадни болести од денес до утре. После дознавме дека таа и се бави со тоа така ни кажаа во нејзиното село.
Кај ги прибирам в куќа, ги почитуваш, уште свињарии ти прават. Си ја научив лекцијата и јас, ама доцна. Само клуч на врата и главата ми е мирна.
Dali najdovte čovek za rasturivanje magii ? Ako znaete nekoj ve molam da mi pišite negov broj, ime i kade možam da go najdam. Vi blagodaram
Potreben mi e takov čovek. Ako znaete ve molam kažete mi negov broj, ime i kade se naogja. Vi blagodaram.
043 227 363 е бројот на Дуле од Велес на кој се врти секој 30ти во месецот за закажување. . Ама не растура. А за гледање скенер е. Оливера од Дедебалци не сум била, ама колку што знам од членките што споделија се одело директно, список имало, се чекало до ниедно време . Жените мора во долги сукњи. Треба да се пости пред да појдете.
Нели пишав дека кај неа се оди директно? Ќе споделеа број на форумов ако беше телефонски. Да прашате некои од членовите што биле .