Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Прво Дуле воопшто не гледа во клиентот додека гледа. Во иконите гледа . А дека во Мк е меѓу најдобрите, од цела Мк идат од Србија имаше две госпоѓи. Не наплаќа-кој колку има, и 20 ден да му остават не замерува
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.429
    Пол:
    Женски
    Тогаш, уште полесно му е за мамење.
    Нека идат и од цел свет, пак тоа не му дава валидност.
     
  3. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Кого измамил? Никого со сила не го зел од дома. Кој не сака да верува , не мора. Јас не можам вака да реплицирам до безконечно. Јас ако не верувам нема да ја погледнам темава , не па да сугерирам, убедувам и сл.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    @VSkopje за танго и војна треба двајца. Значи ова што го пишав важи за двајцата партнери. Затоа добар спој е тежок.
    Никој не ве обвинува лично вас.
    Никој не е безгрешен.
    Не треба да се удавите во самосожалување и себеобвинување, ама треба да ги погледнете работите од друг аспект и да бидете спремни да преземете не само одговорност за себе туку и да покажете волја сами да си го кроите и насочувате својот живот.

    Автосугестијата е посилна од сугестијата на друг човек однадвор.
    На страна способностите на Дуле...
    Сите имаат способност повеќе или помалку, тоа е мое лично убедување.
    А вашите способности каде се во равенката?

    Па човекот не го дефинира само дебелината на новчаникот и големината на банкарската сметка.
    Ако проблемот се бара надвор од себе, па еднаш е магијата, другпат е другиот што бара само богат партнер, па нешто трето..тоа значи дека не верувате во себе. Не верувате дека самите вие може нешто да смените во својот живот. Тоа е лоша претпоставка за да се појде од неа кога се бара партнер..

    Сум имала многу такви примери во близина кога за своите лоши љубовни и професионални исходи одбиваат да ги бараат причините кај себе и своите постапки.
    Никогаш не се превзема одговорност за своето однесување и за изборот кој лично го направиле, ама одма се оди на тоа дека немањето среќа е причината...
     
    На MeowMeow, Mrs. right, Maca Macka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Не ги спомнав моите способности , не се темат .
    Комплетно си ги завршив моите кариерни обврски.
    Не се самосожалувам, ниту барам да ме сожалува некој, на крајот на краиштата секој си има право на свој избор по однос на дечко, сопруг. Тука неможе да се влијае , ниту да се земе за кусур.
    Опсежна тема е, и секој со своите видувања.
    Како сака, така нека биде. Неможам веќе да се докажувам, убедувам и сл. Но и да молам некого , ни под разно . Да се дува некој ко паун , јас да се живцирам дали ќе му се допаднам и сл , вољно. Има еден куп немажени .
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    15.782
    Пол:
    Женски
  7. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Значи незнам како да ви објаснам дека на сите ни е исто, таква ни е државата ја имам два факса работам шо најдам, сигурно маѓија ми направил некој шо живеам во ретардирана држава. Се оженив се разведив, најдов друга ја фатив со друг, пак се разидов сега сум во врска со друга шо неможам да се погодам па се карам оти имаме различни гледишта и сега треба да речам магија ми прават комшиите или роднините па затоа ми е вака? Живот се вика ова, се бориш секојдневно со него, тешко е со пртнер тешко е без партнер, тешко е со пари тешко е и без пари не се и парите се на светот. Бркаш кариера, нема партнер да сме на јасно, ама патот си го бираш ти тебе ти била поважна кариерата од обврзувањето, годините си летаат и кога си топ во кариера а да не се лажеме тоа би било околу 45 години времето поминало генерации се сменети и изборот ти е мал или лош. Не сваќам како писмена личнос може да падне толку ниско да верува во маѓии. Значи ја единствено би одел негде ако сум болен и гледам дека од доктори и болници нема ефект па секако ќе умирам ај да пробам. Иначе во град кај мене има неколку шо се бават со вакви работи демек лечеле, децата испустени незнаат кај одат, наркомани или багабонди по дома а доаѓаат луѓе да им помогнеле. Да сте свесни кај одите никогаш не би отишле. Ја сум за се да се прати на голи оток оти вие немате мака, со исклучок на тие шо се тука за физичка болест. Вие лиѓе треба сериозно да разговарате со психолози и со психијатри и ова не го кажувам во смисла да ве навредам туку да ви помогнам.
     
    На senza.parole, Cosmic Girl, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Еве види ја членката горе, член од 2023 цела година од толку теми на форумов коментира само во оваа тема. Да не се лажеме тука почнаа да доаѓаат и машки по форумов и сеа де кажи ми ти дека некој нормален кога ќе и го види профилот ќе и пише за на кафе? А од друга страна бара љубовна напивка, мислам алооооо главата во зид за да ви текне, барам партнер наоѓам или ми оди со него или не ми оде, не симодговарам барам друг какви маѓии какви глупости. Последна книга која ја прочита- зоки поки? Други теми на разговор има ли освен дека ти е тешко и лошо у живот? Не гледам еве ја лично една причина заши би преговорил со тебе не п да останеш во моја близина. Едуцирај се, расти, шетај разговарај, дотерај се, научи да разговараш на секоја тема да примиш критика да речеш има и во мене грешка и најбитно од се да не се одкажуваш
     
    На Cosmic Girl и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Јас барам љубовна напивка ?
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Како мислите да помагате, кога сам себе не можете да си помогнете според напишаново ? И да, неморате да сВатите како тоа едуцирана личност верува во вакви работи . Последна прочитана лектира ми е "Зоки поки" Вам која ви е? Сват , сваќи на свадба . И мене ми е несфатливо како можете да демнете членки на форумов , па не се дрзнувам да ви продавам ум.
     
    На OmniaVanitas и Selena01 им се допаѓа ова.
  11. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    И со два факултета, да работам каде ќе стигнам, јас би се преиспитала.
    Така што, не знам кому му треба помош од стручно лице во случајов.
    Премногу си дозволувате, има ли админи на темава , ретко кога реагираат на јавни прозивки и навреди од несоодветни членови.
     
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Прво никој не те демне, второ не беше пишано за тебе, трето незнам дали се секаваш ама ти ми пиша мене пред месец и нешто, ако ти треба некоја врска за вработување во суд кажи, затоа и те оставив на игнор и не продолжив никаков муабет со тебе, барем не дудлам у партија и да седам дома пет месеци да чекам работа, четврто ако сум завршил факултет ќе работам се шо треба за егзистенција а не да лежам дома и да чекам да завршат избори за да се изживуваат со мене за работно место за 40000, пето јас го живеам животот и споделив од моето искуство напишното беше за да ви кажам дека на сите му е тешко у животот и дека маѓиите не се причина затоа, и никаде не побарав помош ни па сметам дека ми треба помош, препрочитај шо сум пишал и пробај меѓуредови да сватиш, иначе да ако ми потреба помош од стручно лице дефинитивно би се обратил а не би одел кај трајко да ми бае. И за последно до сеа не сум го кажал ова на никој ама верувај дека финансиски никогаш во живот нема да ме стигнеш џабе си ја креваш цената со образование и кариера кога си сиромашна на душа. Извини ама ти си почна со навреди
     
    Последна измена: 30 април 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Луѓето имаат разни вери, мислам дека не е во ред на некоја да се гледа како на пониска од другата и со тоа се согласувам. Верувањето во магии влече корени од хронолошки постари религии кои подоцна биле заменети со монотеистички религии. На постарите религии се гледало (и сеуште се гледа од некои) како на поназадни, па истата предрасуда важела и за луѓето кои ги практикуваат.

    Не е поентата на муабетот кое верување е правилно или да се морализира.
    Не ми беше ниту мене поентата таа. Ниту пак солење памет некому.

    Јас не омаловажувам некого зошто верува или не верува во нешто.
    Истотака не омаловажувам некого зошто има проблеми во некој сегмент од животот.
    Но, истотака не ги омаловажувам ниту тие што си бараат лек кај психолог и психијатар, ниту сакам да ги етикетирам со некои називи. Исто како и луѓето што си бараат лек на бајач (иако нас психолозите не учеа за штетните ефекти на бајачите врз одредени видови психички растројства и како тие можат да им ја влошат состојбата и баш обратно - да им одмогнат).
    Како што рековте секој со својот избор...

    Сакав само да ве предизвикам да гледате на работите од друга перспектива и тоа онаква која ја поставува точката на контрола и моќ во вас, а не во нешто надвор од вас.
    Кога зборувам за способности не мислев само на парапсихолошки туку и во психолошка смисла.

    Тоа значи да имате една реална претстава прво за себе, каква личност сте, до каде сте спремни да правите компромис а до каде не сте, кои ви се послаби а кои појаки страни.
    Ако се познавате себе подобро, тогаш ќе имате јасна претстава и за тоа каков партнер ви одговара.

    За врските и комуникацијата помеѓу луѓето има цела наука и постои согласност дека социјалните вештини се учат. Односно, каде да се запознаваат луѓе какви што сакаме да запознаеме, како да им се пријде, како и за што да се разговара, како да се гради подлабока емотивна врска понатаму... сето тоа е истражувано зошто е дел од различни гранки на психологијата.
    Е втора работа е колку човек сака да ги унапредува тие вештини или не. И тоа нема врска со молење некого. Напротив, тоа нема врска ни со силење некакво на комуникација со луѓето, ниту претварање во некој и нешто што не си реално.

    Ова што го пишавте погоре дека немате намера да се нервирате дали некому му се допаѓате или не, на пример.
    Не треба да одиш на средба со некого со цел да се допаднеш на другиот, туку со цел да го запознаеш.
    И со пореално очекување дека е поверојатно да не си се допаднете еден на друг, отколку да си се допаднете. А ако има почента привлечност, да се биде спремен да се ризикува и да се продолжи да се гледате.

    Не знам колку години имате, но обично вакви реченици слушам од малку позрели личности.
    Сакале да прифатиме или не, ама како старееме стануваме поригидни, помалку спремни на компромис за било кого и помалку спремни да излеземе од зоната на комфорт на која сме си се навикнале.
    Оние кои се сингл на постара возраст почесто очекуваат да најдат некој што ќе се вклопи во нивниот живот и навики (зошто има многу риби во морето, ќе се најде некоја каква што сакаме) и полесно им е да одбијат некој што не е на прв поглед добар (идеален) избор и да се бара некој сосема друг. А реалноста е уствари дека тие самите се помалку спремни да се прилагодат на нивниот живот и навики и да ги намалат очекувањата зошто нема ништо идеално.

    Ова забега во совети од друг тип, сосема не е за темава.
    Се извинувам.
    Можеби и не сакавте совет овде од ваков тип, туку само контакт од бајач..

    Стварно сакам да ве насочам да барате лек на место каде што е поверојатно да успеете да го најдете..

    И не секогаш е споделената инфорамција солење памет, туку некогаш посочување некому дека е лошо информиран. Еве на пример ако кажам дека зборот сфаќа, како разбира, е со Ф, а сваќа, како именка е со В, може да ми речете дека сакам да солам памет.
    Не сакам. Само сакам да корегирам неточна информација:
    http://drmj.eu/search/sfati?
     
    На minne992, eliesaab и Realist1 им се допаѓа ова.
  14. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Како не се однесуваше за мене кога пишавте дека освен на темата гатање, баење на ниту една друга тема ме немало .
    Јас ќе ве замолам што сте се фатиле , само јас ли коментирам на темава?
    Зошто не им реплицирате на други на истата тема? Не се ни трудам , ниту сакам да ги имам вашите достигнувања. И не сум во Суд .
    Која дрскост, админите абер немаат да реагираат .
     
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Госпоѓо реплицирав на членка а вие како толку многу едуцирана би требало да го видете тоа. Секое добро поздрав
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за добронамерноста
     
  17. вера57

    вера57 Нов член

    Се зачлени на:
    4 април 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    9

    Несакав да ви одговорам но ајде гледам многу почнавте да коментирате и скокате без причина значи овде секој има право на свое мислење и ставови а исто така и на прашања и одговори.
    како прво додека бев болна во тој период и пред да се обратам овде сигурно не седев дома со скрстени раце ТУКУ ВИСЕВ по болниците,како второ мојот начин на живот е доста динамичен а од страна на спорт редовно вежбам бидејќи се занимавам со кикбокс и имам доста други активности.За моето слободно време вие неможете да знаете бидејќи јас еднаш се обратив овде за помош а вие гледам од што сте премногу зафатен а неверувате се испотепавте овде некоментирајќи. Сметам дека секој треба да има свои сваќања и мислења нормално некој верува, некој не но вие неможете да му го вметнете вашето размислување на некој трет доколку можете да дадете совет е океј додека не останете воздржани или не реплицирајте вашиот став изнесете го во коментар и тоа е тоа.поззздрав и убав ден
     
    На eliesaab и Realist1 им се допаѓа ова.
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Ја сум во пензија на млади години :D иначе добронамерно ми беше пишано, малку бурно реагирам ама машко сум имај разбирање ние сакаме решение вакви работи ни се малку кринџ. Иначе штом си спортис, колешке и ја сум кикбоксер ако мислиш дека сум згрешил до толку спремен сум за во ринг хехе Пробај со овој https://icebbf.com/ стварно на многу луѓе му има помогнато разгледај си ја страната има и некое видео па се надевам дека може ќе ти се најде нешто. Убав ден
     
    Последна измена: 30 април 2024
    На вера57 и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Администраторот штом не реагира , го поддржува . А да напаѓаше некој член што бара чаре на темите гатање , баење, одсмна ќе беше баниран.
    Членот премногу си дозволува. Едно е мислење членов грубо се меша во туѓи лични животи. Вашиот личен живот, моите финансиски достигнувања.
    Прво е неумесно, луѓе си играат со пари, па не се фалат . Второ членот не ме ни познава, од каде ги знае моите финансиски достигнувања и состојба? И са сум на раб , не е негов проблем. Немаат почит членката ме праша за возраста. Прво возраста ако и е репер за размислувањата , што повеќе да се коментира? Не знам да сум и се обратила било каде за насоки , сугестии. Нема потреба да ме "просветлува" со толкави фермани .
    Да , возрасна сум 79 год сум. Од се срце и посакувам и таа да ги дочека моите години .
     
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Машки
    Пак ќе ти кажам еве види во овој пост сега ти реплицирам тебе во ниеден друг пост не сум реплицирал, ако некој почна да навредува прва тоа си ти, незнам дали стварно не сваќаш кога ти кажувам дека нема ни една реплика до тебе до моментот кога почна да ме навредуваш. Инсче ја се отворив за да ви кажам дека на сите им е тешко во животот немав намера да те навредам а и не сум пишал лично до тебе. Реплицирав на членка со ник fly555 е сеа ако и ти се пронајде и цело време само на темава коментираш извини ама стварно не сум видел. И пак ќе кажам не сум ти реплицирал тебе ти беше таа шо почна со навреди
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.