Малку ми е срам да пишам но ќе пишам.. Мајка ми е чудна жена,никогаш не сум била премногу блиска со нејзе бидејќи што и да и кажам ќе ме издаде.Жално но овде треба да пишам дека се плашам од нејзе.Уште кога бев мала се занимаваше со такви "работи" си наоѓав катанци под перница,ми снемуваше алишта и што уште не.Кога се мажев вечерта после свадбата во спалната соба дојде она да ми помогне да го соблечам фустанот,ни дојдоа гости дома па мм во тој момент беше со нив,другиот ден сфатив дека ми ја нема обетката,а едната ми стои на шкафчето пред огледалото,не обрнав многу внимание но после поминати недела дена,средивме,раскренавме обетката не ја најдов никаде,и спомнав и она рече дека не знаела каде е. Помина време и она тој ден ни беше на гости,влегувам во спална, си земав алишта од плакарот и ја гледам обетката измеѓу алиштата ама таа што ја имав дома(десната),а таа што ми ја немаше (левата )ставена во кутичето кај другиот накит.Коса ми се крена,ми стана јасно дека е нејзино дело.После тоа од дома ни го снема венчалниот лист.Го баравме ни требаше за нешто,но не го најдовме,извадивме нов,по 4 години ми дојде на гости и ми го донесе,не знаела како завршил кај нејзе Ми се роди бебенце,она беше кај нас,ја причува,а ние со мм бевме во маркет.На креветот ми стоеја црвени хулахопчиња од малата.Никогаш повеќе не ги најдов.Го тргнавме и петоседот сегде проверив.Сега исто се врати од гости од кај нејзе без една блузичка.На пат ми е второто детенце,живееме во странство и она сака да дојде на гости кога ќе се породам.Лошо се осеќам што морам да кажам дека од нејзе ми е страв да дојде,да биде тука,додека секоја жена би посакала мајка и да е тука во тие моменти.. Ми има кажувано чудни работи нејќам ни да се присеќам на се..
Небитно дали јас, или ти веруваш во вакви работи, ама мислам мајка ти и да прави нешто, за арно ти прави. Има и такви работи, бајат, бели магии фрлаат за здравје и среќа...
@CameliaMiller јас мислам дека ги зима за да направи нешто(се сеќавам како мали ни носеше маици по бајачи и такви ствари),како што кажа @Gosh се надевам и јас дека ги зима со добра помисла,дека нејќе да ни наштети но ако се присетам,од свадбата па се до тој период кога го донесе венчалниот лист ние имавме лош брак(кавги,расправии,ќе се разведува ме)..Не знам што да мислам,раат сме од кога заминавме странство..ама знам дека ќе дојде ден да дојде тука и пак ме фаќа некој страв.. Сега брзо и кажувам дека неколку пати по ред ја сонувам баба која е почината, и и викам да не ти е на обврска кога ќе можеш отиди запали и свеќа на гробот и она ми вика земи на некој подади нешто зад грб.Викам шо ти е тебе,значи за да подадам на некој нешто треба да ми е близок,и со тоа мојот немир да го дадам на таа личност.
Прашај ја случајно да не знае да бае или знае некоја жена што бае, фати ја со добро, сама ќе си признае ако има нешто. Речи и демек детето ти е урочено или не знам што, сакаш да се тргне урокот, и демек бараш чаре, прави се глупа. Ако дојде сега пак, не знам што да кажам, земи стави nanny cam во соба и кога ќе снема нешто ќе и пратиш скриншот да си се види.
@carly j да знае,има пријателка што се занимава со такви работи,редовно се во контакт..се сеќавам како мала и ме носеше таму,на секое плачење на детето она ме советува дека треба да го носам на баење.. Тоа со камерата ти е најдобра идеа,чисто да знам и да видам дали би правела пак такви работи
Да кажам и јас така се чуствувам кај мајка ми. Не викам дека прави нешто .Но после секое одење тамо ние не сме добро. И додека сме тамо јас се чуствувам како да сум болна од нешто. Незнам зошто е тоа така барам начин објаснување но неможам да си објаснам. Последен пат кога бевме со ќерка ми тамо само што излеговме од кај моите таа почна да повраќа цели млазови. И мојата интуиција ми кажува нешто има нешто се случува не ми се оди таму воопшто а од друга страна сепак родотели се и сакаш да ги видиш. Што да превземам незнам.
Се вселив кај дечко ми и почнавме да реновираме, стара куќа е, градена во 1964. Менувајќи ги вратите, кога ја тргнавме касата на една, ѕидот се изрони и внатре најдовме мешавина од искината хартија, конци, парче хулахопка и некакви коски од ситно животно. Јас лично не верувам во магија, но ме интересира која би можела да биде причината за ова. Дали е нешто како она што ставаат јагне во темелите. Инаку вратата беше на спалната. Еве и слики од најденото
Ja polnele kasata so so najdat za da ne klapa, glusecot go imale vo kukata i umrel tamu Dobar primerok za cas po bilogija
На времето кога поставувале врати ставале весници во касите. Така што нема што да се плашите од нив. Исто така ако имало поголеми дупки можно е да се шетале и животинчиња, како глувчиња. Истите животни собираат разни ситни предмети.
Znam deka e pisuvano vo grupata, no sakam da prasam dali nekoj vo skoro vreme e bil kaj Mare od Petrovec? Ve molam za iskustva.