Не знам што е смешно. Среќа што ги нема кај нас, не дај Боже да ве боде тогаш дали ќе ви е до мајтап да видиме .
Да споделам случка со вас, петокот правев свадба, другиот ден кога станале моите цела врата (железна надворешна врата од двор), која беше накитена со украси, тул, цвеќиња нели, јер свадба, била испрскана со црвено, претпоставувам крв? Дречеше таа црвената боја на белото, језа на најјако ме мавна. Поминав од дома да земам нешто, моите ми рекоја да не влегувам никако, па само заминав. Викнале свештеник, испеал, испрскале со света вода, со верба во Бог се надевам се ќе биде во ред.
Најпрвин, среќен брак, исполнет со многу љубов и дечиња. Добро е што сте реагирале на време-свештеник отчитал молитва. А на тие што испрскале, соодветно Господ да им плати. Сведок сум кај колешка една на свадба, мајка и сред венчавка изгуби свест. И тоа баш додека траеше венчавката в црква. И ќе ми каже некој нема нешто. Ама брзата помош на време изреагира , па ја повратија. Многу се правело на венчавки. Господ сите нека не чува.
Да , од темјанот знае да му падне тешко на човек. Ма да што немам објаснување за некои случки. Во некоја црква некој верник оставајки пари на иконата , паднала иконата (била потпрена пред олтарот) Случајност или не, не знам. Сред венчавка во една црква влезе гугутка . Можеби нема никакво значење, но ..... Јас да отклучам црква (Св Тројца во с Бардовци) никако катанецот не можев сама. Па со помош на тој што служи, катанецот се отвори. Истото ми се случи и во Св Петка во с Маловишта - Бт.
Дали некој знај каде кај кој можи да одам за да ми направи љубовна магија? без дополнителни коментари
2 пати на литургии се имам онесвестено како дете (9,10) години поради гужви за време на вечерна литургија на Велигден на сред црква. Тогаш мислеа Божјо чудо се случило, а јас само сум имала мака. После 10 години на психолог осознав дека имам панични напади од многу луѓе околу мене, посебно кога не се дише. Вчера беше недела и guess what?? Бев на литургија. Во Соборна ставиле 3 клими, а народ над 100 луѓе. Знаеш што? Ми се снеарни, почнав да се препотувам и да ми се стемнува и морав да излезам при крај до надвор и пак да се вратам.
Честитки најпрво, имате некои луди соседи ваљда. Колку што они можат со прскање на боја/крв да ви го сјебат бракот, толку може и свештеникот од водата да направи ,,света вода" и со прскање на истата да ја растури ,,магијата", т.е да ви го спаси бракот. Пробај стави отров за глувци во вода, нека ја пее свештеник цел ден, водата ќе си остане отровна (нека се дрзне некој од тие кои ја осветуваат да ја испие). Така и со крвта врз тулот, никаков ефект, освен језа дека во околина имаш ,,блиски", кои веруваат дека ќе ти наштетат со некакви смешни ритуали. Пробај освој го со харизма, смисла за хумор, шарм, спонтаност, не одма со носење негови гаќи кај оџа.
На венчавката немаше гужва да нема игла каде да се фрли. Ние супер сме , панични напади немаме за разлика од некои. Од каде пак вашата констатација? Затоа што после тоа се испостави . Нашле нешто во еден од подароците за свадбата. Лаик да е човек, ќе се посомнева.
Не верувам многу во магии, али верувам во аура. И енергијата со која што е обвиена човечкото тело. Но доколку има личност со позитивна енергија покрај нејзе ќе се осеќате добро, исполнето и среќно... Но, постојат и голем број на личности што се со негативна енергија, те исцрпуваат, те праваат несреќен, едноставно те турка надоле. За жал таквите личности со негативната енергија покрај денешнава ни ситуација со државичката се застапени во се поголем број, по свадби, банкети и разни други свечености. Да заради негативна енергија може и да и се случе да се онесвесте некоја личност која што е со ослабена аура. Односно таа личност да не е отпорна на негативното влијание од таквите личности. Според моите претпоставки верувам дека и предметите од таквите негативни личности се зафатени и со таа енергија.
Кај мене еднаш вратата беше цела испрскана со црвена боја, прво што помислив дека е крв, некое убиство мислев се случило се извадив од памет, ни на крај памет на магија не ми текна. Пријавив во полиција но не дознав кој бил. Едно е сигурно, психопат тежок.
Денес е празник Огнена Марија ,утрово станувам од спиење и гледам ми ја нема едната влечка од пред врата. Можно ли е некој да има зла намера или ???