Зашо некој не ми напраи магија да добијам 7ца на лото? Тогаш ќе почнам навистина да верувам во магии!
Кога во светот некој ќе најде варено јајце пред куќа, ќе искоментира: Ах бре, кој го фрлил тука, и евентуално некој коментар за неодговорност, нехигиена, екологија. Коментар на балканов: Ах некој сигурно ми фрлил магија, за да се разведам, за да ме избркаат од работа, за да се скарам со свекрвата итн. И утре кога навистина ќе им се случи нешто лошо, демек на сите други мед и млеко им е животот, тогаш уште повеќе се убедуваат во суеверието за магиите. Луѓе, верници во магии, чујте и почујте дека животот е микс на добро и лоши работи. И на најбогатите и најситуираните луѓе им се случуваат болести, повреди, за разводи да не збориме, загуби, смртни случаи, конфликти, разделби, лоши денови, лоши моменти. Таков е животот на оваа земја. Помирете се со тоа. Прифатете ги и овие овие периоди, кои неминовно доаѓаат кај сите луѓе, повеќе или помалку, почесто или поретко. Кога ти е супер, спомни си дека ќе има и тешки денови и уживај во моментот. Кога ти е тешко, спомни си дека што и да е, ќе помине.
А варено, кајгана или на око? И од што јајце? Од кокошка, шатка, препелица, потполошка...? Јас не знам како се осмелувате да прашате нешто без притоа да наведете конкретни податоци, кои се пресудни за давање одговор на вашето прашање што ве мачи!
Зошто да не? Треба да знам како правилно да постапам и можи треба да ми испее молитва, покрај тоа што треба да постам и да идам на литургија.
Алал му на попот ако не мисли дека го подјебаваат Христијанството не познава и признава магии, не постојат. Не знам зошто попот би ти пеел за нешто што не постои. Попот не е врач па да ти каже како да постапиш при сомнеж за магија
Нема потреба да прашува никого. Се што треба е да го тргне јајцето од таму и да го стави во корпа за отпадоци. Во спротивно, ќе почне да смрди. Утре ќе најде салфетка која ветрот ја извеал, или отпушок од цигара. И што треба она нонстоп да прашува што значи тоа и да живее во некоја опсесивна хистерија од некакви научнофантастични магии? Личност со такви фобии би била институционализирана во поразвиениве земји. Највисока распространетост на верувањето во црни магии, вештераства, проклетства има во неразвиените земји со пониска стапка на образование, како Африка, Јужна Азија, делови од Блискиот Исток (муслиманското население), балканов се разбира и Латинска Америка.
Ако би одбирала да верувам во нешто(за жал не можам, атеистички ми е подесен мозокот), попрво би одбрала да верувам во магии, отколку во било која организирана религија. Полул ми звучи да бидеш вештерка што си ги презема работите во свои раце отколку обичен следбеник. А исти ритуали правиш, вака барем се во твоја корист, не во корист на некоја виша сила која те тестира. Си правиш ритуали за љубов, за одмазда, за пари - сѐ од удобноста на твојот дом, наместо да се замараш да правиш групни ритуали со еден куп други луѓе на денови кога пред неколку векови ти ги одредиле група трети луѓе. Ако доволно добро се испраксираш можеш и да си заработуваш, за разлика од религииве кај што тоа е понепристапна професија, ниту па може да ти е само side job. Што знам, поинтересно ми звучи.
Досадни сте со ова гатачиве и магииве, две теми спамате. За магии се знаe, господин Кроули беше најдобар. Ho тој е сега починат, па треба на полна месечина да запалите свеќа, да ја пуштите Mr. Crowley од Ози, ама од наопаку да ја слушате и едно оро 2 напред, 3 назад вие ќе го играте. И ќе ви се кажи во сон после се шо треба, како треба.