Само заборави да им кажеш уште дека орото треба да го играат во иста насока како што се движат стрелките од часовникот.
Аууу каков слаб карактер. Две три магии не му успеале и одма се откажува. Не си бил кај вистинската маѓесничка. Сигурно кај оние измамничките си бил од Рузвелтова. Не да се фалам, ама со мене нема неуспешно волшебство.
Штом ти се декларираш како добра волшебничка ке ти ја дадам на тебе последната шанса да и направиме магија. Сакам да и направиме магија со еден цвет што ке и го фрлиме пред врата, да биде моја или да скрши нога. Било која варијанта од овие две ми одговара, изборот нека биде твој. Ако биде моја ке бидам среќен, ако скрши нога нема да ја сакам веќе и пак ке бидам среќен.
и Обавезно носете чорапи наопаку против уроци тоа важи посебно за нас убајте можда затоа не ми иде у животов од толку очи фатено на убајнава
Верувам во луѓе што употребуваат лоши зборови,служат за лоши цели и ги вртат повекјето против една единка и тоа ти е магија кога кје видиш, не дека нема такви што кје се обидат со ,,магии'' светот кје го превртат да наштетат кје чукнат на секоја врата но сите кје се пронајдеме во нешто лошо што сме направиле на некому и треба да го смениме тоа.
Дечко, многу си забегано романтичен и нежен, страв ми е да не те расипам ако ти го форматирам мозокот на фабричко подесување
Ајде да пробаме бидејќи ништо не би изгубил, можеби ке станам уште поромантичен и понежен. Волшебствата чуда прават
Точно. Не мора да е во форма на : нокти, катанци и сл, и зборовите упатени праќаат енергија. Зли очи исто така. Клетвите многу имаат удел.
Во Библијата пишува дека во јазикот е животот и смртта, можеш да убиеш со јазик, само што клетвата е како бумеранг се враќа назад па и неколкукратно, многу подобра опција ти е да веруваш во Бог и нему да му ја препуштиш одмаздата. Јас никогаш клетви не фрлам али сум го замолила Бог да се одмазди за мене. А и без да речам се одмаздувал ако ми била нанесена неправда.