Здраво Имав врска преубава премногу и го сакав и ме сакаше се додека мајка му не го натера да одат кај некој оџа во Косово што му даде некаква вода да се пие 1 недела ,од тој ден па се до пред неколку дена тој понашањето го имаше скроз сменето и 5 месеци не ме бараше да ме види.Јас сум Македонка тој Албанец тој велеше јас или тебе ќе те земам или никока друга сега го смена целодно понашањето вели дека вака повеќе не можи дека има 30 години сака да има фамилија деца
Намалете круг на луѓе околу вас и ќе биде во ред. Вака ве прават како контејнер од комунално за смет. Кој ќе ти дојде, ќе те исцеди со жалење, лажење, со провокативни и љубопитни прашања, па дури и не се срамат директно покажуваат завист, со или без причина. Едноставно е, своето ѓубре го фрлаат врз вас. Не примајте секого дома, не одете кај секого, не кажувајте никому доверливи работи, не се жалете, не се фалете, едноставно премолчувајте и поарно ќе ви биде. Го земаат доброто од вас, го фрлаат ѓубрето врз вас. Порано имав роднина која постојано се јавуваше кај луѓето за да им расипе ден. Без причина, се јавува и дели совети кој како треба да си го живее животот. Дали нешто правела или не правела, ја нема сега со години, а многу неволји ја снајдоа дома. Значи, кој не ви е пријатен за разговор, одминете го на улица, речете дека се брзате, не се јавувате на телефон ако ви се непријатни некои луѓе, никој да не ви ги знае плановите итн.
Не не ние сне во контакт секојдневно тој е уште премногу љубоморен на мене само си велам 5 месеци не сакаше да ме види ради то што не ќе можи да ме остави
Како бе не умирала додека бевте во врска, знаела дека си македонка ? Затоа имам предрасуди од аспект на етникум . Ако тие тврдат дека луѓето ги разликуваат само на добри и лоши. Не е точно настрвени се на нас , тоа чудо едно. Јас имав колешка , татко му не се смири додека не ги раздели . Кога - тогаш таквите мешани врски пукаат.
Точно. Јас одкако отштиклирав неколкумина од моето опкружување кои ги сметав за пријатели, главата ми е мирна. Си ја научив лекцијата ама доцна.
@Marteee.Eeee, типот можеби има 30 години, ама штом дозволил мајка му за уши да го однесе кај оџа во Косово, верувај тој не е дораснат и уште е под влијание на мајка му. Тој можеби под дејство на хормони ќе ти симнува ѕвезди и ќе ти прави филмови дека ќе те земе бегалка а у, ама потоа пак ќе си остане под влијанието на мамичка. Второ, тоа што е многу љубоморен, можеби да ти звучи вака убаво дека он е многу загреан за тебе, ама верувај тоа е многу лоша особина и често завршува со насилство кон жените, а некогаш и со фемицид (убиство на жената). Сори ама подобро да те исплашам, отколку да наседнеш. Трето, што мајка си барала да се мешаш со исламски фамилии? Малку ли има момци македонци, срби, бугари итн? Батали го таму, ќе си најдеш друг и нема да имаш вакви проблеми
Тој во 2 години врска ниту еднаш не крена рака на мене .Да многу се каравме и беше премногу љубоморен до степен што со денови не смеев од дома да излезам и плус локацијата морав да му ја имам пуштено 24/7
Дете ај Бегај од проверени будали не ти треба тој болен контролирачки его манијак ај не се нервирај тука ќе пишуваме сите сме прошле такви љубоморци ретко кој не и тоа не е доказ за љубов него за контрола тоа не е љубов болест сестро болест
Ти почекај, трпи го идиотот, за кратко и ќе те натепа.. Извини ама дали сте бе малоумни или што е работава со вас? Аааа чекај, ново регистриран профил си, сфаќам дека ти е интересно
Ааа епа добро тогаш, супер штом не дигнал рака на тебе. Уживкај си тогаш сама во домашен притвор. А те пушташе за празници до кај твоите родители да ги посетиш? Ако те пуштал, тогаш браво, злато човек си нашла. Да си го чуваш како очите. Остај овде што ти пишуваат. Од љубомора тоа.
Дистанцирај се за почеток пробај да ги смениш мислите болно е но малку по малку не си заслужила да патиш верувај
Албанец, неоженет на 30, традиционален муслиман со традиционална мајка. Не велам дека нема такви, ама кај налетала баш нашата феминка на него во период кога тролови/дупли профили хараат низ форумов. Фемина и се е можно.