Дали верувате во магии?

Discussion in '„Другата“ наука' started by marijasweet, Dec 9, 2009.

  1. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Joined:
    Jan 28, 2026
    Messages:
    52
    Likes Received:
    104
    Хехехе не се разбираме никако ,јас пишувам едно вие си толкувате како вам ви одговара,Пријатна вечер
     
    slobodka likes this.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,976
    Likes Received:
    4,823
    Gender:
    Male
    Постојат магии, постојат злодуси, постои пекол...
    Ќе добиете дрзок одговор од попови кои ни во Бога не веруваат. Постојат магии, постојат ѓаволи, постои пекол. Секој кој ќе ви каже поинаку е лажго и неверник.
    Најдобрата заштита од магиите, ѓаволите и пеколот е правење добри дела, живеење во полова чистота, пост, покајание и причестување со светите тајни Христова.

    Постојат и молитви против маѓии, за демони опседнатост на луѓе и места.
     
  3. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2020
    Messages:
    1,610
    Likes Received:
    3,436
    Gender:
    Female

    Не знам не те разбирам, јас се надоврзав за Кипријанова молитва. Не е прифатена во православното христијанство. Не е доволно да се помолиш со една своја молитва према Бога или мора да е таа молитва??
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,158
    Likes Received:
    2,739
    Gender:
    Female
    Вака сега.... јас токму од свештеник дознав за оваа молитва он ми ја кажа. Разговарано е со 2 попа за ова и од двајцата истиот муабет.... црквата признава магии.
     
    Orthophill and Amica geniale like this.
  5. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2020
    Messages:
    1,610
    Likes Received:
    3,436
    Gender:
    Female

    @slobodka
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,976
    Likes Received:
    4,823
    Gender:
    Male
    Како не е прифатена кога ја има и по различни молитвеници и требници? Нормално пристапот кон неа не треба да е како да е нешто волшебно, но може слободно да се чита ако некој си има проблем со магии.
    Сепак како што пишав и претходно, за да фати молитвата потребно е да го смениме и животот, односно да почнеме да се молиме редовно, да одиме секоја недела в црква (или ако работиме во недела барем еднаш неделно), да постиме, да се каеме и да ги исповедаме нашите гревови, да живееме во полова чистота и да се причестуваме со Телото и Крвта Христова. Света Јустина го правела сето ова и затоа ништо не ѝ можеле магиите. Ако не го правиме ова, тогаш ќе станеме плодна почва и за магии и за демони.

    Во спојлер ја клавам Кипријановата молитва и Ве молам да ми укажите што не е православно во неа.

    Молитва против магии на светиот свештеномаченик Кипријан

    Владико Господи Иисусе Христе, Боже нас, Седржителу и Сеуправителу, Свет и Сепрославен Цару на царевите и Господару на господарите, слава Ти!
    Ти, Кој престојуваш во безгранична светлост и непристапни блесоци, Тебе Те гледаат илјадници сили и миријарди свети ангели и архангели. Сега, пак Ти се молам и Те преколнувам, Боже наш, мојата молитва пред Тебе, Боже и Господи на милоста, да биде како жртва Тебе благоугодна. Секој човек, кој има дух нечестив сосема да се очисти со целиот свој дом. Ако е врзан со вражбина или со зли дела или магија или е проколнат со 72 клетви на завист и маѓепсан и носи во себе 365 вражбински зборови, кои се на штета и пропаст на рабите Божји (имињата) сосе домовите нивни.
    Каде и да се прочита оваа усрдна молитва пред Твојата Благодат, одма да се ослободи целиот народ и местото од секој гнев и болест и од секое сврзување на вражбина и баење и маѓија, од секој урок и зол јазик, пакост, невнимателност и мрзливост, разузданост, непромисленост, слабост и безнадеж, секоја неправда и секоја заблуда и измама, или препрека, која доаѓа од ѓаволот, како и рабите Божји (имињата) заедно со своите домови. И да бидат разрешени и избавени во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

    Било да се, тие маѓии и вражбини, на небо, било на земја, било в море, или на било кое друго место и поле, одма во овој час, да се разрешат и укинат од рабите Божји (имињата), и на сите домови нивни, и да се ослободат рабите Божји (имињата) и целите домови нивни од секое зло дејство и маѓија, или зли очи, или завист, или гатање, или зол јазик, или вражбина, или проклетство, или анатема, или клевета и секоја хула или нејзина сила.
    Нека рабите Божји (имињњата) одма да го напуштат секое влијание на нечестивиот, со повикувањето на светото име Твое, на Отецот и Единородниот Син и Благиот и Живототворен Дух. Преку мојата молитва, на смирениот и благочестив раб Твој Кипријан, нека си одат демоните, да побегнат и нека се разреше од нивната лукавост, сиот народ и сета творевина да се разреши од секоја поврзаност и од демони, и рабите Божји (имињата) со своите домови и со своите стварови, и да бидат слободни и избавени од секаква слабост и дејството на нечестивиот и секој демон и противничка сила, Те молиме, да се разрешат и лукавите дела да исчезнат преку призивањето на Сесветиот Дух на Бога Саваот.
    Било дали рабите Божји (имињата), на небо се сврзани или ограничени, да се разрешени, било дали вражбината се наоѓа на земја, било на надвратници, да се разрешат, било во праг, или на коњска кожа, или во железо, или во камен, или закована на дрво, да се разрешат и како чад да исчезнат.
    Било да е записот со мастило, или со крв човечка, животинска, птичја, или рибја, или со олово, или со цинабар, или со лимонов сок, или со нешто друго напишан и оставен на некое место в земја, па рабите Божји (имињата) ги откопале на своја штета, и во овој час нека се разрешат и укинат и искоренат делата на вражбините од местата и живеалиштата каде ова моја молитва се чита и се врши ова молење; било дали се во дворот на оваа куќата вражбините закопане или се во него рассеани, или се на некој метал направени јазли, да се разрешат, било да се провлечени низ коски, или се во море, или бунар, или в гроб фрлени, да се разрешат, било да е направен напиток со човечки нокти, животински, било од риби живи или погинати, или со земја од умрени, да се разрешат, ако се под плоча клаени, или под ограда, или со шајка закоени, или со игла прободени, да се разрешат во овој час; било со сребро, или злато, или со некој друг метал, да се направени нечестиви дела, да се разрешат, во овој час; било со волна, или памук, или со свила, или со лен, или со сукно, или со некое друго растение да се сврзани да се разрешат во овој час; било да се со јамка, или со јаже, или со нешто друго врзани, во овој час да се разрешат, било да се во вода направени, или во шупливо дрво или во вриечка вода да се варени, да се разрешат во овој час; било да се направени во човечка крв, или во крв од животно или птица, или риби живи или загинати, Ти Господи Боже наш ги знаеш местата и начините и луѓето, во овој час да се разрешат и да се растурат делата на вражбините, каде и да се наоѓаат, а Своите раби (имињата) сочувај ги сосе домовите нивни. Нечестивите дела, да се разрешат и растурат и како чад да исчезнат пред рабите Божјите (имињата), во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, преку славата на Великиот Жив Бог, да се сотрат од силата на Честниот и Животвотен Крст сите противнички сили, нека се вратат вражбинските дела и нека се оддалечат до рабите Божји (имињата) по молитвите на мачениците и сите Твои Светии. Амин.

    Ти се молиме, Те преколнуваме, Господи Иисусе Христе, Боже наш, да ја ослободиш и оживотвориш секоја душа напатена и рабите Твои (имињата) сосе домовите нивни, како и они кои ја пишуваат мојата молитва и се молат со неа во овој дом, и кои ја носат како вечна заштита. Десницата Твоја Господи, да им биде покров и помош и нека во сѐ биде во овој дом радост и веселба.

    Да, Господи, услиши ме мене, кој Ти се молам, таму каде што се најде оваа молитва и моето молење, да разреши и да го ослободи секој човек и неговиот дом од зло дејство, секоја слабост, секоја клетва и анатема, секое проклетство, секој гнев, препрека, несреќа, клетва, зли јазици, завист, уроци, невнимание, разузданост, сладострастно насладување со храна, слабост, безумност, невоздржливост, непромисленост, гордост, немилосрдност, неправедност, распуштеност, и секоја заблуда и измама, со светото Твое име и прославено во вечни векови. Амин.
     
    slobodka, GirlLove and Amica geniale like this.
  7. Blagica@$

    Blagica@$ Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2020
    Messages:
    41
    Likes Received:
    17
    Gender:
    Female
    dobro be vie so ne veruvate vo magii so barate tuka, cccc mrs tamo u tri lepe
     
    Alex.T likes this.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,976
    Likes Received:
    4,823
    Gender:
    Male
    Темата се вика: ,,Дали верувате во магии?" Одговор на прашалното зборче дали е и да и не.
     
  9. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Joined:
    Nov 6, 2025
    Messages:
    135
    Likes Received:
    263
    Gender:
    Female
    Јас верувам дека на @Blagica@$ и имаат направено магија и е под силни демонски влијанија штом вака се однесува у три лепе:l: треба да посети бајач или психијатар:l:
     
    Frida- likes this.
  10. Bobak

    Bobak Активен член

    Joined:
    Jun 30, 2025
    Messages:
    79
    Likes Received:
    16
    Gender:
    Female
    Ајде дајте доказ за магија ? Јас никогаш не сум сретнала нешто надприродно
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,861
    Likes Received:
    17,940
    Тоа се вика негативна енергија.
     
    slobodka and Bobak like this.
  12. Blagica@$

    Blagica@$ Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2020
    Messages:
    41
    Likes Received:
    17
    Gender:
    Female
    I bolje ti e