Здраво на сите, имам едно преглупаво прашање. Во кола пронајдов комбинација од З работи ставена напред, чаша за ракија, влошка и хулахопки. Сега факт е дека никој од моето семејство не ги ставил таму, а пак до вчера немаше ништо во колата. Не знам кого да прашам, не знам зошто некоі би ставил тоа во туѓа кола а пак премисла ми е ова што се случува на празник. Од многу муабети на овие теми знам дека ваквите работи ги прават наічесто на празник.
Поврзан викенд беше, некој пар имал after-party у твојата кола, грч ладно беше надвор. Не се замарај, никој не може да ти направи животни проблеми со оставени гаќи и слични реквизити у кола.
Тоа е и најтрагичниот дел, колава ја користиме за работа, а работиме со животни, така да верувај никој не би правел нешто во неа. Ќе беше друга приказната ако ги најдев овие работи во другата кола
Дури и некоја амеба да имала намера со хулахопка да ти сјебе живот, нема логика да се замараш, невозможно е. Да беше толку лесно, сите ќе бевме со кариери, пари и по два Џорџ Клунија за резерва, а не да се мачиме со реалност, обврски, све ќе ни беше средено со малку магија и нула труд. Исчисти си ја колата и уживај.
Абе не е глупо прашањето, многу е језиво во своја кола да си најдеш работи што не се твои. Дали си сигурна дека некој не ти ја позајмил? Пошто знам дека кога пробуваат да прават магии ставаат почудни предмети, крв, конци и такви нешта, ова е ептен рандом.
Дојди ова да го кажеш на комшика која беше сведок со гатачка во зграда ,една девојка сакаше еден дечко тој имаше девојка , не знам точно ама збореа дека оваа и платила 500евра да му растурат врска и тој да биде со неа оваа и платила оттогаш дечково само се расправаше со девојка му и раскинаа и сето тоа беше направена со негова слика . Значи јас сум прва која не верува во вакви работи ама веќе не може да е сигурен човек за ништо , смешно е и ова да и јас се смеев кога ми кажуваа не сте свесни луѓе што се може да ви направат само преку слика ама недај боже никој да не доживееме и пак ќе речам и јас сум скептик за овие работи ама како ќе ми објасни некој како на дечково му тргна се надоле од идеална врска и тоа баш од како таа отишла со негова слика кај некоја гатачка и и платила страшно језиво чудно
Ако таа правела магија преку слика, однеси од Хенри Кавил, да видам баш дали ќе раскине со Натали Вискузо, чим е толку добра. Чиста случајност, луѓе секојдневно раскинуваат и без Рамизе од Прдарево да ти буца слика со игли за 500 евра. А и сумава, не ми се верува дека некоја полуписмена амеба волку заработува за продавање прдеж у тегла.
@FriendOfDorothy Да бидеме реални, не е амеба таа што ги заработува, туку тие што и ги даваат Ние сме во погрешна професија, а имаме тегли и игли по дома еее
Добро де , кажав јас дека верувам ? Не! Туку кажав што имам слушнато од човек на кој му верувам и што сега треба да исмејувате ?
Зошто магијата не се користи у медицината да речеме? Зошто моќта на Рамизе од Прдарево не се користи у болници, каде што може да помогне реално? Пошто ја има таа моќ да лечи, да спојува и раздвојува луѓе, али само у приватни приказни и муабети. Нека ги земат у операциона сала, или у МВР, нека наоѓаат сериски убијци, веќе кога знаат дека золвата закопала твоја гаќа у таа и таа нива за да ти расипе брак, би требало да знаат и кој му направи атентат на Киро или кој ја уби пејачката Јелена Маријанович. Ваљда дарбата не им е ограничена само на фамилијарни односи и селски дешавки.
Не те исмеваме, си муабетиме па и ти, дека слободни денес. Се обидувам да користам логика у овакви ситуации.
Верувам во магија исто како во Бог, но ја гледам како темна енергија. Ја практикуваат егоистични и самобендисани луѓе, водени од сопствената алчност. За мене, магијата е само алатка на оние лоши луѓе кои бараат моќ над другите, но има и многу безнадежни што бараат спас за некоја болест, нив не им судам ниту можам, но оние што фрлаат магии на други личности за сопствена корист не се нормални луѓе, подалеку од такви.
Сигурно дека има секакви будали. Еве лани во нова чанта која скоро ја имав купено, внатре најдов парчиња ловоров лист. Кога ја купив нормално беше празна, а не сум купувала ловоров лист, па да ми испаднало да речам. И веќе се сомневам кој тоа го сторил. Ненормални. Барав малку по интернет, испаѓа дека овие гатачи, тарот читачи, new age ловоров лист користеле за ритуали. Сето ова ти укажува колку народот во Македонија е уназаден, злобен, убиен во поим. Каде во Европа или во свет се занимаваат со вакви работи? И имам видено луѓе што нагло паднаа во животот, значи нагло, заглавија во проблеми од кои нема назад. И мислам дека тоа е последица затоа што со години имаат правено магии на другите, па веројатно таа енергија шета наоколу и се враќа како бумеранг кај нив.
Зашо бе, па си го ценат трудот луѓето. Нема секој таква посебна дарба. Еве модерниве и сајтови имаат. Мада за ова би подразмислила, можда ќе платам. Спојлер
Ауу, ритуалов е примамлив али ,,only one left e", земи го ти. Јас ќе го земам овој ,,Big Luxury Lifestyle Attraction Ritual", this ritual is for the divas, привлекува луксузен начин на живот. Не мора љубов, ќе си плачам у ферари.