aj te molam pisi mi go brojot od toj odza vo LP..itno mi treba..ti blagodaram mnogu..i ako mozes da mi kazes kaj tocno se naoga i podetalni informacii.pozdrav golem
НЕ!!!-Зошто ако веруваш во нив тогаш постојат и ќе ти се десат.За мене постои само една магија БОГ и ЖИВОТОТ!
Јас верувам. И тоа од проста причина што ни се има десено на нашата фамилија, а и знам многу други случаеви. И знам само дека ако некогаш дома или било каде видите дека имате нешто чудно (конци, крв, коса и сл) фрлете го во некоја река Поздрав
Не. Тоа се бабини деветини. Сте чуле дека некој ви направил магија и веднаш го чувствувате тоа, се ви оди наопаку, немате среќа, бла бла бла. Ќе најдете нешто дома и одма кревате се во воздух.. Аааааа, некој магија ни направил, затоа ова вака, затоа ова така. Гледам луѓе болни лежат, не можат од кревет да станат, а на доктор ништо не им наоѓаат. Магија било. Да, да, сигурно е магија, ај ке легнеме во ковчег и ќе чекаме смртта да ни тропне. Ох бре луѓе, психата си поигрува со вас, не магиите.
Moze da ni dades informacija kako dojde do toj covek se javi ili otide pravo kaj nego .Te molam pisi mi vo Lp kade se naoga i kako se zakazuva.
Има се и сешто. Еве јас сум магнет за негативна енергија. Бев кај еден човек што гледа и ми кажа - имаш црни мисли, ама тоа не е од сама себе, тие мисли некој ти ги праќа за да се чувствуваш лошо, кога си расположена цел рид ќе го истрчаш , а некогаш не можеш да мрднеш. И точно е. Некогаш ме фаќа некој инат и со своите одлуки се правам штета на смаа себе. Имам некои внатрешни стравови. Јас сум успешна, самостојна личност, работам многу,шетам, позитивна сум, имам широк круг на познаници и ете некои луѓе завидуваат, дури и да не прават ништо нивната негативна енергија се рефлектира на мене.
Јас сакам да прашам како тоа ви ваделе жива од вратот (некоја феминка имаше напишано)? И што ке се деси еве доколку не ја извадат? Инаку и верувам и неверувам во магии. Повеке ми држе вода дека сето е последица на негативна енергија која круже околу нас и на самата психа, ама и многу имам слушано за луге на кои им е правено нешто па нашле амин кај гледачи.
Јас немам напишано, ама на сестра ми и вадеа. Приметивме дека е нервозна, напната само се чешаше. И на оџа ја однесовме и извади две големи. Бог да чува. Некој да ми кажел немаше да му верувам. Незнам што би се случило ако не ја извадат само знам дека човекот многу се променува и станува нервозен, не сака да зборува...
Тие луѓе што имаат таква моќ ги вадат низ вратот, а ако не се изваде можеш да умреш, оти таа се движи низ цело тело. Јас кај што бев, ме праша човекот( Албанец е, а не знам дали е и оџа) за името, отвори една книга, таму нешто обележа, ми кажа да седнам и со еден мал предмет форма на круг имаше ми ја извади и покажа. Ја видов. Не е се последица на негативна енергија. Има луѓе што се занимаваат со правење магии, а живите се ставаат во пијалок.
Мене ми вадеа пред 7-8 години,беа неколку ама поситни.Сто ќе се случи ако не ги извадиш баш не знам.Мозно е да се разболиш,да се побркаш на психичка база.И да најчесто се ставаат во кафе или во некој темен пијалок,за да не се види.Затоа оттогаш никаде не пијам кафе што не го варат пред мене
Има сигурна сум дека има. Многу луѓе тоа го потврделе. Во баачки верувам и јас многупати бев урочувана и кога ке ми побаат ке ми помине
Што значи некој да ти исече маица онака на повеќе места и дури да фали дел (којзнае каде е тој дел) Дали е можно да станува збор за магија или нешто слично??????? Ако има некој што се разбира било каква информација да ми даде ќе биде од корист. Фала.
епа пошто ти фали парче и претпоставуваш дека ти е магија значи самата си кажуваш дека е магија значи и е магија ако се сомневаш оди кај некој што знае и ќе ти каже дали ти има некој магија направено