Прв пат ја читам темава и прв пат слушам за Вика религија, Но тоа што го кажува Сефора не е исто со она што го пишува на Википедија.... Иначе, јас сум со став дека секој треба да верува во она што сака.
Fala Eva11 za brojcevo,a mozesh li ti ili koj ima licno poznavanje vo vrska so zenava nakratko i povrshno da mi napishe po poraka u koj princip raboti zenava..kako na primer dali sekoj den raboti?kako gleda na slika na neshto da se donese,se ceka li mnogu kaj nea i kolku cini...aj ve molam zenski pishete mi..ke mi znaci mnogu vashata pomosh
ме интересира дали е можно да ти направат магија на слика,а потоа сликата некаде да ја фрлат,јас такво нешто имам слушнато ама баш и не верувам многу?
Секакви луѓе има. Те мразат зошто успеваш во животот и се ќе направат да те уништат. И јас имам вакви проблеми, ако има некој што знае да помогне нека напише. Многу се нервирам, го започнав факултетот почнав да учам ама ништо не можам да запомнам. Ни љубовта не оди како треба. Се оди како наопаку. Нека помогне некој, сигурна сум дека има уште некој вакви проблеми. Поздрав
го имав овој проблем и во средно и на факултет. од 1година средно па до 2година на факултет. Учев премногу а ништо неможев да запомнам, главата ненормално многу ме болеше магнетни резонанци снимања на глава се ок а јас пак болна, плачев нонстоп за без причина, моите родители несакав ни да ги видам ми беа одбивни како да ги мразев од дното на душата, повеќе пати помислував на самоубиство, во љубовта среќа ни малку немав, ма се на се катастрофа ми беше тој период се додека и матичната докторка не ме посоветува да барам спас кај Дуле гледачот бидејќи јас очигледно не сум била за на доктор. И така закажав кај Дуле појдов кај него и човекот се ми кажа ама буквално се и кој ми направил и што ми направил што јас дури и неможев да поверувам, останав запрепастена од тоа што го слушам, после тоа појдовме и кај една жена во кратово и од тогаш навака сполајму на горниот супер сум
Кај се наоѓа тој гледач? И јас бев кај една жена во Кратово, Ружа мислам дека се викаже и жената се ми погоди ама некако не ми помогна.
да да за Ружа ти зборував, кај неа бев и јас но мене ми помогна, исто и еден човек во кумановско село незнам како се викаше селото али кога одиш од скопје десно надоле мислам дека беше влезот за куманово, а лево е накај тоа селото. Таму има еден не е македонец Рушит се вика, но и кај тој одев 3пати бидејќи ми била нафрлена жива и ми ја вадеше со мала лупа, првиот пат кога видовме со мајка ми неможевме да поверуваме на топчињата жива што ми ги вадеше, а за дуле се наоѓа во велес и човекот навистина погодува се но таму има премногу луѓе што одат и се закажува на 30 значи денеска се закажувало, има премногу гужва кај него идат луѓе одсекаде па и надвор од државата, имам број од него ако сакаш ќе ти го кажам па пробај на 30 идниот месец закажи си, само многу тешко се добива врска бидејќи само тој ден се закажува а има премногу луѓе што го бараат
Не знам ама треба нешто и од тоа да пробам повторно да одам некаде, овие работи веќе не се издржуваат. Може ли да ми го напишеш бројот од тој Дуле да видам дали ке успеам да отидам.
не верував,но изгледа е време да почнам да верувам колку многу се способни злобните луѓе да влијаат на некаков необјаснив начин врз некого! Јас би ве замолила ако имала некој сличен проблем како мојот и го решила да ми помогне! Веќе стварно западнав во очај бидејќи сум безпомошна... за да не објаснувам опширно само ќе кажам дека проблемот е мојот сопруг,мислам дека и знам кој ја има направено таа магија,само уште да знам како да се спасиме од овој пекол и јас и мм и керками... ве молам за помош
Кај Дуле од Велес да си закажеш и тој ќе ти каже кој и што ти има направено а исто и прочитај погоре за Рушит од Черкези-кумановско село ама тој е само за жива да вади ако ви има нафрлено некој и Ружа или Руска (не сум сигурна како се викаше жената) од кратово, али некој од нив сигурна сум дека ќе ти помогне
Ima i eden covek vo sutka...rom e...i neznaete sto se ke vi kaze otkako ste rodeni...se i sesto i poradi koi pricini vi se desavale nekoi raboti...bev jas i 2 drugarki da se naezis koa ke ti kazuva...ako na nekoj mu treba br.slobodno neka pobara )))
Можеш книга да оставиш да ти преноќи или постои во црква. Јас како дете имав проблеми, одлична бев, ама имаше период кога денот ми минуваше брзо, учам, а не знам што сум учела. Отидове кај една баба, не знам дали е уште жива ми кажа дека девојка од комшии се лечела на мене и ми зема книга. А таа под изговор дека и досадно па зема слободна литература да чита и после книгата ја врати кога не немаше дома, надвор ја имаше оставено. И ми кажаа да ми отстои книга во црква, на некој начин се посветува. Како дете имав награди преку школо доста а баш таа комшика зборела на други дека немам талент, само ме форсирале насатавници што нема врска.
Тежок е патот на осаменоста кој те носи до некои чудни места...Си велам сите отишле ај и јас да видам дали ке ми погоди,па така стигнав до Кавадарци до една бабичка што гледи на икони...Пааа незнам баш дали држи вода нејзиното зборување ама ми зборуваше за мојата иднина така да ќе видиме дали е точно тоа.А сега ми рече магија стринами ми направила уште како мала па затоа сум била не сакана од никој демек одбивност имале лугето спрема мене а пари женава не сака само колку ке оставиш.Бев 3 пати и не се осекам нешто подобро па ке пробам кај друга,еве за Струмица ке одам па ке видиме и таму кај ми е препреката на патот или само е мојата психа.....
Здраво девојки, Ги читам сите коментари и сеуште не ми се верува дека ова може да е вистна, но поради еден настан почнав во се да верувам :\ Па ве молам да ми оставите контакт од луѓе што стварно знаат да помогнат. Поздрав до сите!