ќе прашам пак дали е можно да се направи магија на слика,забележав слики мои и на мои блики каде сме само сликани во тело и само во поебни делови од тело,нешто некарактеристично и имаше можеби 100 такви слики,милам дека ќе ги злоупотребат
И јас порано не верував во магии и гатачи кои ке те спасат од таа магија,но имав еден проблем како малечка, ми беше страв од се буквално..јас разбирам да оставиш малечко дете само дома ке се плаши меѓутоа јас гледав сенки,како духови,вратите ми мрдаа сами,психата ми беше нарушена,не можам да опишам колку беше лошо..гласови слушав..бидејки бев мала не знаев како да им објаснам на моите дома што ми е,само плачев,но сега многу добро знам што е како е..бев кај една гатачка предвидувачка заедно со баба ми ,живееше во населба Влае во една соба да кажам толкава беше просторијата,во димо хаџи димов школото во дворот..и памтам ресторанче имаше каде работеше..бев 3 пати..од тогаш верувајте сама седев секаде секогаш.ниту гласови слушав ниту предмети ми мрдаа..ништо..на баба ми и раскажа каква магија всушност ми била фрлена и баба ми го потврди тоа.. Благодарна сум и многу но имам еден проблем,не можам да го најдам бројот повторно да ја побарам..жената не бараше ни пари,ние и остававме ради почитта и помошта.. И уште едно прашање дали некој бил кај Сребра од Драчево?? сакам да одам,но прво сакам да слушнам искуства. Ви благодарам однапред
Не верував до пред некоја година................но се какви работи имам доживеано во последниве години и јас почнав да верувам
И јас не верував. Додека не се уверив и сама. Ама само едно знам:постои Господ. Како не се плашат за себе и не се плашат од казната божја не знам. Ама на тие што прават се најлошо да им се врати.
кај едни роднини во село им имаат плетено плетенки на опашите на коњите,им имаат ставано под кревет и зад плакар разни конци и влакна,велат дека шетаат по селото ноке жени облечени и маскирани во црно и прават магии,им фрлат вода на влезните врати и им закопуваат предмети во дворовите,ги имаат видено многу луге во сопствените дворови,е сега незнам дали е некоја болест или навистина успеваат со магиите
sanja-eva јас имам наидено на различни толкувања на религијата, можеби затоа не се поклопува. Постојат повеќе типови, а википедија сепак, не е сигурен извор. Кога ќе седне човек да прочита, од толку информации во глава ќе му се смати па толкува како сака. Мене конректно тоа многу ми се допаѓа, затоа што секој одбира на кој бог ќе се посвети најмногу. Поздрав!
Јас не знам дали да веувам или не...сеуште не сум добро...никако се осеќам ке полудам..Немам мирен сон,цело време живо сноувам...2 години и тоа...ми рекоа демек некоја другарка ми ја заклучила среќата ми кинела маица...Господ 3 дупло да им врати,да им се врати ко бумернаг Сега засега само 2 луѓе ми имаат помогнато Филев и баба Наде од Кавадарци.Пробајте и вие таму..се надевам иксрено дека сите еден ден ке бидеме мирни и спокојни...Голем е Господ...
Ако така лошо се осеќаш без причина може да се такви глупости во прашање. И мене ми била цела среќа затворена од блиски роднини. Кога дознав не можев да верувам, па носев катанец за жената да ми ја отвори среќата и да ми тргнат работите на добро.
Ај те молам кажи ми каде си била и која е таа жена која може да ми ја отвори среќата? пиши ми во лп..фала многу
Имало некој оџа во Прилеп кој можел да помогне..ве молам сите што имате слушнато пишете да кажете што мислите или какво искуство имате..мојот брачен живот преку ноќ се сруши и јас сум во тотален шок што се деси..како да го вратам мојот живот и мојот маж кој буквално избега..Ќе ви бидам најблагодарна на свет ако ми помогнете и ми дадете насока каде да отидам и кај да побарам помош....ВИ БЛАГОДАРАМ!!!
Јас би ти дала насока да разговараш со маж ти со него да го решиш проблемот,не оџи а конкретно за магии во тоа што не верувате не може да ви наштети , не правете промет на бајчки и бајачи, оџи истерувачи и што уште не
Ќе те замолам ако сакаш да ми кажиш која е таа жена, од каде е, можеби ќе можи да ми помогни мене или број нешто пиши... или ако сакаш пиши во ЛП
Има да, снаа моја одеше кај него за проблемот што го има со братучед ми,можеби помага колку толку со некои амајлии така снаа ми ги викаше,ама тоа зависело и од тоа како е направена магијата дали ќе делуваат или не.Јас искрено и верувам и не верувам во такви работи.........ама во едно вистински верувам дека ако тргнеш да одиш по такви луѓе и места мислам дека нема да можеш да запреш.
Потикната од темава , гледам многу се плашат , бараат лек разговарав со една т.н бајачка која ми е далечна роднина , таа ми рече дека не може да разговара со мене на оваа тема бидејки не верувам и исто така рече дека луѓето кои не веруваат во магии како што рече таа се "затворена " врата и дека на таков човек магија не можеш да му фрлиш .Еве да не зборам од памет јас и на неа не верувам ама сакав да чујам друго мислење така да не верувајте и ич не ни мислете дека постојат , еве јас од форумов се потсетив на нив , а луѓето што се замараат да фрлат магија на некој па тоа се прости и малодушни луѓе кои зависта не знаат како да ја заситат па ајде со магии јас топло ви препорачувам главата да не си ја замарате со вакви теми
Здраво девојки! Апсолутно се согласувам дека човек не треба да се замара со вакви работи, затоа што според мене луѓето што ги прават истите ем се многу злобни, ем се исфрустрирани, зајадливи, завидливи, и не знаат како тоа да го искажат, па сакаат како ним им е во душата, така да им биде и на тие околу нив. но! Пак ке речам, колку и да се коси ова со моите убедувања, денеска имав навистина непријатно искуство, кое би сакала да го споделам со вас. Утрово, барајки чорапи во фиоката, најдов црни хулахопки, свртени од обратната страна, еднаш лабаво врзани, и уште два пати во силно стегнат чвор на крајот (значи двете “ногавици“ да речам) убаво подврзани кај прстите. Многу гадно се изненадив, затоа што јас лично не би направила такво нешто, што ке ми се мене врзани хулахопки, дури и на таков начин. Не сум луда!!! Морам исто да напоменам дека и сама живеам, мојата фамилија живее во друг град. Овде, каде што сум моментално имам дечко (не живееме заедно) и неколку другарки (кои што ги познавам скоро цел живот). И сега се прашувам- Која болна личност би ми го направила ова мене? По тоа што го видов како е врзано прецизно, многу се зачудив. дури и почнав некои работи што во последно време ми се случуваа да ги поврзувам со ова. Последниов месец ми стана пекол! Не се трпам себе си, плачам, не се контролирам, немам желба да работам, се чувствувам буквално како да сум во некој кошмар и едвај чекам да се разбудам. Немам апетит. Неодамна на дечко ми му дијагностицираа неизлечива болест. Врската со него ми се смени за 360 степени. Значи, полека почна светот да ми се урива Не сакам да верувам во ова, но што можам сега јас да направам? Не сум тип кој оди по баачи, по оџи, по видовњаци итн... но веке ако се мора.... во големо бунило сум. Ако има некој некое искуство како моето нека пише слободно. Голем поздрав и чувајте се!