Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Мислев на Orthophill, односно, прашањето беше наменето за него. Само не го цитирав неговиот одговор бидејќи беше предолг па затоа ги оставив само трите точки.
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Светото Евангелие по Лука глава 11, кажува за исцелувањата што се добиваат кај разни бајачи, гатачи исцелители итн:
    24 Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара покој; и не наоѓајќи вели: ’Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.’
    25 Па штом дојде, го наоѓа изметен и уреден.
    26 Тогаш оди и доведува груги седум духови, полоши од себе, и кога ќе влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.

    За Муслиманите важи истото она што важи и за псевдохристијаните, нека се покајат и нека ги прмат светите тајни на Црквата и ќе им биде добро и на овој свет, а и ќе добијат Царство Небесно на оној свет.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Сакаш да кажеш дека се да стане „псевдохристијан“ според тебе? Од дека ти е тоа право да кажуваш дека сите треба да се иста вера/религија/како и да е?

    Темата ти е малку (повеќе) промашена за кажување на останатите што треба да бидат.
    Одговоро никако не ти е јасен.


    Забележувам дека припаѓаш (грубо спомнато) на Христијанската вероисповед. Христијанската вероисповед не ги признала научниците, физиката, технологијата, па те гледам ти и покрај тоа што ги „научи сите дека треба да се „крстени и миросани, редовно да се исповедуваат.... “ користиш технологија. Дали тоа те прави грешник? Законите на религијата се направени пред многу улјада години и покрај тоа што тогаш не постоела ниту струја, ниту се верувало во физика и и покрај тоа што не знаеле што е тоа и за што се работи, повторно сите научници биле ставани во ист кош. Тоа не значи дека тие не биле во право бидејќи благодарение на нив ти сега седиш пред компјутер и го пишуваш ова.

    Овде има многу членови со различна вероисповед. Затоа, не можеш да научиш некого на тој начин како што го напиша во претходниот пост ниту пак да им кажеш да станат „псевдохристијани“ за со тоа да се бранат од злото на магијата. Ако немаш конкртен одговор, зошто пишуваш вакви учења?
     
  4. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Ова твоето во однос на магијата е според Новиот Завет и христијанско толкување (а кај нив се нешто не е дозволено и не го задоволува Исус). Хм...

    Но што правиме со магијата која се среќава наасекаде по светот и која е постара од христијанството барем 2000 години? Што правиме со магијата денес? Мораше вие да се појавите како „философи, научници и оние кои го разбираат светот“ за да се осудите? Па каде така...

    Што би ти рекол за евреите и нивната магија? Дека се грешници? Немој тоа да го кажеш - па тие ви го дадоа - поточно вие го украдовте нивниот Закон и го филувавте до пукање!

    Не би требало многу да се слуша според мене што би рекол христијанин за светот денес - како и ниту пред нивното групирање пред 1800 години - но може да се слушаат гностиците - тие задржаа нешто од старите учења разбирајќи ги и изменувајќи ги во духот на времето.

    Магијата од секогаш била и е и ќе биде дел од животот на човекот! Сите тие забрани и плашења и слично го проширија неспособни луѓе со слаб дух кои не можеле да се изборат со сопствените демони во нив па мислеа сите се слаби ко нив. Нормлано, со векови прераскажување на нивната слабост која тие ја раскажувале како голема доблест (маскирајќи ја зад она: Стравот од бога е почетокот на мудроста) тие станаа големи мислители и јунаци и светци во новата црква...

    Победете си ги демоните ако сакате да правите муабет со ангелите! Тие сакаат воини не кукавици! Одете да изучувате магија :lol:
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Девојко, ај смири се и не трескај глупости мешајќи вера и наука. Очигледно не си слушнала за најучените во своето време свети Фотиј Царигадски, свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов, свети Јован Дамаскин и свети Козма Мајумски, свети Пантелејмон итн, сите овие големи Христијани и светители на Црквата во своето време имале големи познавања од световната наука.
    Кога свети Василиј Велики во Шестодневот го толкува создавањето на светот нагласува дека за некои прашања компетентни се не теолозите, ами научниците. Слично пишува и свети Јован Дамаскин во своето капитално дело - Точно изложување на православната вера.
    Ако има присутни од различни вери тоа не може да ми биде оправдување и да кажувам дека постојат многу „вистини“ - Вистината е само една, а таа ни ја објави Господ Иисус Христос и таа престојува само во Православната Црква.
    Науката и техничките достигнувања не се грев, но можат да се искористат за правење на гревови (пр: бркање на швалери, масовни убиства, создавање на хемиско и биолошко оружје итн.)

    Во Тората или петокнижието на свети пророк Мојсиј, убаво е напишано дека секоја магија, секое гатање и баење се гнасни пред Бога, а сите чародејци ќе ги сотри Бог од избраниот народ.
    Од памтивек имало робовладетелски односи па денес ги нема, од памтивек имало проституција па тоа не значи дека јас или ти треба да се занимаваме со тоа, од памтивек имало крадливци, од памтивек имало убијци...
    Свети Павле вели: „Сѐ ми е дозволено, но не ми е сѐ на корист“. И магијта и чародејството не се на корист.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Orthophill не сум јас таа која измеша магија со религија проследено со пасуси издвоени од Светото Писмо, нели? Од таа причина, зошто јас би била онаа која треба да се смири или да прекине со „глупостите“ кога ти пишуваш надвор од темата? Се гледа дека ја познаваш теоријата, но каде е праксата во сите набројани имиња? Ако не знаеш солидно да ми одговориш или одбраниш, немој да навредуваш бидејќи во ниту една тприлика не сум те научила како да реагираш, за разлика од тебе и твоите извадоци и линкови! Но ја помина границата!

    И во наредна прилика, внимавај на зборовите кои ги упатуваш кон мене. За празнење на твојата енергија си имаш блиски. Јас не сум должна да ти ги трпам испадите. Ова можеби поминува, но наредна прилика ти најавувам пријава!
     
  7. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Да ги баталиме твоите христијански проповеди. Темата е дали веруваш во магии... и ако веруваш, напиши некоја пракса, начин, книга за тоа што е како е... не дали ти или твојата религија ги сметаат за добро или лошо... Вие секако многу малку нешта сметате за ок на оваа Земја!

    Евреите од секогаш се занимавале со магија! Ако веруваме во писанијата за Исус, може да заклучиме дека бил запознаен со сето тоа (сигурно нема да се тегавиме по темава за тоа дали Исус бил קוסם или не. Само анализирај ги неговите дела со вино, во кое време се случува тоа, како... исто кога лечи слеп, како го лечи... сето тоа се магиски техники + брањето зли духови во свињи и те како е магија. Слободно побарај Jesus and magick по нет или пак да се запрашаме каде ли е тој Исус 20 години и одеднаш се појавува со чуда и магиски акти насекаде). Исус може ако сакаш да го сметаме за еден од големите иницијанти чие дело беше упропрастено од внатре, од неговите! Не беше предскажано предавството за Јуда, ами за безрбетниците следбеници кои ќе го уништат Израилот и ќе се наречат христијани. Истите тие сега плукаат и неразбираат што е тората! Знаеш дека тората се користи како магиско оружје исто како и крстот? Не толку често и со посебно допуштање... Забранета е магијата од Мојсеј бидејќи знаеше колку се моќни тие еврејски букви кои денес ги знаат само евреите и оние што ја изучуваат еврејската школа. Преводите не вредат ништо во однос на оригиналните записи на Мојсиевите закони, на псалмите... Не секоја магија е забранета и не секому! Секогаш било така...

    Исто така постојат книги еврејски каде што се посочуваат различни псалми и извадоци од тората кои може во одреден временски период да се искористат за заштита од зло или болест. Строго се забранува, иако јас не знам зошто човекот да ја злоупотребува магијата за продолжување на животот... А и за тоа има примери, само побарајте...

    Не зборувам јас овде за магии што баланецот наш проклет ги прави за да му наштети на комшијата или пак за подобро здравје мала цена му се дури и животите на децата од комшијата! Тие сами си навлекуваат проклество според секоја религија и секоја езотериска школа! Секој што се занимава со магија не смее да зборува зло ниту да помислува на зло! Инаку наместо да ја управувате силата вие станувате нејзин роб.

    НЕ СЕКОЈА МАГИСКА РАБОТА Е НЕМИЛА НА БОГОТ! ПРАВЕТЕ РАЗЛИКА! НАУЧЕТЕ!

    Христијансите литургии и ритуали се магиска праксаџ! Читањето и пишувањето знаци и букви се магија ако се знае што и како и кога! Да не ги залажуваме луѓето кога се им е пред нос! Едно ќе оправдуваме а друго ќе одобруваме или задсриваме во однос на магијата? Не бидува така...
    СЕКОЈ РИТУАЛ Е МАГИСКИ АКТ! БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СТЕ ОД ОВАА ИЛИ ОНАА РЕЛИГИЈА ИЛИ СТЕ НЕШТО СОСЕМА ТРЕТО.

    Една заклетва што се дава кога се оди војска е ритал и магиски акт!

    И не постои само тората, не постои само крстот или коранот... Па сте ги виделе ли индиските школи за кои христијаните категорично велат, како и за се што тие не разбираат: сатанизам и дело на нечестивиот? Зарем нивната магија не е плодотворна? Свртена е кон зло? Ако нешто не знаете или не разбирате ами само слушате што ви велат: не значи дека е зло! поголемо зло правите што се затворате кон другите заради вашиот страв и неразбирање.

    Па како тоа бре Ортофиле ми ги судиш луѓето и нивните ритуали и богови? Тоа води кон омраза и поделба. Ме предизвикуваш да те карам овде ко мало дете... Не го дели човекот според вера, ами според дела! Секаде истото го правите! Секаде...
    И потоа се лутите кога ве бркаат и не сакаат да ве слушаат... Намалете со осудувањето, почнете со разбирањето на светот, ако сакате да го разберете тој ваш иден свет, отаде смртта.

    Ах требаше да биде кратко ова ама ме занесе писмово... а се има уште за зборување но тоа друг пат кога ќе се има време... до тогаш: учете за она што не го гледате со голо око а се крие зад негo, не верувајте: имате како да проверите!


    П.С. И денес има робови! Само дали ќе се препознаат... И секое исуство е добредојдено! не бегајте од искушенијата! :devil:
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    flame131 и OmniaVanitas внимавајте што правите, оти кој со ѓаволот тикви сади тиквите по глава му скокаат. flame131 тебе особено те молам да не ги мешаш светите таинства на Црквата со магии и да не ја мешаш силата на нашиот Господ Иисус Христос со “силата“ на маѓосниците.

    Ви ја препорачувам книгата на Мирјана Мина Даниловска (поранешната лична бајачка на Љубчо Георгиевски) „Од умот до срцето“ ( http://www.scribd.com/doc/46648942/Mire ... 12-10-2006 ), која беше позната како велика гаталка и бајачка, која јавно се покаја за своите чародејства и до ден денеска жали за тоа што го правела. Особено за тоа што на некој брачен пар индиректно им го убила синот. Слободно побарајте ја на фејсбук и со тага и радост ќе го сподели нејзиното поранешно искуство на општење со паднатите ангели и сегашното нејзино искуство на општење со Троединиот Бог.

    Исто така деновиве излезе и исповедта на една астрологиња од Србија. Која исто како и нашата сестра Мина се имала прославено по својата служба на демоните, ама и се покајала.
    http://www.prijateljbozji.com/index.php ... 0%B0&id=81

    Ете ги нашите (на Црквата) искуства со магиите и басмите. Мое е да си кажам дека одите по погрешниот пат, ваше е да си одлучите дали и кога ќе се покаете. Како примери ви ги принесов и светиот Кипријан и светата Јустина, кои живееле во 4. век. Како примери еве ви ги и сестрите Мина и Јања кои живеат во нашето денешно време.
     
    На KittyAgnes, Witchman, Dinnna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    малку офф ама на Љубчо Георгиевски не му е потребна бајачка и гатачка човекот си е со шизофренија си има болест и до ден денешен си има свој кревет во негорци ова е од прва рака информација
     
    На flame131 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    НЕ верувам во магија :^)
     
    На Marija1997k и flame131 им се допаѓа ова.
  11. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Христијанин не ни очекувам да проба да разбере и на научи - најлесно е:ТИ СТРАНЕЦУ ГРЕШИШ, МЕНЕ ТАКА МИ КАЖАА! Секогаш е ваше вие да кажувате каде другите грешат? А да си го гледаш патот кој си го избрал и да оставиш другите да си го гледаат својот?

    СИЛАТА НА ИСУС Е СИЛАТА НА МАГИЈАТА И ТУКА НЕМА НИШТО СТРАШНО - БОЖЕСТВЕНИТЕ ЧУДА СЕ МАГИЈА! ТВОЈ ПРОБЛЕМ Е ШТО МАГИЈАТА ЈА ГЛЕДАШ ЗА ЗЛО! Мое си е да си кажам, а ти како сакаш.
    ИМА МАГИЈА И МАГИЈА... напишав претходно, само дали ме прочита! И ТИ РЕКОВ НЕ МИ ПРОПОВЕДАЈ - НЕ СУМ ХРИСТИЈАНИН НИТУ САКАМ ДА БИДАМ!

    Овде сега зборуваме за магија...

    Ок,еве книги во кои има за магија, пракса, ритуали. Простудирајте ги за да се запознаете со начинот на работа и целта. Повелете (имаше повеќе од 5 линкови, ама не е дозволено па намалив) и учете... Се е работа.

     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    da no ima lude na koi ne im e potrebano samo gledanje tuku si imaat maka i treba nekoj da im pobae pozz
     
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ти си оној кој дојде во темата „Дали верувате во магии?“ и почна да проповедаш Христијански книги, линкови и да раскажува за работи кои не припаѓаат на темата. Зошто ние би внимавале? Зошто имаме различни сфаќања од тебе и притоа не ги наметнуваме на никого? Особено flame131 кој се помачил па ти ставил и линкови и ти дал објаснувања за да ги поткрепи тие претпоставки. За разлика од мене што ги немам истите нерви за да се расправам со некого кого мислењето нема да му се промени, ако сака и најголемиот магичар да се донесе пред нос.

    И кој си ти да кажуваш некому дека оди по „погрешен“ пат? Од каде знаеш за нашите животи и дела? Кој ти го даде тоа право да пресудуваш? Треба сега јас да почнам со твоето ниво и да ти кажам дека ти си тој кој оди по погрешниот пат?! Ако немаш што да додадеш на темата, зошто почнуваш да се браниш со таа бесмислена реченица?

    И те прашав и претходно, но не добив конкретен одговор: доколку покајанието се подразбира само за Христијаните, што би требало да направат Муслиманите кога ги мачи некоја магија?
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Да постат и да се молат.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Не верувам во магии ама имам едно искуство што ке го памтам цел живот оти ме коштасе 1600 евра, и сакав да го споделам со вас и да ги прашам оние искусните со магии зошто и после трганјето на црната магија јас си тапкам во место и ншто не ми иде од рака. Како христијанка воспитана сум да не верувам во магии, и многу ми беше смешно тоа со магиите, ама кога се омажив дојдов во средина каде се верува во магија и за секое лошо што ке ни се случи бараме вина во црна магија, сопругот одлучи да побара помош од една многу позната пророчица, нема да ја именувам, отидов со него од лјубопитност, истата вечер таа дојде кај нас најде некаква црна магија некои замотани глупости ни објасни кое за сто служи и каква била магијата за што била направена, наводно ја уништи магијата, си зема пари и си отиде. Ништо не се смени се си е исто само она е побогата за 1600 евра а ние и ден денес имаме проблем и јас се лутам зошто и даде толку пари :@
     
  16. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    За вистински магичари парите се небитни и не би ти побарале пари, ами ќе завршеле работа ако знаеле и ќе си заминеле (Ако вие на ваша волја им дадете пари или нешто друго, ќе го примат, онака не)! Но јас велам дека секој може самиот да си помогне со магија, не ви требаат измамници кои земаат пари заради страдањето и незнаењето на поединецот!
    Заради такви зли суштества магијата е на таков лош глас денес... лакоми за пари и изобилство ја влечкаат магијата низ калта и религијата изгледа толку подобра од магијата денес!
    Штета... се надеваме дека ќе се постават еден ден работите на свое место...

    Замислете, вие сакате да комуницирате како Аврам со Богот... бидејќи имате проблеми со немање пари... Како што се доближувате до таа божествена суштина, вие ако сте вистински магичар сфаќате дека парите се сосема небитни таму доле каде што сте заглавени и така ослободени од проблемот, ќе дојдете до решение! :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Ниту јас
     
  18. behappy

    behappy Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Добро но има ли начини како да се заштите од нив??
    Јас имам слушнато дека на тој што прави магии треба со вода да му плукните во дворот и да му речите кога ке ја собереш водава тогаш магиите ке ти успејат ..
    познавате ли некои други методи ??
    Искрено не е за мене туку за баба ми таа премногу верува во тие работи . :D :D Тенкс бај д веј
     
  19. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Верувам во магии и тоа многу верувам.Има многу луѓе со расипани умови и гнасни магии и се.Дури познавам луѓе кои се занимаваат со тоа.Искрено се сомневам дека и мене ми имаат направено,поради многу причини дојдов до тој заклучок и знам дека интуицијата не ме лаже,само незнам како да дознаам каква магија.Страв ми е да се мешам во тоа и да зборувам за тоа. . . :|
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    EMoonlight нема зошто да се плашиш да зборуваш. Ако веше ти е направено, плаши се од тоа што може да ти се случи доколку не се тргне магијата. За жал, од турско останало на нашава земја да се применува (најчесто) црната магија. Дури и деца ќе почнат веќе да ги прават толку што е распространета. Кармата може ќе си ја заврши работата но што ако веќе еден (или повеќе) животи се уништени, Ете има луѓе кои „гледаат“ и можат тие да ти помогнат околу разоткривање ког а веќе си сигурна дека се работи за магија. И како што претходно член има споменато дека доколку некој го бидува за тие работи, нема да ти бара пари за да ти каже за што се работи. Ти помагааи и секој остава колку има. Тие кои имаат одреден тарифник - не си го троши времето залудно кај нив.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.