1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    91.040
    Пол:
    Женски
    Не верувам. Мајка ми често вели, да имаше нешто баба ти и тетките твои ќе ме уништеа до сега. И така е. Толку не ја сакаат што се способни да направат било што за да и наштетат. Тоа се за мене бабини деветтини.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    И јас не верував едно време ама на своја кожа осетив. Мојата болно љубоморна комшивка неможеше да се помири со фактот што имам дечко, што студирам и ми направи нешто мислам дека со некоја вода маѓепсана и наеднаш почнав да го губам памтењето. Неможев да учам, заборавав што сум кажала, го заборавав шпоретот уклучен па трчаа моите по мене да не напраам некоја беља. Фала богу сега сум добра а муабетет ми е дека свашта има, неможеш на сите да им веруваш.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marija-.83

    Marija-.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Јас верувам во тоа зошто го имам доживеано. идев со дечко 5 години и откако раскинав со него, се ми тргна лошо во љубовта. 3 годи после тоа не можев да си фатам дечко. Си реков ајде ништо не е. после тоа нон стоп паѓав, по прав пат одев и од ништо се сопнував и паѓав. Еднаш на работа паднав по скалите и ја скршив брадата. Слушнав за една жена што знаела да гледа и отидовме со мајка ми кај неа. само што седнав почна да ми гледа на икони ми вика:„што е тоа ти што паѓаш цело време?!“ Јас кога слушнав се здрвив. ми кажа дека ми било направено, дечко ми бивши носел моја слика кај оџа во прилеп за да умрам. и ми било направено на накит и чизми што сум ги имала. а јас кога раскинав со него му вратив прстен, алка и чизми што ми ги поклони. Жената ми ја растури магијата и од тогаш никогаш повеќе не паднав има веќе 2,5 години.
     
    На Vjetarsplanine, Silvette, Bella Rosa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    зошто толку се љубоморни луѓево и зошто сакаат да ти наштетат по секоја цена незнам. Пред некој ден станав во 6 саат сабајле и кога се враќав у кревет случајно погледнав низ прозор и видов една жена како истура вода од шише на сред улица и ми идеше да и се симнам и да ја истепам за уште еднаш да не и текне да напрај таква работа. Ќе си настрада некој ни крив ни должен...во 21 век луѓево уште со маѓии се расправаат
     
    На Vjetarsplanine и Bella Rosa им се допаѓа ова.
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    таквите случки не верувам дека се натприродни туку дека пак имаат некоја поврзаност со природата и со физичките закони. :D
    незнам да си ги објаснам па тоа ми е единственото решение сега за сега. :lol:
     
  6. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    верувам во магии,откако се уверив дека постојат.
    Еден ден бевме со мајка ми кај баба да и помогнеме нешто да и зачистиме,и одам во спална и шо да видам...Огромно клопче влакна како во топка завиткано позади шифоњерот...Не ми се веруваше,се испаничив цела,Си викам можно ли е на баба косата волку да и паѓа и ја викнав мама и кога виде ме праша дали сум го фатила,и секако дека не.Таа го зема со кесе и го фрли во вардар(оти покрај вардар живеат)
    Е сега битната работа...
    Пред да дојдеме кај неа,дедо си го скрши лактот и тоа ни тој незнаел како,на баба и се сонило како куќата им се распаѓа и наредниот ден паѓање по скали неможеа да ја освестат 2 дена...........
    Пазете се луѓе магии постојат и луѓето ги прават,не за џабе во филмовите тоа се прикажува...
     
    На Vjetarsplanine му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Верувам дека постојат магии.Ама верувам и дека ништо не ти можат,ако имаш чисто срце и душа и јака верба во Бога.
     
  8. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    MOJATA KERKA NE ODI NE ZBORI MOZE LI DA KAZES PREKU LICNA PORAKA KADE I POMOGNAA TE MOLAM :D
     
  9. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Ја верувам ама досега немам нешто доживеано пу пу пу кога бев 5-6 одделение гледавме Волшебнички и ги правевме магиите ама чисто онака ради забава а инаку еднаш кога бев кај баба во село од досада земав магија да си напишам за да снема струја и да грми(која болест) и по 20 минути снема струја незнам каква случајност беше тоа xD
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно - не
    тоа за што повекето зборите ја би рекла не се магии туку клетви
     
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас верувам. Немам осетено на своја кожа, но имам слушано од блиски луѓе и сметам дека постојат вакви работи.
     
  12. DR.VALE

    DR.VALE Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    porano mozebi postoele i toa vo vremeto na nasite babi,no denes ne veruvam deka nekoj znae da pravi nesto takvo.Koga bi znaela nesto takvo,bi si napravila za sebe da imam mnogu pari i site mene da me sakaat.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.857
    Допаѓања:
    110.989
    Пол:
    Женски
    Не да има магии и тоа како има. И јас имам патено, и мои блиски. Само не знам кај ќе им иде дучата на тие што прават лоши работи!!
     
    На Vjetarsplanine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Hell NO!!досега немам видено ништо слично и не верувам..премногу сум реалист.
     
  15. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Верувам малку. Имам комшивка живее спроти нас и пред некое време една друга комшивка ни кажа дека некоја нејзина роднина и кажала дека жената која живее спроти нас правела магии, на некоја жена и ставила крв во чевлите, сега и ние почнавме да наоѓаме сечени блузи во просторот во кој ги сушиме алиштата после перење (во заедничка просторија ги сушиме-три стана на едно место), мајка ми предтоа нашла капки крв во ходникот и исто и на комшивката која живее под нас и биле сечени некои пантолони на 4ри места и секаде исти дупки. Жената еднаш дојде кај нас, дојде од дома и носеше нешто во весник завиткано и вика ова заборавив дома да го оставам а предтоа кажа дека од дома доаѓа и пак си отиде до дома да земе некои слики а нештото кое го носеше со неа го остави и ај после коа конечно си отиде и текна да си го зема. Не верував но почнав веќе.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    верувам и во магии , и во гатачки, и на кафе гледање и баење и во сеееееее :$ :lol: :rofl:

    ама не познавам никој што прави магии, ниту пак сум правела на некој :$
    ппп скраја да е.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Магиите не се само за лоши работи. Јас сум следбеникна на Вика религијата која претежно се занимава со тоа, меѓутоа не магии од типот да се заљуби во мене или не знам си што таму. Се полага заклетва En ye harm none do what ye will. Односно се додека не повредуваш никој со тоа, прави што сакаш. Сум добивала и коментари од типот вештерка си, ај направи ми магија да добијам петка на тестов и слично. Ни малку не станува збор за тоа, смее да се прават добри магии, инаку тројно ти се враќа.
    А во врска со признавањето на црквата на нивното постоење хахахаха, па таа истата црква палела луѓе низ Европа. Тоа сите го забораваме што е најтрагично. Немојте да бидете изненадени од фактот дека таа ги признала. Најмалку што може да направи е тоа, убивајќи невини билкари и жени само поради фактот дека народот почнувал да им верува ним а не на неа. Истребување на паганството.
    Ајде, зајдов и јас со темава :D
     
    На Phoenix_84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Sephora баш ме заинтересира таа религија што ја спомна. Ке ми кажеш ли накратко за што се работи, каде е распространета?
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно не.
    Зошто? Не верувам на ништо што немам осетено на моја кожа.. Тоа се се трикови. :)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    инаку баба ми што највеке ја сакав беше болна од рак на белите дробовиж
    незнам кај која бајачка/гатачка не отидовме, правевме се(кажуваме некакви си зборови, фрлавме катанци) во вода се што ке чуевме
    витамини, алое вера, незнам уште што
    жената си умре, не и помогна ама баш ништо
    џабе и мака и пари, и се, ама барем жива да беше

    а тоа дека се позавидливи луге има, тоа е факт, и искрена да си бидам се плашам од тие љубоморни луге, а познавам неколку такви.