Да верувам! Има такви луѓе кои прават магии, господ му врака на неговите најмили но него сепак не му текнува не се менува попусто тој си останува таков препуштен на неговата злоба.. Таквите ќе горат во пеколот за нив нема спас ниту прошка!
Дали знаете некоја жена што гледа вака за магии дали ти има некој направено...Сумливо ми е нешто во последно,се само наогам некој работи...Не сум верувала во овие работи ама не е во ред нешто со мене и во врската моја,се ми смета,не ми е некој период во месецот за да се осекам вака емоционално потиштено..Душата ме боли ко ке ми текни колку го нервирам...
Феминки ми треба телефонски број од Бор4е од Младо Нагоричане, хитно е , ми трееба помош у последно време сум многу различна ми се чини ко да пропаѓам Ве молам за број ве молам
Не сакам да верувам во вакви работи, но после се што ми се има случено и мене и на моите дома, почнав да верувам. Постојат вакви работи и тоа како. Само навистина не ми е јасно како може некој да направи некому да ми се случи нешто лошо? Па зарем постојат такви луѓе без душа? По се изгледа дека постојат. Ќе ви раскажам поради што почнав да верувам дека вакви нешта постојат. Кога сум била бебе околу 8 месеци од тераста ми снемало чорапче. После неколку дена од таа случка мајка ми ми испрала некое кебенце или бањарка (нензма што точно) и ја нашла на тераса напрскана со крв. После една недела толку многу сум се разболела што едвај ме спасиле. Долго време сум лежела во болница и докторите им рекле на моите само да се молат, затоа што само чудо може да ме спаси. Фала му на Бога ме изнеле оттаму жива и здрава. После тоа мајка ми случајно била кај некоја жена и таа и кажала се и за чорапчето што ми го снемало, и за бањарката испрскана со крв. А од кај би можела да знае дека баш тоа се случило. И ги кажала иницијалите на личноста што го направила тоа. И рекла дека утредента таа жена што ни прави такви работи прва ќе дојде кај нас на кафе уште од многу рано наутро. И така и се случило. Дошла жената која мајка ми и баба ми ја очекувале да дојде. И не е само ова, има уште... Кога тргнав средно се ми беше супер, оценки супер... но по некое време почнав да станувам многу нервозна, дома цело време само плачев, викав и моите не знаеа што ми е, а ни самата јас не знаев. Си ги намалив и оценките и секој ден се чувстував се полошо и полошо. Мајка ми не можеше веќе да издржи и отидовме кај некоја жена што знае да гледа и се зачудив што се ни изнакажа. Ми кажа дека ми е украдено едно пенкало и дека на пенкалото ми е правено ( а убаво се сеќавам дека имав едно мн. убаво пенкалце и ми го снема). И што можеме против тоа? Ја знаеме личноста која ни посакува и ни прави лошо. Но што можеме? Само незнам зошто, што сме и згрешиле. Ниту на таа личност, ниту никому немаме посакано лошо, а камоли пак да направиме. Но, мајка ми убаво вели Господ нека гледа и се нека враќа...
Deneska sabajle uste vo 8h mi zvonese na vrata edna romka....i otvaram mi vika sakas li metli ova ona,vikam ne i lugje pocna.....ti devojce imas mnogu magii napraveno odi nekade baraj care zosto ne e na arno rabotata mi vika uste kako bebe ti napravile na nesto zlatno,i sega sakam da odam kaj dule ama tesko se dobiva covekot i planiram da odam pravo vo veles...znae li nekoj da mi kaze kade otprilika zivee i koga kje stignam vo veles kako polesno da go najdam?
Верувам дека во оваа малечка земја има сеуште прости луѓе кои прават вакви нешта. Во мене порано имаше невиден немир, бев тотално безволна. За ништо немав среќа. А сега чувствувам дека од кога се одалечив од мојата куќа ми е полесно. Кога одам кај моите знае пак да ми се врати тоа чувство и таа тешка главоболка. Пред неколку месеци моја блиска личност најде дома кај неа некое крпче врзано целото. Ме викна и јас да одам со неа кај една жена бидејќи заедно сме го нашле тоа. Жената пред мои очи го отвараше купчето со пинцета. Мене не ни се веруваше што гледав, некои ситни нокти, свашта. Не ни се сеќавам што имаше, памуци некои. И таа жената кажа дека било тешка магија за да се растури домот на личноста. И навистина нивната ситуација дома е многу лоша. За мене на крај кажа дека блиску до мојата родна куќа живеела некоја жена која на нас ни правела магии. Јас си го знаев тоа одамна ама не сакам многу многу да верувам и да размислувам за тоа. Малку ми е смешно ама сериозно такви нешта може се да ви расипат. Каренин не сака да верува во тоа . Ама реалноста ме доведе во ситуација со свои очи да видам дека постојат такви врачки.
Има луѓе кои прават, а колку им успеваат незнам. Имав слушнате некаде дека ако ја поништиш маѓијата таа се враќа контра кај тој што ја направил, и ќе му наштети дупло повеќе.
да и тоа како... одев по болници за косата ми опадѓашеи ми рекоа оди си по баби..и таака беше бев кај жена ми баеше-магија ми нафрлиле...и ми помина.. а знам и др. такви приказни(вистини)...
еве и јас да споделам мое искуствоо... еден период бев премногу нервозна,разочарана со никого не ми се зборуваше само се каравме со мајками... а таа си верува во магии и јас верувам затоа што многу ни имаат направено.. можам само да кажам за оние кои не веруваат дека додека не искусиш нешто на своја кожа никогаш нема да знаеш... незнам тие што не веруваат како ги замислуваат магиите и тие што ги нарекувате "бајачки" јас само можам да кажам дека секој што има надприродна сила таа му е подарена од господ... јас бев кај оливера од дедебалци и стварно се чувствувам посмирено и послободно откако бев кај неа..за мене не ми најде дека некој ми има направено нешто но се што ми кажа беше вистина...
за кај дуле мислам дека мора да имаш закажано претоа и тоа се закажувало на крајот од месецот преку тел.. така ми имат кажано луѓе што имат одено
Една пријателка ми кажуваше за што и` се случило кога биле на поседок неколку дена кај роднина од маж и`. Значи и двајцата се многу мирни, фини, беспрекорно се согласуваат. Додека биле таму, само викале, само се лутеле, дури еднаш и се испотепале. За време на целиот престој чувствувале некоја депресија. Спојлер Една вечер, роднината од дечково била излезена. Дечково бил во кујна, барал нешто (да, точно е дека кујна и тоалет не се осветуваат и затоа можеби најмногу такви тракатанци можеш да најдеш таму како што си пишаа погоре), и нашол триста глупости, топчиња некои со игла внатре, лист на кој има напишано нешто на некое чудно писмо и уште некои работи на кои не се сеќавам И слика од него како помал. Се` тоа ставено во една кутија шо порано се користела за зачини веројатно. Тој барал нешто и вели само што отворил вратничето, кутијата паднала долу, се скршила и така видел се` што имало внатре. Во тој момент него силно го заболела глава, а интересна работа девојка му (седела во кујна исто) не го ни слушнала звукот од кршење на тој сад, како во тој момент да била исклучена на некој начин, а седела на пет чекори од него. И` кажале вечерта на роднината дека се скршила некоја кутија (ама се правеле на Тошо да не ги примети) и оваа им се развикала во стил „кој ви дава право да буричкате по туѓи куќи“ не знам што... Утредента земаат темјан и таков сад за темјан и го чадат станот додека роднинава била на работа. И ќе речеш нема нешто. Леле кога и` се слошило кога дошла дома од работа. Викаат „поседокот си го продолживме да и` помогнеме дека сама жена.“ Крвниот притисок не можеле да и` го спуштат. Верата е најголем спас од овие работи, се` друго е скокање од загреано тавче право в огин.
Нешто слично беше и работата со нас. Само што ова е направено во куќата кадешто живее особата и реално незнае кој би можело да им го направи сето ова. А исти работи, депресија, немир, од никаде несогласување, сомнежи... Гледаш имало Бога и твоите пријатели успеале да го најдат тоа. Мене прашањето ми е, дали ако ете е најдена магијата и ако се освети местото, дали е можно таа уште негативно да им делува на луѓето за кои била правена? Како само можат, не ми се верува.
Епа ако најдеш нешто (и поназад е пишано), само немој да го фаќаш со голи раце. Јас еднаш најдов катанец и нож испрскан со крв и зедов ги фатив со крпа и ги фрлив сосе крпата во Вардар (најубаво ако имаш во близина истечна вода). Брат ми кога се зедоа со снаа ми така го фатил со раце тоа нешто што го нашол кај нив дома и го фрлил и иако им тргна на арно, имаа уште многу проблеми, од несогласувања, до неможност да зачнат ... пишував дури годинава им се посреќи за дете а толку долго се обидуваа. Како нешто од таа лошотија да остана со нив. Верата најмногу може да помогне (но зависи колку е силна). Јас ама просто не можеше никој да ме разубеди дека нема да ми помогне Господ. Колку е посилна верата, толку побргу ќе помогне. А тој кој искрено сака да ти помогне да ти се оттргне лошото, нема да ти земе пари затоа сум против бајачите новокомпоновани според кои секому му е праено нешто. Редовно чадење со темјан по дома и прскање со света вода, при што (ми кажа една постара жена), кога прскаш, прскај со неа и од зад грб. Moли се и често споменувај го името Господово (но не напразно). Така си најсилен против злите сили. Еве доказ ова погоре што го пишав. Значи едвај ја вратиле во нормала женава. Изгледа од шо правела такви работи тој зол дух дури и во неа си се вгнездил. Не знам како можат ни сама, некои знам и самите си кажуваат, „јас сум со другиот, нема Господ за мене.“ Ми го кажа в лице жената во која се сомневам дека ми направи тогаш. И катастрофа и жално е што земја со демократско уредување и живот во урбанизирана средина според некои истражувања (слушав на радио пред 3-4 години не знам точно за какво истражување беше) за такви работи сме биле меѓу првите пет во Европа или светот не сум сигурна. И нема нешо да паднам на задников од изненаџење ако и стварно се установи дека таа статистика е веродостојна.