Ме интересира, како тоа знаете дека имате жива па одите кај оџата,нели не се гледа на никакви снимки? или истиот оџа на лице место гледа дали имате.. фала
Jaс имам слушнато дека оџата поминува низ цело тело со некој предмет и обично кај вратот позади увото ако имаш жива цело место се надувува, кожата се надига како топка над нејзе (ова ми го има кажувано жена која го има гледано сето ова кога ја ваделе живата на нејзина блиска личност) и после одкако ќе набабри незнам како ја вади оџата живата од телото.
Еве да ви кажам неколку “маѓии“: 1. Набавете си бројаница од црква и молете се вака: Господи Исусе Христе Помилуј не Кога ке ви дојдат некои сомнителни гости земете си ја бројаницата во раце и во себе молете си се, ѓаволот се плаши од бројаницата. 2. Молитвеник набавете си и читајте си молитви, нели некои бајачи кажуваат нешто, повикуваат некои сили; и вие земете молитвеник и повикајте други сили на помош, Пресвета Владичица Богородица, Исус Христос, Св.Никола, Св.Петка,... Во милитвеникот ке најдете утринска молитва кон Богородица во која меѓу другото е напишано вака: И дење и ноке чувај ме , избавувајки ме од нападите демонски! 3. Кога ке разговарате со некој за кој мислите дека нешто ви прави речете вака: Јас(ние) ке се мачам/име сега во тело, ама тие што со ѓаволот си имаат работа осудени се на маки цела вечност ( и на оној свет); ( ке видите нивна реакција) 4. Икона дома треба да се има, обавезно, баш во просторија каде што е дневен прием 5. Кога ви доаѓаат “некои луѓе“, како што рече една девојка после покадете со темјан, попрскајте одма со светена вода, кваките, местото каде што седеле 6. И наместо по гатачи да се оди да растурат маѓии, треба во црква да се оди, свештеник молитва да прочита под епитрахил 7. За здравје се прави петолебие, се носи во црква и таму ке ви кажат што треба да се направи 8. Да се оди на литургија, да се одвојат два часа во неделата за Господ; 9. Светото писмо да се има дома; Кога имате така некоја криза или “нешто“ се случува, читајте го Светото писмо; Додуша тоа треба секој ден да се чита, по малку, по едн пасус; 10. Ако вака си правиме постојано, нема да има подлога за делување на други сили, ке бидат беспомошни, па што и да прави некој, незнам конци, сол и брашно, дрн- дрн,... сите тие под силата на Исус Христос и Пресвета Владичица Богородица во прав ке се претворат!
И јас не верувам многу , многу во такви работи ама еве што ми се случи пред некое време, и незнам што да мислам. Една жена, пријателка ми даде вино домашно 1л. И исто требаше на еден пријател нешто да му дадам она што испрати што се договарале, и она рече еве и за него 1л вино. И јас си го пијам виното полека, по малку и една вечер, на крај кога беше , гледам во чашата ми се мота нешто. Гледам поубаво неколку зрна ориз. Гледам на дното на шишето пак ориз. Откај па во шише со вино ориз да има? Како може да падне во него ориз, обично кога луѓето полнат вино ги плакната шипињата, ова не е случајно. Не ми е згодно на другарот да го прашам дали нашол нешто слично, што мислите ? Иначе еднаш женаа го виде кај мене на гости, и после во една прилика ми рече , као нејзина роднина и рекла на друга жена која сакал да му мести едно девојче, абе тој не сака да се жени. А роднинава на женава која ми го даде виното е девојка и се нешто се перчи пред другар ми. Сте слушнале ли вие за ориз во вино и сл.? Цело го испив, леле,...!
Ќе може некој да ми објасни како може да се знае дали пр. мене , ме фаќаат магии или не :geek: ? (дали има врска со ѕвездата ниска/висока ) ---------------------- Спојлер Инаку пред многу години во едната соба која не ја користиме (а таму ни стојат прики,... такви позначајни работи) татко ми пронајде црвен конец.Нему не му беше страв да го фати со раката,а потоа го фрли во реката Вардар.Од тогаш почнаа дома да имаме несогласувања,често се каравме... и такви работи.После одевме по оџи и дознавме дека од блиска личност ни е направена магија (дури и името ни го кажаа) ... Мајка ми исто така се разболе (иако сега е добра веќе пу пу ..) , брат ми неподвижен остана,секаде го носевме по терапии,...но исто е нема никакви промени,до ден денес.Е сега не само црвен конец,туку и скапи прики, .. постелнини се ни снемуваше... и секакви др.глупости наоѓавме (свеќи,хартии...) Прашањето ми е дали бидејќи се фаќани со раце конците,свеќите.. немаме /немавме никаков напредок? Ајде некој нека одговори ако знае ...
Не се плаши сигурно не е магија зошто знам и моите дома прават вино, и го лачат ли што ти ја знам и во секое шише ставаат по некое зрно ориз. Е сеа која му беше целта на оризот неможам да се сетам ама после баш ќе ги прашам и ќе ти кажам зошто се става ориз.
Zdravo... Jas sum nova na forumot. Slucajno naletav na temata pa mi se vide interesna. Se soglasuvam so edna feminka so imase napisano samo verba vo boga... Tocno postojat magii, sekakvi losotii ama kolku pomalku veruvame i pomalku znaeme tolku podobro za nas. Sum bila i po gledaci i po tie sto "rasturaat" ama neznam sto da kazam... Gledam ste go spomnale Slave od kravari, da jas sum bila ama ako ne napravite toa so ke vi kaze se e dzabe. Pozdrav do site
OMG ama slatko sum se iznasmeala so ovaa 17 godisnava devojka dali na zaebancija go napisa ovaj post ili od kratok pamet ? kako prvo jas koga bev 17 godini ne smeev da imam decko, kamoli da bidam do tolku iskusna i da znam deka nemam srekja vo ljubovta kako sto pisuva devojkava sekoja vrska kratkotrajna hahaha pa kolku gi pomina devojko do 17 godini ? svasta ima po svetov i stigna do bajaci i gledaci off lele samo jas znam za tebe sto treba edno drvce nezakastreno da zemi majka ti i da mava se dodeka ne ti go napravi grbot kako stomakot da te iskrsi cela ti samo za kjotek placis ..........
Нас ни имаат направено неколку магии. Сигурни сме. Еве ја првата: Првиот братучет на тато е многу злобен, женет е, има едно дете. Жена му со мајка и живеат сите заедно и живеат многу блиску до нас. Детево е девојче и лани се омажи, но уште немаат дете. Вака... Една вечер ние отидовме кај нив на честитање зошто нели ќеркава ќе се мажи. Одиме и кај нивната куќа има раскрсница(таму најмногу се прават магии, а луѓево веќе се познати во маалово дека прават магии, дури и една комшика кажуваше дека мајкава на женава мочала пред некоја куќа и фрлила конец. ) и ајде одиме ова она и пред прагот од куќата имаше попрскано со вода и како некои тревки да имаше. А женава цело време ме гледа во очи, а мајкава цело време ме гали ли ме гали. Поседовме 1-2 саата и си отидовме. Јас сум магнет за магии. Леле луѓе кога си отидовме дома... Кога почна да ме боли стомакот, па главата, па ми се слоши и на крај кај 3 по полноќ фанав температура ме однесоа во болница и таму одвај преживеав. А пред да отидеме ништо ама баш ништо не ми беше, зошто јас кога качувам температура 1 ден првен главата ме боли па качувам температура, а ова веднаш во моментот кога стапнав дома качив температура. И знаете шо? Женава донесе околу 10тина чаши и на сите им стави сок, вода и останаа уште 3 чаши и вика ајде Мартинче уште тебе да ти ставиме и оди дома за да земела чаша и од друг сок ист таков божем ќе ми ставела. И ми донесе сок а во него имаше како некои парчиња како конци, бог знае шо. Ние и рековме од овие чаши да ми стави а она вика не не се убави тие. Леле боже. Втора случка и таа со ваа женава: Околу 2 години одиме кај една жена и таа дава вода да се мачкаш за да те излекува од магии, а не да направиш магии. И вика на мама да го попрска прагот и мама и вика добро. Ајде се стемни и мама излегува да прсне малку од водичката и кога ете ја женава и вика на мама „Еее (името на мама) шо правиш“ и мама и вика ништо средувам влечалкиве пред вратава. Луѓето шо прават магии сами си се местат за да дознаеме! Трета случка шо не е со луѓево, туку замислете со кого? Со баба ми и тетка ми од на тато страната. Сабајле мама и сестра ми беа кај една жена шо гледа. И она им рекла дека блиски роднини ни имаат направено магија и тие живеат со нас. Куќата ни е на два спрата доле живеат овие бабава и дедово а горе ние. Ние веќе некое време се сомневавме дека ни прават магии ама на никого не кажувавме, поготово не на татко ми. И да ви кажам кога ќе отидев кај тетка ми(мажена е и живее веднаш до оваа женава горе шо ја спомнував) кога ќе се вратев веднаш главата ме болеше, ми се лошеше, па дури еднаш се онесвестив замислете! Само незнам како не и е жал бре на баба ми, па внуки сме и, нели гледа колку сме добри... Ахх, леле. Последна, четврта случка која е направена од цимерката на сестра ми кога живееа пред некој месец во стан заедно во Штип. Исто оваа гатачкава сабајле им го кажала ова. Им кажала дека со нешто и ги прскала предметите, книгите, алиштата, се и дека во тоа имало некоја магија да не и оди во љубовта, учењето, да има многу нервози.. Таа воопшто не учеше и вадеше 9ки и 10ки на факултет, а сестра ми се скапуваше од учење буквално и одвај со судни маки вадеше 7мици замислете. Со солзи во очите ви го пишувам ова... Ги мразам овие луѓе, ГИ МРАЗАМ!!!!!!
јас колку што сум слушала ако пронајдете црвен конец,нож или било што и ви снемуваат работи дека е магија на една личност или на сите во тој дом....и самата кажа дека сте оделе по оџи и дека ви е направена магија...
Devojce ic da ne se sekiras sve sto ke najdes frli vo voda a doma poprskaj so sveta voda i podkadi so temjan.
Да ја мразиш таа што ги клевети тетка ти и баба ти дека ви прават магии! Тоа е целта на бајачките и гатачките, на слугинките на Непомјаникот, да ви направат раздор во семејството. Ви правела баба ви магии, тикви со расол. Не постои баба што им посакува зло на своите внуци. А за цимерката и сестра ти, има некои кои што со малку учење разбираат многу, а некои со многу, па пак им е залудно.
Па може да се каже дека верувам. Бидејќи на нас фамилијарно ни се случи таква работа. Пред многу години нон-стоп моите те нешто им фалеше те се караа мама и тато, брат ми збеснуваше, сестра ми како изгубена беше, јас така-така. Моите веќе не знаеа што да прават појдоа во битолското село Кравари (некои знаат за овој човек). Моите земале од нас некои блузички и човекот се им кажал некој дека направил нешто од влезната врата во куќата од десна страна. А таму живеат чичко ми и стрина ми. Знам дека ова беше масло на стрина ми, бидејќи цела фамилија и е таква. (Нејзината баба што живеела во едно село им фрлала магии на сите убави девојки, момци, стока... и сите умирале се разболувале. Кого дошло ред да умре, не можела да умре се мачела. Па викнале некој човек да им каже зошто се мачи и не може да умре, а тој им рекол "од што премногу фрлала магии и колнела, сега таа е проколната и е фрлено магија ја казнуваат, додека не касне гом*о нема да умре, ќе се мачи". И бидна и тоа, направиле како што им рекол човекот и починала после тоа.) Да се навратам на моите откако се вратија од Кравари, веднаш човекот им рече да попрскаат со крстена вода и да сме спиеле со нешто под перница сол дали беше не знам, не се сеќавам одмана беше ова. И така со тек на време се средивме дома добри бевме. Секогаш кога и да ме види стрина ми ме боли главата и веднаш се мачкам со крстена вода и ми поминува. Фала му на Бога што не ја гледам сега ИЧ. Друга случка да ви пишам што кога ја слушав не ми се веруваше. Моја комшивка што ја запознав пред една година многу заживеавме баш онака ем комшиски ем другарски. На неа што и се случило страшно нешто. Кога се омажила таа се било ок во ред. Тие со маж е живееле на долен спрат, а деверот и јатрвата на другиот горен спрат. Си живееле ок онака мирно, си оделе и иделе на кафе. Еден ден почнало да и се лоши да ја боли стомак, мислела дека е бремена. Биле на доктор потоа и докторот им рекол дека има нешто во стомакот како топчиња ама и самиот не знаел да каже што е. Некоја жена и рекла да појде кај некоја друга жена што баела. Кога пошле кај жената им кажала дека некој магија им направил, доколку не преземат мерки во најбрз можен рок, ќе биде доцна. Им рекла да појдат кај некој оџа. Така и сториле, пошле кај оџата. Кога видел оџата им рекол дека тоа е жива. Девојката имала жива во стомакот и дека останала трудна, но од живата плодот го снемало. Кога ми кажуваше таа вика јас не верував во вакви работи па ни маж ми, но видов со свои очи како ми ја вадат живата како топчиња да излегуваат од стомак и не оставаат траги. Јас кога ја слушав се запрепастив. И го прашале оџата кој може да биде толку злобен, на почеток тој не сакал да им каже, па потоа им кажал женска особа... и на крај и името. Тогаш сфатиле дека станува збор за јатрвата што живеела над нив. Дека во кафето и ставила жива. И оттогаш еве веќе 11 години се обидуваат луѓево да имаат дете и не можат. А тогаш кога и ја ставила таа живата девојчето било трудно. Ете тоа е тоа драги мои. Постојат такви работи, за жал. Имам уште за кажување т.е пишување, но во некоја наредна прилика.