1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    Страшна работа ... не сакам да верувам, ама знам дека постојат магии. Пробав вчера да закажам кај Дуле од Велес... ама не успеав. Не ми се оди по вавкви работи да не си направам некоја психа, ама имам страшна комшивка што сто посто се бави со такви работи, па ми е страв.. си мислам дека може и мене да ми направила нешто такво.. освен Дуле знаете ли некој друг што растура магии? ве молам за одговор
     
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    7.909
    Пол:
    Женски
    живата не се гледа на снимки, а оџата ја гледа со еден предмет. Мене кога ми ја вадеа, прво ме праша за името, па нешто обележа во една книга ( најверојатно Коранот беше). Потоа седнав и почна да ми минува со предметот, нешто како лупа мислам дека беше. и после со друго нешто во форма на круг три пати ми помина кај вратот и ми ја извади и покажа. Јас не видов, ама тие што беа со мене рекоа кога ја вадел како нешто да светкало, ама не знам.
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И сега подобро ти е? А какви проблеми имаше од живата?

    Мене кога ми ја вадеа, прво ме праша за името, па нешто обележа во една книга ( најверојатно Коранот беше) - Чудна работа!
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    А што е финтава само оџите се стручњаци за вадење жива? друг никој не е способен за тоа, било да е поп, фризер, механичар, доктор? По што се оџите специјалисти за тоа?
    И од кај знаете дека имате жива или онака идете прво на проверка нешто како ртг снимка ви прави?
    Јас мислам дека колку повеќе верувате во такви работи, толку повеќе истите влијаат врз вас.
    Само вербата помага, постојат чуда и без бајачки, само треба да се има верба во Господ а колку почесто одите на бајачки и т.н.оџи вадачи на жива се подлабоко навлегувате во светот на "црна магија".
    И како можете да бидете сигурни дека извадил жива од вас? Можеби прави некаква магија, можеби ве заслепува да го гледате она што тој ќе ви рече дека е. И мене ми се случи еднаш (за што највеќе се каам) отидов на бајачка повеќе од љубопитност отколку од потреба нешто со сол баеше конче од облека штознам, и на крај ми вика ааа направено ти е нешто види солта како смени боја демек кафена станала, оф бре жено злобна каква кафена не сум ќорава јас па ми вика не веруваш ти во ова јас си се насмевнав не бе и викам зашто?...а да верував може и ќе и поверував дека солта не е бела туку потемнела. Се надевам ми ја сфативте поентата.
    Сега некој ќе рече кој не осетил мака не знае, ама ако имаш мака помоли се, не се опседнувај со магии и бајачки, никој од нив нема да ти донесе добро, само раздор во потесното и поширокото семејство.
     
    На Bitter-Sweet, bittersweet, najubava2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Можеби ги хипнотизира! Да веруваат дека го гледаат тоа што тој ке им рече.
    Гледањето на некои работи кои реално не постојат е многу добро објаснето во православието
    и познато е како ПРЕЛЕСТ.
    Значи не е спорно дека ке гледат нешто! Спорно е од “кој“ доаѓа тоа!

    Абе ви велам најдете ја и прочитајте ја книгата ЛУЃЕ И ДЕМОНИ! Јас имам фото од насловната страна
    на книгата, но не можам да ја атачирам, бидејки е во пдф.
     
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Like! :)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Ја најдов книгата на српски, благодарам, кога ќе имам слободно време ќе ја прочитам.

    Еве ви линк http://docs.google.com/viewer?url=http% ... f-serb.pdf
     
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    7.909
    Пол:
    Женски
    Секакви проблеми имав, не добивав редовно менструација оти живата би била ставена за да не можам да останам бремена, срцето ми лупаше и прескокнуваше, многу ме болеше главата, воздух не можев да земам на моменти. Не знам дали само оџите се специјалисти за вадење живи или не, ама знам дека мене ми помогна човекот и верувам во тоа. И јас цел живот верувам во Бога, се молам, постам, ама додека не ми го извадија тоа чудо од мене, умирав оти сум го имала со години. Уште какви прегледи не направив и никој не ми кажа дијагноза, сите велеа се е во ред. Ако некој не сака да верува во ова, не мора. Јас верувам оти имам многу патено од ова, а и некои други што минале низ исто. Не дај Боже да ви се случи па тогаш ќе поверувате. И јас на никој ништо лошо немам направено, ама ете има болни луѓе што се занимаваат со такви работи.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172

    Благодарам за одговорот!

    Мое мислење е дека јас, лично за мене, никогаш не би одела кај оџа, а ни кај бајачки. Сум била кај жена која гледа и некако ми личеше дека само си потпрашува и после ти ги кажува истите нешта кои самата си и ги кажала. А кај оџа некако не би се осмелила да одам.

    Не ме сфаќај дека викам дека ти погрешно си постапила. Тоа било твој избор и убаво што човекот ти помогнал и повеќе немаш такви проблеми.

    Но внимавајте -
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    1.475
    Смешни сте со исказиве!
    Прашувате, пишуваат лични искуства и пак сте скептици...
    Каде овде ви пишуваат лично искуство, каде пак обвинувате дека можеби и магии ви прават. Во ред е да бидете скептици но не е само едно искутво, туку многу такви. И ако избирате да не верувате, не убедувајте друг бидејќи некој кој искусил нешто такво не можете да го порекнете со тоа што пишувате дека треба да се верува. Никој не ве посочува да не верувате, туку да верувате и во нешто над тоа во што сте уверени дека постои.
    Помогнато е и е факт дека после секое остранување на такви (нека бидат) магии, секој се чувствува подобро. Смешното е во тоа што верувате на секакви апчиња и лекови, а не верувате во нешто што опстојувало и опстојува многу и многу пред хемикалиите.
     
    На Kitty23 и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    ОК, јас ако верувам дека постојат такви луѓе кои прават магии, бидејќи лично сум видела такво магично нешто фрлено под спална, тоа не мора да значи и дека веднаш ќе го барам спасот кај такви луѓе. Можам да му правам некому друштво до таму, но не и да прашувам нешто и за мене.
    Порано може верував дека таквите луѓе може да ми помогнат. Сега верувам дека можам само самата јас, со помошта на дедо Боже!

    Мој избор!
     
  12. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Верував и претходно,тоа било од блиски луѓе на кои им се случувало, но.. со сомневање. Потоа си развив теорија,како што има добри сили мора да има и лоши, мора да има некој баланс, не може се да е совршено. Како што има добри луѓе,има и лоши. Иначе сето тоа не би функционирало, што би правеле едните без другите!?
    Ехх,кога веќе осетив на член од фамилијата, не му го посакувам на никој!Ни на најлошиот непријател, ама баш на никој! Само во себе ете се запрашав какви се тие луѓе што го прават сето тоа? Што добиваат од сето тоа? Дали ги исполнува и ги прави среќни? Како може да се ситат на туѓа несреќа? Обично се прават од љубомора, завист... Ама добро бре луѓе, па ако вас не ви иде, остајте другите да се радуваат и да си го живеат животот.Не не, не разбирам и нема да разберам,зашто да уништуваш туѓ живот.
    Тој период ...ах вистински пекол ми беше. Сакав да избегам од дома, но сфатив дека нема ништо да решам со тоа, останав, машки на нога до крај! Се молев,секоја минута се молев, и чекав чудо и спас. Мислев дека личноста полудува,ах тој поглед.. И еве во моментов додека го пишувам мислењево се ежам,а очите ми се насолзуваат. Не сакам да се потсеќам на тој период, и затоа и нема да навлегувам многу...
    Само молев, и сакав се да се среди,друго ништо не ми беше важно. Тој период се забаталив... Само сакав се да се среди. Мада потоа отидовме кај некоја женичка, и баеше.. Па среќа помина.
    Јас искрено,знам дека е се тоа забрането против вера,и не треба да се верува. Ама луѓе бре, они имаат икони околу нив, јас сметам дека тие луѓе се испратени од Господ,да помагаат. Иначе на друг начин не можам да си го објаснам. Помагаат, ептен! Господ да и даде здравје на таа женичка. Фала Богу, сега е во ред.
    И секоја вечер се молам.. За здравје, за најблиските. Сакам само здравје, а другото ќе си дојде само по себе, вие не знаете... Не знаете како е. Не не.. додека не осетиш..... Пеколно е. И со денови да ви пишувам,нема да разберете. Само молам Бога,да ме чува од такви работи.
    И ќе се вратам пак на почеток, ама не можам да верувам какви луѓе постојат. А јасно и знаеме и кој е и што е, и покрај сето тоа што ни го нанесоа, дали нивниот живот се подобри? Не..не се подобри. Па добро со која цел тогаш? Џабе колку и да зборам, ќе се вртам во круг...
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jana-janicka

    jana-janicka Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    a kaj koja zena si bila?
     
  14. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Kako sto gledam site se falat deka nekoj im pomognal, no koga ke se postavi prasanje koj e toj sto im pomognal nema odgovor, ili go izgubile telefonot ili pak odamna bilo, bla - bla hahaha
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Искрено се до ден денес не верував ама денес се исподешаваа толку работи и се се откри! Фала богу нема да веруваш додека не се увериш.
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    и мене ова од секогаш ме нервирало
    еве јас ке ви дадам некои бројчиња
    дидара -ск 077915206 076976543 071562293 ( за оваа тетка ми ми кажа, ама сеуште не била кај неа, а се закажува на тел)
    дуле- велес 043227363 9 се закажува секој 30ти во месецот од 9 до 15 часот)
    Ѓемиле - гостивар ( тарот) 072692117 ( се закажува секој ден)
    Маре од петровец 022561034 ( се закажува секој ден мислам дека после ручек)
    Нада од кавадарци 043410430 ( незнам дали и кога се закажува)
    Славе Аеродром 078567901 ( се закажува секој ден )
    Жане драчево 078612890
    Звонко охрид 078581253



    се надевам дека некој од овие ке ви помогне
    :* :* :* :*
     
    На Antebellum, anakonda88 и Angel4eeee им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Па ти именик на маѓионичари си имала :D
     
    На sweet-star и Hipster им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Нема начин на кој да го искажам моето искрено мислење без тоа некој да се навреди.
    Али со ова јавно споделување на врачари и магионичари не е реклама, м?

    Едини магионичар у кој верувам е едно човече од симс што си го раснев и многу сакаше магии да прави, и ми стана жал и му дозволив да биде магионичар, гревен ми беше :D И Хари Потер де и Хари, он ми е љубов платонска 8)


    НЕ, НЕ И НЕ!!!!
     
    На Daydream, tessie, kva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Koga nekoi raboti ne ti se dovolno jasni podobro bi ti bilo da premolcis odkolku da izigravas "PAMETNICA"
    Takvi kako tebe sto se pravat mnogu pametni sigurno deka ste bile na mnogu poveke bajaci i gataci nego nie site vkupno na forumov, vo idnina preslusaj se sama prvin pred da spodelis mislenje, kako sto gledam racete ti se pobrzi od mozokot { ova bese mal sovet za tvoe dobro }
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Хипстер давај од твоите бројчиња ако ти е срам тука пиши лп :rofl:
     
    На Hipster и Daydream им се допаѓа ова.