Ахам! Епа вака драга моја ТортаГрешена, на мене работите ми се доволно јасни, не знам дали тебе ти се, дека некој упорно ве прави будали и ви смислува приказни за мали деца со гатачки и бајачки, ви ги сервира убаво, и вие само лапни голтни си праите, тоа не е мое не знаење туку твое. Понатака, во мојов скромен 20 и нешто ситно животен век не само што не сум била на бајачка, туку се згрoузувам на таквите како тебе не само што веруваат во тоа, туку и убедуваат као е добро да се оди на бајачки и да се верува во магии. Продавај ефтини приказни на некој друг, јас нит сум била нит ќе одам на магионичарки и бајачки а ти ако не знаеш попаметен начин да ми реплицираш, напад е најбоља одбрана, ај ноу. Па потоа, не се правам паметница, туку можеби сум, од кај знаеш ти дека не сум една од тие 600 лица во Мк кои имаа натпросечен IQ? Или пошто ти не се согласуваш со мене, одма мора да сум глупа и да изгиравам тука паметница. И за последното мислам дека ти треба да си го примениш прво, зашто ај што ми реплицира, па да кажа нешто во врска со темава добро ќе беше а не личен напад најдобра одбрана. Моите зборови се одлично промислени и баш одбирани за да не се навредите ти и твојата тајфа гатачи и бајачи кои агитираат на баењево ко да е едногодишен лекарски преглед. Верувам дека тоа не го правите, ама еднаш годишно одите на бајачка и ги бркате лошите магии, или што год да им правите. Мими немам јас ни една бајачка у именик , а на ова човечево од Симс ако ти треба негова помош, кажи ќе го прашам, па ќе ти го пишам у лп(срамота е тука ќе ме банираат за реклама). Верувам поише он може да ни помогне него некоја од овие горенаведениве Трајанки и Трајковци. ТортаГрешна, пишувај кирилица, почитувај правила на форумов.
Бев кај тетка Маре у Петровец и мислам дека ми помогна мн. Не сакам да мислам дека е ради неа али коа ке поврзам некои работи испаѓа како што ми кажа таа и мн сум и благодарна...
Јас еднаш сум била кај една жена со две комшивки. И замислете женава ним им гледаше , незнам што им правеше, им кажуваше што да прават, им кажуваше колку пари треба да платат за да им прави таму незнам што , да дојдат уште еднаш ( а богами не беше мала сума, мене на крај памет не ми паѓаше толку пари да и давам , а мислам дека не беше мала сума кај 100-тина еура, и една од жениве се сложи, мене коса ми се крена, си викам абе женава со сите ли е? 100ЕУР ) и кога мене ми дојде ред ми вели , а ти ма што чекаш а, ај бегај таму ,
Ќе ме умрете!!!!!! Значи листа со броеви од ,,магионичари'' видов постирана, што е следно, број од Хермиона и упатство како да употребувате со магионичарско стапче?! Хипстер, тоа на Симс не се важи. Значи додека не отидеш некаде да употребат прашак Ариел врз тебе, се друго е мање битно. Ме разбираш мислам.
^Како не се важи , мене ми има помогнато Па и стегни се од еден град во друг за тетка Перса и чичко Трајко , простете вака што ви пукаме сеир ... Ако не друго може од срам да не ви се смеат нема да отидете друг пат да си ги фрлате парите на вакви шарлатани ..
Aj вака сега, да се преброиме. Јас верувам у енергија, верувам дека освен ние како физички суштества постои и нешто друго околу нас, некоја материја непиплива, се уште необјаснета за човекот. Ама затоа не верувам ниту у црква, ниту у попови, свештеници, клисари, влада, а богами миту во некои што би правеле магии и го проповедаат истото, магионичари ми е преглупав збор за употребување у реален живот, за реални ситуации и моменти. Тоа може да го употребам само кога ќе правам муабет за некој сајнс фикш филм, или кога ќе бидам во циркус. Луѓето се овци, тоа е факт, и секогаш ќе има некој што ќе се најде од страна за стрижење. Се што ви се случува во животот, вие го препишувате на нешто натприродно, го препишувате на магии, барате помош кај генијалци со изострен памет за бизнис и пари, и доволно е да каже некој таков дека земјата е со форма на плочка, вие ќе поверувате, од x y причини, затоа што човековиот ум е една таква лоша кутија од сложености! Не се ослонувате доволно на науката за жал, значи си патиме од тоа... И уште еден факт, сите јасновидци, луѓе што се занимаваат со магии и тракатанци, живеат по некоја случајност луксузен и богат живот, највеќе од парите на оние што немаат крај со крај да сврзат, затоа што спијат на уво дека - некој им има фрлено магија и бараат помош за тоа, а уствари кармата е лоша кучка! Јас разбирам дека има луѓе очајни за помош, како резултат на непомогливост од други страни, пристапуваат и кон ова, ама на крај секогаш постои оној пласибо ефект, а они не се свесни.
Ова си го рекла сега и никогаш да не го повториш во ваква конотација, чедо Божјо. Ако продолжиш со тоа темпо ни Маре од Петровец не ти помага. (Освен ако тоа не беше лична именка и се однесуваше на Дивац ) Гледам и тука се развила слична дискусија, ако ако муабетете си само не провоцирајте. Не го спомнувај напразно, и во оваа смисла поврзано, името на прабаба ми, чедо Божјо. Ама мислам и тука дека се мешаат магии со гатање, баење, среќа што не се зборува за настанокот на човекот и светот и плукање по верници, е тогаш човекот со магаренцето ќе дојдеше напомош. Да ги тргнеме на страна бајачките, кога ќе се спомене магија веднаш ми текнува на оние магионичарите што прават магии(трикови) и вадат гулаб од рака, златна паричка од зад твоето уво итн.
Извинете што така ке ви “улетам“ во муабет, ама што ви е то Симс? Некоја фора што јас не ја знам, или нешто меѓу вас си имате муабет?
Синоќа малку повеќе на смеа ја теравме... Моја блиска личност си наоѓаше по дворот се и свашта , како за инат минуваа цела фамилија низ тежок период па тоа уште толку и маваше на психа .. Што направија ? Ништо ... Сега се сите добро , фала му на Господ . Решија да не се замараат со умоболни луѓе кои со крпчиња и триста чуда решиле да им наштетат . Да глупо е да знаеш дека некој таму со сите сили ти посакува лошо , но најдоброто што можеш да направиш е да ги игнорираш .. Прости и злобни луѓе имало и ќе има . Не значи дека треба да се стрчнувате кај магионичари , бајачки , гатачи кои ве гледаат како и тријат раце . И тие магиончари кои ќе ви "одврзат '' магија и ги сметате за спасители а можеби истите ви ја " врзале ". Страшно иритира колку овие примитивни верувања се сметаат за нормални па и цели именици имате од магионичари , браво добар бизнис им правите .
Да,да еве јас со моето семејство секој месец идеме кај магионичар,да ни помага против магии. Целото богатство го оставивме таму. Девојки, никој не ви наметнува да верувате во тоа! Темата е дали верувате во магии. Секој си има различен став,мислење или искуство околу оваа тема. Форум е,нели секој си го изјаснува своето мислење? Можело само едноставно да пишете, не верувам. Кратко и јасно. Затоа што се пронајдов во вашите постови, ќе пишам.. Не ви е срам да се шалите,и да бидете саркастични на ваква,за некого осетлива тема? Па уште и се извинувате!? Стварно !? Кога веќе ви е смешно, сето тоа можело да го копирате и ЛП,на страна да си се изнасмеете. Малце е несовесно. Ама не, најбитно е да се пише, како сеуште има луѓе, со такви примитивни верувања леле леле.. Епа вака драги мои, да си се изјаснам и јас. Кога пред свои очи ќе го губите најблискиот, а НАУКАТА не може да помогне, се откажуваат, креваат раце, и ти велат барај помош на друго место, што ќе направите!? Само ќе се откажете? Нема да побарате помош на друго место? Ќе го оставите така, да си почине.. Лек нема да барате Немој да ми објаснувате како сето тоа е психа, или сме овци па не стижат и како тие магионичари случајно спијат на пари, и ете тоа на нас треба да ни е сумливо! Не одрекувам дека постојат луѓе кои си прават бизнис од тоа, ама постојат и такви кои стварно помагаат. Ама добро да не ве трујам со ова, мое примитивно верување, сакам уште ова да го пишам... За тие што ги сакам, ќе верувам во се' , ќе го превртам светот, ама ќе го најдам лекот, и цело богатство ќе го потрошам ако е потребно. Невозможното, ќе го направам возможно! Се надевам ја разбравте поентата на мојот пост.
sluchajno ja najdov temava..edno ke vi kazam dur ne vi se desi neshto i da morate da barate pomos do taka narecheni babi so rasturaat magii nema da veruvate..i jas ne sum veruvala pa pochnav da veruvam i chudno mi e so u 21 vek uste postojat takvi raboti..-.-
Kлер несовесно е да се подбиваш со трудна жена или со некој кој има прави проблеми и ги решава на вистинското место, а не тука што сме се зафркавале за некои бајачки одма носовите ги кревате. Многу свилени бре вие, ако за ова се навредувате и го сметате за навреда, секоја чест, многу кажува за вас и за вашата личност. Убаво си кажа форум е, отворен за пишување на секого, и не не навредувме никого, нема никој што да се извинува во оваа ситуација тука сега во темава зашто само бевме саркастични. You cant take that away from us. Зашто е легитимен начин да искажеш свој став и не е навредлив. И за крај, цитирам Eдинствено нешто што постои во 21 век не се магии туку луѓе кои веруваат во истите, кои ги наметнуваат на уште полековерни и овие исплашени од помислата дека е магија решаваат да се обратат кај бајачка и со пари да се ослободат од магијата. Не постојат магии, само луѓе кои измислуваат и филуваат убави приказни за истите и луѓе кои веруваат во нив и уште повеќе ги шират од својата наивност. Разберете, лоши работи се случуваат во животот не зашто некој ви прави магии, зашто е живот не може се да биде розево и глатко и се да ви трга од раце, секој во животот има ас анд даунс, и не идеме да си ги решавама на бајачка. Научете се веќе еднаш да не се увреѓувате и да не барате извинувања, зашто нема да добиете, па уште и не прифаќале извинување, а кој ви го нуди?
Jas potpolno te razbiram, istoto i jas go imam napisano i koj ima videno maka razbira i znae deka e taka, no pogolem broj od ovie na forumov za inaet zboruvaat a sigurna sum da im se sluci nesto takvo deka ke baraat pomos makar i na kraj svet za najmilite.
Па постојат луѓе што идат на бајачки,да им кажуваат иднина па уште и цврсто веруваат во тоа. Против ова сум и јас. Но, сакам да кажам, има и такви кои идат ради проблем, вистински проблем, а вие се подбивате со тоа, за некого навистина осетлива тема. Сакав само да ви кажам да "оладите" малку, сите разбравме дека не верувате, во ред тоа си е ваше. Уште и ми држиш лекција што е совесно,а што не, според тебе секако. Ах да,и ние сме тука свилените и одма си донесе заклучок за нас и нашите личности. Браво Да јас се налутев,или да си го дигнев носот, ќе си отидев од форумов, тивко. Има разлика помеѓу "дигање нос" и осетлива тема, за тоа си свесна. Единствено нешто ради што одговорив на вашите постови е да ви објаснам дека сето тоа е осетливо. Но ти упорно ми кажуваш дека не може никој да ти го одземе сето тоа, и ова е форум, тогаш продолжи така совесна девојко.
^ Бајачка осетлива тема?????? БАЈАЧКА??? Каде живеам, КАДЕ!!!! Не бе неосовесна сум што се подбивам до бајачки и магии, ако ме прави тоа несовесна одбирам да бидам, зашто за други работи за кои сметам дека треба да се биде совесен сум и повеќе од совесна и самосвесна. Тоа е најбитна и осетлива тема,не деца, трудни жени, војни, земјотреси, сиромаштија, тоа што Скопје се гуши во чад, смог и бетони а дрвја секојдневно ни се сечат додека спиеме, неписменост, тоа не е осетливо, бајачките се, така За ваше добро ви кажувам само да не ве прават будали само и да ви се смеат позади грб, триејќи раце со ваши тешкозаработени пари. Болест се лечи на доктор, проблеми во брак се решаваат со разговор со партнерот, проблеми со деца се решаваат исто си разговор или на психолог, а надеж се наоѓа во црква/џамија. НЕ КАЈ БАЈАЧКА! И ти продолжи да ми реплицираш и цитираш, нема да престанам да ти возвраќам зашто го имам тоа легитимно право и едноставно не можам да се помирам со фактот дека некој верува во тоа и го оправдува и потикнува тоа одење на бајчки, размена нa телефонски броеви и уште не правите НЕСОВЕСНИ зашто не сме заслепени како вас. Заслепени сте вие, и кога верувате во такви сра*а како магии, не само што сте лесен таргет кон измаминиците, туку во се што ви се дешава лошо, психички-параноичното ве тера да мислите дека е магија. А да, ова сакав да го кажам одамна ама сум изумила, ако наоѓате конци по дома, или не знам какви работи во двор, по ќошови запрашајте се кога последен пат сте исчиситиле темелно а не паметот одма да ви лета на магии и бајачки. Убаво си рече Маријан, од глата си патиме, најпаметната реченица која сум ја чула во задње време.
Секој си верува во што сака,што се контрате без врска само,Хипстер ти вака така ке магистрираш на оваа тема Магии и Бајачки
^ Витормир, јас ќе магистрирам да ама само на правен факултет и тоа за уште неполна година и на ништо друго А со тебе што праиме, ти да не ќе магистираш мешање у секоја манџа? Мала шала. Не се мешам у некој тема секој си има право на свое мислење, ама да се убедува дека има магии, и дека се растиураат на бајчки, во 21 век ми е нон сенс и да не праат будали или пази НЕДОВЕСНИ, те молам.