Ти сметаш дека ова е мешање,нццц човек да неможе да се нашали со тебе,јас моето си го завршив одамна не се секирај за мене.
Па човек со тебе да не може да се нашали, и ти пишав мала шала на крај, сега ти како си го сфаќаш не знам јас. Не беше навреда де, аман си со мене се шегуваш јас со тебе, да не останам покуса Не го сметам за мешање бре ту, а што да кажам јас што се подбиваш со мене дека ќе магистирам на темава? Навреда до коска. Не биди толку буквалист па и ти сега, ту мајку ми стара.
Добро те сфатив јас, не мораш да ми набројуваш други ОСЕТЛИВИ теми, мислев особно еве конкретно за мене ќе си кажам кога веќе се фатив на орото,да си го изиграм до крај. Зарем стварно мислиш дека не би побарала прво лек во медицината!? Зарем стварно мислиш дека прво отрчав кај бајачка!? Еве јас ќе ти кажам не, само да расчистиме. Пробувавме секаде, кај не отидовме (зборам за медицина). Состојбата не се променуваше,се беше исто. Веќе почна да се паничи, далеку од тоа дека сме нашле нешто дома, па сме верувале дека е магија, не не... Медицината се откажа,и што требаше да да се направи!? Да седам со скрстени раци, и да гледам како личноста ја губам, пред мои очи? Јас ќе кажам верувам дека има виша сила, како добра така и лоша. Јас фала Богу,секој ден не идам кај бајачки или па да станувам параноична кога ќе најдам нешто во двор, не не. Психа така лесно не ме је*е! Дури и не ни приметувам такви работи, ама ете кога ќе ти излезе проблем, ќе бараш решение насекаде. Нашето решение беше таму, и кажи ми.. Како јас да не верувам, кога се' се случуваше пред мои очи. Налетувам на форум,си оставам мислење фино културно си искажувам став во врска со таа тема, и одеднаш моето мислење е исмејувано. Ама дајте малку почит бе, каде отиде почит кон други ставови и мислења!? Или не, вие ме сфаќате, како јас ве убедувам дека треба да верувате!? Не не ми е тоа поентата, само сакав да ви кажам да не се засмејувате на таа тема. Вие си кажавте, дека никој не може да го одземе тоа од вас. Во тој случај џабе е, колку и да пишувам во темава, ќе ти давам повод за измејување. Ти го браниш тој став, јас овој тоа е тоа.
Секако дека се зезаш,мала провокација имаше од моја страна но не беше злонамерна,не се навредив само ти одговорив.поздрав до тебе
Ти па покуса кога си останала кога е шала у питање? Ем апла урочена, ем тука пак си ја бараш бељата... Нејсе, мене не ми беа за толкава фама кревање постовите на Хипстер. На почеток кога се изјасни, беше малце поостра, но јас, иако сум осетила и мислам дека постои таков вид на насочување на негативна енергија кон нас , не се осетив навредена. И не верувам дека го кажува ова да ви покаже омраза или нешто слично. Туку тоа што го искажува е револт против тоа каде луѓето си ги фрлаат парите И јас би додала а во исто време се бунат зошто поповите земаат пари за венчавки и крштевки (пример). Баш нејзиново е подобронамерно од моето, мене навистина не ми е гајле дали некој си ги фрла парите или не. Моите нека не ги гиба.
Сите си имаме по некоја тема на која сме поригорозни и за која имаме цвст став. Да во право сте можеби сум малку дрска и груба,ама верувам и имаш некоја тема по која имав таков став, не ми е понтата да ве навреудам или правам глупи, баш напротив. Го искажав во милион наврати, доста беше и јас си ја знам границата на нештата до која можам да одам. Не можам да ве разубедам и жал ми е, но тоа е, i rest my case. Mожда јас не сум совесна, но затоа бидете вие во иднина и отворете очи 14 кога ќе се решите на таков потег како оставање пари на бајчка. Можда јас ви се осипувам вас, но не сте свесни колку таа верба или како да ја нарачеам во магии вас душата ви ја оцрнуваат и отежнуваат главата со неубави мисли и страв, јас не би сакала да живеам таков живот полн со тоа дека цел свет е против мене и дека ми прават магии и уроци. Замисли се Клер и ќе видиш за тоа барем дека сум во право,за друго иаку сметаш дека не сум. Како викаа к-15, ин хелоу боди белоу гоуст Мирна душа и чисти мисли.
Добро е феминке, се искажа до сега дека не веруваш и ок, ама немој нас да не разубедуваш ( читај погоре контрадикторност). Си знаеме ние што е најдобро за нас, а ти терај си по твое и никој не ти се меша, совет секако дека не ти побаравме ( а има еден куп теми за совети). Пари не оставаме, немај гајле. Барем јас на тие две места кај што сум била и кај што ми помогнале кога медицината била збунета и незнајна, не ми побарале пари Гледам некоја феминка во предходните постови коментирала за тоа што оставив броеви од гледачи за феминките на кои им е ПОТРЕБНО, тоа не е реклама тоа е помош од моја страна, зашто што јас сум се намачила додека сум нашла па несакам и другите да се мачат додека проблемот или маката им е присутна во животот. Не е мое да кажувам сепак ова е форум за сите, ама има миклион други теми на кои може да си тепате време, не го тепајте нашето со постови и совети кои не ни се значајни фала многу чао догледање пријатно А да дополнам броевите ги ставив така јавно за да може секоја да ги има, немора по 1000 лп да ми пишуваат и на сите посебно да им вратам, а и не станува збор за топ шоп производи
Hipster, јас се трудев да не ти возвратам со дрско. Иако на момент, бев саркастична. Ќе си кажам пак, го почитувам твоето мислење. И го прифаќам и твојот совет, за во иднина. Разбирам исфрустрирана си од тоа како размислуваат луѓето, можда затоа и си изреагирала така дрско. Мислам дека се разбравме и двете што и како имаме да си кажеме, поентата на постовите. А сега, бидејќи во врска со оваа тема кажав дека ќе пишувам лично за себе имам да кажам уште ова. Јас не сум опседната со тоа дека сите се против мене, да ги заприметувам сите "ѓубриња" околу мене, мислејки дека сите ми прават магии, или да си ја оптоварувам душава со такви лоши работи. Само искажав дека ми се случило,и дека верувам.Но, не сум опседната со тоа или пак постојано да ми се такви мислите. И да, како што ги викате вие магионичари, има разлика од едни до други. Меѓутоа да не се враќам назад и да не се повтотувам, и јас сум за тоа, какви ти се мислите, таков ти е животот.
Не сакам да верувам, но понекогаш кога зборувам со некој повозрасен и кога ми кажува сепак мислам да постојат сеуште магии
Се разбира дека не верувам во „магии“, постојат само трикови. За овие магии за кои се зборува во темава пак уште помалку. Дека постојат злобни и прости луѓе кои мислат дека можат и се способни со црни кончиња, крпчиња, лажици, вилушки и други тракатанци да направат лошо, апсолутно дека постојат, и за жал, наместо како што се движи напред светот да се намалуваат, тие се зголемуваат се повеќе. Најмногу ми е жал кога гледам млади луѓе кои имале можност да се образуваат, завршиле школо, па дури и факултет, го имаат цел свет на дланка, а тие веруваат во разни глупости, како хороскопи, магии, уроци и други суеверија. Ајде пред 100 години кога немале школи, бабите наши да верувале во бајачки и слично, ама наши врсници и врснички да веруваат е целосна игнорантност. Се разбира постојат работи кои ни се непознати и мистрериозни, ама да се обидуваме да ги објасниме и да веруваме во објаснувањата кои ги давале нашите предци од пред повеќе векови е лудо. Искрено моето семејство е многу суеверно и до пред некоја година и јас многу верував во овие работи, а плус и мојата прабаба беше бајачка. Почина на 90 и неколку години, тогаш јас имав десетина години, ама памтам се до нејзината смрт ни доаѓаа дома луѓе да им бае. Започнала со „кариерата“ уште додека била млада, значи пред стотина години, како бајачка, „растураше“ вакви магии, ама „специјалност“ и беа уроци. Памтам секојдневно ни доаѓаа дома за да им бае, а тие кутрите болни нешто, настинати, деца со температура, си имаат некој психолошки проблем, имаат некој проблем во фамилијата, а наместо да го прифатат и да се соочат со проблемот, тие мислеа дека може магично да го решат со една лажица брашно. Значи дури и во последните децении на 20 век имаше луѓе кои бараа спас во овие работи, додуша прабаба ми не им бараше пари и не им земаше, беа доста задржани како фамилија и не им требаа пари или нешто да им даваат, ама кога започнала додека била млада и не била мажена, преку ова се прехранувала и затоа мислам дека таа не беше во заблуда дека нејзиното баење е некоја виша сила, туку беше свесна за плацебо ефектот и дека единствено е сугестија.
"Оn my fortieth birthday, I openly declared my dedication to being a ceremonial magician, something I saw as "a logical end step to my career as a writer". "One word balloon in From Hell completely hijacked my life… A character says something like, 'The one place gods inarguably exist is in the human mind'. After I wrote that, I realised I'd accidentally made a true statement, and now I'd have to rearrange my entire life around it. The only thing that seemed to really be appropriate was to become a magician." " I associates magic very much with writing; "I believe that magic is art, and that art, whether that be music, writing, sculpture, or any other form, is literally magic. Art is, like magic, the science of manipulating symbols, words or images, to achieve changes in consciousness… Indeed to cast a spell is simply to spell, to manipulate words, to change people's consciousness, and this is why I believe that an artist or writer is the closest thing in the contemporary world to a shaman." - Alan Moore
Да,верувам во магии,како енергија,која може да ги придвижи работите кон полошо или кон подобро. Но, оние бајачки кои за пари ќе ти ги решат проблеми и во оние црни магии со конци и триста чуда ми се смешни,навистина.
Да чува Господ секаде од вакви глупости,мене не ми се случило да ми напраат ништо и не ни сакам,ама на мои блиски им направиле и тоа како!! таквите луѓе не заслужуваат да живеат,ама секогаш друг плаќа место нив
Тие што веќе биле ''жртви'' на црната маѓија,ме интересира на кој начин се справиле,односно како се ослободиле од неа?Бидејќи никој конкретно нема напишано кај бил,што направил...
Иако не сакам, јас верувам. Бидејки имат напраено на член од моето семејство, поточно на сестра ми. Еден ден, јас не бев дома кога дошла кај нас некоја жена да проси. И сестра ми излегла и и дала нешто и таа и рекла ако сака да и гледа. Сестра ми прво не се согласила но таа настојувала. И рекла мн работи што ке и се случат во иднина, мегу кои и дека наскоро ке се разведат со маж и. (домазет) бидејки некоја од комшсивките и направила магија и нејзе, но и на нејзиниот маж да биде како спулавен едноставно да не ја поднесува сестра ми, да не може да ја гледа. И точно дека беше така тој период, нон стоп карање и ред др работи. Не помина ни 3 месеци зетот си отиде дома.. Е тоа е.. ја занам која е комшивката, но само можам да кажам ГОСПОД Е ГОЛЕМ, нека ја казни тој.
никој нешто што не осетил на своја кожа неможе да го коментира... можеби лугето кои веруваат во магии се заостанати и незнам уште како ги нарекувате... ама секој што тука кажал дека верува има нешто осетено на своја кожа...!!! и тие магионичари што ги нарекувате имаат спасено многу животи.. затоа што тие имаат виша сила и кажуваат според тоа што светците нив им го кажуваат... и како што кажа една од феминките ова е стварно осетлива тема.. ама кажувам пак тој што нема осетено како е .. секако дека ке се смее со другите кои стварно имаат проблем и знаат какво е тоа искуство... и да така наречените магионичари не бараат пари.. лугето кои одат сами одлучуваат дали ке им остават пари... има бајачки кои кажуваат цена но има и луге кои стварно имаат виша сила... јас сум била кај такви луге.. и стварно многу ми помогнале... за тие што не веруваат нека не веруваат ама не дај боже да дојдат до ситуација кога стварно ке им треба помош од "магионичарите" и кога ке појдат таму ке останат со отворена уста кога ке слушнат дека некој што прв пат го гледаш и те гледа знае се за тебе и за твојот живот... И да можете да си го оставите вашето мислење со ДА или НЕ.. а не да ги вреѓате лугето што веруваат во смисла како се заостанати и како трошат богатства... во такви тешки моменти не ти се важни парите... важна е среќата и здравјето пред се... !!!! секој тука што се соочил со такви работи знае како е... затоа немојте да се подбивате со таквите луге... затоа што е стварно болно некој да те навредува а појма да нема низ што се поминала таа личност...!!! и да јас верувам во магии и во луге кои имаат виша сила...!!
E kako e toa ne e meshanje,koga na sekoj post,samo replicirash :geek: .Odluchi , dali sekoj ima pravo na svoe mislenje(ako navistina toa go mislish ili ne go kazuvaj) ,bez da osuduvash dal nekoj veruva ili ne veruva u 21 vek(ova 21 vek mi prekisna,vo sekoj kontest se koristi). Za magii deka postojat,postojat..prvo pochnete od amerikanskite indijanci,pa aboriganite pa na dalje (mozete na net podetalno da se informirate)
Jas poveke pati imam napisano deka ne veruva samo onaj koj saka da zboruva za inaet i koj ne osetil na svoja koza ili pak onaj koj defenetivno znae da pravi magija a za da ne odaat lugeto da si baraat spas pisuva obratnoto ovde gi ubeduva lugeto koi stvarno sradaat da ne si go najdat lekot, magija od sekogas postoela i ke postoi, vidoviti luge od sekogas postoele i ke postojat i mozam da recam sega gi ima vo mnogu pogolem broj nego vo minatoto.
Внука на Баба Ванѓа тврди дека пророчицата била под влијание на демони Касимира Стојанова роднина на баба Ванѓа во својата книга „Вистината за Ванѓа“ ги забележала нејзините зборови: Тоа не бев јас, тоа се други, кои се наоѓаат покрај мене. -Баба Ванѓа, бугарска пророчица, не е кротка, добра, вредна и искрено побожна како што е претставена во серијалот Вангелина кој се емитува на првиот канал на бугарската државна телевизија, напишал Дионисиј Свечников како одговор на серијалот. Ванѓа никогаш не имала нешто заедничко со Бог, а нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение, според пишувањата на Касимира Стојанова, внука на Ванѓа. Во книгата има примери во кои се тврди дека бугарската врачарка била во непосреден контакт со демоните. Извадок од книгата на Касимира: „Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што по вечерата во нашата куќа во Петрич Ванѓа изненадно почна да зборува обраќајки ми се на мене. Тоа веќе не беше таа, слушнав глас на сосем друг човек: „Секој миг си под нашето будно око". Потоа ми раскажа се што сум правела во текот на денот. Останав без зборови. Потоа ја прашав тетка ми: Зошто ми го кажа сето тоа? Ванѓа се зачуди: „Ништо не сум ти кажала". Меѓутоа, кога и кажав се што сум слушнала од неа, таа тивко одговори: „Тоа не бев јас, тоа се други кои се наоѓаат покрај мене. Едните ги нарекувам „мали сили", тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и „големи сили". Кога тие почнуваат да зборуваат со мене, односно преку мене, јас губам многу енергија, ми се лоши и после тоа сум многу изморена". Еве уште еден пример од книгата од кој ќе видиме дека Ванѓа била во контакт со демоните: „Сознавајќи за несреќата која доаѓа, мојата јадна тетка бледее, паѓа во несвест, од нејзината уста излегуваат неповрзани зборови, а нејзиниот глас во таквите мигови нема ништо заедничко со нејзиниот обичен и нормален глас". Гласот е многу силен, нејзиниот речник во таквите моменти се разликува од секојдневниот речник на Ванѓа. Како некој разум да се вселува во неа, како да и ги соопштува судбоносните случки. Таа тоа го нарекува „голема сила" или „голем дух". Мислам дека нема потреба да говорам за тоа кого Ванѓа го нарекувала „голем дух". Во последно време се шпекулира дека Бугарската православна црква ќе ја вброи Ванѓа во редот на светителите. „Бугарската православна црква не планира да ја канонизира баба Ванѓа. Додуша за такво нешто немам слушнато во нашата Црква. Ако постои нешто такво, претпоставувам дека тоа е дело на некој кој се обожаватели на нејзиниот култ. Вистина е дека таа со сопствени средства изгради храм, кој беше сликан од еден од најпознатите бугарски уметници. Меѓутоа, уметникот прв пат работеше на храм и од сето тоа испадна нешто ужасно, во вистинска смисла на зборот" - напишал на порталот Василиј Шаган, игумен на храмот „Св. Архангел Михаил" во бугарскиот град Варна.