безразлика на тоа дали баба ванѓа била на една или на друга страна, уште еднаш ни докажа дека маѓиите постојат
Немам јас што да докажувам, само сакав да го поткрепам мислењето на неколку феминки дека тие бајачки/пророчици и сличне ствари не се природни, ниту од Бога дадени. Нив НЕ им даваат сила иконите, ко што тврдат, туку други сили, кои јасно дека постојат, чисто за баланс во животот, така? Кој сака да се „продаде“ на другата страна - слободно нека оди, сега да, имате и официјална потврда дека магиите постојат, само што Лошиот чичко ве „чисти“, не Добриот
ок насловот на темата е дали верувате во магии а не која е баба ванга и дали е демон или светец Ок ти веруваш Но има некои што не веруваат
Сум немала искуство со вакви работи...Ама му се имат случено на мој братучед...Знам дека не можеше глава да крени... Човекот се накрена за краток период од 2-3 месеци дури и се жени...Но се си има своја цена..Сега не можат дете да имаат... И затоа и јас почнувам да мислам дека на бајачите гатачите растурачите на магии не им кажуваат иконите туку некоја поголема сила,црна сила...
Окцензи, не е баш така. Потребно е луѓето да се информираат, бидејки некои едноставно не знаат кој е кој. Последиците подоцна се големи. Духовноста не е наивна работа. Ако тебе те боли, ако ти си оштетена, како моја православна сестра во Христа, тоа се рефлектира и на мене и цела околина, на невидлив начин, начин кој не можат сите луѓе да го забележат. Должност на оние кои се свесни за оваа појава, е да ги предупредуваат своите браќа и сестри. Не е толку едноставно; а Окцензи не ми е крвна рода, што сака нека прави, нејзин избор. Не е така, воопшто. Ке дадам еден поопиплив пример: ако поминувам улица на погрешно место, ако постои опасност да ме удри некоја кола, инстиктивно ќе ме предупредиш, нели? Ако си во близина, ако видиш дека сум во опасност, нема да ме фатиш за рака да ме повлечеш? Исто треба да биде и во духовната сфера. Сите ние сме поврзани. Колку повеќе среќни луѓе околу мене толку сите диховно сме поисполнети.
срцка во право си, навистина е така посебно болдот, но темава е дали веруваме или не, а и секој кој верува може да даде пример и оној кој не верува може да си го изнесе ставот. Не е темава за тоа да се објаснуваме која е темна страна а која светла. Насловот е јасен и нема потреба од одење офтопици а најмалку од разубедување на другите ( тоа одсекогаш ме нервирало, посебно кога станува збор за вера или религија)
И уште да додадам, дел кој многу ме револтира е тоа што некои феминки ( во случајов и јас) биле на некои гатачи за да им помогнат, некои феминки овде ги сметаат за ретардирани, малоумни, болни, лабилни итн па дури и вештерки. Не, не е вештерство во прашање, туку секој за својата мака си го бара патот на овој или оној начин. Не судете за да не бидете судени, нели тоа не учи христијнаството?
Кога бев мала верував во магии, гатачки...Но, сфатив дека од тоа нема ни грам точност. Могу луѓе потпаѓаат под такви верувања, си ги даваат и последните пари за магии со цел да си го подобрат животот. Се` се наоѓа во нашата психа - ако јас денеска одам да ми ја оттргнат магијата од кој бел ден не можам да видам - автоматски очекувам дека веќе се` ќе биде во ред и почнувам посмиерно да живеам..па така на психолошка база јас сум посеќна и не сум заробена во телото на црната магија. Секој си има свое право да верува во што сака, тоа е моето и јас верувам дека постои една виша сила - Бог, кој го води секој еден од нас!
Jas sum protiv gatanja, magii i slicno!!! Pred se kako hristijanin i kako vernik! Megutoa otkako sum vo brak gi imam slusnato rodninite na soprugot deka veruvaat vo bajacki, magii i slicno...me teraa i deteto da go nosam... Kako i da e, se drzev na distanca, ama zaednica kako zaednica, moravme da se zakackame nekolku pati za poveke raboti...da ne dolzam...veke godina dena ziveeme nastrana, cesto se gledame so niv, ne deka sakam, ama da nema kavgi, i odnosite se ok, kako nisto da ne bilo...ama nekolku pati vo posledno se ima sluceno, koga svekrvata ke sedni do mene...slucajno so nogata da me potcukni po noga...aj si velam slucajno, ama taa nisto ne reagira...i nekni pak, tret pat....pa kolku i da nevervam pocnav da se somnevam bre luge...da ne mi praj zenava nesto!!!Nesakam da vervam ama naredno ako se povtori pak...ke gledam da sedam podaleku!!! :/
Јас не верувам во магии. Но, би сакала да има... lealuka, пишувај на кирилица те молам, вака на латиница на никој не му се чита зошто и не е многу разбирливо.
Da не верува човек но тоа го забележав и кај свекрваи на сестрами секогас кога ке се качеше кај неа на кафе крстови чртасе со нозите само ги мота под столот човек да фане да ја обеси да незнаеш како да постапиш
Верувам во магии затоа што сум слушала какви маки истргале моите блиски, но пред некоја вечер се случи нешто многу чудно и би сакала некој да ми каже за бајач, гатач во Прилеп....Под креветот кај што спиеме јас и мажот ми најдов нож.Тој ист нож го снема неколку месеци после нашата веридба, кога се преселивме на другиот спрат.Луѓе очите ќе си ги ископавме еден со друг.Кавги секој ден.И сега го најдов ножот...Незнам што да мислам...Дали некој ми го ставил намерно или....Незнам...Многу алишта ми ги снемува па ги наоѓам по 2-3 недели.Би сакала да појдам кај некој што ќе ми помогне.
Sakam da ve prasham dali znaete nekoj sto pravi magii .. mislam deka treba da posetam nekoj takov zasto mislam deka ne se desava nesto vo red so mene :\\ itno e ...
Оди кај Душко од Велес ќе ти каже кој ти го ставил и све остало ко дома да ти бил. 043 227 363 звони на 30 месецов за да закажеш ама упорно едно по друго цело време додека не добиеш тешко се добива...
а дуле ке те прати кај Миле,затоа што дуле само кажува кај што има ставено а не се нафаќа да го извади,така да миле според мене е најдобриот човек што сум го сретнала,и тој може и знае се како со рака да го е ставил тој немам коментари за човекот,кај мене кога дојде јас се запрепастив,уште што не извади и не кажа