Магијата ја доживувам како.. енергија. Верувам дека енергијата е моќна работа. И колку подолго си во близина на нејзино присуство толку поголеми размери има ефектот. Мислам дека во последно време сум под влијание на негативна енергија. Дека таа енергија ми е испратена конкретно мене, можеби, и дека логички се шири на луѓето околу мене.
Не верувам во гатање,не верувам во моќи,верувам само во баење и „магиите“ од типот 4 конци на ова,она под јастук,ке побараш чаша вода и пиејќи ке имаш мисли бла,бла. Верувам од искуство т.е. не од лично искуство туку од искуство на едем многу близок човек,кој е моја крв.Несакам да ја раскажам случката од х причини
Баш вака, повеќе верувам во енергија, и магијата така некако ја гледам, како негативност, фрустрации испратени кон одредена личност или предмет.
Па,почнав по малку да верувам бидејќи неколку другарки ми имаат кажувано дека имале случки со такви некои магии конци,ова она...Само не можам да разберам зошто некој на некому би му направил магија,зарем има и дотолку расипани луѓе? Неверојатно...
дали некој има некои искуство со илија ос ѓорче петров, тој со икони работел, мајками слушнала за него и сака да иде, пошо сме од скопје сака да иде кај него, илија мислам дека се викал, ако грешам поправете ме. ако има некој нека ми пише ве молам.
Ве молам, некој да ми каже за Маре од Петровец, како се стигнува до даму, каде се наоѓа точно, сакам да одам ама незнам да се снајдам
Ве молам некој ако го знае бројот на Дуле гледачот од Велес, да ми го напише... итно е! Ви благодарам
немам број али прашај некој што бил кај него мојте беа ама го немаат бројот и кога ке го земеш бројот само треба да се јавиш на последниот ден од месецот само тогаш можеш да закажеш а иначе ако го најдам сллучајно ке ти пишам обавезно
инаку верувам во магии и знам и кој ги прави тие магии али верувајте дека и тие што прават и тие што зимаат направени магии аир не гледаат .... верувам во многу нешта поради тоа што мн раб ми се имаат случено
Верувам. И тоа знам луѓе кои со сигурност не се на страната на доброто. Само од магии им се живее. Пред 3 години брат ми закачил некоја „направенка“ на вратата од гробиштата, на денот на погребот на вујче и вујна. За тоа верувам.