Мајката на мојот дечко ми прати долен веш од бети метлика и во nego iмаше сол и брашно.кога ја прашавме што е рече незнаела од каде тоа ми е страв да не ми прави магии ако знае некој нека ми пише ве молам а вака не признава а дома и најдол дечко и книга-маѓии од кајшаров.плс
Се распрашав за ова, и ми рекоа дека праено е нешто се како што ти има пуштено да го пуштиш по вода, во некоја река, не на место кај што стои вода..Стварно има болни луѓе, само Господ да не чува од вакви работи...
Верувам ама и неверувам нз ... и се има случено на една многу блиска особа ама сепак јас викам ако си замислил дека ти се случува неш и така психата че ти работи и така че се чуствуваш и такви работи че ти се случувааат ама сепак знам дека постојат па нека ме чува госпо
DA ne go ima nekoj brojot na Dule gledacot od Veles pod itno mi treba. pls ako go ima neka mi napisee pp. pozdrav
Да, верувам.Порано не го сфаќав ова избилно но откако на една блиска особа и се имаше десено ова почнав и те како да верувам.Тоа може само болен ум да го стори, да нанесе зло на други свесно..али знаете како велат тркалото се врти,Господ гледа, ако тие не испаштаат за тие дела некој од напредните генерации сигурно.Жално е но така е ..
Јок, какви магии. Многумина велат дека им биле направени некои магии, дека наоѓале некои работи дома или шо ти ја знам али мене сето тоа ми изгледа како бабини приказни, ништо друго.
Не сакам да верувам. Тоа е состојба на мозокот. Но, сепак, на вујна ми и се има нешто слично случено. Наспроти неа живее жена со која немаат муабет. Жената е веќе постара. До пред некое време, кога вујна ми одеше на работа жената на тераса и ја гледа во очи и ја прати со поглед додека може. Потоа почнала да мети пред неа. Вујна ми почна да добива главоболки секогаш кога оваа ќе ја видеше наутро или ќе сметеше пред да помине. Потоа и се појавуваше и алергија по телото. Веруваа дека е магија, бидејки докториве не знаеа што и е. Инаку свекрвата на вујна ми ја слушнала споменатата жена како со друга комшивка зборуваат за одење на гробишта во невообичаен термин, навечер, и тоа чив син да ги носи. Искрено, во нешто што не сум видела не верувам. На случајов мислам дека е случајност, но сепак не знам. Лично ништо не сум почувствувала. Како мала ме носеле на баење пошто многу сум плачела, но не помогнало. Си стојам на она верувај во тоа што ќе го видиш, не во тоа што ќе ти го кажат.
Верувам, сум осетила на моја кожа. Не само мене, туку и на целото мое семејство. И да, има луѓе - гатачи кои навистина можат да ти помогнат. Сум одела кај многу и се што ни имаат кажано е вистина.
Да верувам.Има секакви луге ко се спреремн да сторат се за да ти настетат.Несакам ни да помислам сто ли не сме ногале пред врата секакви глупости.и за тоа верувам.
Даа верувам,му имаат напраено на моето семејство,поточно на татко ми.Искрено од вакви работи најмногу се плашам
НИкогош до сега не сум верувала во магии дека демек на некој мозе тоа некој да му направи магија па после тој да трча по неа или обратно. хехехеххехехее Чисти глупости според мене/ Совет: Никогаш не верувајте на такви работи и негубете време за глупости.
Јас незнам дали верувам или не...на некои нешта да, на некои не...има многу шарлатани, кој што лажат, за да земаат парите. Ќе ви кажам случка, која ме наведе на мислата дека има магии...преди години мама и тато многу се караа, за малце да се разделат...дома не влегуваа пари, само што тато земеше плата и се даваше по сметки и оставахме без пари, а предходно си живеевме супер, некако одеднаш све се сруши...Двајцата појдоа кај една жена на село, која е лечителка и гледала за магии. Рекла на мама кога се врати дома, да влезне во мојата соба, да обрне едната саксија со цвеќе и на даното ке најде нешто. Да го фрли во течашта вода-река. Кога се вратили дома, стварно најдели топка со косми, волна...Со саксијата, со цвеќето со се са фрлили во река...после тоа се средиа нештата дома како што си беше порано...неќам да верувам дека има “вештерки„ кои мислат како да го смачат животот на луѓето, ама еве...има ги
Скептик сум кога се во прашање магиите. Покрај сите мои не верувања, укажани ми се неколку факти кои ме тераат да верувам во истите. На пр. Една моја комшивка не можеше да остане бремена со години. Мајка и отишла кај некоја жена која се разбирала во магии и жената и рекла дека на прагот пред вратата под тепихчето има капки крв. Кога ќе ги измие капките ќерка и ќе може да забремени. Прво доаѓање дома женава навистина наоѓа крв под тепихчето, ги чисти капките и по 2-3 месеци ќерки и остана бремена. За жал имаше спонтан абортус, но битно остана. Потоа пак се обидуваа со мажот и, си забремени и сега си има 2 деца. Другиот пр. е за еден мој болежлив роднина. Никако не можеше да оздрави потполно. Од едно ќе закрепне, ќе фати друго. Мајка му исто така посети жена која се разбира во овие работи и замислете женава и кажала дека магијата се наоѓа во висечите позади тањирите за јадење. Таму некој оставил некоја кутија како од чај со внатре некакви треви. Требаше кутијата да се запали за детево да закрепне. Мајка му ја најде кутијата на истото место, ја запали и детево живна. Бог да чува, во овие два промери верувам бидејќи луѓето многу добро ги познавам. Многу проста работа ми е кога луѓето се занимаваат со овие работи, какви болни умови се тоа? Да прават магии за да предизвикаат нечија штета?! Се е можно, си останувам скептик и понатаму но не е дека па воопшто не верувам во оваа работа.
Верувам премногу, имам и јас мн примери за вакви грозни работи што им правеле на луѓе што ги знам. Еден од нив... Маж и жена се зимаат, таа од драчево типката (инаку ако не сте знаеле, во драчево има најмн такви бабетини грди што прават вакви ужасни работи, барем така кажуваат луѓе) откако се земаа, човекот се скара со цела негова фамилија, сите ги избрка, само сам да живее. Сестра му ја избрка кога им отишла на гости да ги види. Не зборел со никого мн години. После 8 години и се јавува на сестра му да се видат, ама муабет правење ко ништо да не се случило. ја викнал на гости, (ама жена му била кај мајка и во драчево на гости неколку дена) он бил сам дома. Сестра му одма отишла не и било јасно што се случува и човеков најнормален супер муабети прави и се однесува, ко да не бил тука во земјава, ко да се вратил скоро од странство па не се виделе. Се јавила жена му во мегувреме и он и кажал дека седи со сестра му. Таа сфатила што се случува, одма дошла дома, сок им ставила, човеков се напил и пак ја избркал сестра му. Дефинитивно го труела со нешто човекот штом е таков. Им кажала некоја жена дека таа му дала некаква вода да се напие, за да биде таков. Како ке му каже она така ке биде, што сака она тоа прави човекот, ко да нема памет, така изгледа. Страшно и грозно!!! Туку некој знае број од некој што открива магија и прави нешто за да ја снема????? Итно ми треба, сериозно е многу!!! Ве молам ако имате или знаете некој пишете ми во ЛП, бескрајно ке ви бидам благодарна!!!!!
Ако не сте верувале, почнете да верувате оти навистина постојат такви работи и такви луѓе (ако може да ги наречам) што прават такви работи знам многу примери само Господ да не чува од тоа
Сум слушнала за многу случаеви ама, мене и не ми се баш за верување Мене не ми се десило такво нешто... можда и затоа не верувам баш...
Феминки мои драги, ве молам за помош! Ако знаете број или адреса од некој човек кој открива магија и прави за да ја снема, ве молам пишете ми!!! Навистина ми е потребен таков човек! Не е битно од кој град/село е, само да знае да ја открие и спречи магијата!!! Премногу ви благодарам!
Kако ги прават магиите луѓето бе страшна работа е до каде човечкиот ум е подготвен да оди за да му наштети некому.маѓии прават прости луѓе ,кои немаат попаметна работа....јас лично не верувам,иако ми правеле,и на фамилијата моја,сме наоѓале чудни работи по дома,и мене ми имаат правено ,и мислам дека ако нешто ни тргне лошо-одма помислуваме дека магија ни имаат сторено и откако ќе ја откриеш магијата-ти тргнува на арно пак имам слушано од блиски многу примери-блиска колешка пошла на гатачка и и кажала индексот никако да не и го дава на една друга колешкадури и го опишала девојчето,бидејќи го попрскала со вода да не и оди факсот,а таа пиша квадрат 2год,потоа и рекла дека татко и има швалерка што подоцна испадна точно ,јас бев сведок како и беше беа пред развод нејзините.... прва моја братучедка,си беше ок,додека еднаш не почна да и се врти да паѓа во несвест ,на школо,на екскурзии на кафе-буквално секаде...имаше страв да излезе сама и никаде не одеше...беа на лекари све провери,буквално се,секакви витамини пиеше се и беше ок,а несвестиците продолжуваа...отидоа на гатачка и таа им рекла -пред неколку месеце си била на гости кај твојата најдобра другарка,црна,ниска со виткана коса,си седела со нејзе и баба и,си го закачила палтото во ходник-и палтото го опишала,бабата те има попркано со капки крв одвнатре кај ракавот на левата рака таа дојде дома го зеде палтото-беше крем и од внатре убаво се гледаше темно црвено закоравено нешто,го фрлија во контејнер го запалија палтото и сега е ок ....И пак нешто не ми дава да верувам до крај во магии