незнам дали да верувам во магии но пред неколку година имам најдено чудни работи дома во шкафот улушки со крв два трипати имам најдено дури и со рака ги имам фанато а после ги фрлив во губре на мајка ми и кажав ама она не верува ногу у такви работи немаме одено некаде од тогај натака се надоле ни оде посебно на мене.Ако знае некој од Штип што гледа нека пише
Браво за ова што го кажа! Во потполност се согласувам. Никој не може да биде сведок за туѓата болка, за туѓото страдање. Според мене, не треба секој да го осудиме тој што верува во магија и што не дај Боже искусил на своја кожа. Такво време дојде, човек во се да почне да верува. И јас имав непријатно искуство кога станува збор на оваа тема. Ама од каде би знаела дека постојат будали до тој степен, да уништуваат туѓ живот! Сепак Господ е голем, се гледа, нека враќа. Секој има право на мислење, јас само си го кажав своето.
Ете и јас да споделам нешто што се деси во моја близина. Значи пред 2 ипол години бев на веридба на доста блиска другарка,ние другарките седевме во едната соба а во другата до неа беа роднините од мажот што дојдоа,поблиската фамилија на другарка ми,и сега кога дојдоа од машката страна,имаше свирачи и на самиот чин на давање на девојката отидовме во др соба и меѓу двете соби,на прагот,приметив црвено конче,некако настрана беше и ги зафаќаше двата прага и сите што видоа се погледнуваа и никој не го крена,некако неубава атмосфера насетив.Инаку во собата кај што бев јас беше и една роднина на другарка ми,30 и нешто годишна млада,мажена жена со 2 мали девојчиња која беше позната по тоа што се занимавала со црна магија,демек наследство од баба и,ама си викаме само муабети се,ама оваа како да беше највесела од сите.Морав да заминам од веридбата бидејќи бев дојдена сама,другарка ми ме испрати се изгушкавме и тоа беше последен пат што ја видов во мојот живот ,за жал. По неколку месеци остана бремена,се слушавме по телефон ама никако да се видиме,по некое време ми пиша дека станала мајка на момче,многу се израдував,ама то беше последната порака од неа,по неполн месец таа почина ,до ден денес не откријаа од што,се претпоставува,од сепса,правеа обдукција,следниот пат кога ја видов од нејзината веридба беше во мртовечки сандак,на нејзиниот погреб Таа почина точно 1 година од нејзината веридба ,секогаш кога ќе помислам на тоа во глава ми доаѓа црвеното конче и збунетите лица што го видоа на нејзината веридба и на нејзината роднина што ја фатија во меѓувреме како прави црна маѓија на прагот на една куќа По ова што се деси,се си мислам дека тоа е причината за нејзината тажна судбина
Ова утро и нас не изненади едно непријатн изненадување,на влезната врата.Живеам во центар на град што значи дека има голема фрекфенција на луѓе и преку денот и во доцните ноќни часови.Но,она што е најчудно е што татко ми излегува од дома за на работа некако около 5:30 и ништо не забележал.Но,денес мајка ми случајно забележа дека на влезната врата има крв,или траги од то.Имаме малечко дворче и порта за тоа дворче кога се отвора секогаш крцка и тоа многу силно што дури јас која имам соба на 3 спрат ја слушам.Утрово ништо чудно не слушнавме ниту пак осетивме дека некој влегувал.Дури и некој да барал помош сигурно дека би заѕвонил ако не кај нас можеби кај соседите.До нас имаме соедка која е позната по тие работи,јас ја имам видено на неколку пати како фрла нешто кај нас во дворот но,од пусти страв да не ми направи нешто ако и речам си чутам.Со нив не дели само еден ѕид кој би можел секој да се качи на него и да го прескокне па можеби и таа така сторила.Но,може да биде било кој.Пред извесно време имав прилика да слушнам дека се скоре се што е правено за нашата куќа е правено на мене и за тоа на сите цело време ни оди надолу а најмногу на мене.Сега навистина ми е страв и морници ме полазуваат,којзнае што правел тој што ја оставил крвта на вратата.Бог знае зошто се уште вакви луѓе постојат.Би ве замолила за совет или нешто затоашто ова ме извади од памет/
Кај нас пред 2-3 години зад куќа најдовме испукани јајца мислам дека беа варени.Е сега пред тоа или потоа точно не се сеќавам мајка ми имаше мозочен удар,за среќа преживеа.Само Бог ја чувал.Страшно е сето ова.
Jас би поставила камера/и...па со снименото директно во полиција,потоа тужба и све што иде пропратно со тоа.
На татко ми сношти дури седеше на терасата, на јаве му се појави ликот на неговиот мртов другар. Како што седеше, наспроти него зад олуците покојниот му мафнал со раката на татко ми, а пред да му се појави прелетала некаква птица. Тоа изгледало толку реално, да видел некој друг човек и да не знаел дека пријателот е починат, би помислил дека некој се крие и мафта со раката. Го прашав да не сонувал, па мисли дека е на јаве, ама тој е толку многу сигурен. И сега просто не знам што да мислам, дали се работи за магија или што е воопшто работата. Човекот е умрен пред повеќе од 2 месеци и како што имам слушнато по 40 дена душата на покојниот не напушта. Зошто тогаш се појавуваат такви ликови од мртви? Дали е можно да е ова резултат од магија?
Bо целава приказна од каде па сега магија ...да кажеше духови,сенки ајде де,ама магија..незнам што те асоцирало баш на тоа.
Душо, ок е ако сакаш да помогнеш преку религијата. ОК е ако сакаш некого во најтежок момент да го утешиш прегу Исусовото спознание, но не е ок да им кажуваш на луѓето да не веруваат во нешто кое го осетиле на своја кожа. Значи еве јас неколку пати на форумов кажав дека сум била кај дуле ( гатачот) и тој ниту еднаш мене ме ми баел, не ми растуралмаѓии, ниту ми го покажал демонскито лице, ниту ми барал пари, ниту пак после тоа ми било полошо ( а верувај поминале години од како тој ми помогна преку Исусовото спознание) Е сега, како може да наречеш некого ѓавол, кога тој истиот те праќа по цркви и манастири, ти кажува како и кога да се помолиш на некој светец и ти кажува од кој манастир да си земеш света вода и да си запалиш свека? Значи тој е ѓавол, ние што бараме помош сме изгубени ( а не напатени) души и манастирите се демонски храмови, а светата вода сигурно некоја опасна киселина? Мила значи незнам по кој пат се пишува истото па истото на форумов, не е битно ти дали веруваш или не, тоа си е твое, ама овде има еден куп како мене, кои осетиле нешто на себе и неможеш нас да ни го смениш мислењето, за тоа дали постои или не и дали е деномско или незнам каво. Точно магијата и јас ја сметам за ѓаволска и тоа и е, а и никогаш никому ни ако најлошто ми направи нема да му вратам на тој ѓаволски начин, ама за тоа ке одам кај вакви гатачи да ме подучат каде и како да си побарам помош. Ова не се однесува само на тебе, има и други што пробуваат да не разубедат. И не ме свакајте погрешно, не сакам да навредам некој, туку да ви кажам дека џабе се трудите да разубедите некој кој е сигурен во нештото. И за крај еве мој личен пример. Кога јас во мојот живот ја поминував најголемата трагедија, хоророт и мачењето, се молев секоја вечер и секое утро на Исус да ми го покаже патот, да можам да најдам решение и излез и тогаш од човек кој прв пат го гледав слушнав за тој Дуле гатачот, па за нецели две недели отидов кај него и бев во двата манастири, кај што тој ме испрати и за 2-3 дена мене ми се случи чудо и се препородив. БДВ во манастирот кај што бев ги има најморољубивите, најгостопримливите и најполни со љубов монаси. И уште еднаш, како сега овој гледач е ѓавол?
Душо ѓаволот ке направи слични работи како Бог само а те измами а ти појма да немаш дека тоа е ѓаволска работа
Ми се има случено да качам температура 40 степени и луѓе нема да верувате 4 дена неможам да ја симнам абре инфузии инекции сирупи , апчиња и баш ништо не ми помогна, докторите не веруваа дека неможам ама баш никако да ја спуштам темпераурата а немав ништо што би ја предизвикало. И докторите не знаеа што да ми прават веќе само очекуваа најлошо дека од превисока температура и ме држела 4 дена мислеа дека е можно да почнам да губам свеест, да западнам во некоја кома или да ми се парализра некој дел од телото , мајками ме однесе дома и тогаш побара една жена да ми пребае од уроци и дојде женава ми пребаја и дури мајками и стави сок да се напие јас станав се облеков и тргнав надвор мајками ми вика што е бе нана пак ти е лошо ја велам не бе не супер ми е , мајками вика ела ваму да провериме температурата па тогаш ке излезеш ми мери мајками луѓе неможевме да поверуваме моментално ја спуштив ејј и од тогаш верувам во некои работи
Многу ме интересира како тоа ѓаволот може да биде во некој манастир на некоја икона или во света вода или пак некој монах или свештеник?
okcenzi mislis ti deka ikonite imaat nekakova sila pa gavolot bega od niv ? ne duso treba vo tebe da ja imas taa bozja sila pa da bega gavolot od tebe ,a ne sekoj mesec na bajacka ,za ova mi treba mnogu vreme da objasnuvam a nekako i gubenje na vreme e da mu se objasnuva na covek sto veruva vo bajacki koi mu davaat sugestii normalno tie sugestii gi prifaka samata licnost deka taka ke bide kako sto mu veli bajackata i ocekuvaat deka podocna i ke se sluci istoto ,a smata licnost ne e svesna deka vo toa sto veruva deka i toa se slucuva ,ako veruvas deka ke ti se sluci loso da ke ti se sluci ,ako veruvas deka ke ozdravis ke ozdravis toa e toa .I drugo sto imas spomnato vo pogorniot post za crkvata,znaci poveketo luge ne znaat sto e toa crkva za niv toa e obiekt koj treba da se posetuva od vreme na vreme i sveka da se pali ,e crkva e sosema nesto drugo crkva se zbir na vernici zbir na luge koi veruvaat vo ziviot Bog koj sekogas e so nas i nikogas ne ne napustil ,koi rastat vo svojata vera celiot svoj zivot .Ovaa tema e dlaboka ima dosta da se pisuva.
Ке се надополнам на мојот пост погоре и ке кажам Не верувам во магии , можеби затоа што не знаам да праам , и затоа што не сакам да знам ништо за тоа. Не идам по бајачки и гаталки само понекогаш како крајна опција може баење од уроци и ништо повеќе. Гледареци такви работи не верувам и не сакам , зошто да ми каже нешто па да си мислам цело време ? Што ми е од Господ кажано нека ми биде. Господ е тој што ми ја одредил судбината а не бајачки и гатачки.
Oва сето произлегува од ширењето информации од страна на Црквата дека гатачите во себе поседуваат демонски сили бидејќи ниту самите не биле сигурни на кој ,,извор'' припаѓале. Значи да скратам прича... Јас никогаш не сум спознала некоја добра/лоша манифестација. Можеби таа постои и е некаде, но јас сум комплетно апстрахирана. Што не значи дека не се информирам и не почитувам туѓо мислење, особено од припадниците од поинакви религиски заедници доколку се отвори дискусија околу постоење на наведеново. Како и да е, во магии не можам да верувам исто така бидејќи ми се живи безмислици и не можам да ги сфатам возрасните девојки/момци кои веруваат во сето ова. Ај, ќе сконтам повозрасни луѓе кои од рани години биле труени дека постојат вакви ствари, но млади не. Ствари од типот прскање крв, фрлање мртовечка вода по ѕидови и сл. ми се повеќе смешни отколку трагични. Нема везе тоа со векот, као современи сме. Туку едноставно глупо е да помислиш дека од елементите енергијата ја впива твоето тело. Невозможна е таа корелација. Јас само верувам дека постојат луѓе кои чинат ,,магии'', на кои им е итно потребно психијатриско лекување и долг престој во Демир Хисар.