Нее! Кога бев помала се глупирав и читав на интернет некои магии како симпатијата да се заљуби во мене и демек ќе ги правев ама сега не верувам во такви работи
Сабајлево во сандачето за пошта , мајками нашла лимон , невестински бонбони , бисерна алка и во салфетка завиткани тапи од пиво ! Ако некој знае нешто ве молам нека пише уплав имам од вакви работи ! Бев и до црква си запалив свеќа и сето тоа , ама ако знае некој што растура вакви глупости во Скопје нека каже , долго време се ни иде надоле веќе
Јас лично не верувам ама имам слушнато вистинит пример. На баба ми сестра што значи и таа ми е баба ми кажуваше дека кога била девојче колку мене со нејзината најдобра другарка биле заљубени во исто момче. Баба ми за да и се одмазди отишла кај некоја ромка во селото и и направиле магија незнам како ама заклучиле катанец со клуч и клучот го фрлиле во некој селски бунар и таа ромката кажала дека додека не се извади клучот од бунарот и не се отклучи тој истиот катанец другарката на баба ми нема да се омажи. Баба ми се омажи има две деца, внуци, а жената и ден денес не била омажена. Може да било и случајност ама баба ми многу се кае за тоа што го направила тогаш и мисли дека таа е виновната.
јас верувам во маѓиите, тие постојат уште од Исус коа бил и се до денес се практикува тоа, а го праваат тоа оние луѓе кои сакат да им ја одземаат среќата на тој што му ја прави магијата. На лице место сум ја фатила мајката на комшиката кај нас како си ја подначкува раката со кафе и си ја бришеше правејќи крукчиња по тепикот...... после тато ја фати во дворот пред пупата за вода и се крстеше, па тата ја избрка, а тоа не и е еднаш втор пат, туку милион пати, брат ми ја виде како со шише со вода ни ја обиколува куќата и ја истурува водата во сите ќошиња, па затоа немавме никаков мир во фамилијата, на секој се нешто се случуваше, брат ми избега од дома и долго време го немаше, другиот брат секогаш беше нервозен и сакаше да се предозира, татко ми сите не гледаше крволички, а мајка ми сакаше да умре, а јас, јас имаш тежок проблем со психата и се влечкав по болници ,тешки главоболки, и проблеми со срцето. Откако мајка ми отиде кај бајачка жената само и кажала : ауу жено ти имаш мн тежок проблем, тоа и тоа ви е направено на целата фамилија...... сега се е подобро, сите се ок па и јас, немам такви проблеми и сеа сум мажена . А и овоа, таа и правеше и на другата комшика магија, и наметна крваво јајце со крст на влечката .... а тоа било ова , мажот на нејната ќерка правеше тешка сообраќајка и сега уште е во затвор .....
Пааа онака. 50-50 да речиме...Имам слушнато некои такви примери а еве и шо прочитав.Мислам нема смисла сето оваа да е лага.Од друга страна па викам дека се е до човечката психа,ако си речам дека ќе успеам нема тука врска дали некој оставил бомбони,чачкалици и шо уште не пред праг или било каде Само ме чуди еве некој ако ти ставе нешто под диплата на прагот или во некоја фиока нема ли да приметиш.Еве секоја недела да чистиш убаво нема да ја најдеш А и тие па шо прават како успеват никој да не ги примети
Искрено верувам. Во последно време не ми оди ништо. Неколку пропаднати вработувања, пропаднатаи врски, само што ќе почнам да излегувам со некој и го снемува. Може доколку знаете некој/а што растура магии или гледа да ми кажете? Во близина на Скопје, сепак таму студирам и престојувам. Благодарам
да знам ама не гатачка туку е човек кој зборува со светците знае се дали си болен ако те боли нешш ке ти каже кажува имаш брат сестра на пример татко ти е умрен се...........човекот искрено знае се живее кај основното училиште Гоце Делчев во куќа ти го препорачувам и можеш откако ке ти каже да фрлиш 100-ка колку без ич а ако сакаш можеш и повеке само додека ти зборува не го прекинувај а откако ке ти докаже можеш да го прашаш тоа што те интересира и ке ти каже П.С мора да си крстен( зошто малечко детенце може и да не е крстено за тоа ти кажувам) денеска мајка ми однесе едно детенце на комшивката е зошто мајка му имала менструација па неможеше и дека не е екрстено ништо не и кажал позз секое најдобро
Ако може контакт информации од човекот што гледа или па да ми кажеш во која куќа на која адреса седи?
Магијата постои уште пред исус, тс. постои одкако човекот е а земјата, но МАГИЈАТА не служи да нанесе зло, таа е иста, тоа што си имала комшика која била/е Влашка Вештерка е лошо. Инаку Влашката Магија е дисциплина која се занимава со нанесување штета (во 80% од случаи на практикување на овој магијски систем), но тоа немора да значи дека магијата служи само за лошо и да се поврзува со лошо. Оној кој вистински ја истражува и практикува магијата знае дека „се што лошо ке направиш тројно ке ти се врати“.
Се извинувам за долгиот пост, но се трудам да сум што пократка... А што да се прави кога имаш куп проблеми, и кога и покрај тоа што си се молел Господ не помогнал? Станав нервозна до тој степен што почнав и Господ да го колнам и за се само Господ да го обвинувам за сите проблеми што ги имам, велејќи како нема милост и дека е неправеден. Како ѓаволот да влегол во мене, како веќе ни самата себе не можам да се поднесам. И покрај тоа што сум дипломирана со највисок просек, многу тешко да се најде работа, а некој друг незаконски работи на посакуваното работно место (да не објаснувам за ова, да не бидам офф топик). Од овој проблем произлегуваат и фамилијарни проблеми. Со татко ми не може веќе нормално да се разговара, за секоја мала ситница караници. Сестрата на мојот дечко упорно прави сплетки и се прави да не раздели, му наметнува една бивша негова девојка а нејзина другарка, дури и пред мои очи сакаше да намести да ме изневери, ама среќа што дечко ми не направи таква грешка. Дури и самата се уверив дека оди по некои бајачки и самата си признава, ама демек тоа било за арно за мајка и, која беше болна, па мајца баена и даде да облече, а жената од тогаш почна и мртовци да сонува, а и некоја вода баена и дала да попрскува. Дечко ми некогаш губи контрола во однесувањето, некој бес го фаќа, а после се смирува ко ништо да не било, многу е нервозен, и за многу неважни и ситни работи се нервира. Каде да си го барам крајот и самата не знам, дали и јас да барам спас во гатачи и бајачи или некои гледачи, навистина не знам. Од една страна сакам да си помогнам на самата себе и на моите најблиски, барем малку да се смирам од проблеми, а од друга страна ако одиш по такви работи, велат тоа било дарба од ѓаволот. И друга работа... Последниот пат кога беше кај мене дома сестрта на дечко ми остави еден привезок од ланче, и после вели демек го изгубила, а привезокот е уште кај нас дома. Што да правам со тој привезок, се плашам и да го допрам...
Земи го со хартија и фрли го во река. Искрено да ти кажам не верувам во маѓии, ама се плашам понекогаш иако за се имам опрвдување. Ако веќе решиш да одиш по такви работи оди кај некој асален, а не кај нејкојси надри гатач. Пак ќе речам се е до мозокот, ако мислите ти се позитивни, позитивно ќе ти се случува, ама ако за се бараш оправдување дека е од маѓии тешко тебе. Не забегувај само до тој степен гатачи да те оправаат.
Сите пишувате како некоја жена/маж ви помогнале а никој не кажа која е таа жена/маж што ви помогнале??? Па добро бе луѓе ако вас ви помогнале има и други како мене кои очајно им треба помош.Доколку знаете некој кој стварно оттргнува маѓии ве молам да ми кажете,или пишете ми во лп,бидејќи стварно ми треба помош. Фала многу.
Да,верувам!Сите ми се чудат.Како можеш високо образована да веруваш во магии? Но, факт е дека тие постојат.Лекот за магијата е молитвата и постот.Верувајте дека помага.А, по бајачи и гатачи НИКАКО! Тоа му е одвратно на Бога.
Не верувам, но сум сведок на некои работи кои неможам да разберам што значат. Па ако има некој по запознаен можеби ќе каже што може да значи тоа и зошто воопшто се прави. Со соседите не сме во добри односи одкога знам за себе, а сега имаме и правни проблеми бидејќи пола од нивниот двор треба да ни го доделат на суд така да ситуацијата е уште по напната. Луѓето се како да кажам надвор од секаква нормалност. Мене искрено ми е страв од соседката. Во последно време можеби има повеќе од пола година секој вор ден ни фрла во дворот влажни марамици Многу смешно и глупо изгледа којзнае кај се брише со нив па ми ги фрла во двор. Арно ама сега почна да ги прави ко топчиња и внатре во нив витка кикирики (така ми личат) и некои други семчиња, чоколадни бомбони и незнам некои камчиња или појма неам што се. Значи ко топче е направено сето тоа така убаво врзано и ни ги фрла во двор два три пати во неделата. И тоа сум ја приметила дека во одредени денови го прави понеделник, среда и петок, обично наутро или кога ќе начека дека нема никој во двор или на тараса. Лошото е што имам куче и кога ми е низ двор ги зима тие крпчиња ги партали и си игра со нив, а секако ако има и чоколадце го јаде! Најмногу ми е страв да не ми фрли отров и ми го убие кучето, тогаш дефинитивно би ја задалива со голи раце! Ние најчесто таквите работи ги фрламе во канта, ги собираме со метла и идат во канта. Незнам друго решение. Реков дека не верувам во вакви работи, фала богу дома ми е се во ред и не ни се случуваат лоши работи како последица на „магииве„ од сосетката. Еј барем засега, затоа што незнам некогаш ме фаќа страв и ми е језиво. Опседната е изгледа женава па не се знае што може да и се врти во главата. Би сакала ако некој знае да ми каже како би можеле да се справиме со овие работи. Дали е ок што ги фрламе во канта или појма неам да не треба да ги горам или прскам со света вода. И да, што може да значи ова, што сака да постигне вештерката? Леле стварно е смешно и глупо во ова време да се занимаваме со вакви работи ама луѓе што е многу многу е. Незнам еве планирам да викнам и полиција, па нека и објаснат дека неможе да фрлам храна и ѓубре во туѓ двор ама мислам дека нема да има никаков ефект ова. Мајка ми е убедена дека женава ни изведува некои црни магии и демонски ритуали Леле болест е ова стварно и језиво е кога незнаеш што е тоа и што може да ти се случи. Јас сум за тоа дека она во што не веруваш неможе да те допре. Ако добро ја разбирам христијанската религија и вера и Библијата, Господ не дозволува занимавање со овие работи. Имено доколку мислите дека некој ви прави магии немојте лекот да го барате кај други магеониачри, вештерки и бајачи туку во Бога.
^ Ме потсети кога бев мала и ние имавме една таква ненормална во маало, и штом се скараше со некој фрлаше секакви чуда по дворови. Се додека две комшивки не се договорија да ја заплашат на ист начин, па почнаа да и ставаат во двор што ќе им текне, гранчиња пример и нешто заврзано на нив, конци некои или крпчиња во боја врзани, кога не беше дома ќе и ставеа нешто под диплата што стои пред врата, или ќе обесеа нешто на дрво Полуде жената, почнаа хистерии да ја фаќаат па мислам дека со тек на време престана Може да пробате да ја заплашите со полиција, ако не бива пробајте вака, тие што веруваат во вакви работи од истите најмногу се плашат.
Има и те како забегани, а по ова што го прочитав секаде во соседството, очигледно мора да има подедна ваква. Имам една комшика што не е во добри односи со стрината нејзина (жената на чичко и). Женичкава стварно некои проблеми си имаше. Комшика ми се жалеше дека наоѓала пред врата крпчиња , перничиња со иглички забодени, лушпи од јајце, не знам што веќе не.....За да и напакости неа, немам зборови...Еднаш дури и свекрва и ја има натепано.Бог да чува од вакви пациенти, само да си немаш работа со ваквите.Само болни умови ова може да го прават во 21 век.