@bokace претпоставувам дека имаш израснато со луѓе кои верувале во тие работи(црна магија итн.), па затоа не можеш да бидеш рамнодушна кога ќе видиш бизарен предмет, каков што имаше погоре ставено. Јас мислам дека тие работи се бесмислица и како што веќе кажаа повеќе ќе си наштетиш ако веруваш во тоа. Можеби ако во иднина ти се случи некоја лоша работа тоа ќе си го поврзеш со предметот што си го видела. Со тоа уште повеќе ќе поверуваш и уште повеќе ќе си наштетиш. Спојлер Затоа ако некој во иднина ти фрли нешто такво во дворот, во присуство на тој човек изусти Avada Kedavra. Се шегувам
Zdravo jas iako nedovolno golem sum kaj mnogu zeni i mazi koi se zanimavaat so ova ete neznam zosto majkami sekogas se dere niz doma ali jas nemozam da prestanam da idam po takvi mesta -_- skoro cea makedonija haha ete nemozam da opisam zosto -_- ali najzadovolen sum od edna zena vo kratovo mislm deka lepa se vikase nesum siguren , toni od kr. palanka i i edna zena od kavadrci vo edno selo ako nekoj saka broj od zenat od kratovo ili toni od kr palanka mozam da vi pomognam bidejki jas sum od kr palanka i se nadevam deka ke vi bide od korist
Те молам објасни како ти помогнале луѓево во животот. Не те исмевам или напаѓам, најсериозно ме интересира, затоа што за мене ова се непотребно фрлени пари.
pari za sto ? Jas ne idam kaj luge koi zemamt pari ! obicno do sega kaj i da sum otiden mi rekle ostavi kolku sakas Izvini nemozam da spodeluvam raboti od zivotot i jas mislev kako tebe ali koa otidov i ostanv bez zborovi mi bese se jasno taka da otidi kaj nekoj od ovi sto ti kazav pa ke razberes kako pomognale pokazale i posovetuvale
Една работа што ми е смешна е кога некој ќе отиде некаде да види дали му фрлиле црна магија и потоа ќе рече дека му кажале дека стварно му фрлиле црна магија. Па добро да му се невиди затоа си отишла на прво место зашто имаш мака и мислиш дека некој ти фрлил црна магија, а таа таму само ти го кажува она што сакаш да го чуеш. Сигурно јас нема да одам на секои шест месеци да проверам дали некој во меѓувреме ме урочил. - Ова магија најчесто се јавува кај богати луѓе, а главниот симптом е скржавоста. Може да биде предизвикана од завидливи и љубоморни луѓе, најчесто сиромаси или блиски роднини, со цел оној што напорно го заработил тоа богатство да не може да ужива во истото
Алал да му е на оној кој измислувал толку суеверија,магии и паранормални срања кои си немаат везе со животот. Доста ми помогнале како добри теми за разговор кога сакам да се заебавам со простодушни тетки кога сакам да извлечам некоја корист од нив или само да си тепам време. Не. Не верувам во ништо кое што не е научно докажано.
Мислење за Маре од Петровец? Ме интересира и на што гледа, колку наплаќа, дали сите денови од неделата гледа или има одредени, дали е со закажување или..... ???? Фала однапред
Маре не гледа, туку бае. Мисмал дека гледаше понеделник, вторник, четврток и сабота, така нешто беше. Одиш, се запишуваш и чекаш ред. Според мене не вреди да се оди, жената врши работа само за ќеш...
Црната магија може само да се победи со ќеш. Кога Маре бае моментот пред да се отфрли црната магија ја посипуваш со пари по можност банкноти со поголема вредност. Тие дејствуваат како катализатор и преку нивната монетарна вредност успеваат да ја избават личноста од црна магија. Така всушност настанале парите, не дошло злото од парите туку парите дошле да не избават од злото.
Да да, верувам на сестра ми и имаа фрлено магија за да пелтечи и ништо не зборуваше. Отидовме кај една жена да ни каже што и е се сомневавме дека е магија. И вистина, беше магија сега фала богу е сосема во ред.
Искрено, да верувам.Многу пати досега на некои од моите блиски им имаат фрлано магија.А и мене пред некое време ми кажаа дека некоја црна блуза ми нема некој ја земал.Инаку обично викаат на раскрсници највеќе се правеле такви работи.И јас еднаш од испаѓање се прибирав касното и на една раскрсница имаше истурено вода,босилок така у китка голема оставено и некои парчиња на алишта.Ама ич не ми се јасни луѓето што го прават тоа.Зошто имаат таква потреба на некој да му го уништат животот.
Iako nemam broj od zenata imam otideno ednash kaj nea , neznam dali stanuva zbor za istata zena no dosta raboti mi imashe pogodeno . Kaj toni od kriva palanka imam mnogu pati odeno i cesto komunicirame preku telefon . No jas nekako mislam deka ne pomaga za se no bitno rastura magii
Да верувам, верувам дека секој што верува дека магиите им се причина за неспособноста да се снајдат во животот имаат ниска бројка на IQ, онака испод 100 им стои. Ниту една тука што верува дека некој и растурил магијане даде одговор што точно и како растурил и како им се подобрил после чинот на растурањето на магијата животот. Ако толку се толку успешни тие што растураат тогаш зошто постојано едни те истите барате броеви и адреси од исто такви успешни растурачи на магии.? Не морате да одговарате, чисто онака се прашувам.
Bitter nema potreba od napaganje neli . Covek ne moze nigde da komentira . Dali nas ni e niska ili ni ispod 100 IQ toa e nasha rabota , jas licno od maka moja sum trgnala po tie raboti i SUM veruvala , i samo si kazav iskustvo moe .
Јас сум настинат деновиве, иначе ретко се разболувам, настинка сум немал околу година дена и се си мислам дека некој од форумов ми има фрлено црна магија, имам неколку претпоставки, но не сум сигурен. Редно време е да отидам на бајачка барем еднаш во животот, се мислев помеѓу Маре, жената од Кратово и Тони од Крива Паланка, а би го посетил и Иван исцелител ама некако ми е многу мејнстрим(човекот дури има издадено и света книга http://www.puls24.mk/upload/Puls24/ivan_iscelitel.pdf). Еве мојот омилен цитат од книгата, иако има доста други, ќе го сретнете на самиот почеток "Ако сте во можност да соберете десет луѓе и пред нив да ја прочитате ќе се прати срќа божји благослов и се ќе ви оди од рака во наредните две години...среќно..." Забелешка "срќа" во реченицата стои затоа што така стои во светата книга. Има и интересни мислења за алкохолизмот и другите пороци. Баш сакам да посведочам како Тони растура магии, дали воопшто користи магичен стап или не и дали тоа е проследено со експлозија oд светлина. Што се однесува на мојава настинка мислам дека мал удел има и распуштеноста што си ја дозволив за празниците. Црна магија+хедонизам=гној на ангина