Абе земи јави му се, кажи му дека ти недостасува и дека сакаш да се видите и сама ќе си ја откопаш “црната маѓија“: Ај со среќа
хехе многу е тврдоглав.....имам пробано и држеше цврст карактер... а иначе и јас не верував во такви работи се додека пред некоја година заради постојани фамилијарни недоразбирања заради глупости не беа моите кај еден дедо од Штип (кој е веќе починат) и како што им кажа он така испадна и сите работи и закопани и вметнати ги најдовме на местата каде што ни кажа он....затоа се сомневам дека има секакви будали на овој свет и дека може да има вистина во тоа што ми го кажа женава - но затоа сакам да отидам кај некој друг за кој тврдите дека знае да гледа па да видам што он би кажал
Ме интересери само едно. Како може алиштата дома да ви ги сече некој, а да не знаете кој? Кој ја имаа таа слобода да влезе дома, да тарашка по плакари и да ги сече алиштата, мене ми нема логика.
Порано, посебно летен период, бидејки живееме во куќа, алиштата знаеше мајка ми да ги остави надвор да се сушат (дури и преку ноќ), што значи може да е било кој....но исто така многу одамна кога бев кај една жена од Штип за да ми бае заради здраствени причини, иако јас не знаев дека она и гледала, само што дојдов почна да ми кажува многу работи за мене, дека најчесто мои алишта сме наоѓале исечени, дека некоја комшика на мајка ми ми има земено од дома некоја маичка на која ми е направена магија и дека од тој ден од сите нејзини комшики,неа колку и да ја вика нема да и стапне повеќе во куќа-така и испадна, од сите комшики само една колку и да ја викаше од тој момент она не стапна кај нас, а претходно доаѓаше многу често....сето ова и уште многу други работи ми ги изнакажа без јас да ја прашам........ Што значи може да е било кој....може и тој во кој најмалку се сомневаш...има секакви луѓе....и јас не верував додека не почувствував на своја глава
Имав некаде во ваквите теми напишано примери, колку една таква работа може да влијае на човековата психа. Ако сакам да пореметам некоја комшика не треба многу, едноставно ќе и подметнам во двор некакви си конци, коски, коса и што уште не или пак ќе сецнам некое алиште на жица што и е и толку. Кога ќе види на што ќе помисли прво (маѓија). Мислам дека се е до умот. Таман работа ако секоја непријатна случка во животот ја поврзуваме со маѓија, на пример твоето раскинување. Каде ќе ни е крајот ако мислиме како што напишав, кај ни е крајот. Ќе ги ги богатиме само гатачите и бајачите и ќе се измачуваме со неубави мисли.
Раскинувањето немаше никаква врска со моето одење кај неа...ако било тоа причината ке сум тргнела по тој пат уште првиот месец од нашето раскинување а не после толку време....отидов бидејки пред 3 недели кога го прередував плахарот најдов премногу мои блузи и долен веш кои се сечени (се познава дека се сечени а не дека се скинати од машина како што прво си помислив) и од таа причина се исплашив и се одлучив да одам...Исто така пред пола година купив едни фармерки...се беа во ред, мајка ми ги веднаш ги испра и за да се исушат побрзо ги пружила во двор...ги собираме и за да ги испеглам забележувам на ногавицата мало парченце фали за што мајка ми 100% ми тврдеше дека и она убаво ги погледнала и не видела нешто такво пред да ги пере (но нормално јас тоа го занемарив и си ги носев тие фармерки, како и дел од блузите или долниот веш за кои тек одкако ке ги соблечев на некои забелезував дека се засечени). Понекогаш многу работи се заради човечката психа, но валјда кога некој ке ти каже таму одкопај ке најдеш ова и ова закопано, под праг имаш црн и црвен конец замотано, во таа и таа фиока отвори и ке најдеш тоа и тоа што одамна ти си го барала но никаде ти го немало-е сега ти го вратиле (а во таа фиока претходно не си ги ставал, дури и кога ти ги снемало се си пребарал дури и таму но ништо)........ кажи ми според тебе дали и ова е дел од човековата психа??
И јас не верував и затоа две години наназад иако постојано наоѓав по нешто исечено јас занемарував и дури знаев макар за по дома да го облечам тоа парче гардероба, се додека пред 3 недели не го прередував плакарот и се шокирав кога видов што се не ми имаат исечено........и затоа се осудив да отидам на место за кое се страмам да кажам дека сум била.......
Јас лично, во магии не верувам. Ама имаме една бабичка во комшилукот кој се „занимава„ со такви работи. Не знам што да речам. Иако сите ја мразат и бегаат од неа, мене ми е грев за жената. Тешка судбина. Ќерка и е почината млада а синот разведен и по затвори лежи. Таа како да сака да види и некој друг во лоша состојба за да си се утеши. Ми ги прскала со крв алиштата кои се ставени за сушење. Па често ми нема по некое парче облека од децата. Па сум наоѓала лушпи од јајца со тесто, точно на прагот пред врата. Триста глупости за 6 години. До сега не ми се случило да почувствувам некое влијание од целиот труд кој го вложува бабичката. Дали бидејќи не верувам, не знам што е работата. Како и да е си останувам на ставот дека тие кои веруваат во вакви работи, само си бараат објаснување на секојдневните проблеми. Многу е полесно вината да ја префрлиш на друг ма колку и да изгледа неразумно.
xexe пред се во секоја преграда имам ставено од тие што се на Pitroid за против молци а и се познава што е сечено со нозица, што излитено па скинато, а што е скинато од машина или слично...
Па кога почна да опишуваш дека се сечени замислив нешто ептен исечено, а потоа велиш мали делчиња, а плус нели си го прередувала плакарот, значи поминало некое време од претходното преуредување, па логично ми е да се молци. Можеби не ти е толку ефикасно средството против нив. Ако не веруваш во нешто, дури и навистина некој да проба да ти направи работи против тебе, тогаш нема да те стигнат. Не се оптеретувај беспотребно со вакви работи.
Вината не ја префрлам никому.......но дали кога некој ке ти каже одкопај таму и ке најдеш закопано тоа и тоа, под праг имаш тоа и тоа......и ред други работи...и се излезе баш како што ти кажале....како да не веруваш дека они тоа навистина го гледаат и дека има некој што се занимава со такви глупости......иначе јас само сакам да отидам кај некој што знае да гледа (препорачано од некој што веќе бил), а за верување, верувам дека прават секакви глупости - но верувам само во Господ и дека доколку некој лошо помислил или ми направил кад-тад ќе му се врати........
Епа зошто пак не одиш кај таа што ти кажала кај да ги откопаш работите? Ете проверена ти е . Зарем се немаш запрашано дека можеби таа претходно ги закопала, дека така и функционира бизнисот?
не верував но започнав да се плашам зошто се почесто наоѓав исечени работи......иначе колку и да не е ефикасно тоа средство, како може од цела фамилија само кај мене и татко ми да се случува тоа? А иначе само во мојот шкаф имам средство за против молци
Тој е починат, а и со која цел би дошол 100км. во еден правец за да го направи тоа? А и од каде би знаел каде живееме и дека баш тој ден ке одиме кај него па за да ни го каже тоа?
Моме како бре може толку многу исечени работи да наоѓаш? Ај 1-2 ама ти велиш си го средувала плакарот и си нашла многу. Колку е тоа многу? Ако некој прави ќе направи на едно парче нема секое алиште на жица да го сецка! Просто некако постот ми е неверојатен, а ти си толку многу убедена во маѓии. Дојди јас ќе ти ја отстранам маѓијата за 100 евриќи, да видиш после колку полесно ќе се чувствуваш (се шалам). Кажи ми кои би биле причините за некој толку многу да се занимава со тебе и татко ти?