Кај нас од стари останало дека на вечер не се мети и не се треси чаршав на кој се вечерало... демек значело си ја бркаш среќата или баба ми како што викаше му ги прашиш на госпо очите... едни пријатели имаат роднина поп и попот тоа го кажува .
Епа мила и јас така знам, дури и ѓубре не се фрла. Ама гревот нејзин нека е ако мисли нешто лошо... @sugarlips бајачи ,гатачи ,не верувам у тоа
@Perdedorita не се секирај за тоа таа што прави ...како што кажа се што прави за себе лошо си прави. гледај си тебе да ти биди убаво со саканиот па другото не е битно
^Ми се допаѓа што после 2 страни играње мајтап, темава полека-полека се враќа во колосек и пак се почнува со барање бројчиња.
За вода од мртовец е вистина , посебно ако се истурат на трендафили а недај боже да фати или првиот што ке го помини,бидејќи од далечно време се верува дека на трендафилите се собираат самовили навечер,исто и за тие што вршат нужди надвор ако погодат самовила наместо ке ги остави затоа и плукаат три пати пред да отидат,смешно е бидејќи е 21 век и луѓето не веруваат мислат читањето на библија/куран дека ке ги поштеди од нешто кога сака некој да направи. Моја братучетка кога се омажи бремена остана,после некое време нејзина комшивка што има снаа и син а долги години немале деца , ја сретнала на улица и рекла да ја врзи со црвен конец за адет да сонувала какво ке е дали машко или женско, после неколку денови се испушти,цела беше со тага многу сакаше дете ке и беше прво,одеше секаде неможеше да остани повеќе,се додека не отишла битола таму жената и кажала дека ја врзале со конец на мил начин излажана ако сака да си ги види дечината што требало да се на неа дека и се во комшиите две близначина и дека со конецот што ја врзала Комшивката старата свекрвата на девојката што ги родила нејзините било одено по разни оџи и разни работи правено за да се смени сето таа сега неможе да има ,така живее без воља за живот,сама кажува живот без дете не е живот и коли и куќи да имала џабе и било кога немала на кого да се радува. глупаво е секави работи има ,некогаш верувам ,некогаш не, но секогаш има нешто сведок дека постојат видовити и што помагаат е самата баба ванѓа која излекувала и прераскажала многу работи,постојат и многу други но сигурно има и од тие лошите што знаат да наштетат.
Jas mn pocnav da veruvam go tie losi raboti odkako toa go osetiv na svoja koza. I znaam na prijateli I rodnini sto im se ima slucuvano. Kako na bliski rodnini poklon za svadba Im dale pica pan izmrsen (kako da gotvele vnatre) I vnatre svejka stopena. Koga bile kaj nekoja baba Im kazala deka strina po strana na maskoto Im go napravile toa za da nemozat da imaat DECA I da we razvedat.…. Izvinete za latinica sto pisuvam no ne sum od PC ukl.
Темава е како временски портал кон минатото, преку кој нашите пра-пра-пра-пра-баби ги пишуваат своите мислења и искуства со магии на Фемина. Сериозно не ми се верува дека со некои од луѓето што пишуваат во темава живееме во исто време. Кај мене е 2016-та, од вашата страна на порталот кој век е?
И на крај испаѓаш тука како прогнозер тука,само се ти знаеш и се умешуваш у секој коментар јбг , што ти смета ако некој си верува во нешто и видел кажал доживеал? Што си ти критичар? Се сметаш за нешто посебно? Плата земаш за ова што критикуваш се живо и се исмеваш ако земаш дај кажи па и почестине нешто сепак зимаш плата за да критикуваш барем сме заслужиле да не почастиш нешто критичар одделува од своето скапоцено време и пишува тука haha hahahahah
Мене поише ми изгледа како вие што продавате разни „вистинити“ приказни, а после делите бројчиња од бајачи и врачеви како да зимате плата за тоа, неголи ја. Да не си у шема со Славе од Кравари, па да му препраќаш муштерии од форумов, а?
Прв пат слушам за Славе ,како што гледам поупатен од мене си сите ги знаеш Јас никаде невидов пост од мене да нудам броеви јавно , и на девојката во порака и одговорив дека немам број јас ,ни пак се исмевам на ничија мака, сум кажала што сум слушнала и некој како тебе овде ..мало морген ке се замислам а за тие врачарски работи не ме занима мене ни пак сум господ да делам правда
Читам веќе извесно време какви работи се пишуваат на темава и од страна на оние кои веруваат и од страна на другите. И само ова ќе го кажам: Некој да ве праша сега вас тука, што верувате во магии и такви ми ти чуда, дали верувате во Господ и дали сте верници, сигурна сум дека мнозинството од вас ќе се јават како верници и тоа посветени, според самите вас. Ама ако сте верници, дали знаете дека ова што го правите е грев? Само тоа ме интересира. Ајде овие што се мајтапат со вас, ќе речеме дека се атеисти и не веруваат во ништо, па ни во магии. Ама вие останатите? Како можете да се повикувате на Бог, а притоа да акате по бајачи, гатачи, оџи и некои експерти кои прават бела магија и фрлаат и растураат црна магија. (Што и да значат помиве, зашто само како поими ги знам.)
Бендер, би напишал голем текст за да исмеам некое мислење ама искрено почна да ме мрзи да го правам тоа. Ме нервира кога викаат дека не смееш да го критикуваш тоа што го пишуваат иако моите издувни гасови имаат повеќе смисла. Додека ги читав мислењава како се разменуваат броеви, низ главата ми помина генијана мисла. Прометив дека доста машки пишуваат во темите за секс за да привлечат внимание. Наместо тоа, можат во темава да дадат свој број под изговор дека е од некој со магични моќи и да договорат дејт. Нешто како(се гледаме на улица Македонија, ќе ти гледам на кафе). Поготово се однесува на случаи каде што на девојката ѝ е украден чорап, бидејќи чорапот што не може да се најде е симбол на неостварена љубов. Се прашувам дали ако ги носиш подолго време на тебе без вадење ќе имаат и поголема магична моќ или само ќе мириса многу лошо? Многу прашања сакам да поставам ама доста за сега. Мхм... добар поклон, никогаш не би ми текнало вакво тролање. Иначе лесно можеле да проверат од кој е подарокот, на секој свадбарски поклон пишува, не мора да оделе кај некоја баба за да им каже. Опс, изгледа пак напишав голем текст.
За некои работи, откако ќе подразмислиш убаво, ќе читнеш нешто, ќе ти проработи рационалното размислување, не можеш да заборавиш дека вакви работи се глупост, па секој обид да влезеш во ваква дискусија те тера да му го објасниш тоа на соговорникот. Давате пари за глупости, трошите време за глупости и шо е најлошо, наместо да работите на решавање на самиот проблем, вие оставате некој со „натприродни моќи“ да го реши. Постојат доктори, психолози, разговор со партнерите, и куп други начини на решавање на проблемите што не вклучуваат некој од Кравари што би ви давал конци да врзувате на вратите по дома (или што и да се прави на бајач, ова од памет го пишав).
Аха, призна дека си вештерка! Да додадам. Муабетиве ме потсеќаат на тоа кога како мал ги слушав муабетите на жени од малото. Мислам дека во голема мера се израз на не доволно социјализирани луѓе. Ако мислиш лошо за останатите ќе мислиш дека и останатите мислат лошо за тебе. Црната магија е израз на таа параноја. Наредниот пат кога ќе ти се случи нешто лошо веќе пред време имаш кој да обвиниш.
Да не испадне дека само тролам и се потсмевам со туѓи маки на темава, ќе напишам и едно сериозно мислење. Во врска со суеверието и зошто истото постои, американскиот психолог Б. Ф. Скинер направил еден интересен експеримент. Прво, ставил гулаби во кафези и ги истренирал да притиснат одредено копче поставено во кафезот за да добијат храна. Нормално, гулабите многу брзо научиле што треба да прават ако сакаат да јадат. Но, потоа ги извадил копчињата од кафезите, а храната во кафезите на гулабите била испорачувана во тотално произволни, нерамномерни и случајни интервали, без да е потребно никакво дејство од нив. Тоа што го открил по неколку дена е она интересното – што правеле гулабите кога биле гладни. Едниот се вртел во круг околу себе три пати, други два ги нишале главите лево-десно, еден колвал во горниот десен ќош од кафезот, друг си ја пикал главата под крилото, итн. Гулабите всушност го повторувале она движење кое го правеле во моментот кога храната се појавила во кафезот. Мислејќи дека со она што го правеле го предизвикале појавувањето на храната, следниот пат кога биле гладни – го повторувале истото движење, во надеж дека пак ќе го има истиот ефект. Ова, накратко, е добра дефиниција за тоа што е суеверие – воспоставување на погрешна причинско-последична врска помеѓу две целосно неповрзани работи, врз база на субјективно лично искуство. Колку и да сме поинтелигенти и поразвиени од гулабите, во овој аспект сме многу слични, што е и донекаде разбирливо, бидејќи рационалното и научно размислување не се нешто што ни е природно всадено по еволутивен пат. На потполно истиот начин функционира и човековото суеверие. Човек има мака, оди на гатачка, го изложува својот проблем и по некое време – проблемот се решава. Дали врз тоа имал влијание разговорот кој го воделе и советите кои можеби му ги дала – истото што би го направил и психолог или психијатар, или едноставно, во прашање е обична случајност, не е битно – човекот во својата глава создава причинско-последична релација која реално не постои, и го рационализира решавањето на проблемот со посетата на гатачката и го припишува на нејзините натприродни моќи. Истото важи дури и за случаи кога паралелно во игра се медицински третман и суеверие. Девојка која одвреме-навреме добива силни мигрени, за смирување на болките пие аналгетик, ама и оди кај комшивката да и побае од уроци. После ова, нејзе и поминува главоболката и таа тоа го припишува, барем делумно, и на баењето. Всушност, многу лесно може да се провери што всушност е причината за ова – следниот пат кога ќе добие мигрена, може само да се напие апче, без да оди на баење, за да види дали ќе и помине. Друг пат – да отиде само на баење. Трет пат – да не превзема ништо. И така, да ја открие вистинската причина за нејзиното оздравување. Ова нешто се вика експеримент и врз ова се засновани науката и медицината. Но, нашиот мозок не функционира така. Нашиот организам само сака да не чувстува болка и да помине мигрената што побрзо. Ако минатиот пат тоа успеало со аналгетик и баење, нема причина истата постапка да не ја повториме и следниот пат. На нашиот мозок не му е гајле која од овие две работи функционира, а која не – сосема доволно му е што нивната комбинација функционира. Обидот да се дознае вистината, со експерименталната метода која ја опишав погоре значи дека барем еднаш (во случајот едниот од „ритуалите“ да не делува) нашето тело ќе биде изложено на болка, која можела да се спречи ако едноставно сме продолжеле да ја користиме комбинацијата лек+баење. И тоа е главната причина зошто луѓето упорно продолжуваат да практикуваат суеверни ритуали. Но, постои и полесен начин – не мора секој од нас, на своја кожа, да изведува експерименти за да дознае кој медицински или натприроден третман функционира, а кој не. Медицината и науката тоа го прават наместо нас. А токму тие велат дека работите како правење магии, гатање, баење и слично едноставно не функционираат. И тоа не е кажано напамет или истресено од ракав – направени се вистински научни истражувања и експерименти за овие таканаречени методи и ритуали и ниту едно од нив не покажало дека нештата како магии функционираат или воопшто постојат. Сите случаи во кои е покажано некакво подобрување на нечија состојба како резултат на магија или баење се обична автосугестија, односно плацебо ефект – ништо повеќе. Свесен сум дека човека мака ќе го натера на се – дури и да бара број од бајач на форум како Фемина, во несоодветна тема за тоа. И нормално дека не треба да се однесуваме со таквите луѓе со потценување или презир, само затоа што нивното незнаење, очај или беспомошност ги натерале да бараат помош од бајачи. Но, дефинитивно не треба да ги поддржуваме во нивните верувања во овие работи, под вечниот изговор „Секој има право да верува во што сака“. Како што реков, ваквиот став кон работите не само што е преценет, туку и погрешен, а во многу случаи може да биде и штетен по оние кои се обраќаат на надрилекари за помош. Личното верување во невистини можеби е право на секој човек, но си носи реални последици во вистинскиот живот. Ако дете на школо каже дека Земјата е рамна кога одговара по географија или дека 2 + 2 = 7 по математика, само затоа што тоа верува дека тоа е вистина, ќе добие кец. Ако некој направи катастрофална грешка на работа, но упорно тврди дека верува дека не згрешил, ќе добие отказ. Ако некој со рак отиде на бајач да се лечи, затоа што верува во неговите натприродни и магични моќи – ќе умре. Тука не се работи за лични ставови и убедувања, туку се работи за тоа што е вистина, а што не е. Затоа мислам дека не треба да бидеме толку демократски расположени и да оставиме секој да верува во што сака, дури и кога тоа во што верува е тотално и комплетно бесмислено, па дури и е докажано како неточно. И не мислам дека е лошо да се потсмеваш со некој што верува во вакви работи. Потсмевот и хуморот се само еден од можните начини да му укажеш на некој дека тоа што го зборува или во што верува нема никаква логика или рационална причина. Ако успеам да натерам некој да се запраша зошто ако нагазиш во вода од мртовец ќе се разболиш, наместо слепо да верува дека е така затоа што му кажала некоја бајачка, мене искрено ми е сеедно дали тоа сум го направил со ваков долг пост, со сериозен тон, или со една саркастична реченица. Многу полошо, според мене, е да ги оставиме луѓето да веруваат во магии, врачови и бајачи и да разменуваат нивни броеви тука, за да истите тие измамници и шарлатани се богатат на туѓата мака и несреќа. Спојлер И сега, откако го прочитавте мислењево и размисливте за него, или едноставно го прерипавте, пошто е многу долго, почекајте некој ден, па повторно фатете да барате и делите броеви од бајачи.