1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    секој си има право да верува во што сака..
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да одиш кај Маре од Петровец(Скопје), можеби нема да ти ги каже по име и презиме но ќе знае да ти помогне, верувам дека имиња не спомнува за да не прави омрази и освети кај луѓето, но за помагање навистина помагала, се мислам кој ден да отидам иако се плашам дека ќе ми потврди некои мои сомневања. Треба да соберам храброст изгледа. А за кај човекот од Велес и јас слушнав, кажувал до најмали детаљи кој, што и како. Требало внимателно да го слушаш бидејќи побрзо зборувал и на дијалект.
    Не можам да си ги објаснам тие надприродни случувања и магии но верувам дека постојат но и дека може да се отстранат.
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Верувам во канализирање на енергијата,како и нејзино балансирање.
    Оние кои се занимаваат со магии велат дека за да се направи бела магија на некого,потребно е да се наштети на некој друг и обратно.
    Така си ја објаснувам магијата и сметам дека таа дефиниција е најприкладна.
     
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    не кратко и јасно :^) :^) :^)
     
  5. valerija22

    valerija22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    a ima li nekoj broj od Mare
     
  6. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Може број од тој Дуле? (за мајка ми) :)
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Драга Тања, јас не го почитувам тоа што го налагаат другите религи до толку да немам свој став, туку правото на избор. Секој да одбере она во што сака да верува. :)
    Не ми треба диплома за да знам нешто. Тоа е парче хартија. Ако е така Македонија врие од експерти. Не ги гледаш по телевизија? Уф, купишта. Па тие сепак се со само што завршем факс, без искуство. Математика, физика, хемија сум дупка, а кога веќе сакам во иднина да работам нешто во врска со религии, античка историја (иако нема, бидејќи нема работа), мислам дека ми треба подготовка. Си се усовршувам, и не ми е гајле ако некому му пречи.
    Јас доколку се интересирам за нешто тогаш копам длабоко, а да, тоа гуглање знаеш, многу работи открива. Читањето помага, дискутирањето и помошта со луѓе искусни на ова поле. Успех носи токму тоа, истражувањето, а не вербата во натприродни сили.
    Компетентност? Тоа е за мене кога иако си фан на нешто, ќе гледаш реално. Кога имаш познавање а не знаеш само за јудеизам, будизам и хинду. Страшна работа сме откриле. Малограѓанство од типот повеќе сме, ние сме милиони, а вие е да не знаеш дали да заплачеш или да се смееш. :) Како јас војна да објавив, или ми е гајле кој во колкав број е. Религијата не ја прави она што е бројот на верници.
    Јас викам дека во мојата религија има куп глупости, исто како и во секоја друга, ама не се залагам чисто за христијанството и wow да се трескам од земја, каков човек бил Исус.

    Да не сум офтопик, кој го интересира а верува во ваквите нешта, денес е есбат. :)
     
    На ivebloopbleep и Vjetarsplanine им се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    душо,па секако штом си припадник на друга религија никој не очекува од тебе да се залагаш за христијанството,или да се трескаш од земја :D јас сум христијанка па не се трескам од земја,туку газам по неа :D
    она што се бара е почитување,почитувај ја ти нашата религија и ние ке ја почитуваме твојата.кога би се различните религии,различните нации почитувале и разбирале помегу себе,светот би бил многу поубаво место за живот нели :)
    ти се бев обратила зошто беше премногу остра,и ја напагаше христијанската религија,и поради тоа што на едно девојче му се обрати дека не е компетентно да збори за религија..затоа те прашав кој е компетентен..човек за да ја брани својата религија немора да има познавање од сите религии и сите верувања што постојат на светот нели...можеби стотици,илјадници разни верувања на светов постојат..можеби у некое афричко село некаде веруваат во некое божество пола човек пола тигар,зарем и за тоа треба да знам за да смеам да ја бранам и ценам својата религија? :D еве ти за своето верување велиш дека е религија.јас како и повекето тука првпат слушам за него но штом велиш дека е религија и има следбеници,ке го почитуваме тоа.и кога би била ти единствената што верува во тоа верување,пак би го почитувала зошто за тебе тоа е вистината,а секој човек има право на своја вистина,на своја верба во нешто.
    поздрав и се надевам го свати постов најдобронамерно како што е напишан..
    многу си ми убавка на сликите шо ги имам гледано од тебе,со таков лик некако неможам да сврзам лоша личност.. :D поздравче
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тие што така велат немаат појма од М а не од магија :). Комплетно неточно :).
     
  10. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Не верувам и не се замарам со такви работи.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Од многу примери на луѓе што знам дека не би ме излажале, би сакала да верувам, ама од научен аспект не ми се дава да верувам во вакви работи бе, никако! :x
    Магија како таква што мнозинството ја замислува, со конци, крпчиња, крв, води и слично е физички невозможна.
    Ниту еден предмет неможе да стане посесивен под влијание на друг предмет.
    Чиста физичка логика, во физиката за да се добие некакво дејство истото мора да се поттикне, а за да се поттикне потребни се најмалку два учесника кои со меѓусебна интеракција ке предизвикаат процес при што и двата предмета не остануваат неафектирани. Е сега ако ја земеме фамозната маица што ја украл оној што сака да ни наштети, маицата доаѓа до контакт со ножици = размена на енергија, чиста логика на интеракцијата е дека ако тие две дупчиња/кончиња што ке ги исечеме, влијаат на маицата (и наводно нашиот живот љољ!), логично е да влијаат и врз ножиците на „сторителот“, така да, и самиот на себе би си направил лошо.
    Магијата (ако постои), е енергија, како и се` друго што постои во универзумов, и се движи по законите на природата. Истата, единствено може да биде пренасочена од луѓе со огромни познавања од областа на науката и физиката и тоа во екстремни случаи за да се спречат елементарни непогоди, а не од некоја бабичка што седи во затемнета соба и мумла безвезни зборчиња над чинија со вода и брашно.
     
  12. BlackCatt

    BlackCatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Нова сум на форумот, но за таквите работи мислам дека не постојат. Јас искрено сум голем песимист во поглед на тие работи. Ако постои нешто во поглед на тие натприродни работи сметам дека е тоа човековата интуиција единствено нешто во што верувам :hai:
     
  13. viktorija.p

    viktorija.p Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    i jas porano ne veruvav no se zaprepastiv od nekoi raboti sto mi se slucija,pa ako znaete za nekoj koj gi unistuva tie raboti pisete mi
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343

    Просветли ме и објасни ми како е точно ? Ама детално ,не само два три нафрлени збора ! ;)
    Само не маѓепсувај ме со констатации :lol:
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Висока доза на иронија и сарказам но употребни со стил, ценам :D.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали има магии, или тоа го прават луѓе кои сакаат пара без мотика, но знам дека има мал милион манијаци околу нас кои се спремни самите да жртвуваат нешто за да наштетат некому. Болни умови.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Тие што така велат немаат појма од М а не од магија :). Комплетно неточно :).[/quote]


    Просветли ме и објасни ми како е точно ? Ама детално ,не само два три нафрлени збора ! ;)
    Само не маѓепсувај ме со констатации :lol:[/quote]

    Висока доза на иронија и сарказам но употребни со стил, ценам :D.[/quote]

    Многу грешно си ме разбрал ,целта ми беше да внесам забавна ,а не саркастична нота во постот .
    Штета што го немаме саркастичното смајли при рака ,нели? :lol:

    Дури сме кај магиите ,прочитав за некоја магија со ставање на менструална крв во кафе / чај. :o

    Доверливи информации за исход од вакво чудо ,има некој?????

    Многу секси ми звучи ,жими се :devil:
     
  18. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Не верувам. :^)
    Ама баба ми ми има кажувано дека на некое девојче му направиле магија и скроз се помрднало од умот.
    Имала некоја другарка и мислам дека и позајмила некоја нејзина блуза, а оваа кога и ја вратила девојката почнала да потфаќа, неможела да зборува, полека полека мислам дека се парализирала. :|
     
  19. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Верувате во магии,почудувања и слично..?

    Вака..иако сум модерна девојка и не верувам многу во овие работи, но една моја другарка ми кажуваше дека ако со бурмата мајка ти ти помине на челото и ако имаш црна линија дека си почуден :/ тоа му се случило неа и не знае што да направи за да го прекини тоа. Знае некој, а и навистина малце надолу и има тргнато животот..Mожеби глупаво звучи ама ако некој знае нешто или има совет нека кажи! :)
     
  20. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Па и јас сакам да знам како да го пробијам тоа, тоа ми е поентата..