1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се имам изјаснето дека верувам во магии и гатачи, исцелители и сум 100% сигурна. Но не секој е прав. Повекето се лажни и предводени од темниот.
    Но има и такви кои се пратени од Бога, за да ни помогнат.
    За тоа внимавајте кому му верувате.

    (1 Коринтјаните 12:1-20,27-31)
    1 Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење.
    2 Знаете дека кога бевте многубошци, бевте влечени како терани кон немите идоли.
    3 Затоа ве известувам дека никој, кој зборува во Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус,” и никој не може да каже: „Исус е Господ,” освен преку Светиот Дух.
    4 Дарбите се различни, но Духот е ист.
    5 Различни се и службите, но Господ е ист.
    6 Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сè во сите.
    7 Секому му се дава откровение на Духот за општа полза.
    8 На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
    9 на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
    10 на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.
    11 А сè тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
    12 Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос:
    13 зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.
    14 Зашто телото не се состои од еден член, туку од многу.
    15 Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото,” тоа не ја прави да не е од телото.
    16 И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото,” тоа не го прави да не е од телото.
    17 Ако целото тело би било око, каде би бил слухот? Ако сè би било слух, каде би било мирисањето?
    18 Но Бог ги поставил членовите во телото; секој еден од нив, како што Му било угодно.
    19 Ако пак сите би биле еден член, каде би било телото?
    20 А сега се многу членови, а телото е едно.



    27 А вие сте Христово тело, а поодделно, членови.
    28 И Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, за разни јазици.
    29 Сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?
    30 Сите ли имаат дарови за исцелување? Дали сите зборуваат разни јазици? Сите ли се толкувачи?
    31 Туку покажувајте ревност за подобрите дарби! А јас ќе ви покажам уште повозвишен пат.

    Оние кои тврдокорно велат дека не постојат ваквите, слабо си читнале за религијата.
     
    На Glasna, jovana03, topogan и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Kazi tel btoj te nolam izvini itbo e ili mail
     
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Неманм број дусшо пиши порака:D:D Исфини.
     
    На FemmeFatale, joy1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Великиот отец и учител на Црквата, светиот Јован Златоуст, многу зборувал против вражачите, бајачите и гатачите и ги предупредувал луѓето кај нив никако да не се лечат. Неговите зборови и денес важат; денес можеби повеќе од било кога. Во своите беседи „Против Јудеите“, во кои ги одвраќал христијаните од Антиохија да не одат во синагогите и да се молат со Јудеите, великиот отец им соопштувал поука и на оние кои се лечеле кај еврејските вражачи (како што денес нашиот народ оди кај оџите и бајачите по некакви амајлии и „заштитници“). Луѓето на кои им беседел се оправдувале со тоа дека се болни, и дека затоа одат кај „чудотворците“. Ним Златоустиот им одговарал дека болестите се Божја посета заради исправување на гревовите и тврдел дека за таквите постапки нема никакво оправдување. Во продолжение изложуваме дел од неговата беседа кој се однесува на лечењето кај бајачите:

    „Слугите од своите господари и синовите од своите татковци трпат често дури и тогаш, кога овие неправедно ги казнуваат; а зарем ти не сакаш да претрпиш казна од Бога Кој е над сите (господари), и кој те сака повеќе од било кој татко, Кој сè презема и прави не поради гнев, туку за твоја полза? Напротив, штом ќе ти се случи било каква полесна болест веднаш бегаш од Неговото Господство, иташ кај демоните и трчаш во синагогите? Можеш ли на крајот да добиеш простување? Како ќе бидеш повторно во состојба да Го повикаш? Може ли било кој друг, макар да ја има смелоста на Мојсеј, да измоли за тебе? Никој. Зар не насетуваш што му говори Бог на Јеремија за Јудеите: „Не се моли за тој народ, зашто, дури и Мојсеј и Самуил да застанат пред мене нема да ги услишам“ (Јерем. 7, 16; 15, 1). Така што постојат гревови кои се над секое простување и не можат да бидат простени. Притоа Јудеите, иако привидно со своите вражења и ја прекинуваат треската (во телото) – во суштина тие не го прават тоа, – но затоа во совеста воведуваат друга, уште пострашна, треска, поради тоа што секојдневно ќе ги ранува сопствената помисла, совеста ќе ги мачи, велејќи им: „Си постапил безбожно, си извршил беззаконие, си го нарушил заветот со Христа, поради една лесна болест си ја издал побожноста. Зарем си ти единствениот што е болен? Зарем другите не претрпеле многу повеќе од тебе? Па сепак никој друг не се осмелил на такво дело, слично на твоето: а ти, слабак и разгален, си ја изгубил својата душа.

    Како ќе Му одговориш на Христа? Како во молитва ќе Го повикаш? Со каква совест ќе влезеш во храмот? Со какви очи ќе го гледаш свештеникот? Како ќе се осмелиш со раката да ја допреш Светата Трпеза? Со кои уши ќе го слушаш Светото Писмо кое таму се чита?“

    Тоа значи: ако некој пророк рече: можам да воскреснам мртовец, или да исцелам слеп, само послушајте ме, и да им се поклониме на демоните, или да им послужиме на идолите; потоа оној кој говори дури и да исцели слеп или да воскресне мртовец, не слушајте го ни по ова. Зошто? Затоа што Бог, испитувајќи те, му допушта на овој тоа да го стори, не поради тоа што Он самиот не го знае расположението на твојата душа, туку поради тоа за да ти даде можност да докажеш дали Го љубиш Бога. Ако Бог така некогаш им говорел на Евреите, тоа уште повеќе важи за нас, на кои ни ги отворил вратите на воскресението, на кои ни заповедал да не се врзуваме за сегашноста, туку секоја надеж своја да ја насочуваме кон идниот живот“.
     
    На meckicka, Boomm, Askopje и 3 други им се допаѓа ова.
  5. topogan

    topogan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    kazete koj rastura magii ama iskreno ,seriozno e ova.Dajte kontakti
     
    На acezmija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. topogan

    topogan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    ako sakas pomogni ,bidejki gledam deka mozes , kazi kade postojat takvi prateni od boga
     
  7. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Дај бре аманте, на сите ви се чудам. И на тие шо се подбивате на туѓа мака, и на тие шо имате мака а барате број од гатачи и бајачи.
    Побарајте си помош во црква.
     
    На meckicka и anakonda88 им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Од кој поп и која црква поточно? Еве ти упати не. Еве јас не знам. Ај те молам помогни ми и кажи ми кај кој поп и во која црква да одам.
     
    На Glasna и rose60 им се допаѓа ова.
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Во било која и кај било кој. Верувам дека само свето нешто би помогнало. Нормално ако се најде некој саглам поп.
     
    На meckicka и anakonda88 им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    тебе ти помогна било кој поп во било која црква. Ок. Еве кажи ми сега што јас да направам? Ке отидам во црква и ке го викнам попот и после???
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Види не дојдов да се надмудрувам овде, кажувам само свое мислење, пошто знам доста примери каде што помогнал поп, секако со Божја волја, за порано сега не знам.
    Ако сакаш ќе си го бараш чарето сегде нормално. Не велам дека не верувам во гатачи и бајачи, само ретко да го најдеме вистинскиот кој би помогнал.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Eve ima luge koi go nasle toj sto im pomognal nekoj bajac ili gatac, za razlika od nekoj pop pijanica, varalica i kockar.
    Toa e poentata.
    A predhodniot post ti pisa deka se cudis na takvite koi baraat pomos po bajaci
    Eve sto pisa?
     
    На Glasna, rose60 и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.946
    Допаѓања:
    48.668
    Пол:
    Женски
    Искрено не верувам.
     
  14. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Зошто прво да не се побара помош во црква? Тоа сакав да кажам, не сум се изјаснила добро очигледно е.
    Тоа и го кажувам за порано, за сега реков не знам како е и дали можеш да најдеш саглам поп. Но зошто да не би пробале прво со помош од Бога?
     
    На meckicka и anakonda88 им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Абе мило како да ти објаснам. Бараат луѓето помош во црква, ама Бог рече дека не е во градбите од дрво и камен. А има луѓе демони што се ке сторат за да ти наштетат, е тогаш попот не може да помогне само со молитва. Па бараат помош кај луѓе пратени од Бога што имаат мок да помогнат. Тоа сакам да ти кажам.
    Мене црква не ми помогна.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Добро, те разбирам. Нема потреба да дискутираме повеќе :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некој што гледа и растура магии во Прилеп?
     
    На Mar89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постојат такви работи, во моево место многу се практикуваат знам. Секакви има, болни умови се тоа, одат по секакви гатачи, бајачи, вештерки само да наштетат. Како и да е Господ сите не гледа, и само Тој може да не чува.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.562
    Допаѓања:
    78.823
    Пол:
    Женски
    Што се не прочитав во темава... верувам во магии но нема шанси да одам по бајачи. Голем верник сум и мислам дека Бог ме чува и додека ме чува нема сила што може да ми наштети. Редовно одам во црква и се молам а ако наидам на некој чуден предмет или што и да е, само го палам или го фрлам во река и решен проблем.
     
    На meckicka, theowndemon и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.706
    Допаѓања:
    266.170
    @okcenzi дури сега ја отворам темава после многу време, затоа дури сега ти пишувам.
    Знаеш за мене дека не верувам во ништо религиозно, но, имам блиска личност која навистина многу верува, и откако го изгуби во еден ден целото семејство, беше во очајна состојба.

    Лично неа, и помогна отецот (или како и да го викаат, главниот) во Рајчица, со него често се гледа, разговара, дури еден период и во манастирот живееше.

    Не знам дали по црквиве имаат таков обичај, исповедање, консултирање, духовно водење, но на женава ете, навистина тоа и помогна да се стабилизира.

    Секако дека предуслов е некој да верува, во нејзиниот случај беше така.

    Не знам повеќе детали зошто не сум прашала, мислам дека подобро од мене ги разбираш работиве.
     
    На meckicka, theowndemon и okcenzi им се допаѓа ова.