Јас верувам, затоа што е вемене еднаш ми помогна (пишав погоре) за бабата, но ете постојат луѓе кој настојуваат да те уништат по толку години пак проблем. Врувам во овие т.н бајачи затоа што уште од врата кога влегов ми рече кај си до сега? Знаш ли од кој ти е направено ? Реков предпоставувам ми ја опиша личноста до детал ми кажа кај живее ми кажа што до сега сме нашле у двор свеќи макара со игла крв итн. Да се стаписаш све е точно затоа што добро се сеќавам јас ги наоѓав тие работи и сега кажи ми дека нема нешто надприродно ? Ме фати за нога ногата ми стана мраз, не ја осеќав добри 5 минути 3 пати по ред болките во коленото исчезнаа.. со години по лекари неможеа да најдат до што е на крај лекот бил тоа ! Ќе ти кажам уште еден случај. На моја пријателка и кажав отидоа со сестра и но по излегување и по пат накај дома пријателкава и кажала на сестра и дека не верува и мисли дека ова баба само лажи итн. Но утредента кога пристигнале кај неа Бабава ја пречекала и и кажала да го напушти дворот бидејќи не верувала во неа Пријателкава се закопала пред сите од кај знае дека тоа она го кажала? Ете јас сум задоволна и не можам да кажам дека не ми помогнала лекот треба да го бараш пред се во Бога. Ете опкружена сум со една личност вештерка на која ништо никогаш лошо не сум ни и помислила а ми прави вакви работи со години не измачува цело Семејство. Што да и направам како да докажам ? Не е можно тоа да се докаже. По ова со внук ми се вознемиривме сите па деновиве инсталираме камери во двор и тоа вкупно 14 ајде може би ќе имаме некој доказ за да покренеме некоја постапка просто не ми се живее веќе ! Се согласувам дека има и такви што лажат бајалици гатачи и што уште не, но ете бог нека им плати на тие што заработуваат на нечија мака. Ве поздравувам
Ајде, дај Боже да го фатите тој лудак што ви ја ремети душата и не ви дава мир и спокој за да живеете нормално...само те молам немој да велиш дека не ти се живее повеќе, мораш да бидеш храбра, силна, свесно да го носиш товарот на животните удари..верувај дека не постои човек кој нема проблем. Ајде, сите сме со тебе, поздрав
Да постои нешто натприродно, постои Бог, но постои и ѓавол. Постојат ангели, но постојат и демони (отпаднати ангели). Најчесто ваквите бајачи и гатачи се класични измамници што научиле неколку психолошки финти за да манипулираат со лековерните луѓе, но понекогаш можеш да наидеш и на бајач кој што е медиум на демони. Од каде знаеш каков дух зборува преку таа баба што си ја запознала? Демоните без никаков проблем можат да патуваат низ овој простор и да гледаат што се случува со луѓето, кој кому што направил, кој е болен кој здрав и сл. Демоните го препознале дури и Исус Христос кога им се приближиш и трепереле од страв: „Тогаш, во нивната синагога беше човек, опфатен од нечист дух, и извика велејќи: „Ах! Што имаме ние со Тебе, Исусе Назарејче? Дали дојде да нè погубиш? Знам Кој си Ти: Божји Светец!” И Исус му се закани: „Молкни и излези од него!” И нечистиот дух го стресе, извика со висок глас и излезе од него.“ (Евангелие според Марко 1:23-26, Библијата) Секако дека немаат знаење како Бог и тешко можат да ја предвидат иднината, но лесно можат да знаат за она што тековно се случува. Целта им е да ти всадат страв од магии, да ја насочиш верата кон нив наместо кон Бог. Исто така и инструкциите што ти ги даваат најчесто на кратки стази изгледаат како да ти нудат решение, ама на долги стази уште повеќе те заплеткуваат во проблеми, стравови и сомнежи. Прочитај го внимателно и следниов пример од Библијата: „А кога еднаш одевме на молитва, нè сретна некоја девојка, слугинка, која имаше претскажувачки дух, и која, со вражање, им донесуваше голема печалба на своите господари. Таа одеше по Павла и по нас, викајќи: „Овие луѓе се слуги на Сèвишниот Бог; кои ни проповедаат пат на спасение.” Тоа го правеше многу денови. А кога му досади на Павла, се заврти и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исуса Христа да излезеш од неа!” И излезе во истиот час.“ (Дела на апостолите 16:16-18, Библијата) Оваа жена имала зол дух преку кој претскажувала. Ако тоа бил Божјиот Дух, Павле сигурно не би го истерал духот од неа. Овде гледаме дека и вражачите можат да претскажуваат преку демонски духови. Затоа Господ Бог силно се противи на ваквите луѓе и на оние што ги посетуваат. „Не вражајте и не гатајте!“ (Левит 19:26, Библијата) „‘Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ.“ (Левит 20:6, Библијата) „Народите што наскоро ќе ги истераш ги слушаат вражалците и гаталците, но Господ, твојот Бог, не ти го дозволува тоа тебе.”“ (Второзаконие 18:14; Библијата) Бог јасно вели дека вражалците и гаталците ќе завршат во пеколот (ако не се покајат): „А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.“ (Откровение 21:8, Библијата)
Чек малце да те прашам...абе навистина ли ти веруваш дека постојат ѓаволи, демони, гледачи и бајачи?? Кратко одговори со ДА или НЕ.
магиии, гатачки, бајачки све тоа глупости одамна мајка ми имаше приметено као од жица снемаува моја маичка за по одредено време да ја најде позади куќа целата во крв, какви болни постојат не дека ми бидна на мене нешо ама несаглам бе
Да , постојат и тие демони се во ваквите луге , затоа им погодуваат, но лугето не знаат дека кај Гаволот си има цена,затоа од после им се влошува ситуацијата и пак бараат да одат по гатачи . Вчера споделив пример , незнам зошто ми го избришале . Еве јас ти одговорив
@baba Rada , претпоставив дека прашањето ти е реторичко, затоа и не ти одговорив. Со ова потполно се сложувам. Запознав еднаш една девојка која ми го сподели баш ова искуство. Имала некои проблеми, па отишла на гатачка-бајачка и за момент и станало подобро, но после 2-3 месеци и станало многу полошо отколку пред да отиде кај бајачката. Тогаш ја мотивирав да го чита Новиот завет и да се моли и одма и стана подобро и и исчезнаа фобиите што ги имаше. Штета што ти го избришале мислењето, а баш сакав да го прочитам твоето искуство. Ако нема соодветна тема (каде што не би ти го избришале) пиши ми го во приватна порака
Па го сппделив кажувањето на наша пријателка , нејзината керка пред да гата , се будела среде нок и зборувала на чуден јазик и излегувала надвор како месечар ( секоја вечер имало некој што седел со неа ) , среде бел ден како да се губела и исто зборувала на чуден јазик , и после ке ја прашале што зборувала она на ништо не се секавала , и мн други работи , ова мене ми го има кажано мајка на гатачка. Исто и внуката на Ванга од Бугарија го има напишано слично искуство со неа во нејзината книга . Одењето по вакви работи , на почетокот се подобрува све за да ве придобојат , но потоа све ке оди надолу и надолу , и тоа е цената на Гаволот .
Исто е, а во исти кош со бајачит и гатачите се и секташите. Дури тие се бетер, во името на бога го лажат народот.
Ѓаволот секогаш иде во јагнешка кожа. А типот одозгора е од „црква“ која не е признаена ниту од една религија во светот. Тие се лажните пророци од отровението.