Хехе како и да е, тука шири магла со познавање на библијата. А да се потсетиме дека протестантските држави САД и Англија го запалија светот.
Ај доста со тоа протестантите ова она , секој има право да одлучи во што ке верува ! Патем Ангела Меркел е протестант и татко и бил поп . Ништо страшно . Страшно е овие што одат по демони да им ги решаваат проблемите !
Јас не отидов кај Меркелка да ја терам да биде православна, туку овој тука дојде да ни соли памет да станеме протестанти дека нашата црква не чинела. Дека сме биле во заблуда дека сме ги славеле светците и иконите, дека славењето на пресвета богородица е всушност богохулие. Само не, тоа не е важно, тебе ти е важна слаткоречивоста на лажниот пророк. Нека одговори тука на Која „црква“ припаѓа, колку „цркви“ постојат во протестантсвото и колку има неговата „црква“ верници, и после нека одговори какви се разликите помеѓу протестнатските „цркви“, ако има позитивни намери. Еднаш викаш секој има право во што да верува, а другпат викаш дека одат кај ѓаволи. Јас се слагам дека одат кај ѓаволи ама и овие протестантиве се ѓаволи.
Точно така. И Борис Трајковски беше протестант - најдобриот претседател што Македонија го имала досега.
И сега и ние треба да станеме протестанти ? А можеме ли да бираме во која „црква“ да се приклучиме, ќе не просветлиш ли да ни ги раскажеш сите учења на протестатните ? Или ќе бидеш себичен и ќе ја промовираш само твојата „црква“ ?
Еве ги моралните нормативи на Меркелка која, како што кажа ти е ќерка на свештеник. Оваа треба да биде пример на Христијанка за тебе?
Абе црно бело форумот пропадна и по твоја заслуга и уште на двајца. Сега тука ли ке не труеш со бљувотини, ајде мавни се.
Не сакам пак да одам оф-топик и да ги мачам админите да бришат коментари ко вчера, ама еднаш морам да ти реплицирам и нема да продолжам понатаму во оваа насока. 1. Никогаш не сум те терал тебе или некој друг да стане протестант. Си имам предоволно пријатели протестанти за да ми треба нов таков пријател и тоа па од форумов 2. „Тука“ - Јас не сум дошол кај тебе дома да пишувам на твојот ѕид, туку пишувам на јавен форум каде што нема правило дека форумов е православен и дека само православните смеат да си ги искажуваат своите ставови и дека следи инквизиција на секое друго поразлично мислење. 3. Вчера ти и неколку православци со тесни и ограничени погледи ме нападнавте мене затоа што охрабрив еден член дека е ок тоа што неговата побожна баба не одела да се исповеда кај поп. Јас му го напишав моето гледиште аргументирајќи дека ниакде во Библијата не пишува да се оди кај поп на исповед и дека Библијата учи првенствено да ги исповедаме гревовите на Бог, а потоа еден на друг со нашите блиски пријатели-христијани. Ако ти имаш право на овој форум да ги советуваш луѓето да се исповедаат на поп, зошто јас да немам право да ги советувам да се исповедаат кај Господ? 4. Јас нема да ја цензурирам Библијата и да ги прескокнувам сите оние цитати кои што се во спротивност со нечии верувања или пракса (како на пример упатување молитви кон светци или поклонување на светци). 5. Запрашај се дали можеш да поднесеш мислење различно од своето. Ако не можеш, тогаш имаш сериозен проблем и тоа не само на тема религија, туку тоа ќе се пренесе и на многу сфери од твојот живот. 6. На секој твој пример за „види овој протестант колку лош верник е“ можам да најдам 10 примери на православни луѓе кои се бетер од твојот пример. Можам да почнам и од политичариве наши Ама не е поентата да се докажуваме чии верници се подобри или колкав е процентот на вистински или доследни верници меѓу православните и протестантите. Од таквата дискусија нема да произлезе ништо добро, туку само расправија. Толку од мене оф-топик. Извинување до администраторите што одам оф-топик, ама ме испровоцира горниот член.
Јас не зборам за верниците, зборам за „Црквите“, ти на една друга тема плукаш по православните учења, „загрижен“ за неукоста на Македонскиот народ кој јас слави пресвета богородица. И сега пак ли ќе кажеш дека: И дека: А ти сиромашкиот загрижен си за нашата неукост дека ја славиме пресвета богородица и дека го правиме најголемиот грев обожувајќи ја. Дали тоа не кажува дека ова важи за тебе: : Пак не ми одговори на прашањата што ти ги поставив. А тоа само ги потврдува твоите задни намери на форумов.
Ти веќе сите форуми ги отру. И Кајгана и ЦБ и тука еве. Јас не знам како те сфаќаат сериозно тука, изгледа не знаат со кого имаат работа, среќа јас знам. Ти си за на баење, да ти ги извадат демоните од тебе па да бидеш подобра личност. Јас еве иако не верувам во тоа, би те однел да ти помогнат. По моја заслуга па хахаха, ете гледаш колку си будала. Брзо кај Иван Исцелител.
Дечки би сакала да ми кажете ваше мислење... Во мојата куќа живее една жена којашто јас ја имам сретнато да прави разни ствари (магии или нз како се викаат)..Многу ми е страв, но морам да отидам негде.. Слушнав за некоја бајачка/гледачка во с.Дедебалца - Битолско, па би сакала ваше мислење и за друг што стварно се разбира од тие работи и дали има некој број од Оливера, жената во с.Дедебалца.. Ве молам за помош...Фала ви
И сакаш да ти кажам шо си ти всушност? Трол невиден а знаеш зошто ? БАРАШ мислење околу тоа за развод итн во темата. Потоа си кажуваш бројот на партнери во секс. А сега тука за братти се грижиш. Реално дома жена што си има маки нема да се замара за братје да му бара чаре дали некоја му дала менструација ,администратор нека те провери тебе искрено .
Здраво на сите ве молам да ми помогнете во голема мака сум...кажети ми некој број од гатач/гатачка ве молам итно е!!!! Можете да ми испратете и во лична порака
eva11 bi te zamolila, znam deka e mn od porano razgovorot no mi treba pomos... Dali go imas brojot od odzata vo kicevsko? nemozam da ja kontaktiram leila.