1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ај што верувате во магии, ама некој преку телефон да ви гледа, бае, гата и остало?:^)Што, преку жица да не ве осеќа кои сте, што сте и што мака имате?Овие бајачиве, гатачиве сите би ги затворила без око да ми трепне, тие се тие што уствари влагаат во психа на здрави и прави луѓе и ги измислуваат тие магии, чуда и врагови.
     
    На fallenangel, Draginja, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. @minni

    @minni Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Jas konkretno ja baram taa Tereza sto gata po telefon ne za da mi gata, nego za da doznaam koja e taa faca sto gata na tel, mnogu me zanima na sto lici taa i kako uspeva da mrdnuva luge po telefon, a gata samo na psihicki nestabilni.
     
  3. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    33.903
    Пол:
    Женски
    ја иам една жена од очи што бае.работи на сигнал хахаххахах
     
  4. Lana25

    Lana25 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Naprvo zdravo na site. Sakam da prasam od tie sto veke bile kaj Dule, kako se plaka, ima tarifnik ili si ostava koj kolku saka? Pozdav, imajte ubav den!
     
  5. netty

    netty Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    nekoj da bil kaj enes od ljubin da spodeli iskustvo?
     
  6. @minni

    @minni Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Jas bev, covekot e odlicen i ima efekt
     
    На acezmija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Колку ке му оставиш толку
     
  8. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Имам комшии кои веќе повеќе од 8 години неможат да застанат на нозе. Се некако ги затеруваат несреќи и никако да им појде од рака.
    Таткото и синот на ниеден начин неможат да најдат работа , нема каде не побараа и едноставно несака....
    Сопругата само им работи но и на неа животот и е прилично тежок со плата од 12 000 денари .
    Синот дури и стекна психички проблеми, се затвори тотално во себеси и ретко збори , а беше прекрасен дечко по кој трчаше цел град.
    Се чувствува некоја психоза во нивниот дом секогаш кога ке отидам.
    Порано важеа за прекрасна добростоечка фамилија и ги пратеше убав живот.И покрај тоа беа скромни....
    Сакам некако да им помогнам, дали знаете некој што може да види дали им фрлиле магија и да ја растурат ? Еднаш женичката ми спомна дека некоја жена покрај манастир и рекла дека им е фрлена магија но не сакала да верува во тоа.....
    Дали има некој вакво искуство ? Дали знаете каде можат да се обратат да побараат помош?
    Ве молам за коментар
     
  9. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Kaj koj manastir i rekle takvo nesto?
     
  10. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    искрено не би знаела....
     
  11. Lana25

    Lana25 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ke moze li nekoj sto veke bil kaj dule da mi pise pp. Fala
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Верувањето во магија го означува погрешното припишување на причинско-последична врска помеѓу дејствијата и настаните. Од психолошки аспект, на лицата меѓу кои причински однос мора да биде утврден се строги исцртани. А ова верување предизвикува личноста да доживее страв, навидум не рационално оправдано на набљудувач надвор од системот на верување, на извршување определени дејствија или имање определни мисли, бидејќи на претпоставена корелација помеѓу тоа , се заканува несреќа.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. topogan

    topogan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    A ti od psihiloshki aspekt gledash?
     
  14. topogan

    topogan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Nemash poima sto sve mozat psihicki nestabilni lugje da ti storat,i zaroa ne objasnuvaj nesto nevozmozno
     
    На stilas7 и Petra44 им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @topogan според твоите пораки на цитатите, сфатив дека ти не се согласуваш со мојата дефиниција за верувањето во магии. Тоа е во ред, јас разбирам дека секој има различно мислење и различно искуство кои не сите се запознаени со нив.
    Да ти одговорам на првото прашање, да - ова е мое видување од психолошки аспект. Сметам дека денес и покрај сите научни и логични објаснувања, некои луѓе и понатаму веруваат во магија. Тоа е поради фактот што тие луѓе не се доверуваат во модерните објаснувања и во науката поради свои одредени причини и поради тоа тие своето мислење , односно својата претпоставка ја насочуваат кон непознатото, суеверното верување.
    Кога станува збор за психички нестабилните луѓе, тие личности можеби имаат облик на човек, меѓутоа во нив нема никаква човечност. Дури можам и да кажам дека кај нив постои одредена болест и залуденост поради љубомора од која тие, немајќи на кој друг начин да наштетат, се решаваат да им наштетат на одредена особа преку ,,магија,, само за да се чувствуваат подобро за себеси, знаејќи , односно мислејќи дека успеале да направат зло. Тоа е всушност за нив совршено објаснување за нивните непромислени и заостанати постапки- да мислат дека некому наштетиле со магија, а во реалноста да се работи за несреќен пресврт на настаните. Соо други зборови кажано, болест на умот , која може да ја има и ,,наштетениот од магијата,, кој исто така верува дека му е направена црна магија, бидејќи веројатно нема доверба во науката, па сака да ги објасни новите случувања околу него преку непознатото, недокажаното, односно со магија.
    Сепак имај на ум дека ова е само мое размислување во врска со оваа тема и секако знам дека не е возможно сите да се согласуваат со ова гледиште, меѓутоа не треба ни да бидете дрски и арогантни, туку треба да почитувате туѓо размислување, дури и да е спротивно од вашето.


     
    На ..Queen..1998, Draginja, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Сите ние во нашите животи сме имале предизвици и проблеми, често предизвикани од луѓе кои се психички нестабилни, како што и ти велиш. Тоа е точно, меѓутоа сметам дека ти не можеш за мене да кажеш дека јас немам поим што се можат овие луѓе да сторат, од простата причинина што ти лично не ме познаваш и не си запознаена со моето минато. Напротив, јас многу добро знам што може една психичко нестабилна личност да ти стори, а уште потрауматично е кога тоа ќе го доживееш на малолетна возраст...

    Во секој случај, ти го посакувам секое добро :)
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @Briar Rose ке ти поверував да наведеше бар еден пример, за разлика од темава која е преполна со примери.
    А ти мислиш ние што веруваме сме така глупички, простички, неуки,затуцани од некое планинско село и седиме на селската чешма и само за тоа збориме?
    Медицината мене не ме излечи, билкарите не, биоенергетичарите не, психолозите не. Само еден човек гатач и кажал на мајка ми што да фрли од дома и од која маннастирска вода да ми даде. БЕЗ ДА ЗНАМ за 3 дена бев ко нова.
    И никој никогаш не може да ме разубеди дека не постојат магии.
    И 3 докторати да имам пак ке верувам.
    Ниеден научник не можеше да каже што ми е ни како да ми помине.

    Читни во Светото писмо и тамо пишува.
    ФМП
     
    На fallenangel, stetoskop, stilas7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @okcenzi јас не се обидувам ништо да ви докажам, туку едноставно сакам да го споделам моето мислење во врска со оваа тема. Не, секако дека не мислам така, и никаде во моите пораки не сум спомнала такво нешто... ве молам, мојата намера во никој случај не беше да навредам некого. Јас разбирам дека секој има свое размислување базирано врз претходно искуство.
    Инаку, многу ми е мило што си успеала да се излечиш, без разлика на каков начин. И секако јас имам разбирање и го почитувам твоето мислење, иако е различно од моето.
    Ти посакувам многу среќа и здравје во понатамошниот живот и најважно од се, продолжи да веруваш во она што сметаш дека е правилно.
     
    На theowndemon и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. topogan

    topogan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    bas i nesfakam so sakas da kazes,od edna strana velis ne postojat magii ,a od druga pak velis si doziveala nesto loso koga si bila mala i ne sum znaela sto si pominala koga si bila maloletna ...mnogu ??????
     
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Да, јас лично не верувам во магии, но како што некои тврдат дека психичко нестабилните личности им наштетуваат на луѓето со магија, тоа не мора секогаш да е точно. Психичко нестабилните личности и без ,,употреба на магија,, можат да ти наштетат. Сепак, некои жртви тоа што не можат да го објаснат, го сфаќаат како таа личност да им направила магија (имај на ум дека ова е само мое мислење).

    Инаку ќе потврдам дека навистина не можеш да знаеш за моето минато, тоа е многу јасно со оглед на тоа што ти лично не ме познаваш. Ниту пак јас можам да знам за твојот живот поради истата причина.
    И покрај тоа лошо искуство, јас не сум обвинила никого дека ми направил магија...

    Гледам дека на оваа тема секако ќе се сретнеме со различни, контрадикторни ставови бидејќи нормално е секој да размислува на различен начин, со влијанието од нашите претходни искуства.
    Според твоите пораки, можам да разберам дека ти веруваш во магија, веројатно поради лошо искуство во минатото. Доколку навистина ти се случило такво нешто, жал ми е што си поминала низ тоа и се надевам дека сега животот ти е многу подобар :)

    Јас само сакав да го кажам моето гледиште во врска со оваа тема и никого не нападнав, ниту пак имав намера да плукам по нечии верувања. Треба да разберете дека не сите размислуваат како вас.
    Сепак, го почитувам твоето верување бидејќи знам дека човек без верба во нешто, е ништо и неговиот живот , па и самото негово постоење е безсмислено.

    И најважно од се, продолжи да веруваш во она што ТИ сметаш дека е правилно...