Просветли ме и објасни ми како е точно ? Ама детално ,не само два три нафрлени збора ! Само не маѓепсувај ме со констатации [/quote] Висока доза на иронија и сарказам но употребни со стил, ценам .[/quote] Многу грешно си ме разбрал ,целта ми беше да внесам забавна ,а не саркастична нота во постот . Штета што го немаме саркастичното смајли при рака ,нели? Дури сме кај магиите ,прочитав за некоја магија со ставање на менструална крв во кафе / чај. Доверливи информации за исход од вакво чудо ,има некој????? Спојлер Многу секси ми звучи ,жими се [/quote] јас сум слушнала за менструацијата,т.е. на мој комшија, некоја роднина му ставила во кафето па затоа кога ќе се поднапиел му се прават ептен црвени очите и прави проблем.. којзнае дали е точно -.- п.с. јас да, верувам.верувам и дека овие работи,т.е. правењето маѓии се ѓаволски и се враќаат на лошо.
Јас верувам. Верувам во баење- Кога сум имала 2г. 1 месец сум лежела во болница никој не знаел што ми е, се додека не дошла една баба која ја нашле и донеле моите родители и почнала да ми бае со чибритчиња за 2мин. сум станала и сум играла со чибритчињата, а и вечерта сум ја напуштила болницата. Верувам и во магии- Еден мој братучед има над 30г. и не сака да се жени. Беа кај некој од Велес или Куманово не знам сега точно и тој им кажал име на личноста која направила магии и не знам што направија, бидејќи биле мн одамна магиите направени па потешко било за растурање. Верувам и во клетви,проколнување и во тоа ако правиш лошо се враќа со лошо- Дедо ми и чичко ми цел живот ја нервираа баба ми, да не речем ја малтретираа, ја колнеа, и 3 месеци пред нејзината смрт таа од што се разболе со нервите не спиеше, ниту навечер, ниту преку ден. Откако почина, чичко ми почна да се жали дека го боли местото под јазикот, дека чуствува како да му шета нешто, нервите како да му мрдале. Се излечи по бајачки и после 9 год. односно пред некој месец повторно му " оживе " и пак по бајачки и сега добар е но на моменти го боли. И цело време сам кажува дека тоа е поради тоа што и го правел на баба ,и, неговата мајка. Додека не осетиш на своја кожа, не знаеш како е. Затоа јас верувам во се, се може да биде.
да верувам во магии пред неколку месеци една личност ми откри како се прават магија за заљубување , а на ТВ видов како се прави црна магија(da se razdelat dvajca koi se sakaat) и со вакви работи нема играчки
мИ СЕ ИМА СЛУЦЕНО ДА НАЈДАМ ПЛАВ КОНЕЦ ВРЗАН НА ВНАТРЕШНАТА СТРАНА ОД КВАКАТА ОД НАДВОРЕШНАТА ВРАТА НА СТАНОТ. ОД СТАНОТ ИМАМЕ КЛУЦ ЈАС И ММ И ЕДНОТО ДЕТЕ И СВЕКРВАМИ КОЈА ЖИВЕЕ ДО НАС.МЕГУТОА ОВА НИ СЕ СЛУЧИ ЕДНА ВЕЧЕР ДОДЕКА БЕВМЕ НА ГОСТИ КАЈ НАСИ ПРИЈАТЕЛИ СО ДЕЦАТА И КОГА СЕ ВРАТИВМЕ СТО КЕ ВИДИМЕ ММ СЕ ИЗНЕРВИРА И ГО СКИНА А НЕЗНАМ КАЈ ГО ФРЛИ:??? сЕ ПРАСУВАМ ДАЛИ Е МОЗНО СВЕКРВАМИ ДА ПРАВИ НЕКАКВИ РАБОТИ ??? ПО КАРАКТЕР Е МНОГУ ЉУБОМОРНА ЖЕНА? ДАЛИ Е МОЗНО НА СОПСТЕВ,СИН ДА МУ ПРАВИ ЛОСИ РАБОТИ??вЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШИ АКО НЕКОЈ ЗНАЕ СТО ВСУШНОСТ ТОА ЗНАЧИ?
Не верувам. Сметам дека само ограничени луѓе веруваат во вакви глупости, луѓе кои не превземаат одговорност за сопствениот неуспех туку тој истиот го префрлаат на црни магии, кој нели нормално им ја прави свекрвата, лошата стрина, золвата итн Не верувам во вакви глупости бидејќи верувам во Бога и верувам дека за секое добро или лошо во мојот живот сум сама одговорна, моите одлуки и постапки ми го праваат животот добар или лош а не некоја лоша стрина or whatever која врзала конци или што и да е Зимоска бев на гости кај едни не толку блиски роднини и на одење облекувам јакната ама си имам обичај да проверувам по џебови дали ми е се тука и во џебот напипувам крпче, го извадив и го одврзав и внатре имаше некои конци и коски, и го подадов на роднината и се заблагодарив за посветеното внимание се насмеав и си излегов.И еве ме здрава права ништо не ми е, не верувам во такви глупости, а да верував сигурно ќе ми влијаело на психата и ќе постанев опседната со тоа дека секое лошо ми е од т.н магија
не дека ми се слуцило несто лошо туку само прасувам за ваши искуства , оти и јас не верувам ама ми е чудно кој може тоа да го направии ЗОШТО?
Верувам, ама се сум слушнала ако се плашиш од магијата дека тогаш ти влијае, па затоа јас секогаш кога ке ми текне дека некој ни има направено нешто, во себе си велам дека ништо не ни може, дека Господ не штити итн Мајка ми има одено кај мн такви „бајачки“ ама порано, и се и кажувале дека таа комшиката од јужна страна што ни е, дека таа ни прави такви работи. Дури и ние имаме приметено, на прозорот што и свртен кон нашиот двор ставила 4 фулџани, 2 поголеми, 2 помали, и на извезно време ги врти. Еднаш свртени еден кон друг, некогаш, 2 навака 2 натака, некогаш сите на различни страни....Кога погледнам натаму морници ме лазат. Некогаш ми иде да идам да ги бутнам со некој стап. Колку и да не веруваш самата психа те тепа, сепак секој ден ги гледаме пред нос ни се. Башка па што од една врата што ни е свртена кон таа „маѓосулата“ почнаа да ни излегуваат мравки од под прагот. Дезинфициравме, се и сешто стававме,, цол, бензин, лепак, абе ништо не помага само излегуваат и се врткаат таму. И за тоа, некоја си „бајачка“ и кажала на мајками дека од која страна ти доааѓаат мравките од таму ти се напратени, па незнам, а живееме на 2 спрат, и друг пат никогаш не сме имале вакви проблеми со инсекти. Се на се, Да, верувам во маѓии, ама Господ нека штити. И убедувајте се дека ништо не ви можат
Луѓе јас не верував ама некако и немам друго објаснување за периодов што се ми тргна надолу. Една пријателка (не сме биле нешто посебно блиски, иако таа вели дека јас сум и најдобра другарка) живее во соседството на дечко ми. Има дете, мажот не ја сака, не ја почитува и затоа дури не се ни во во брак како што треба. Не се ни запишани во матично, ниту пак во црква. И ај да скратам. Во еден муабет ми вика-леле ептен сум завидлива, не можам да поднесам некој да има јас што немам. Ама успешно го крие тоа. Јас ја поучував и и викам-не се секирај, се ќе се среди, сакај си ги работите што ги имаш. А, пред тоа една друга другарка, ми кажа како оваа и мајка и правеле магии. Ама јас не верував. За една свадба ми побара фустанче и и го дадов. Ама таа не го облече и сеуште е кај неа. Ми е страв да си го земам. И ОК.Јас уште не верувам дека ми прави нешто. Арно ама, мене овој период се ми тргна наопаку. Не можам да си ги спремам испитите, не ме примија во студенски, работата на која што се надевав-пропадна. И се ми е така неизвесно. А таа во мене гледа друштво за разонода, и сега ми се чини дека сака да се направам како неа.Да седам дома, да заглавам со студиите, да се омажам, па деца...и со неа по цел ден да вртам кафиња. Што мислите?Дека ова ми е само онака лош период или пак има врска „другарка ми“ со тоа???
Единствено нешто од “другата наука„ во кое не можам да верувам апсолутно под ниеден разлог. Верувам во енергија и се и дека лесно апсорбирам енергии од луѓе, ама магии ... Ноуп . А PeachGirl сепак мислам дека е до стравот што го имаш во себе, сепак можда до некој степен типката да има премногу негативна енергија па случајно ти ја пренесува, а самата да незнаеш као да си ја исфилтрираш таа енергија. Тоа што се лошо ти тргнало периодов, веруј дека е период, или е можеби нешто за кое треба да се прашаш, колку добро ги правиш работите можеби(не ме сфаќај погрешно, не велам дека си мрза и не учиш, не те ни знам), едноставно прашај се што се случува, можи си премногу расеана ? Без гајле, не се магии се додека не почнеш да веруваш и оддаваш дел од твоја енергија за тоа, не може никој ништо да ти направи.
Мислам дека муабети за вакви работи т.е глупости магии се праат во руралните средини и места каде што има ниска интелигенција на луѓето. Ја лично не верувам, а нејкам ни да слушам некој да ми раскажува како него му направиле магија и од тоа све му иде на лошо