1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Не,никогаш не сум била сведок на нешто такво.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Појма немам :worried: така и кажале на мајка ми ... Не ми се верува што доживеав да слушнам :worried:
     
    На Elena 28 и crimson им се допаѓа ова.
  3. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Menstrualna krv stavaat za da bide kako lud po nea a da i jas veruvam vo magii iskusiv na svoja koža i sega redovno si kažuvam gospode Isuse Kriste pomiluj me mene gresnata si ja kažuvam molitvata na sveti kiprijan i Justina i si potkaduvam cesto i si poprskuvam krstena voda sekoja vecer pred vratata i pred prozorite
     
    На GirlLove, ❤️Sneze❤️, martovsko cveke и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не верувам во магии, но верувам во намерата на луѓето.

    На пример, хипотетички, знам дека некој ме мрази и сака да ме види мртов, што - како ќе превземе во врска со тоа се само ситни детали, ама битно знам што ми мисли.
     
    На Lianna Anna, blonde_supergirl, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Добро сега , некои веруваат некои не ... Но зошто никој не кажува како се правеле ?
    Ако знаеме како се прават ке знаеме како да се заштитиме :nod:
    Вака испага сите чуле а никој не видел , не можи тоа тако :D
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Љубовни магии се прават само за време на пролетната рамноденица. Има посебен ритуал, се прави елисир кој само вистинска вештерка може да го погоди.
    Имам залиха ако сакаш, цена во инбокс :wasntme:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.495
    Допаѓања:
    173.344
    Ja ako pojdam da proprskuvam pred vratite i prozorcite sekoja vecer...den ke me razdeni.
     
    На blonde_supergirl и Justicija им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    :worried: страв ме фати бе
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Прости на сарказмот. Ама ако мене ми е грда бубалицата што ја има на носот пример... ако сака и на Самхаин нека го прави ритуалот, ништо од нејзината љубовна аура во мојата срцева чарка. :rofl:
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Така ти викаш, ќе видиш како веднаш ќе се заљубиш во нејзината бубуљица. Испробано, 100% делува. Ако не сте задоволни од производот во рок од 7 дена ви ги враќаме парите.
     
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Moќ на мислата исто, се чувствува негативното кое ти го праќа.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Тоа ти е исто бедно како „ќе правам пари да ме сакат жените“ Секоја ќе те сака само поради парите, не поради кој си ти. Исто и со магијата ако успее хаха. ќе те сака поради бедната очајност некој да се заљуби во тебе, не поради која што си ти. :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Искрено, си давате многу за право.. со саркастичниве коментари :) Ако немате друг коментар на темава освен хахах ритуали од среден век не постојат веќе, нормални ли сте шо зборувате, боље ќутете си.

    Да си пишам јас што знам од мое искуство, па ете може некој ќе ме прочита.
    Немаше поголем скептик од мене во врска со ова, магии, бабини деветини и све остало. Никогаш, никој ми нема гледано на кафе, ниту пак на не знам што. За мене тоа беа, не знам, луѓе отидени со памет, тотална глупост. Дури и агностик сум. Сум слушала и слушам многу муабети околу темава. Ми се случуваа секакви глупости, и пак одбивав да верувам, си терав по мое. Нели ако не веруваш, ти нема влијание. Игнорирав до крај... Се сметам за рационална и стабилна личност, период ми е, ќе ми пројде. Не пројде. Се полошо и полошо стануваше. Ме носеа моите по болници, по психијатри, манастири... и на крај замислете лек кај шарлатани најдов :) Да видиш - да не веруваш. Плацебо ефект - не е. Не верував во такви работи. Уствари мразев.
    Sleep paralyses уште од дете, константно, вечер по вечер. Дете ко дете, се истрауматизирав многу. После тоа следуваше период на несоница. Океј, нормално, растројство... кај секој може да се јави. Ај почнав со интензивно спортување, ништо.Б6, Б комеплекс, дијазепам ко луда пиев. Ништо. Ај хелекс ми препиша докторкава, на 15 годишно дете. Пак не спиев. А уморна, ми се плаче, ми се спие... а осеќав дека нешто не ми дава. Луѓе колку сакате попувајте, ние сме енергија, душа. И си осеќаш кога имаш некои дурги влијанија. Па почнав да не памтам, заглавив со школо, средно прва одлична, втора година - двојки и тројки. Малаксаност, нервоза, негативна енергија... Пак си оправдав, хроничен замор. Нагло губење на свест, кај ќе ме стигнеше, таму паѓав. И тоа си го оправдав, низок крвен притисок. Се затворив во себе. Година, две ептен се изолирав од многу луѓе. Па депресии, па хормолнални пореметување, па ајде и антидепресиви. Нема што не проверив од медицински аспект. Од жезда, до коска, до се. Лош настан, по лош настан.. карање дома невидено. Да не ми оди во животот, па да кривам друг, чиста психологија. Ради магијата е, не е до мене. Не ми одеше во глава некако. Цели 7 години едно добро нешто да не ти се случи.. невозможно. Немав живот во мене. Ко некој да ми ја црпеше целата енергија. Ко товар на душа да носев, мислиш кој знае колку тешко ми е. А не ми било-никогаш, финансиски од дома сум добра... Духовно бев уништена. А пробував од петни жили, да средам се, да попраам... само позитивна мисла и све ќе се среди. Ако не оддаваш внимание, нема да ти влијае.
    Епа guess what. Не функционира така.

    Да не должам, уште милион вакви ''ситници''. Дојде на крај, менструални проблеми, океј, нормално неплодност се дешава. И некако ме натераа, само да отидам да видам што ќе ми кажат, не мора да верувам... чисто од забава. Е па, некој да ти каже све дома како ти е, што-кога ти се случило и на која возраст, како се осеќаш последниве денови, и во детали. Не можев. Ме прашуе дали си ја чувам облеката од бебе, да.. се стои спакувано. И ми кажуе таму некои шпикозни розеви украдени ми биле на година и 6 месеци.
    А излезе ептен клише, нели краден долен веш, магии. Па демек еве ми ја тргаа, и утре сабајле, нова личност. Од тогаш навака... се ми тргна, се виде разлика огромна. Порано се трудев со се`, и џабе, нешто како да ме кочеше. Ама ете его... само незрели личности веруваат во бабини деветини.
    Да можев времето да го вратам, уште порано ќе отидев. Ми уништија добар дел од животот... сега само се трудам тоа да не остави последици на мене. После тоа ништо лошо ми се нема случено. Како функционира - не знам, уште не ми е јасно.. ама мислата има голема моќ. Само тоа знам. Не верувам во Господ, ама лоша енергија, духови.. постојат. И нормално нема да верувате во нив, се додека не почувствувате сами.

    И нормално, секој со своето искуство. Само ќе ви кажам.. секакви луѓе постојат. Ќе ви глумат фини, а ќе ви мислат лошо. Само со добра мисла и се надевам вакво нешто никогаш да не ве стигне.
    Извинување за долг пост! :lol:
     
    Последна измена: 19 септември 2017
    На Kitty23, Бубаче1, praznik и 4 други им се допаѓа ова.
  15. железната лејди

    железната лејди Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во магии. Тоа го имам просведочено, доволно беше за да ми послужи како доказ да верувам.:doh:
     
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Ајде раскажи што се десило
     
    На Βικτωρία и @minni им се допаѓа ова.
  17. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    @Justicija da ne te predomisli da ides :lol:
     
  18. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Порано бев у стилот као " Што, магии? Како не јас не верувам во такви глупости?" ама сега баш и не.
    Една недела пред да се родам мајка ми спремила торбица со 10 пелени и др. бебешки работи за во болница кога ќе се пораѓа да и ја однесат. Откако се породила и ја однеле торбицата и недостасувало една пелена и мајка ми по една недела ја превртела цела куќа ама не ја нашла. По еден месец од моето раѓање пелената била најдена во куќата на чичко ми ставена позади некој шкав. Сето тоа го направил стрина ми со објаснување дека сакала да ја спреми торбицата која веќе била спремна. Ок, жената е љубопитна тоа го разбирам но зошто земала една пелена?!:^)
    Втора работа, кога сум наполнила една година и два месеци сум почнала да одам. И нормално нели мајка ми и татко ми се израдувале, немало три круга како што сум свртела околу масата и сум изгубила свест. Едвај ме освестиле. И така пола година се повторувало ова, биле на доктори и сл. ама не нашле решение се додека не отишле кај една бајачка или што и била роднина на стрина ми(пред да отидат стрина ми зборела лошо за за таа бајачка/гатачка). После тоа не ми се десило такво нешто. Ме однеле во црква, требало да отворам книга и три пати ми се погодила Пресвета Богородица(ај еднаш ќе кажеш случајно, ама три пати). И од тогаш го славиме овој празник. Ова ми го има кажувано мајка ми плачејки. :|
    Ме носеле на разно разни бајачи/ки, гатачи/ки и сите викале дека стрина ми правела магии, а јас цело детство го поминав кај нејзе. :sweat:
    Во трета година средно кога бев имав соновна парализа дури страв ми беше да заспијам,скоро секоја вечер кошмари сонував. Паднав во депресија :( заради апсурдни причини, не ми се стануваше од кревет и сл. Моите дома неможејќи да ме гледаат таква ме однесоа кај еден од Битола заборавив како му беше името. Само што седнав тој ми го опиша дворот се до детал кое каде стои како во корените на две дрва имало заплеткано конци, а во една од лјандрите (онаа која стрина ми и ја подари на мајка ми) имала закопано некој ситен предмет. Откако си дојдовме дома раскопавме се тоа и шо да видиме стварно така беше како што ми кажа човекот. :o
    Е оди сега не верувај да те видам.
     
    На Zeta, La.RagazzaMisteriosa, katalina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Zeta

    Zeta Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Како јас да се прочитав сама,како да сум пишљла
    истото ама баш истото и мене ми се случуваше,од одличен ученик не можев ништо да памтам,го имав чуството моментално само да се сеќавам а потоа се избледуваше,како да живеев од момент за момент, и јас се проверив ништо немав, не верував воопшто дури дома сеуште ме заебаваат дека не веруваат,но еве сум две год подоцна ништо немам
    ,дури и ми се падна кола на грепки пред извесно време, откако бев кај меркизана се ми тргна ми кажа сум имала сенка од умрен човек, сум ја нагазила на мост,некој се чистел себеси што одел по маѓии и требало да го фрли во река за да не фати никој,но биле толку злобни што истуриле на мостот заинает, сум поминала јас и сенката на мене се закачила да ја носам, и од тогаш јас потпаднав и на училиште ,
    на трета година останав
    ,немав воља ни да одам,и да учев не памтев тоа беше само моментално,како паметот да ми беше одземен,бев и на компјутер на глава се беше во ред,
    многу работи се случија,моите дома не веруваа а дома насекое проблеми,за ситница ќе се скараат,јас слушав но како да не дослушував, ги гледав луѓево кога ми зборуваа,знам ми зборуваат но на моменти не ми беа јасни ништо од тоа не ги разбирав, многу чудно, ликот ми беше променет како на машки лик на моменти
    неможам да опишам,се имав проверено детално здрава права бев, другарка моја била кај меркизана , јас не верував а ни моите мајтап прават, бев кога бев значи луѓе ми кажа се како ми било,и како сум ја нагазила таа сенка и местото дури знаеше дека ми се смеат и кои зборови ги дофрлаат,ми ја изваде таа сенка, неможам да опишам таа ситуација како пробуваше да се скрија го осејкав ми слезе во јајникот ми правеше болка за да станам да си одам од таму,но јас издржав и тој мораше да напушти од мене,верувајте луѓе може векот врви но тие работи постојат, како што постои добри работи светци чуда како во манастирот острог така постојат и магии, се постои луѓе ,откако бев кај меркизана среќата ми ја отвори, се сменав цела, неможев да се познаам,не сакам да кажам што се случуваше убаво,но една од најдобрите работи е што добив кола на грепка,ја продадов и одма си зедов мало станче и пари на страна за додека најдам раб си трошам еве неколку месеци по малку, јас верувам во неа,
    ми помогна
    ,моите дома не веруваат ете ги дома се караат како лудаци секој ден,ма очи нека извадат само подалеку да се,има кажував да појдат само онака тие не сакаат, тоа биле лаги опашки,па штом се нека се мавнат,нека ми се смеат мене на тоа што го кажувам,но јас психички сум стабилна сега среќата ми се отвори а тие сеуште тапкаат во место

    и овие сите што се исмеваат по форумов мислите тие не одат?? Тие за да се покажат тука да бидат прифатени од одредена група затоа така се понашаат, таквите највеќе проблеми имат дома и така нашата среќа се отвори тие да се запрашаат како се,како им е дома,што им се случува во живот,како се чуствуваат.
     
    На martovsko cveke и @minni им се допаѓа ова.
  20. David.wp17

    David.wp17 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Mi se imaat slucuvano mnogu losi raboti. Nikogas ne veruvav vo magii. Ali koga ke podrazmislam ima nekoi negativni vlijania. Bivsa mi mi prizna deka mi napraila neso so krv od menstruacija mi rece druga nema da imam nikogas. Ne i poveruvav ali eve nekolku godini samo sranja mi se desavaat ni edna vrska ne mi uspeva. Ne znam so da pravam. Ima use mn slivni situscii so drugi zlobni licnosti....
     
    На Elena 28 му/ѝ се допаѓа ова.