Споделите сиромасе. Зезајте се вие, ама ја стварно барам по можност некоја ептен тешка магија да му фрлиме, кај и да иде пролив да го фаќа па да не може никад да клецне. Ајде сесри прачајте ме негде
Посочи ми некој научник кој има мислење дека функционираат магии, па тогаш ќе ти важи тезата дека од научна гледна точка мислењата се поделени.
Мојата теза не се однесуваше само на правење магија туку за сите паранормални појави како што се :вонсетилно восприемање, прекогниција, јановидост, психометрија, психокинеза, парапсихологија, реинкарнација и сл. А како за примери еве ти неколку: а) Карл Јунг, познат психолог и психотерапевт кој ја проучувал улогата на архетипите во човечката свест, но и потрошил 20 години во истражување на синхроницитетот; б) Волфган Паули бил физичар и млад пионер на квантната физика, станал познат по т. н. "Ефектот на Паули" според кој луѓето ножат да влијаат на електрониката преку некој макро-психокинетички феномен; в) Маргарет Мид била американски културолог-антрополог и верувала во натприродни моќи; г) Брајан Џозефсон, физичар добитник на Нобелова награда преку 40 години ги проучувал врските помеѓу мозокот и паранормалното; д) Д-р Фред Алан Волф верува во паранормалните врски помеѓу материјата и свеста; ѓ) Д-р Амит Госвами, теоретичар на квантна физика кој верува дека свеста е основа за сето постоење; И јас бев скептик еден од најголемите, и сеуште се обидувам да го сфатам тоа како може 9 од 10 можни гатачи или што и да се да укажуваат на една иста личност и да погодат разни нешта а те гледаат прв пат.
Се е енергија дали добра или лоша,не се губи само го менува обликот,ние сме енергија каква енергија примаме таков ни ее денот...не ви се,случило коа срекавате една иста особа после да сте исцрпени или да ве боли глава..како го објаснувате тоа вие ете што се зезате на темава???И најинтересно коа некој штокао не верува а ке го видеш како чека кај некој бајач..као од радозналост било..сите вие што воопшто ви текнало да ѕирнете на темава сепак ве интересира колку и да негирате...зашо еве не зирнам на некоја тема со коли..како да сменам масло во автомат пр...не ме интересира и ич не ми ее гајле што коментираат,но чим сум тука често значи нешто ме влече...
Христос воскресе! Ќе Ве замолам да ми одговорите на прашањево (се извинувам ако е лично): - Колку души од вашето петочлено семејство ги постевте Велигденските Пости, се исповедавте и се причестивте?
Мислиш ли дека некој од нив верува дека ќебапите се причината за негативната енергија кај вас дома? Не мора веќе да се обидуваш. Се вика Барнум ефект. ,,Некој близок лошо ти мисли." Готово, бајачката сè ми погоди. Жити сè бе.
Јас постев, 5/6 години по ред како постам. Каква врска има сега религијата со темава?! Сакате да кажете не сме вистински верници во Христос?!
Хаос магионичари има? Ја пред 8 години ритуал пробав не успеа, не дека верував/верувам ама ајде ради реда да видиме.. https://en.wikipedia.org/wiki/Chaos_magic Aleisteir Crowley ovo ono eden od idolite moi grant morrison veruva, eve od 3ta sekunda disinfo (prvi 2 sekundi vrishti da razbudi publika, i da napomenam go cenam radi stripovi i mislenja opsto ne radi magii) Interesting guy. @Lella brisi ako smeta/offtopic/kontroverzno, sakav da vidam nesto.. Pardon za tag btw.
Кој спомна ќебапи!? Што мешате баби и жаби? Постојат научници кои ја проучувале и сеуште ја проучуваат јановидоста и како функционира сето тоа. Добро ај да кажеме дека сите бајачки функционираат на тој начин што ти кажуваат дека некоја блиска личност ти прави магии. А како го објаснуваш тоа што ти го опишуваат целиот двор до детал и ти кажува што каде ти е направено? Добро ти иде со испревртувањево на приказната, само напред.
Како може да биде фин некој кој го познаваш повеќе од 27 години, помеѓу вашите куќи има ѕид кој што е изграден од голема љубов? Имаат јадено гомна, кога баравме помош од нив ни еднаш не ни помогнаа?
Параноја, очекувате дека некој постојано си ја насочува целата негова енергија само на вас лошо да ви мисли Им останало месо, ви понудиле. Подобро вам да ви дадат отколку да го фрлат. Ама нееееее, вам одма лошо ви мислат. Толку ви е досаден животот да имате време со такви работи да се замарате? Па ако одиш по вражари, магионичари и гледачи сигурно не си, ама па што знам јас, нели
Епа ако подготвувајќи се со: пост, молитва и милотиња ,сте ги примиле светите тајни покајание - исповед, и светата тајна Причесна, ни стрина Ви, ни комшиите, ни никој не би можел да ви направи магии, сторенија итн, дури и на ветроштина да нагазите ќе немате никаков проблем. А, вака одејќи по бајачки и гатачки сами си правите магии и си го привлекувате ѓаволот. Ѓаволот е лукав и знае што ќе се случи во скора иднина, па така ја знаел и добрата намера и љубовта на стрико Ви да ви донесе дел од ручекот што вчера го приготвил и неговото добро дело, преку својата слугинка вражачката од Битола, го претворил во злодело. Место доброто дело од стрико Ви, кај вас да доведе до љубов, вражачката направила да доведе до омраза. Немојте да дозволувате да бидете под власта на ѓаволот и неговите слуги вражачите и гатачите кои на најрасипан начин ви прават кавги во фамилијата(во случајов со стрикото и стрината). Би ве замолил сите вие што одите по гатачи, бајачи и вражачи, барем не дозволувајте тие слуги сатански да ви прават раздори во семејствата. Да се Божји луѓе, нема да ви ги разоруваат семејствата и фамилиите. Магиите нема да влезат во вашите домови, ако вие не им ја отворите вратата. А, најјаки клучови кои ја заклучуваат вратата за магиите се светите тајни на Црквата.
Имав еден бивши. Ти му викаш не прави тоа, нема добро да се заврши, тој упорно. Ти му викаш немој така, тој упорно. Секој неуспех го префрлуваше врз мене, таа што во момент кога беше напуштен од сите му беше единствената блиска. Зошто? Затоа што единствено се грижев за него и единствено јас му посочував кои избори не му се добри во животот, што е осудено на неуспех, што беше најголемата глупост да се направи во дадената ситуација. После јас бев крива, ќе успеело сѐ да не сум му правела магии за да не успее. Така, вештерка станав. Сега во слободно време правам магии на луѓе што врска немаат со здрав разум