1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809
    Кога би имал некој доказ од експеримент, набљудување, вежба, било какво видео кое докажува дека сето тоа уствари било заблуда, дека е неуспешно со тие магии, предмети и што ли користат, со тоа МЕНЕ би ми потврдил дека МАГИИ НЕ ПОСТОЈАТ.

    Имаш ли да дадеш доказ или ќе пишуваме ОФФ топик на пример која ти е омилена секс поза па да почнам да одам и јас ОФФ ТОПИК.

    Навистина моето прашање не беше комплицирано.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.193
    Допаѓања:
    162.324
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш на гатачка зошто најдовме нешто чудно на вратата еднаш кога станавме. Беше како ткаенина стуткана и избоцкана со иглички. Бев во Кравари, зошто ми е најблиску, и човекот таму беше многу фин, побожен, имаше икони. Одамна беше, но мислам дека можам да најдам број. Кога влегов прво ме натера да бацам икона, и за лек ме попрска со крстена вода и да вртам во собата три пати во круг на десно. Не можи да ме разубедите дека не постојат магии, аман доста со тоа 21 век дека сме! Постојат!


    Доволно убедлива сум?
    Како знајте дека некој не лажи на претходните страни, мм?
    Како знајте дека некој не паѓа лесно под сугестија, мм?
    Како знајте дека некој нема психолошки проблеми, мм?

    Не е оправдување за shitty однесување ако кажиш дека имаш неколку лоши карактеристики. Бу- ху. |(
    Пред некој да ми пиши и да ми побара број, приказната горе е измислена. Има многу такви на интернет. Не се тие доказ дека има нешто како магија.
    А како ќе докажам нешто кое не постои, веројатно со отсуство на нештото, се докажува дека не постои. 8-| Комплицирано, знам.
     
    На Amellie13, WildMk, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809
    Коментарите од други луѓе, разни клипови, статии на нет од разни земји во светот посочуваат дека магии постојат.

    Навистина сакав некој да докажи во спротивното дека сетоа тоа е заблуда.

    Така е, не можам да верувам во нив се додека сама не видам , додека не набљудувам некој да прави па што ќе се случи, дали ќе има ефект.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    вештеркина метла
    [​IMG]

    Некој основно цело го скокнал, или барем математика кај што се учи логика и докази.
     
    На fana, Someonespecial, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.061
    Допаѓања:
    110.630
    Пол:
    Женски
    Како да докажиме нешто шо НЕ постои? Се докажува само нешто што постои. Зошто е тоа толку тешко да го сфатиш?
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски

    Кога некој би имал доказ од научен експеримент, набљудување, вежба или било што, со што научно се докажува постоење на магии, со тоа мене би ми потврдил дека МАГИИ ПОСТОЈАТ.

    Имаш ли нешто такво или само рекла казала муабети од типот na tetkami i napraviva magia da nese omazi ?
     
    На Bender Rodriguez, Rebecca_R и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.061
    Допаѓања:
    110.630
    Пол:
    Женски
    Урламмм:rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На lovestoneddd и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    За момент помислив дека навистина си била кај гатач и за малку ќе земев крстена вода и темјанче да го поминам екранов кај што си пишала, ама видов дека е измислено и се смирив.
    [​IMG]

    Си викам што му стана на чупево? :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:
     
    На lovestoneddd, SV1911, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.193
    Допаѓања:
    162.324
    Пол:
    Женски
    Значи бев убедлива, тоа ми беше целта. Ако не пишев дека е измислено, некој ќе го земеше за доказ. 8) @JollyGirl
     
    На Rebecca_R, SV1911 и JollyGirl им се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809

    Доколку ја читаш темата, ќе знаеше зошто мислам дека магии постојат.
    Многу мразам рекла казала муабети (n)
     
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    :drunk: :drunk: :drunk: Ај ем факинг конфјузд.

    Прво ти докажи ми дека не постои машина за патување низ времето. Потоа, јас, ке го гледам твојот пример и на сличен начин ке докажам дека магии не постојат.

    Од #прашањакоимемачат - Како да докажеме дека ќерката на комшивката сеуште не е омажена поради црна магија, а не поради тоа што е одвратна/ не е невина/ мераклика/ стара мома/ лезбејка?
     
    На theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Да, затоа што имало такви коментари и статии на нет.
    Јак доказ, нема што.
    И не е проблемот што така мислиш, секој има право на свое мислење, колку и да е дебилно, туку што го наметнуваш твоето мислење како вистина, па уште и бараш некој да ти докаже дека немало магии. (facepalm)
     
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809
    Значи не постои никаков неуспешен експеримент да покажи дека постоњето на магии паѓа во вода.

    Добро, штом нема ништо контра тогаш останува заклучокот дека без двоумење магии постојат.
     
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски

    Добро, значи нема никаков успешен експеримент да покаже дека постојат магии.

    Значи останува заклучокот дека без двоумење магии не постојат.

    Немало експерименти за докажување дека не постојат магии, значи постоеле, а тоа што нема ни експерименти да покажат дека постојат, нема врска. (facepalm)

    Епа и лилјакови летачки магариња постојат.
     
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809
    Апсолутно се согласувам со кажаното, тоа ја прави темава уште повеќе интересна за читање.

    Кога ти реков дека веќе имам спомнато зошто мислам дека магии постојат, сакав да ти посочам да ѕирнеш на страна 90 и 91 од темава.

    Инаку не наметнувам ништо јас, само барав одговор на едно едноставно прашање .
     
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809

    Наслов на темата каде моментално коментираме ; Дали верувате во магии ?

    Одговор на моето прашање зошто велиш дека магии не постојат , не добив.

    Бидејќи во вториот дел од твојот коментар се држиш до темата, интересно е како спомнуваш црна магија а велиш дека не постои. Од каде пак сега тоа име црна магија, па нели магија воопшто според тебе не постои.

    Овој пат јас сум confused ( #english_language_rules )
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Кога во оваа и темата за гатање, баење ќе прочитам латиничен пост со милион правописни грешки од типот „neste osetile na svoja koza pa neznaete“ :drunk:... мислам дека мозочни клетки ми изумираат.
    Зарем сериозно ви е толку неверојатно човек да има и проблеми и неволји, и немили луѓе околу него во животот – и пак да е способен да го задржи здравиот разум и да не верува во делузии?

    Не постојат магии, постојат само материјални бизарни ритуали за кои (за жал и сега во 21 век) некои луѓе веруваат дека со истите можат да помогнат/некој да им помогнал и многу почесто, некому да наштетат или друг да им наштети. Од тие луѓе кои на било кој начин и страна веруваат, профитираат само шарлатаните кои се бават со вакви ствари. End of story.
     
    На Lella, Tan4ence, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Нека ме избришат за ова, ама морам. На кои дроги си бе девојче?!
    Од каде го извлече овој заклучок?! Ај докажи, со аргументи и непобитни факти дека е така како што тврдиш.
     
    На DAngel, Briar Rose и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Девојко, имаш ли ти некаков доказ дека магии постојат, освен тоа што имало статии и коментари на нет за магии?
    Бараш докази за непостоење (?!), а немаш за постоење и уште си мислиш дека си многу паметна и дека си победила во дискусијата.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.809
    Конечно жена со став. Значи не станува збор за магии туку за ритуали.

    Респект за напишаното. Кратко и јасно напишано, се знае (y)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.