Ај да бидам појасна. Комшивката тврди дека (цитирам) - "Мојата ќерка не е мажена затоа што некој и фрлил црна магија". Јас го спомнувам и поимот рамна земја, што не значи дека верувам во вистинитоста на истиот.
Зошто ми ускратуваш слобода на изразување на мое мислење, ахх некој уште од мали нозе е разгален и сака на тацна да му се сервира и повтори да ѕирне на страна 90 и 91 од темава. Се надевам во реалниот живот сама си ги извршуваш обврските и не чекаш се на готово ...Читај бе женска, седни и читај ја темата страна по страна па после коментирај. Тууу што мразам мрзливи разгалени деца.
Ритуали постојат, тука муабетот е дали тие ритуали имаат магична моќ да направат нешто натприродно, или се обични глупости за лажење припрости и поводливи луѓе.
Ајде како во школо да повториме : Страна 90 и 91 на оваа тема, коментирано е и баш тоа ме уверува дека магии постојат. Сва среќа што девојката со корисничко име Someonespecial во прав момент коментираше и спомна ритуали наместо магии. Значи постојат ритуали, не ги викале магии. Ете научивме нешто ново . Значи сепак постојат , убаво е да се знае.
Па нормално е дека постојат. Цело време јадам гомна на темава дека постојат, ете и ти сега си на моја страна, значи ПОСТОЈАТ Мило ми е што конечно се разбравме. Ете така smarty
Ајде како во школо за деца со посебни потреби да повториме: Ритуали постојат, ама прашањето е дали тие ритуали имаат некоја натприродна магична моќ или се само глупости за лажење поводливи луѓе како тебе. Ти можеш да утре да си правиш ритуали и ништо нема да се случи.
Знаев дека ќе дојдеш на моја страна и дека ќе постигнеме меѓусебно разбирање Тоа и јас се прашувам, ги бива ли тие ритуали, имаат ли ефект, можат ли да делуваат врз некого???? Баш ме радува што конечно и ти призна дека тие ритуали ПОСТОЈАТ. Е тука те чекав да признаеш дека сум била во право кога реков ПОСТОЈАТ.
Не спомна ти никакви ритуали, туку магии и залудно пробуваш да се извадиш сега кога испотреска еден куп глупости, статии на нет ти беа доказ, па бараше да се докаже непостоење на магии, дрн дрн, добро бар увиде дека си згрешила.
Someonespecial ги нарече ритуали....значи под име ритуали. Не се вадам. Знам дека цело време сум во право и не можеш така лесно да ми превртуваш зборови кога те фатив во тесно. Истите тие статии од нет и истите видеа со прикажани ритуали се доказ дека ПОСТОЈАТ. Значи не е моја грешка, туку тебе ти треба подолго време додека сфатиш. Но во ред е, имам трпение јас , битно ми беше да дојдеш на моја страна и да признаеш дека постојат. Успешна мисија
Зошто спинуваш?! Поставив едноставно прашање. Знаеш ли што е скратување слобода на изразување?! Ок. Знам дека не. Си слушнала ли за сугестија и како истата функционира на мозочните импулси?! Така да, јас сепак мислам дека ти треба да читаш. Ама не темава.
Полицаец идел на вечерно школо и еден ден професорот им објаснувал што е тоа логика: -Мирко, дали ти имаш домашно милениче? -Имам, златна рипка. -Ако имаш домашно милениче, тоа значи дека сакаш животни, така? -Да. -А ако сакаш животни, тоа значи дека сакаш и луѓе, така? -Да. -А ако сакаш луѓе, сакаш и жени, така? -Да. -А чим сакаш жени, тоа значи дека не си педер, така? -Да. -Е ете гледаш Мирко, тоа ти е логика. Иде Мирко у станица после и му вика на командирот, Шефе, денес научив што е тоа логика. -Е што е тоа, бе Мирко? -Па еве вака, шефе. Дали ти имаш домашно милениче? -Не. -Е па, тоа значи дека си педер. П.С. Пошто никаде во вицов не се спомнуваат магии, а особено не во контекст на тоа дека не постојат, тогаш тоа мора да е доказ дека магии навистина постојат.
Офф топик !!!!!! ALERT !!!! , пак треба да не бришат од темава Девојче и јас ко тебе сум темпераментна и знам да избрзам, јас и ти се разликуваме само во една работа, ти си таа која скока и сака да создаде проблем, за разлика од тебе, јас трпеливо чекам некој со кого сум влегла во дискусија да признае дека сум во право. Он топик Мислам дека не си слушнала за почитување правила, еве да те потсетам дека се наоѓаш на фемина форум во темата Дали верувате во магии, па чекаме да се изнасниш околу темава Ела да те бацам, простено ти е иако безуспешно се трудиш да ми расипеш расположение полна сум со позитивна енергија, со драго срце би ти дала да те расположам, животот е убав
Ќе ги смириме и арогантните, таман работа А можеби и ќе треба да креираме мал потсетник за почитување на туѓото мислење оти неколку души ме испочитуваа на темава со разни комплименти и на крај испадна сум била во право, а цело време се држев до моето прашање. П.С. Те цитирав бидејќи си реагирала на "нападот" на една членка во темава која очигледно верува во тие работи а уз пат апсолутно се согласувам во делот со ПОЧИТУВАЊЕТО.
Херера до каде стигна технологијата а само остана енигма правењето магија\ритуали\натприродни работи ?? Зошто ако постојат тие работи никој не знае како се прават ? (За обичниот човек зборувам и за големите умови)
Трпение - спасение . Во иднина не се спуштај на ниско ниво и сам не дозволувај да се осеќаш испровоцирано од членот кој те гњави. Не постои апсолутно никаква причина за нервирање поради некоја X личност од виртуелниот свет . Те цитирав бидејќи "те знам" од друг форум и едноставно се согласувам со начинот на кој размислуваш во повеќе теми. Драга Justicija, затоа и спомнав дека не верувам додека сама не отидам кај таква личност која тврди дека знае да направи "ритуали" , сакам лично да се уверам. За Божиќ годинава , бев на гости во Струмица и отидовме во една црква во која се наоѓа златна икона од Богородица која навидум според верувањата на нашиве ги исполнувала сите желби. Знаеш што ? Ниту желбата ми се исполни, ниту пак дел од желбата се оствари, апсолутно ништо. Така дојдов до мое лично верување дека замислување желби на икони е чисто срање. Дај жити се најди контакти и домашни адреси од тие луѓе таму во Мк што се занимаваат со правење "ритуали" оти навистина сакам лично да појдам и еднаш засекогаш да расчистам дали е тоа за верување или не.
@Herrera Која ти е потребата да дознаеш дали постојат или не? Обично луѓе што одат кај вештери имаат злобни намери кон други луѓе и преку вештерите сакаат да им наштетат. Општо прашањево за сите важи. Ако би оделе од радозналост во темни тунели за да си добиете одговор на вашите глупи прашања " дали постојат магии, дали веруваме и како делуваат" ризикувате да примите темни енергии и да ви згасне светленцето во тунелот. Не се заебавајте со работи што не треба да се заебавате. Имате интернет имате милион достапни податоци за тоа дали постои магија или не. Не се правете глупи со сила. А тука не би требало да се ставаат рецепти за магии, контакт од некакви вештери и слично. Тоа е во суштина ЕРЕС и не треба да се занимавате со такви работи во никој случај! На пример напишав еден пример од магија за дечковците ваши ама сконтав дека треба да ја избришам. Ќе направите беља. Со деца тикви не се садат па недај боже МАГИИ ДА СЕ ПРАВАТ !
Да, да..имаат младиве интернет, но таму милион страни има со јасновидци, вражбини, кои ти нудат предвидување на судбината, решавање на љубовни проблеми идр. Ете и јас, што не верувам дека може некое фрлено расипано јајце во моја куќа да делува на мојата психа и судбина, еден ден отворив таква страна со предвидувањата на баба Вањѓа за мојот живот... Едина добра работа е што треба да се плати, па ќе подразмисли човек. Незнам само зошто фрлање и правење магии, ги поистоветувате со ритуал!? Нема везе.
Тоа е баба Рада бидејќи во приказните и фантазиите, користат ритуали за магии. Дали ќе цртаат, дали со течности, дали со сваштарници ау. Не верувам ни во некој да ми каже добро утро, камо ли магии. Младиве интернет не знам дали е добро или лошо, треба да знаеш да го користиш.