@Herrera , за упорна, упорна си. Ти требаа 5 страни да им објасниш за што зборуваш. И пак не сум сигурна дека сите ти ја разбраа поентата. Дел се должи на инаетче (од страна на сите вас/нас), дел се должи на лошо објаснување. @Someonespecial го долови муабетот.. Ко обично (дури досадна си Спецко) Значи, што сакаше да каже @Herrera : Има луѓе кои прават некакви обреди кои ги нарекуваат магии, тоа не е спорно. Спорно е колку и дали има вистина во тие нивни тврдења.
Не е тролање. Не смее сега никој од нив да зуцне оти ставиле лајк на постот од Someonespecial дека ПОСТОЈАТ ритуали Само нека скокне некој сега со коментар дека не постојат ќе му барам објаснување зошто ставил лајк и се согласува со нејзиниот пост каде убаво пишала дека луѓето прават ритуали со цел да му помогнат или наштетат на некого. Одма ке му барам логика зошто се согласува со нејзиниот пост а мене ми оди контра као демек , не бееее не постојат ...Одма скрин шотови. Мореее, одма во тесно !!! Само така строго , е не ќе се заебаваме Браво, секоја чест, од прва ме сфати, барем не ти треба време ко оној Asparagus, ќе пропадне Македонија он уште ќе мисли живееме у титово време , толку му фаќа кликерот. Само нека зуцне сега со коментар нека се осмели има одма со доказ дека ставил лајк дека се согласува дека ПОСТОЈАТ РИТУАЛИ да се објасни зошто мене ми оди контра кога и самиот знае дека постојат. Јасна сум како бел ден и ептен ми е мило што сите што коментирале се согласиле дека ритуали ПОСТОЈАТ. Ххахахах , let's play smart
Ритуал е тоа што ти го правиш и со кое мислиш дека ќе му наштетиш некому. Магија е ако успее ритуалот. Значи ритуали се неоспорен факт. Постојат. Дали тие имаат некакво влијание, не. Јас би требало барем да знам, вештерка со тапија сум.
Слушај, јас ако започнам некоја работа не ја оставам така. Значи, ме заинтересира темава за магии и воведниот пост Читав по нетов статии и секакви искуства на луѓе од разни држави, исто така и на овој форум читајќи ги коментарите конкретно на оваа тема забележав премногу луѓе имаат некаков страв дека некој се обидува преку магија или ритуал и како сакате наречете го да им наштети на нив или нивното семејство. Во глава создадов доволно докази за мене дека МАГИИ постојат штом од сите страни се коментира дека некој се обидува со користење предмети или не знам што да направи нешто. Е сега ме мачи прашањето колку од тие способни луѓе што правеле такви работи ги бива, дали е за верување работата или не. Затоа и барам докази, ептен сум љубопитна. Штом на сите ни е јасно дека постојат такви луѓе за изведување на тие ритуали тогаш сакам сама да ги оценам и да креирам моја доверба или недоверба во истите.
Така, значи тие клипови по нетов имаат погрешен наслов, би требало зборот магија да се замени со ритуал, така ? п.с. не сум ги ставала тие клипови јас затоа и не е моја грешка што таму се употребува зборот магија
@Herrera ако можи да ми објасниш шо е ритуал, а шо е магија, те молам. Мислењата ти се крајно конфузни и за да можам да сфатам шо сака да кажи авторот, морам да знам како разбираш некои поими. Фала ти однапред.
Херера јас не сум слушнала за некоја што се занимава со такви работи , освен за гатачки што се трчај -лажи Чисто од љубопитност И не плаши се не постојат маџии , тоа се измислици кои ги користеле во минатите векови за да заплашуваат некого
Се постои, ама тоа е мит. Тие не се исплашени од бела магија. Нив црната ги плаши. Дошло ред да им објаснуваш што се ритуали. Ритуал може да е и мојата утриска рутина секој ден, па не правам магии никому.
Еве една бела од мене за левитација: Light as a feather stiff as a board x12 од најтивко до најгласно. Да појаснам значи едниот лежи а најмалку уште двајца го држат со рацете под грб и повторуваат 12 пати: Light as a feather stiff as a board... and guess what? you flyy
Појди во црква,на литургија.Посети некој манастир.Таму се случува најголемата магија.Исполни се со Бога. Ако веруваме дека постои духовен свет,мора да бидеме свесни дека е составен од добро и зло,како и физичкиот кој го живееме. Некои луѓе умеат да ја поминат таа невидлива бариера,понекогаш и со добра намера,барем во почеток.Само што крајот е секогаш лош,бидејќи комуникацијата не е со Бога. Држи се до Божјите закони,со тек на време ќе почувствуваш она што посакуваш. Како што би одбрала да се лечиш во болница,кај најдобар доктор,така одбери и вистинско место за својата духовна глад.
@Justicija не се плашам јас таман работа ама факт е дека постојат злобни сили кои можат да наштетат. Најчесто тоа е преку труење на нечив организам со ставање некои грозни супстанци во кафе и слично. Постојат и ритуали кои се прават со некои психоделици и ред други работи што го доведуваат човек да оди во други димензии и да може да делува тука како некој одреден ентитет со различни цели. Постојат секакви информации и измислици и бајки и курци палци... лично јас не се бавам со негативни процеси така што мојот совет е дека не треба да се заебавате со темни сили , а ако сакате да дознаете дали постои магија мислам дека лесно може да си го дадете одговорот.
Јас да ви кажам. Постојат сум осетила на моја кожа дури и самата потврди Ваше е дали ќе верувате или не ама ве молам не се карајте или осудувате некој што навистина почувствувал... Без навреди. Благодарам.
Точно. Ритуал е и секое сабалје да си свареш чај од магданос , па да додадеш лаванда , па мајчина душица , па го засладуваш со шекер му тураш и едно лајче шекер и го пиеш и ритуалот е исполнет Бог не постои .Јас сум атеист . Верувам во она што ке го видам , почувствувам и во тоа што има научни докази . Па ти си знаел многу за магиите Лично мислам дека не постои магија , повеке верувам дека рајот и пеколот го живееме сега на земјава , и постојат многу злобни луге што знаат да му направат пекол на некој друг во животот. Кажи што се случи ?
Не ти се ни обратив на тебе. Можеби си ти позаштитена со твојот атеистички став. Постот го напишав за оние љубопитни души кои велат дека " постои нешто ",а притоа не се ни трудат да го запознаат Бога.
Како на пример овие клиповите на кои се споменува како се прават МАГИИ , тебе на видео игри ли ти личат или како да ги наречеме ? https://www.youtube.com/channel/UCq6UImtu199VErD51VEuIdg https://www.youtube.com/channel/UCw4mYNDinSn0jpBVN3A3-1A Бумммм, следеше фамозниот коментар на Someonespecial каде вели дека постојат само материјални бизарни ритуали Значи од тука натаму го заменивме зборот магии со ритуали бидејќи за вас тоа е поприфатливо од зборот магии. Велам поприфатливо бидејќи сте ставиле лајк дека се согласувате дека навистина постојат. Точно така !!! Ете така стигнавме до одговорот зошто и како го заменив зборот магии со ритуали , бидејќи цело време употребував магии. Се знае што се ритуали и какви се ритуали може да постојат , од домашен ритуал за тоа на кој начин си приготвуваш нешто пример, па се до свадбени ,црковни, ритуали за празници и ред други работи ....лично пример си имам јас ритуал пред да влезам да се туширам, влегувам со десна нога во тоалетот, пуштам тивка музика , палам 3 свеќи , гасеам сијалица од тоалетот со цел да си креирам романтична атмосфера , обавезно миење заби, очи и отстранување на шминката (зависи кој дел од денот е ) , туширање и откако завршувам со туширање, само пешкир на мене и обавезно поминувам со средство за плочки , па потоа го напуштам тоалетот и одам во соба да се облекувам . Не е битно колку ке трае тоа, макар треба порано да станам од спиење или да треба да излезам некаде , задолжително ми е како посебен ритуал туширањето. Затоа и прашав што е со тврдењата на луѓе кои не само што велат дека магии постоеле туку и веруваат во нив па дури и ставиле клипови и примери дека нешто им се има случено. Мене дефинитивно не ми личат тие клипови на видео игри , туку баш доказ дека некои луѓе користат предмети , изговараат зборови со кои навидум ќе фатила магијата. Штом на вас истите тие клипови ви преставуваат ритуали, тогаш и јас наместо магии кога ќе коментирам ќе пишувам ритуали.
Океј. А шо е магија и зошто веруваш или не, во неа? Зошто нели, ги смеша претходно. Или се предомисли?