1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во магии?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marijasweet, 9 декември 2009.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Да те замолам културно да ми посочиш мој пост каде сум напишала дека верувам во магии. Би ти била благодарна доколку ми посочиш мој пост :)

    И на мини кратко


    Мислам дека сега сум уште повеќе јасна зошто тргна муабетот така.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Зошто веруваш или не, пишав погоре, не посочив дека веруваш (едитирав да биди поразбирливо). Безразлика дали веруваш, шо за тебе би била магијата. Само ритуал, или нешто повеќе?
     
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Ете го одговорот јавно си стои напишано пред 1 недела. Значи немам сменето мое мислење, уште се држам на она што го кажав.

     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Значи гледаш разлика меѓу ритуал и магија. Океј. Зошто во твоите мислења тоа не го имав забележано и пробвав да разберам со прашањата кои ти ги поставив. Претпоставувам и нарочно ти се толку конфузни, ама еден ден ќе сфатиш зошто тоа нема да ти годи. @Herrera


    Према мене магија би било кога некој ритуал, напивка, ќе вроди со некаков натприроден резултат. Причина зошто не верувам е отсуството на таков резултат. Дали некој ќе прај ритуал, за мене не значи дека постои магија, иако несомнено постои некаков ритуал. Резултатот е важен.

    Остани ми поздравена. :)
     
    На Herrera и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @Herrera Значи ти си спремна да отидеш кај некоја од бајачкиве,да ти изврши одреден ритуал, со ЕВЕНТУАЛНИ последици по некој друг, заради лична сатисфакција и да ни докажеш спротивно нам на форумов?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Каде имам напишано дека планирам да има последици по некој друг ? Ајде и ти читај ги внимателно моите мислења.

    Немојте да додавате зборови кога такво нешто не сум спомнала.

    Реков сакам сама да се уверам дали некој го бива, дали ќе има ефект ... ајде дајте контакт од такви луѓе кои прават магии па да одам лично да проверам, ако треба и моја крв и мокрача ќе донесам. Баш да видам дали некој ќе ме магепса со тие ритуали :?:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Не сте серозни со дефицитот на перцепција за поимање на работиве а? 1. ритуал е процес 2. магија е целокупното и исходот. Пример: Сечеш татула во 3 саат по полноќ, играш буги и во 5 саат треба да најдеш 3 гуштери што во наредните три часа , три часа треба да им збориш а останатите два часа треба на едниот гуштер да му ја зашиеш устата, на другиот очите а третиот да гледа додека го правиш тоа. Потоа правиш смеса од татулата и се мачкаш на нозе, раце и чело. Додека татулата почне да делува треба да имаш свест да го пуштиш првиот гуштер да отиде во одреден правец, со тоа да одредиш каде ќе го пуштиш вториот гуштер ( од тоа ти зависи животот ) и не смееш да се допреш за очи бидејќи ќе ослепеш, а третиот гуштер треба да биде до тебе за да му пееш одредени мантри за да ритуалот биде исполнет. Пример како пример на пример од овој пример исходот е да се манифестираш во гуштер а ако има некаква грешка во врска со татулата или процесот со гуштерите или било што, тоа е фатално по живот, не само физички туку и духовно и во било која смисла.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Прво, дали си сериозен?
    Второ, што е тоа татула?
     
    На theowndemon и Herrera им се допаѓа ова.
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Мама не знаеш ти што е тоа татула ? Барем ти мислев дека евентуално можеби знаеш. Пример како пример... многу примери има што не треба да ги земеш за пример, на пример.
    Љубопитноста е заебана работа, желбата за моќ ги тера луѓето да прават и такви работи замисли....
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И не ми одговори на прашањата.
     
    На Herrera и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Знам дека има многу статии на интернет, тоа и спомнав претходно , а примети ли дека тие статии не се доволен доказ ДА СЕ ВЕРУВА во магија. Баш ги читај коментарите на сите оние кои ми одеа контра дека имало само бла бла измислени статии по интернетов. ;)

    Не знам зошто, но во твоите постови приметувам страв, лично мене ми оставаш впечаток како да се плашиш од нешто, ти се има случено, имаш доживеано, си спомнал дека МАГИИ ПОСТОЈАТ , но во понатамошните дискусии се тргаш на страна.

    Па што маж си ти ако се плашиш ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320

    Дефинитивно се уплаши малиот, му е страв и да ни реплицира. Изгледа ќе треба на поблаг начин да пристапувам кога цитирам некој за да не се "уплашат" од мене :devil:
     
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Да му ееееееш матер зашто. Се имам дружено со вештици, сум имал неколку пациентки на кој им го студирав ентитетот и впечатокот кој сум ти го остаил е намерно апстрактен за да евентуално пронајдеш смисла во тоа.
    Имам прекрасен одбранбен механизам против злобници, вештерки и лоши луѓе така да не се плашам, евентуално они треба да се плашат ако тргнат со клетоста против мене. Лук, хербал и фактап шоу ми се првите сојузници што моментално ги удараат како гром од ведро небо штом помислат на нешто такво.
    Факт е дека на секој инфериорен му треба минимум сурогат авторитет за да може да делува врз супериорниот во конфликтно - животни состојби, но не оправдувам во ниеден случај свесно труење/ тапа магија, суптилно духовно убиство , освен ако се работи за живот - смрт во рационална смисла.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Чили пиперка со шеќер и мед не е добро. Љуто си е љуто .. Уживај , Пријателот се разбира во работите.
    + - Сеа што ако знаеш дека постојат магии ? Како ќе ја искористиш ? За сопствена моќ или за штета ? Моќта сама по себе си носи голема одговорност. Пред да ја имаш посакуваната моќ треба да го простудираш принципот и да се кодираш на начин што ќе можеш да го издржиш притисокот. Не може секоја моќ да ја има секој. Преодреденоста е главен фактор во целото тоа а втор фактор се предиспозиции и тетански кредибилитет што точно треба да биде одреден пред да почне процесот за таквото сетирање.
     
    Последна измена: 30 јуни 2018
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Што сакаш да кажеш со ова ? Не ми е јасен делот што го означив со црвено. Доколку имаш волја да ми кажеш во ред, нема да те терам на сила дека по секоја цена мораш да ми објасниш на што конкретно си мислел.

    П.С. Фала на одвоеното време за твој личен коментар , го почитувам тоа што си го напишал (y)
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    @Herrera Сакам да кажам дека не е во ред некоја жена да му става на својот маж капки од одвратната менструација во одреден период од истата, или да му става вода од бањат свеж мртовец во пијалок, со цел да ја сака повеќе или да не ја сака повеќе. Тоа е тапа магија и свесно труење. Тоа е еден пример кој што е спомнат повеќе пати на темава тука затоа и го спомнав. Има уште катаљарда работи што вештиците ги знаат...
     
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Види друже, мене ако ми дадат нешто сомнително за јадење и пиење, за 2 минути ми реагира организмот и одма повраќам и го исфралам тоа што е непотребно од мене.

    Инаку стварно сакам лично да отидам да видам дали некој ќе успее да направи нешто што ќе има ефект врз мене или сето тоа е само илузија.

    Значи, немој да ме сфатиш погрешно, никаде не ти одам контра и не велам дека тоа што го кажуваш се само измислици и рекла казала муабети, она што јас сакам да го решам е тој СОМНЕЖ дали постоењето на магии е за ВЕРУВАЊЕ или не.
     
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Поентата на тоа е што постои одреден рецепт за да организмот го прими тоа многу фино и да може да се труе без да има нагон за повраќање. Таму лежи трикот. Конкретно тој пример го прават само жени врз своите љубовници. Постојат уште безброј ...во тој контекс на класични "љубовни" магии.
    Одма ќе ти кажам дека ако отидеш кај човек што има моќ, многу лесно ќе успее да ти направи било што бидејќи ти потсвесно имаш импулс да бидеш под тоа дејствие. Со микро дози на психотропи во етерна форма, лесен муабет и доза на сугестија за размена на енергии, ефектот ќе биде неизбежен. Затоа се враќам на првенсвениот муабет дека не треба да се заебаваш со вакви работи чисто ради сомнежот што го имаш а не можеш да направиш дистинкција помеѓу верување и немањето сенс за дефинирање на термините.
    Во суштина се е илузија но кога илузијата ќе постане реалност, тоа е реалност и немора да значи дека би била тродимензионална! Конкретно муабетов е мултидимензионален како и самиот есенцијален субјект.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Изненадена сум од тебе :)
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    :clap:

    Само едно блиц прашање ; велиш постои одреден рецепт кој го прават само жени, значи не мора да си професионалец и секоја жена може да го направи тој рецепт.....нема потреба да се оди кај тие таканаречени гатачи и бајачи ? :?:

    Делот ....не треба да се заебаваш .... кажи им го на тие што ми одат контра оти јас цело време се држам до темава и не пишувам офф топици за заебанции , вицови , исмејување и изигравање паметњакович како некои кои знаат да дадат комплимент дека ние сме биле плитки во умот :) . Најлесно е да навредиш некој, да направиш проблем или да расипиш некоја работа , макар било тоа пријателство, нели ?

    П.С. Знам дека сум во право :emo:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.