Рецепт си е рецепт. Ако пилето суво го печеш во рерна 4 саати на 200 степена што ќе постигнеш ? Секако дека не може секоја жена да го прави тој рецепт, не ни треба ! Ризикува многу за малку. Ако сака да го убие подобро е на дарквеб да си нарача платен убиец или да му направи апачи стапица во двор на мажот. Гатач, бајач и вештерство се скроз други работи. Во право си во последната твоја реченица. Не треба да се пукате тука , треба на друго место .. п.с: колку години имаш ? п.с 2: на некои луѓе десната хемисфера им е ставена на клупа со два црвени картони , нажалост .... не им суди , они стварно го мислат тоа и нивно си е.
Генерација 1985 Е јебига, скептик сум за работи кои лично не сум ги доживеала , проверила или со свои очи видела, затоа и не верувам во многу работи.
@Herrera Има многу муабет на оваа тема. Можам да зборам уште многу но нема да биде интересно зашто нема да ме разберете што зборам. Јасни зборови од нечуени термини не можам да вадам пошто тоа е тежок и скоро невозможен процес бидејќи се работи за точни кодови што одредуваат точни елементи. Продолжете си со дискусијата бидејќи ако јас би продолжил со ова темпо , темава ќе биде затворена... П.С: Читај за Алхемија, Магика, Окултизам .... нема да ти биде досадно. Обрати ми се приватно ако имаш некои дополнителни прашања што те интересираат.
Прашањето ти е на место, истото ме интересира и мене. Баш да видам што ќе ни одговорат. п.с. мислењата им се поделени, некои пишале дека биле кај такви луѓе и само парите си ги дале а ништо не им се сменило во животот , значи немало ефект и не е за верување, а некои пишале дека осетиле на своја кожа, не знам и јас што осетиле и што им се сменило во животот откако биле кај такви луѓе кои им направиле нешто , па убедени се дека имало ефект и дека требало да се верува. Изгледа се плашат да не почнете јавно да ги исмејувате и навредувате како што некои си дозволуваат мене да ме вреѓаат , мислиш пари им должам , така е зборот де, не буквално Значи останува лично да се провери дали е за верување работата. Тоа ти е исто ко имаш кола, (значи постои )што долго време не си ја користела и така запустено ти стои во гаража или било каде. Е сега веруваш ли дека колата ќе запали доколку не ја пробаш Затоа реков, сакам со свои очи да се уверам па после сама да одлучам дали да верувам или не во магии.
Со тебе никако да најдеме разбирање. Ајде да се обидам на попрост начин за да ме сфатиш; Дали ти си видела со свои очи да постојат кокошка, жаба, мачка , конци, коса од човек, лист хартија ? Е истите тие и други предмети и тегли и марами и разни бакрачи, слики, долен веш и свашта некои луѓе ги користат за правење магии - значи такви видеа и статии има на интернетот каде се користи зборот магија , дека од тие предмети се правело магии и плус имало и книги за да се употребуваат посебни зборови уз пат. Е сега,јас цело време велам магии постојат, бидејќи со свои очи сум видела дека постојат тие предмети и на нетов ги гледав видеата дека со нив правеле некои нешто и му дале име МАГИЈА Значи, Someonespecial рече дека тоа биле ритуали наместо зборот магија. Замисли за истите тие клипови зборуваме и вие се согласивте дека ритуали постојат, а никако да го прифатите зборот магија а за истата работа збориме иститот тој процес на трикови , илузии и не знам како да ги наречам во кој некои веруваат а некој не. Тоа знаеш како му доаѓа , ако одиш у црква на венчавка, некој празник и сл. и попот држи во раце кандило и подкадува и јас ти викам ама Ребека види таа магија, ритуал, процес што го прави попот постои, го гледаме со свои очи дека постои а ти ми викаш , ма нееее, не постои. Дали сум сега јасна ? Кажи ми ти мене , ако не постојат магии, тогаш како треба да се замени името МАГИЈА на статиите на интернет , на видеата , на искуствата од други луѓе кои тврдат дека некој им направил МАГИЈА. Кој збор треба да го користиме место магија ? Затоа реков магии постојат бидејќи тоа име им е доделено и прифатено во светот.
Магии постојат, но како делуваат, дали всушност делуваат, кај некој да, кај некој не...значи, која е патеката на дејството...тоа треба да се објасни!??? Дали со вдишување, допирање, гледање на фрлените забаени предмети или како?
Точно дека кај некој делуваат, а кај некој не. Личен пример ќе пишам, моите и јас сме биле излзени, само брат ми дома, и како по навика тој дома сам си пуштил малце погласна музика, а во меѓувреме слушнал нешто како чукање-тропање ја намалил музиката и излегол на тераса, видел стара жена во црно ама од шамијата не и се гледало лицето, овој додека да излези надвор на влезна врата женава се скрила во некое сокаче, на влаезната врата кај скалите голема дамка, како флека стоеше долго време, никако не можеше да се исчисти, само жешка вода имавме истурено и тоа беше се. Само фала му на Господ што сме здрави и живи. Друго, мене ми имат кажано дека пред 2 години сум имала нагазено нешто, и ко за малер 2 години црни ми беа, најсериозно потежок и потрагичен период не сум имала... И, имам слушано дека не е убаво ако ти врзат влакно од коса и од некој друг/а или ако ти стават влакно твое во гроб, кога се погребува некој и да се фрли влакното. Колку е точно незнам. Заборавив да допишам, за да почне да делува доволно е да ти е дома нештото.
Извини, не те разбирам како мислиш да стават влакно твое во гроб , а замисли кога некој го погребуваат и дувне ветар и сега јас по навика имам да си ја фаќам косата и може случајно мое влакно да летне во гроб. Ќе може ли само да ми дообјасниш на што конкретно мислиш во делот со црвени букви. п.с. Благодарам на споделеното искуство во врска со темава
каков тоа доказ бараш за нешто дека НЕ ПОСТОИ се додека не се докаже ПОСТОЕЊЕТО на нешто = дека тоа и всушност НЕ ПОСТОИ
А како се викаат тогаш сите тие обреди со кукли, разни предмети , свеќи и разни ствари кои ги прават луѓето ? Видео игри ли се тоа ? На интернет целиот тој процес е даден под име МАГИЈА и тоа постои , затоа реков магија постои. Доколку ти лично велиш дека не постои тогаш ми објасни што се сите тие магијски ритуали што кружат по нетот ?
Свашта има по нет и по овој чудесен свет, само јас по оваа тема нит ме интересира нит пребарувам содржини така да не знам нит ме интересира шо има по нет. А ако се верува во све шо ќе се види на нет, кај ни е крајот. Колку што има убаво, добро и позитивно толку има и лошо, негативно, зло на овој свет. Инаку, те цитирав само и само околу начинот на кој си ја напишала реченицата каде бараш доказ ЗА НЕПОСТОЕЊЕ, од филизофски побуди, зошто самиот поим ДОКАЗ значи некакво имање и постоење на нешто, опипливо или објасниво. На темава - Верувам дека секој си верува во што сака и тоа верување и ќе го искуси Инаку, не сум во тек, ти бараш по темава зошто веруваш дека си под магиско дејство или??? п.с. јас случајно отворив дека досадно ми е
Какво е тоа осетување на своја кожа?И од каде знаете дека е баш магија?А,и има разлика од магија на тв и магија да ти умре детето?Сум била во ситуација да бидам обвинета дека сум "маѓесница"(да,постоел тој термин).И нема апсолутна врска.Не верувам во такви глупости,а и разумен човек не би требало.До кога својата bad luck ќе ја препишувате на други?Гревни се тие што веруваат,погревни се тие што се занасаат дека имаат таква моќ и прават такви глупости.Вакви магии,баења нели се против Господ?
Јас барам некој да ми одговори на моето прашање што се тие работи кои не само на интернет, ете и во Македонија ги правеле ,само немам адреси и контакти каде се одвиваат тие дејства за да отидам сама да проверам и да се уверам дали е сето тоа илузија или треба да се верува. На темата се појави нервоза поради фактот што не сакаат да признаат другите дека магии постојат. Ако не се викаат магии, тогаш под кое име се тие рутуали, обичаи, не знам како да ги викам , битното е дека ПОСТОЈАТ Се согласувам со тебе, секој нека си верува во што сака, јас не можам да верувам кога не сум уште проверила дали има ефект. Биди ми поздравена културна девојко
@Herrera Секој нареден пост ти е поглуп и побезвезе од претходниот и се повторуваш во секоја реченица а пак ништо не кажуваш. Како прво, доволно е што за веродостојност дека постојат магии го зимаш интернетот. Би требала да знаеш дека секој може да постави што сака онлајн, дека има луѓе кои го прават тоа ради профит и има луѓе кои го прават тоа пошто се налудничави и со бујна машта. Ти си од вториве. По твојава логика, пошто прочитав на нет, постои претходен живот и замисли сум била Клеопатра. Така ми кажа една статија на интернет. Иста веродостојност како твоево. Не ми кажа како планираш да го докажеш постоењето на магиите? Планираш да одиш кај некој, па кај друг, трет? Планираш да експериментираш на туѓа сметка или своја ? Убаво би било кога целава оваа енергија и упорност би ја насочила кон нешто корисно и продуктивно, а не вака.
Против Господ се, всушност поточно кажано спротивно а Бога а со другиот кој и во молитвата го споменуваме - избави не од лукавиот. @Herrera не ти ја знам маката, но каква и да е, едино би ти помогнала верата во Бога и молитва Бар по мое верување е така
Според мене,таквите луѓе се неуки.Не планирам да навредам никој.Само тука го има тоа. Само тука луѓето едвај чекаат да наштетат на друг.Ако некој смета дека е жртва на "магија" нека отиде во црква.Духовно ќе се чувствува подобро,отколку антимагија на некој затуцан што ја фрлил.Од многу гледање филмови е тоа и бујна имагинација.Ако на една свеќа и викам абра кадабра и ја фрлам во твојот двор ќе ти умре детето?Која логика.