Навистина имаш многу глуп начин на комуникација , изгледа не си научила како фино и културно да му реплицираш на некој, некако човек ќе изгуби желба да ти реплицира Кога ќе ми дадеш контакт од личност и адреса каде треба да отидам , тогаш и ќе ти одговорам на прашањето. Нема да добиеш одговор додека ти мене не ми одговориш што се тие рутуали кои постојат не само на нет туку и во живо, што е тоа , куклена престава ли ? Така е, убаво би било да тргнеш од самата себе па потоа да ми се обратиш мене оти јас за разлика од тебе никаде не напишав и не те цитирав со толку негативен став како што тоа го правиш ти
Врти назад на страниве од темава, не можам да се повторувам Се едно исто ме прашуваш и јас морам по 100 пати ко папагал да го напишам истото и сега пак исто си ме прашала Ајде врти назад и види што точно сум пишала , ти се правиш како да не си ме разбрала што сакам да кажам , а јас испаѓам папагал, ко расипана лента, се едно исто, се вртиме во круг. Прашај ме нешто друго бидејќи ги одговорив тие прашања што си ги напишала.
Така е , постојат магии. Ќе може ли сега конечно да преминеме на главното прашање на оваа тема Дали верувате во магии или уште ќе се објаснуваме дали постојат или не магии. П.С. Морам да се спремам за на работа, имам лет за Женева, па уз пат да прашам некоја од колешките стјуардеси ако знае некоја магија да испробам......кога ќе се вратам од работа ќе ве читам пак на темава.
@Herrera Прашај дали знаат да прават стујардеска магија ??? Се плашам од висина страшно многу... ако знаат, да се возам со вас кога ќе треба. Ете еден добар пример за конструктивна магија. Таа магија се поштуе.
@Herrera вчера претпоставив дека сепак можеби разликуваш поим ритуал и поим магија. Ама се излажав. Барај поими прво, нивно значење, а после барај одговори. Разјасни си ги основите, па после цели кон нешто повеќе како: постои или не. И малку иронично ми е кога бараш некој културно да ти реплицира кога мислењата ти се пасивно- агресивни.
Јас верувам во лошотилукот на народот.Не дај Боже да ти тргне со бизнис,со врска или на некој да му едноставно тргне во животот и да му се случува нешто убаво.ЌУТИ НЕ КАЖУВАЈ ИНАЧЕ ОДМА не само магии чуда ритуали или не знам ти што ќе ти направи само да ти уништи.ЖАЛНООО,НО ВИСТИНИТО Само господ нека не чува не знам што да додадам повеќе
Милијарда зборови непотребно верглании и верглани у празно..ветар и магла, а објаснување нема!!!!! Пс Одам јас на аеродром да видам кога хелена ќе полета
Сум слушала дека лоша судбина ќе имаш додека некој стави нечие влакно, е сега дали се кажува нешто при фрлање на влакното незнам. Затоа практикувај повеќе фатена коса.
Така е бабе , се испокараа а никој не кажа како се прави маџија Везе нема . Прво не можи да се дојде до туго влакно од косата ако не ти е блиска личност , патем влакната од чешелот ги фрламе во губре , и после тоа губре каде оди ? Тоа што го кажуваш е лоша енергија , некој луге се толку злобни што нивната лоша енергија ти ја пренесуваат преку расположението , да не речам Ти го упропастуваат денот .
@Herrera Ритуалите се будалаштини, каде со повторување на одредени зборови се очекува некаков резултат и цел. Постои во психологијата нешто што се вика пласибо ефект. Наједноставно кажано , влијанието на сопствената потсвест. Кога целото свое битие го насочуваш кон нешто, најчесто тоа нешто и ќе го добиеш. Значи, ако ти веруваш во тие глупости од тип на црна магија, или ако мислиш дека некој ти има направено нешто со лоша умисла, лоши ствари и ќе почнат да ти се дешаваат. И не заради некој друг. Заради себе, пошто самата себе ќе се заебеш затоа што целата свест ја имаш насочено у тој правец. Верувам во магија, но во магијата по систем на позитивни и негативни мисли. Ај ваљда ќе се разбереме сега. Поздрав
Како нема везе? Некој ако наумил тоа да го направи , за него нема никаква пречка. А, за жал најчесто тоа е од некој близок.
За да се осигурате дека нема ваше влакно да заврши никаде, најдобро е да си ги бричите главите. Ама пазете и на срамните влакна
Пoследниве некoлку гoдими нештo чуднo се случувa сo мене.Имaм тешкoтии сo збoрувaње, некoгaш и целoснo гo губaм глaсoт.Се причестив, бев нa Oстрoг, ми читaa мoлитвa зa здрaвје нo сеуште е истo. Сериoзнo мислaм декa некoј ми фрлил мaгијa..
Не ти фрлил никој маџија , и на погрешно место си се обратила , требало да посетиш доктор (вероватно се работи за стрес ) а не да очекуваш од тие глупости да ти се подобри состојбата