Форумџика на годината

Дали верувате во тоа што го кажувате?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Damata_So_Marama, 1 февруари 2018.

  1. Damata_So_Marama

    Damata_So_Marama Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли некогаш, да не верувате во тоа што сте го кажале??
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш кога кажувам нешто ја кажувам вистината и сум уверена претходно со тоа, со оглед на тоа што имам факти го тврдам моето мислење. Сепак некогаш се кажуваат и тие невини мали и големи лаги, во зависност од големината на проблемот во кој сме западнале или слично, па (се случува многу ретко) кога сакам да кажам некоја лага или поддржам некоја невистина неможам долго време да висам над расправата околу тоа затоа што ни самата не верувам во тоа што го зборувам т.е неможам да ја тврдам невистината многу време. :):)
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Се случило да кажам нешто во што не верувам, да го кажам само за да не ја навредам, повредам или разочарам личноста со која разговарам. Во сите други случаи верувам во она што го кажувам и го кажувам она во што верувам. Нормално е да се направи отстапка, во случаи како што напишав погоре.
     
    На blonde_supergirl и elimkd им се допаѓа ова.
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    90% од случаите верувам во тоа што го кажувам. Сепак како поминуваат годините, се менуваат и моите мислења и гледишта, па би рекла верувам со некоја доза на резерва.
    Не верувам во тоа што го кажувам единствено во ситуации кога разговарам со личност со која не можам да се разберам, упорно се инаети или контрира, па се согласувам неволно со нејзиното размислување за да избегнам понатамошни расправии.
    Во афектни ситуации никогаш не сум се покајала за кажаното, прилично смирена личност сум и во поголем дел од времето знам што зборувам, како го пренесувам и верувам во истото.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Секогаш кажувам во тоа што верувам.
    Ретко се случува да кажам нешто што не верувам.
     
  6. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Гооолем дел од времето да, верувам. Цврсто стојам зад своите ставови и ги кажувам гласно.
    Само некогаш, како што спомнаа членовите пред мене, се случува да кажам нешто што не го мислам, ама тоа само за доброто на другиот.

    Пример: полничка другарка после долго време убедување се реши да вежба и да се храни здраво. Доаѓа после недела дена и ти вика види, сум ослабнала. Се познава?
    И сега ти иако не гледаш разлика, нејќеш да и ја кажеш вистината оти знаеш дека ќе се демотивира, па велиш да, се познава, продолжи така :)
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    55.337
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш верувам во она што го кажувам бидејќи претходно мислам па потоа кажувам. Никогаш не кажувам лаги со цел да повредам некој. Често ми се случува да не ги искажам чувствата убаво па да сум погрешно сфатена и да треба да се објаснувам, па затоа пазам што зборувам пред сите.:) Ретко се случува да кажам лага, но тоа е најчесто кога не сакам другите да ме искористат само за нивни цели и кога треба себеси да се ставам на прво место.
     
  8. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
  9. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Да, си верувам кога ќе си кажам дека утре ќе станам порано, за да се спремам полека како цар, и замисли не станувам. :)
     
    На Dashing:), Dadusicka, blueeparadise и 9 други им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Во случаи на куртоазија кон некого се случува да направам отстапка и да се согласам со нешто што не верувам дека е така. Но има и такви кои се толку вознесени со себе што разговорите ги доживувам како моменти на релаксација. Не само што јас не им верувам, ни тие не си веруваат во тоа што го кажуваат.
     
    На Kolekcionerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.843
    Скоро секогаш го кажувам она што го мислам. Да, постојат ретки ситуации кога кажувам нешто кое не е искрено, меѓутоа, се трудам да не правам така. Сакам да сум директен и искрен, без разлика на мислењето. Ако е така - така е. Нема тука трте-мрте. Поарно така, него лажни искази.
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.830
    Пол:
    Женски
    Не.
    Не сакам да глумам брутално искрена и да навредувам луѓе.
    Се трудам работите кои си ги кажувам на себе да се вистина, или барем да верувам потполно во нив.
     
    На Rebecca_R, toogood, blueeparadise и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Најчесто го кажувам она во кое верувам. Поретко се случува да кажам нешто поинакво од причина што така налагала ситуацијата и сум проценила дека искреноста не би ми одела во корист или би резултирала со навреда кон некого.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Да.Во 90% од случаевите.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла да.
    Дури и да не го кажувам баш тоа што го мислам со цел да не повредам некого, сепак на некој начин и за тоа верувам - дека тоа е исправно да го кажам во моментот.
     
  16. Stariot

    Stariot Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Машки
    дефинитивно, да! 8)
     
  17. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    со тоа што сум искрена и го кажувам тоа што го мислам, да.
     
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Зависи од ситуацијата и од личноста со која зборувам...

    Често имам тенденција да го кажам она што го мислам, како и да бидам брутално искрена без притоа да ми биде грижа дали некој ќе се навреди или не.

    Од друга страна, доколку се обидувам да манипулирам некого (што е ретко бидејќи најчесто сум способна се да направам и постигнам сама) секако дека не верувам во она што го кажувам, но тоа не е главната поента.
     
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    30% od ona sto go mislam go kazuvam.
    Nema sto Jas da im kazuvam na lugeto kao treba kako netreba.
    Pa koja sum Jas da znam najpravilno. 8)

    Mislenja nedavam zosto altan mi vredat. :rofl:
    Nesakam vo konfliktni situacii da vleguvam pa da mi se utnuva denot. :shake:
    Kratok e zivotot za da si arcam vreme od nego mudruvajki koj, kako, zosto, i stoi li fustanov, kade e poubavo na odmor, sto treba da ponese, koja sminka i kupaki i stojat, sto e poslatko da jades,....... :lol:

    Ako ne ste pozitivni poarno za Vas i za Ostanatite ic mislenje da ne davate, najmalku brutalno iskrajno.
    Se ne se kazuva, zacuvajte nesto i za sebe.
    Bidete mistericna licnost. :lol:
     
    На blonde_supergirl и Briar Rose им се допаѓа ова.
  20. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Се убедувам пред да го кажам 8-|
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.