Не. Кога се вмешани повеќе луѓе, знам да кажам нешто во кое јас искрено не верувам. Не ми е за мене, туку за луѓето околу мене. Пример, седиш на некоја слава, до тебе седи возрасен човек кој е убеден дека Господ постои. Не ја прочитал Библијата, не знае апсолутно ништо за суштината на верата, ама затоа три пати се крсти пред икона. Која е поентата да дискутирам на тема религија со ваква личност и да кажувам мои ставови на одредена тема? Друг пример, жена верува дека на неродено бебе ништо не му се купува. Значи жената раѓа и свекрвата во тој момент трчи по продавници, пере и пегла облека за бебе а таткото мести креветче. Дали треба да кажам дека ја не би можела неспремна да отидам у болница, дека не сум суеверна и дека ако докторот кажал дека бебето е добро, ако околу мене има медицински персонал кој знае што треба да прави при пораѓај, ништо лошо нема да се случи? Трет пример, жена верува дека кога невестата ке роди две деца, од кои барем едното е машко, е тогаш мажот ке си седи дома и нема да трча по други жени? Доволно примери дадов, мислам дека ја сфативте поентата. Ама од друга страна пак, ако некој/а ме праша дали е убава шминката, дали фустанот е убав, дали ослабнала, нема да излажам за да утешам некого. Ја се гледам во огледало и не ми треба мислење од трето лице за да ми потврди дека сум убава или грда.
Да. Иако сум во глобала искрена личност, сум кажувала нешта кои не ги мислам, обично поради досада, или изнудување реакција, или мала манипулација. Ништо страшно, чисто од игра. Не го правам тоа веќе, во последно време станав посериозна.
Некогаш и самите себе си кажуваме и ветуваме нешта (во себе, па и гласно) за кои не веруваме и не ги исполнуваме, а па што остана со она што им го кажуваме на другите. Најчесто тоа го правиме за да си се оправдаме самите себе пред себеси, или затоа што не можеме да се помириме со одредена вистина. Факт е дека сите барем еднаш во животот сме си кажале на себе лага. Тоа е чиста потреба за да си дадеме надеж бидејки надежта е всушност еден од најголемите двигатели во животот.
Секогаш верувам во тоа што го кажувам. Навредило мекој или не, не ми е битно. Тоа сум јас, директно и без заобиколување
Ако не верувам во нешто не го кажувам . Од секогаш сум се водела по тоа ако немаш нешто паметно да кажеш молчи , не кажувај работи без врска во кои не веруваш.
Мене ми се случило да сменам мислење до степен да не ми се верува како сум можела воопшто така да размислувам и да се чувствувам Ко некој да ме имал хакнато и преземено контрола врз мене оти ств не личело тоа на мене. Среќа што за само 2-3 работи се однесува, ама пак.
So ogled na toa deka potrebno e da postoi somnevanje vo 99% raboti, ne mozam cvrsto da stojam na site stavovi vprocem zdravo e da se menuvaat stavovite iako principite mi ostanuvaat isti, nekoi pogledi na svetot mi se smeneti.