Верувам и јас. Ете имало луѓе со такви очи ако те погледнат и тешко тебе после. Јас како бебе сум била урочена, и веќе зајдена од плачење без глас ме однеле кај една жена на баење од уроци. Само што ми побаила сум се смирила одма. Ова секој пат го раскажуваат и мајками и бабами. Значи има нешто.
со другарки пробавме, првин поверувавме,а потоа заклучивме дека само на лицата со пудра останува црн крст.
И јас верувам и мн често мене ме урочуваат....но бидејќи во моето село не постои бајачка па нз каде би се обратила оти не иде ова вака секој ден нареден ми е полош.......(мн главоболки,повраќања (одам на доктор ми викаат ти си здрава како дрен нема никаков здравствен проблем ),треперење на очите и превиткување на трепките ,изнемоштеност и мн ред работи ) кај нас луѓето се мн завидливи и дури со убав збор те урочуваат....за жал....мајка ми ми има кажувано како бебе ме урочиле додека сум спиела пред тоа сум била буцкаста( полна,дебело) после тоа ден за ден се послаба и послаба...а и ден денеска неможам глава да кренам и мн сум слаба од тие пусти уроци......
Верувам дека како што има позитивна енергија има и негативна , неколку пати сум се почуствувала чудно ако некој ме гледа во очи подолго време и веднаш ме боли главата , како да ми се сечат нозете , и ќе се измијам лице со крстена вода и се поминува , чудно нели ? може за некој е смешно , ама таа е реалноста , некој лесно може да се урочи а некој потешко( ваљда зависи до љепотата се ) малку забегав ......
за со златниот прстен(поточно подобро би било тоа да е бурма) дека останува црна линија точно е, и не само на лице кое има пудра. ме имаат урочено неколку пати, ке ме измијат со крстена вода и поминува. и да, верувам во уроци
Верувам зошто ме имаат многу пати урочено ама со крстена вода одма поминува .Се кладам дека кој ме урочил полошо му било