За се' си има причина ама урок да е нема шанси. Верувам во науката, а не дела извадени од ракав. Го удрила кола, и бабиве веднаш "Ааа Стојка го урочила!" Не! Стојка не го урочила, кочницата на возачот му се расипала! А, па вистинка дешавка, почнува да ми се лоши и една другарка "Ааа ти урочена си". Да бе, од тортата што ја изедов цела, забораила "Пупу кокошките да ме с****" да каже за да не ме урочи.
Da veruvam deka ima luge sto urocuvaat ednas imam strasno oseteno a I sega so dete bas se osekam pretpazlivo I poradi toa sto smetam deka I kaj nego imam oseteno bas ponekogas mu vrtam corapce naopaku ete da jas sum pomirna I deteto da nema problemi iako ponekogas I samite sme svesni deka toa se gliposti ere nekako se cuctvuvam smireno I vo princip taka raboti coveckiot mozok
Uste od mala mi se slucuva.Obavezno koga ke odam na nekoj sobir ili mesto kaj sto ima mnogu luge, se vrakam so glavobolka a kako mala stalno placev.I den denes se slucuva toa.
Koga sin mi ima visoka temperatura i ne mu pomagaat inekcii infuzii obicno mu baat i mu se smaluva temperaturata i togas znam deka bil urocen.Zatoa veruvam.
Не верувам, а исто така неможам да си поверувам дека одите кај бајачки за температури и главоболки и тоа често, ко што спомна некоја феминка погоре цел живот била по бајачки - па затоа неможеш да се оправиш!
Да, верувам баба ми бае против уроци. Но само во нашето семејство се разбира. Кога била мала имало некоја баба која баела и таа многу сакала да и ја казе бајката и ја научила на памет и сега кога сум урочена и почнува да ме боли главата и таа ми бае и ке почне да зева многу и ми вели: Леле ама си уроченаа, кој те урочил волку?
Здраво феминки, да ве прашам дали за мојава ситуација се работи за урок. Некни ми го зедоа телефонот на училиште, вчера ја скршив раката исто така на училиште, правев работи против моја волја до вчера/некни и ми се случуваат ред лоши работи . Помош, дали се работи за урок или нешто полошо или е само случајност? Што да превземам?
Ептен верувам, од мала ме урочуват. До ден денес ми се случува да одам на некој собир со луѓе што оддамна не ме виделе или не ме знаат воопшто, па ќе почнат лелее си пораснала, си се разубавела, си ослабнала и вечерта одма ми е лошо. Обично имам грчеви, главоболки и не можам да спијам, с'клет ме фаќа. Ми поминуваат кога ќе се измијам со крстена вода.
Не верувам во никакви уроци. Верувам дека само ние самите може да се избориме против лошата среќа и проблемите. Со помош на нашиот мозок.
Здраво. Сакам да ве прашам. Имам дечко скоро три месеци. Ни оди добро, Одам и кај него и со брат му заедно излегуваме се дружиме се е ок, ама кога ќе ја видам мајка му ми се јавува немир. Значи од главоболка, немир, стискање во градиве, низ стомаков.... Жената е ептен добра, ми купила и подарок, кафе вари, се смее све ама јас не можам, паѓам болна. Како бебе кога моите живееле во село стално од една баба така ми се случувало, бебе сум била и многу сум плачела па ме носеле по бајачки и покасно исто но во градот одев кај бајачка која сега веќе почина од старост и секогаш викаше демек на милоста паѓаш на очи. Не знам во што да верувам, или некој страв па неможам да ја поврзам неа со мајка ми не знам искрено...